теута арифи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 16:44:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png теута арифи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште една кривична пријава против Теута Арифи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-krivichna-prijava-protiv-teuta-arifi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-krivichna-prijava-protiv-teuta-arifi/#respond Wed, 06 Jul 2022 16:44:30 +0000 https://kurir.mk/?p=701209

Општина Тетово поднесе уште една кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Ја обвинуваат за оштетување на буџетот на општината за над 66 милиони денари. Од локалната власт истакнаа дека тужбата е поднесена под сомнение за прекршување на Законот за работни односи, Законот за управување со буџетски книги и корисници на буџетот. Претходно, општината Тетово побара од сите вработени кои склучиле договор со општината писмено да одговорат за работата што ја извршувале. Ова е четврта тужба против Теута Арифи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-krivichna-prijava-protiv-teuta-arifi/feed/ 0
Боље Теута да идеше на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/bolje-teuta-da-ideshe-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/bolje-teuta-da-ideshe-na-evrovizija/#respond Sun, 08 May 2022 20:17:52 +0000 https://kurir.mk/?p=673733

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/bolje-teuta-da-ideshe-na-evrovizija/feed/ 0
Поднесена кривична пријава против Теута Арифи https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podnesena-krivichna-prijava-protiv-teuta-arifi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podnesena-krivichna-prijava-protiv-teuta-arifi/#respond Thu, 05 May 2022 12:44:10 +0000 https://kurir.mk/?p=672380

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на денешната прес-конференција објави дека општината поднела кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи за еден предмет на експропријација. Тој ја обвини неговата претходничка дека поради овој предмет општинскиот буџет е оштетен за над еден милион евра. -Вредноста на експропријацијата била три милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните. Ние како општина поднесовме кривична пријава против поранешната градоначалничка и нејзин близок функционер, против судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положби, со што е оштетен буџетот на Општина Тетово во износ од 68 милиони денари. За овој случај, од добивањето на мандатот само за камати плативме над 29 милиони денари или приближно половина милион евра. Вредноста на овој предмет, кој се однесува на имот чија експропријација била извршена многу порано, била околу 40 илјади евра, изјави Касами. Тој тврди дека поранешното раководство не реагирало навреме. -Не поднеле никаков приговор или договор со странката за да не го оштетат буџетот на Општина Тетово, со единствена цел, да ги искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката. Ние не сакаме да се претставуваме како жртва, ниту се обидуваме да шпекулираме за многуте пропусти и законски прекршувања направени во времето на претходните локални власти, туку само сакаме да ги откриеме фактите и аргументите. Се обидуваме да им објасниме на граѓаните каде завршиле нивните пари и зошто општината е во огромни долгови. Граѓаните имаат право да знаат зошто е блокирана сметката на Општина Тетово, а со тоа се кочи нормалното функционирање на локалната власт, истакна Касами. Тој рече дека со сопственикот имале неколку средби кои завршиле неуспешно околу можно договарање за исплата на експропријацијата, без да бара исплата на камата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podnesena-krivichna-prijava-protiv-teuta-arifi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата со обидите да ја наметне по секоја цена? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ushte-od-kade-treba-da-ja-vratat-teuta-arifi-za-kovachevski-da-prestane-da-ja-blamira-drzavata-so-obidite-da-ja-nametne-po-sekoja-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ushte-od-kade-treba-da-ja-vratat-teuta-arifi-za-kovachevski-da-prestane-da-ja-blamira-drzavata-so-obidite-da-ja-nametne-po-sekoja-cena/#respond Wed, 04 May 2022 06:39:38 +0000 https://kurir.mk/?p=671431

Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата со обидите да ја наметне по секоја цена?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ниту во Вашингтон, ниту во Анкара, ниту пак во Брисел сакаат за амбасадори лица кои на платен список имале над 800 лица кои фиктивно се воделе како вработени или вршители на разни дејности, само за да земат плата, а не доаѓале на работа. Никој не сака за амбасадор политичар кој договарал спорна бетонизација како таа на ШИК Јелак, со контроверзниот Миодраг Давидовиќ Дака. Ковачевски да не ја бламира државата, амбасадорските позиции, особено во држави наши стратешки партнери треба да бидат заземени од дипломати со долго искуство, СЕ ВЕЛИ ВО ПАРТИСКОТО СООПШТЕНИЕ НА вмро-дпмне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ushte-od-kade-treba-da-ja-vratat-teuta-arifi-za-kovachevski-da-prestane-da-ja-blamira-drzavata-so-obidite-da-ja-nametne-po-sekoja-cena/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи предлог амбасадор или не и на колку места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bujar-i-ahmeti-da-se-dogovorat-dali-ja-prakjale-teuta-arifi-predlog-ambasador-ili-ne-i-na-kolku-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bujar-i-ahmeti-da-se-dogovorat-dali-ja-prakjale-teuta-arifi-predlog-ambasador-ili-ne-i-na-kolku-mesta/#respond Tue, 03 May 2022 15:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=671228

Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи предлог амбасадор или не и на колку места. СДСМ и ДУИ продолжуваат да ја бламираат државата, Османи да каже на колку места се обиде да ја направи Теута Арифи амбасадор, па ја вратија. По Вашингтон, Анкара, Теута Арифи не ја сакаат ниту во Брисел. Но прашањето е што толку го задолжила Арифи СДСМ и ДУИ за овие и покрај сите одбивања упорно да сакаат од истата да направат амбасадор, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека можеби Османи сака да го сокрие срамот, но го издаде Ахмети, кој кажа дека Теута Арифи била во игра за амбасадор. - Очигледно никој не им кажал дека во САД, Турција и ЕУ, не сакаат политичари и амбасадори кои држеле на платен список неколку стотици лица без да одат на работа. Ниту пак поминуваат политичари кои правеа матни дилови како тој со Миодраг Давидовиќ Дака. Арифи очигледно може да продолжи да биде функционер само во ДУИ, или ако Ковачевски по налог на Ахмети ја именува во влада како утешна награда. Уште по фрапантно е што некои политичари не можат да сфатат дека нивното време помина, дека со години го лажат народот, прават матни зделки и ја уништуваат иднината на поколенијата кои допрва треба да дојдат. Арифи, заедно со СДСМ и ДУИ сега се одбиени од Вашингтон, Анкара и Брисел, а наскоро и од македонските граѓани на следните предвремени парламентарни избори, се додава во партиското соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-bujar-i-ahmeti-da-se-dogovorat-dali-ja-prakjale-teuta-arifi-predlog-ambasador-ili-ne-i-na-kolku-mesta/feed/ 0
Османи денеска демантираше, а Ахмети уште во март потврди дека Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-deneska-demantirashe-a-ahmeti-ushte-vo-mart-potvrdi-deka-teuta-arifi-e-predlozena-za-ambasador-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-deneska-demantirashe-a-ahmeti-ushte-vo-mart-potvrdi-deka-teuta-arifi-e-predlozena-za-ambasador-vo-eu/#respond Tue, 03 May 2022 12:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=671111

