тетовска модуларна болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 11:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовска модуларна болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меџити без коментар за пресудата за модуларната болница, но со ветување дека се стремат повеќе да нема такви случаи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-bez-komentar-za-presudata-za-modularnata-bolnitsa-no-so-vetuvane-deka-se-stremat-poveke-da-nema-takvi-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-bez-komentar-za-presudata-za-modularnata-bolnitsa-no-so-vetuvane-deka-se-stremat-poveke-da-nema-takvi-sluchai/#respond Tue, 06 Jun 2023 10:32:58 +0000 https://kurir.mk/?p=842673

Министерот за здравство Фатмир Меџити не сакаше да ја коментира пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, а 12 беа повредени, но истакнува дека се преземаат мерки да не се повторат такви случаи во иднина. – Нема да коментирам одлуки од судски процес, ниту тоа што било во Обвинителство. И јас како вас жалам и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, многу жалам за овој настан и затоа се стремиме овие настани да се минимизираат и да не се случуваат во иднина. Од првиот ден заедно со тимот презедов мерки за сите проблематични и модуларни болници и проблемите со клиниките што не се довршени – Клиничка болница Штип, реновирање во Битола, тоа што не се гради во Кичево 30 години,.. За сите работи сме презеле мерки и сакаме законски да се расчистат за да можеме што побрзо во најкраток можен рок да доградиме. Пациентите ни се пред се, изјави Меџити на новинарско прашање по посетата на Клиниката за ендокринологија. Тетовскиот суд вчера изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“. Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не го повторат делото. Заедно со Вучевски и Клиничка болница е ослободена за делото „непостапување по здравствени прописи". На Клиничката болница и е изречена парична казна од еден милион денари. Пожарот се случи на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-bez-komentar-za-presudata-za-modularnata-bolnitsa-no-so-vetuvane-deka-se-stremat-poveke-da-nema-takvi-sluchai/feed/ 0
Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sudeneto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sudeneto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa/#respond Thu, 16 Feb 2023 07:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=801109

Во Основниот суд во Тетово, денеска од 10 часот продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларната болница. На 31 јануари беше последното рочиште на кое беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговараа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти. Судењето денеска продолжува со сослушување на уште сведоци, а судијата Јордан Велковски најави дека ќе бидат поканети и вештите лица кои го имаат изготвено вештиот наод. Потоа ќе следуваат сослушувања на сведоци и писмени докази на одбраната. Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат. Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-sudeneto-za-pozharot-vo-tetovskata-modularna-bolnitsa/feed/ 0
Обвинетите немале адвокати: Повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-nemale-advokati-povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-nemale-advokati-povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/#respond Fri, 14 Oct 2022 08:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=745169

По втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница. Овој пат причина беше тоа што двајца од обвинетите Бобан Вучески и Артан Етени немаа обезбедено адвокати кои ќе ги бранат во процесот. Судијата Јордан Велковски го одложи за 8 ноември во 10 часот.  До судење дојде откако на 27 јули Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово.  Со тој предлог ОЈО Тетово ги обвини двајцата директори на Клиничка болница Тетово Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, додека правното лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет,  електроинжинер  и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше Обвинителството. Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето во Владата. Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути до темел го изгоре објектот, животот го загубија 14 луѓе, а повеќе пациенти беа тешко повредени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetite-nemale-advokati-povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/feed/ 0
Села: Стоиме зад секаква комисија која ќе работи за расветлување на трагедијата во тетовската модуларна болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-stoime-zad-sekakva-komisija-koja-kje-raboti-za-rasvetluvanje-na-tragedijata-vo-tetovskata-modularna-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-stoime-zad-sekakva-komisija-koja-kje-raboti-za-rasvetluvanje-na-tragedijata-vo-tetovskata-modularna-bolnica/#respond Thu, 23 Sep 2021 12:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=567352

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села прашан за став околу барањето за анкетна комисија за трагедијата во тетовската модуларна болница, истакна дека стојат зад секаква комисија која ќе работи за да излезе вистината на виделина и да има одговорност. – Треба да има законска одговорност за сите тие кои беа одговорни. За жал, откога се случија овие многу тешки немили настани, јас не гледам дека обвинителството работи да повика некого на одговорност. Не треба некои експерти од странство да ни дојдат за да се гледа дека таму биле луѓе кои не требало со закон да бидат присутни. Според тоа, обвинителството за тоа треба да се занимава со директорот на болницата и низа други пропусти кои се случија. Како на пример 11 години господинот Бесими бил вршител на должност. Не знам какви други докази им требаат за да почне одговорност за овој човек, а да продолжи и со министерот и така натаму, рече Села на денешната прес-конференција пред состанокот со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-stoime-zad-sekakva-komisija-koja-kje-raboti-za-rasvetluvanje-na-tragedijata-vo-tetovskata-modularna-bolnica/feed/ 0