тетовска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 May 2021 13:48:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тетовската полиција одзела возила и мотоцикли предвидени за диви трки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovskata-policija-odzela-vozila-i-motocikli-predvideni-za-divi-trki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovskata-policija-odzela-vozila-i-motocikli-predvideni-za-divi-trki/#respond Tue, 04 May 2021 13:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=505385

Тетовската полиција во текот на продолжениот викенд одзела неколку автомобили и мотоцикли кои биле модифицирани и предвидени за диви трки низ градските улици и локалните патишта. Со тоа полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово деновиве реализира повеќе конкретни мерки за поголем сообраќаен ред во градот, потенцираат од СВР Тетово. -Изминатиот продолжен празничен викенд времено се одземени пет моторни возила откако било утврдено дека возилата се забележително модифицирани и дека истите биле подготвувани за таканаречени „диви“ трки во доцните вечерни часови. Покрај ова, претходно на тетовското подрачје се одземени и неколку мотоцикли, кои создавале голема бучавост движејќи се по градските улици. Секторот за внатрешни работи Тетово повторно укажува дека најригорозно ќе се санкционираат сите евентуални учесници во „диви“ трки, како и оние чии возила се извор на преголема бучавост, вели портпаролот Марјан Јосифоски. Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува сопствениците на возилата и мотоциклите дека неизбежно ќе се соочат со законски предвидените санкции кои согласно најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидуваат времено одземење на три дена или три месеци, зависно од видот и карактерот на прекршокот, а предвидена е, исто така, и парична глоба од 400 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovskata-policija-odzela-vozila-i-motocikli-predvideni-za-divi-trki/feed/ 0
Тетовската полиција бележи 28 случаи на злоупотреба лични податоци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskata-policija-belezi-28-sluchai-na-zloupotreba-lichni-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskata-policija-belezi-28-sluchai-na-zloupotreba-lichni-podatoci/#respond Fri, 27 Nov 2020 10:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=435207

Луѓе кои се соочиле со тоа нивни фотографии и видео содржини да бидат објавени од други лица во текот на 2020 година во тетовската полиција пријавиле 28 вакви случаи кои се во делокругот на злоупотреба на лични податоци. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, над половина од нив се заокружени со соодветни поднесоци согласно член 149 од Кривичниот законик, додека расчистувањето на другите е во тек. -Претежно станува збор за објавување на фотографии, коментари или видео-клипови со компромитирачка содржина или порака, а што претставува кривично дело за кое се предвидени парични или казни затвор од една од три години. Во овој период, исто така, евидентирани се и случаи кога „злоупотребувачите“ на своја рака, на разно-разни начини успеале да симнат фотографии од друг профил и потоа истите да ги злоупотребат, без знаење и согласност од оние на кои им припаѓале тие фотографии, истакнува Јосифоски. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до корисниците на социјални мрежи да се воздржат од вакви злоупотреби, зашто во спротивно ќе се соочат со законски предвидените санкции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovskata-policija-belezi-28-sluchai-na-zloupotreba-lichni-podatoci/feed/ 0
Тетовската полиција предупредила 177 луѓе за неносење маски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovskata-policija-predupredila-177-lugje-za-nenosenje-maski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovskata-policija-predupredila-177-lugje-za-nenosenje-maski/#respond Mon, 11 May 2020 11:19:18 +0000 https://kurir.mk/?p=344563

Од 1 до 10 мај колку што трае мерката за задолжително носење маска 177 лица се писмено предупредени за непочитување на наредбата за користење на заштитна опрема на подрачје на Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти денеска тетовската полиција. Воедно, евидентирано е дека две лица во Тетово за изминатите 24 часа не ја почитувале одлуката за ограничено движење. Тие биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци. -Двете лица ќе се соочат со делото ,,непостапување според прописите за време на епидемија по член 206 од Кривичен законик, информираат од канцеларијата за односи со јавноста. Според статистичките податоци во СВР Тетово, полициските службеници, исто така, евидентирале дека во овој период, 141 човек се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, додека решенија за самоизолација потпишале 28 луѓе. Во овој период се контролирани 124 лица кои потпишале изјава за самоизолација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovskata-policija-predupredila-177-lugje-za-nenosenje-maski/feed/ 0