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска ги демантираше натписите во медиумите дека поранешната градоначалничка на општина Тетово Теута Арифи била предложена за амбасадор во ЕУ, а од друга страна пак неговиот партиски шеф Али Ахмети уште во месец март оваа година потврдува дека току Теута Арифи е предложена за амбасадор во Брисел. Лидерот на ДУИ, Али Ахети уште во месец март оваа година објави дека по предлог на Владата за амбасадор во ЕУ е предложена токму Теута Арифи, како што тогаш истакна, затоа што таа ги знаела процесите и била вицепремиер за евроинтеграции. -Госпоѓата Арифи беше вицепремиер за евроинтеграции, и го познава овој процес. Оценето е дека Арифи може да придинеси по однос на ова точка, а причина за тоа се нејзините придонеси и претходните врски кои ги имала со регионот а и со ЕУ, изјави на 31 март оваа година Ахмети. Од друга страна пак, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи демеантира дека Теута Арифи била предложена за амбасадор во Брисел, но како што може да се види и од самото видео токму неговиот шеф, Али Ахмети уште во март тврди дека порради нејзините врски и придонеси токму Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ. Според него, никогаш немало размислување, ниту предлог Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара или Вашингтон, за тоа да биде одбиено. –Никогаш немало формализиран предлог за Теута Арифи. Имало размислување, но никогаш формализиран предлог за да биде пратен во Брисел, рече шефот на дипломатијата Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку е позитивно одговорено од шесте предлози испратени од МНР, односно од Владата, до Кабинетот на претседателот на државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-deneska-demantirashe-a-ahmeti-ushte-vo-mart-potvrdi-deka-teuta-arifi-e-predlozena-za-ambasador-vo-eu/feed/ 0
ТРЕТ НЕУСПЕШЕН ОБИД: По Вашингтон и Брисел, и Анкара не се согласила Теута Арифи да биде амбасадор кај нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-neuspeshen-obid-po-vashington-i-brisel-i-ankara-ne-se-soglasila-teuta-arifi-da-bide-ambasador-kaj-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-neuspeshen-obid-po-vashington-i-brisel-i-ankara-ne-se-soglasila-teuta-arifi-da-bide-ambasador-kaj-niv/#respond Sun, 01 May 2022 09:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=670373

Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби Арифи да биде амбасадор на Северна Македонија во Турција, објави весникот „Коха“. Официјални извори за весникот информирале дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи амбасадорка во Анкара, Турција, а официјалниот одговор од таму бил брз – акредитивните писма на амбасадорот нема да бидат одобрени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tret-neuspeshen-obid-po-vashington-i-brisel-i-ankara-ne-se-soglasila-teuta-arifi-da-bide-ambasador-kaj-niv/feed/ 0
Теута Арифи не помина за амбасадорка ни во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teuta-arifi-ne-pomina-za-ambasadorka-ni-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teuta-arifi-ne-pomina-za-ambasadorka-ni-vo-eu/#respond Fri, 29 Apr 2022 16:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=669874

Предлогот на македонската влада за амбасадор во ЕУ, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи, истакната членка на ДУИ, не го поминал филтерот на Европската Унија, дознава МКД.мк од доверливи дипломатски извори. Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, која по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон, во март годинава од македонската влада беше предложена за амбасадорка во ЕУ. Претходниот план на владеачката коалиција Арифи да биде испратена како амбасадорка во САД не ги помина филтрите на Стејт департментот во Вашингтон. Молкот од Вашингтон за ваквото кадровско решение, во македонското МНР било разбрано како несогласување. По мартовската владина одлука, опозициската партија Алијанса за Албанците побара Европската Унија да ја одбие акредитацијата за Теута Арифи. „Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“, изјави Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците. На последните локални избори Теута Арифи ја изгуби градоначалничката функција на Тетово. „Таа беше казнета од тетовц за уништувањето што му го направи на Тетово како градоначалник со корумпираната власт во два мандата. Против Теута Арифи се поднесени две кривични пријави за корупциски дела. Таа ја договори приватизацијата на 71 илјада квадратни метри површина од некогашниот шумско-индустриски комбинат ‘Јелак’ во центарот на Тетово, за да му овозможи на прорускиот олигарх и поранешен министер на Радован Караџиќ, Дака Давидовиќ да заработи 200 милиони евра во операција за недвижнини. Арифи призна дека потпишала повеќе од 800 фиктивни договори за наградување партиски активисти и политички поддржувачи со пари на даночните обврзници. Ја остави Општина Тетово со долг од повеќе од 24 милиони евра, додека годишниот буџет на општината е 26 милиони. Како поранешен градоначалник на Тетово таа мора да понесе одговорност и за трагедијата во ковид-болницата каде во септември 2021 година животот го загубија 14 пациенти... Стекнувањето дипломатски имунитет на Арифи би значело прекин на кривичните постапки покренати против неа. Ова не смее да се случи! ЕУ никогаш не смее да се користи како штит од страна на корумпираните. Затоа ја повикуваме ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Такво нешто е можно, како што докажаа САД во случајот со Фрчкоски. Сега на ред е ЕУ да докаже дека нема место за корумпираните во Брисел“, соопшти Алијанса на Албанците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teuta-arifi-ne-pomina-za-ambasadorka-ni-vo-eu/feed/ 0
Теута Арифи ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, дали ова се вистинските европските вредности што ги бара ЕУ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teuta-arifi-kje-bide-nov-makedonski-ambasador-vo-eu-dali-ova-se-vistinskite-evropskite-vrednosti-shto-gi-bara-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teuta-arifi-kje-bide-nov-makedonski-ambasador-vo-eu-dali-ova-se-vistinskite-evropskite-vrednosti-shto-gi-bara-eu/#respond Wed, 30 Mar 2022 20:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=655986

