тетовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Nov 2021 12:17:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тетовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брзото возење е најчест прекршок кај возачите во тетовскиот и гостиварскиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/brzoto-vozenje-e-najchest-prekrshok-kaj-vozachite-vo-tetovskiot-i-gostivarskiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/brzoto-vozenje-e-najchest-prekrshok-kaj-vozachite-vo-tetovskiot-i-gostivarskiot-region/#respond Thu, 04 Nov 2021 12:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=590753

Неприлагодената брзина според условите на патот, односно пребрзото возење и минатиот месец бил еден од најчестите сообраќајни прекршоци на подрачјето на СВР Тетово, покажува нивната месечна анализа на податоци. Во овој период регистрирани се вкупно 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина во тетовскиот регион, претежно надвор од населено место, особено на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта, како и на влезовите во Тетово и Гостивар. – Овие пречекорувања соодветно биле санкционирани со изготвување на поднесоци и со други законски предвидени мерки кои се однесуваат на возачите кои драстично ја пречекориле дозволената брзина.Зависно од констатираното пречекорување возачите ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно брзите и со заштитна мерка забрана за управување на возилата од три месеци до една година, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Пребрзото возење било причина за 23 од тетовските октомвриски сообраќајни несреќи. И во текот на вчерашниот дел од 8 до 20 часот при контрола дали има пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, казнети се девет возачи како и тројца за во градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/brzoto-vozenje-e-najchest-prekrshok-kaj-vozachite-vo-tetovskiot-i-gostivarskiot-region/feed/ 0
Загрижувачка статистика: Најголем дел од новозаразените во тетовско се многу млади лица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zagrizuvachka-statistika-najgolem-del-od-novozarazenite-vo-tetovsko-se-mnogu-mladi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zagrizuvachka-statistika-najgolem-del-od-novozarazenite-vo-tetovsko-se-mnogu-mladi-lica/#respond Fri, 12 Jun 2020 16:08:13 +0000 https://kurir.mk/?p=357183

Најголем број од 18-те новозаболени со Ковид-19 во тетовското подрачје се млади лица на возраст од 20 до 30 и од 30 до 40 години, информираа од Центарот за јавно здравје во Тетово. Од 18-те случаи најголем број се во општина Тетово, каде има 12, додека три има во Теарце. По еден заболен се евидентирани во општините Јегуновце, Брвеница и Желино. -Младите лица кои се новозаболени се дел и од скринигот на луѓе без симптоми, но и има и новодијагностицирани, закажани за земање брис од матични лекари во „МојТермин“ или епидемиолошки земени од наша страна. Големиот број заболени млади лица најверојатно има врска со отворањето на ресторани, кафулиња, молови, голем број луѓе пред банки и пошти и поради неоодржување на дистанца и носење на маска. Но, не мора да значи дека ние треба вечно да бидеме затворени во нашите домови, напротив треба да се навикнеме да живееме со вирусот, но секогаш да се придржуваме до мерките. Што повеќе придржување до мерките и ќе има помала бројка, рече Наим Скендери, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово. Најновите резултати покажуваат два нови кластери на тетовското подрачје. Последните денови и особено денеска новодијагностицираните се со полесна клиничка слика и симптоматологија, но има и со тешка клиничка слика и тие се хоспитализирани. Голем број од случаите се веќе контакти на заразени и имаме два нови кластери во општините Тетово и Јегуновце. Секој нов кластер носи нови случаи со Ковид-19. Се надевам дека кластерите ќе бидат во помал број и повеќето ќе бидат контакт случаи. Имаме проблем со криење контакти и симптоми, што ни прави проблем во иднина како нови ризик за заболување на нови лица надвор од кластерите, рече Скендери. Изминатите неколку денови нема деца заболени од Ковид-19 во тетовско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zagrizuvachka-statistika-najgolem-del-od-novozarazenite-vo-tetovsko-se-mnogu-mladi-lica/feed/ 0