тетовска касарна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Jun 2023 10:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовска касарна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/#respond Sat, 24 Jun 2023 10:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=849263

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот. Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/feed/ 0