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ. Aктуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, пак, ќе замине на амбасадорска служба во Париз. Градоначалничката која на Тетово и Тетовчани им остави 30 милиони евра долг, со задолжени јавни претпријатија и еколошка катастрофа со депонијата, со урбан хаос и илјадници дивоградби и уништен национален парк "Шар Планина", со големи проблеми во водоснабдувањето, со криминални тендери, со жртви во изгорена модуларна болница, како и 800 договорни вработени кои поголем дел од нив не биле присутни во државава додека земале плата. Оваа Влада ја наградува Теута со амбасадорско место во ЕУ со пари на грбот повторно од граѓаните. Дали ова се вистинските европските вредности што ги бара ЕУ?! Дали ќе одговара оваа криминалка пред Законите на државава?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/teuta-arifi-kje-bide-nov-makedonski-ambasador-vo-eu-dali-ova-se-vistinskite-evropskite-vrednosti-shto-gi-bara-eu/feed/ 0
Шефот на тајната полиција заминува во Париз како амбасадор, а Теута Арифи во Брисел, еве кој ќе биде амбасадор во Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-tajnata-policija-zaminuva-vo-pariz-kako-ambasador-a-teuta-arifi-vo-brisel-eve-koj-kje-bide-ambasador-vo-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-tajnata-policija-zaminuva-vo-pariz-kako-ambasador-a-teuta-arifi-vo-brisel-eve-koj-kje-bide-ambasador-vo-vashington/#respond Wed, 30 Mar 2022 19:01:04 +0000 https://kurir.mk/?p=655964

Владата продолжува со пополнувањето на испразнетите места на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. Од дипломатски извори МКД.мк дознава дека на вчерашната седница поминале предлозите за Зоран Попов, актуелниот државен секретар во МНР, кариерен дипломат, да биде испратен во Вашингтон, САД, Теута Арифи, поранешната градоначалничка на Тетово, која по неуспешниот обид да биде испратена во Вашингтон, сега е предложена за во ЕУ, Брисел, а актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, кариерен дипломат, е предложен за амбасадор во Париз, Франција. На списокот се и Мето Белески, кариерен дипломат, е предложен за амбасадор во Белгија, Реџеп Демири, член на ДУИ, сегашниот генерален конзул во Минхен е предлогот за амбасадорското место во Берн, Швајцарија. Од ДУИ доаѓа и предлогот за Дритон Кучи за амбасадор во Осло, Норвешка. Нов амбасадор во ОБСЕ, Виена ќе биде Едмонд Адеми, советник на актуелниот премиер Димитар Ковачевски и поранешен министер без ресор за дијаспора. Претходно објавивме дека и Андреј Жерновски бил предложен за амбасадор во Берлград, Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shefot-na-tajnata-policija-zaminuva-vo-pariz-kako-ambasador-a-teuta-arifi-vo-brisel-eve-koj-kje-bide-ambasador-vo-vashington/feed/ 0