тигар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 09:37:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тигар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Хероите живеат вечно“, мурал во спомен на „тигрите“ кои се бореа во Диво Насеље https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/heroite-zhiveat-vechno-mural-vo-spomen-na-tigrite-koi-se-borea-vo-divo-nasele/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/heroite-zhiveat-vechno-mural-vo-spomen-na-tigrite-koi-se-borea-vo-divo-nasele/#respond Thu, 14 Sep 2023 09:37:50 +0000 https://kurir.mk/?p=877953

Припадниците на безбедносните сили кои на 9 и 10 мај 2015 година учествуваа во вооружената борба со терористичката група која беше влезена во Диво Насеље добија мурал „Хероите живеат вечно“ во центарот на Куманово, спроти МКЦ Козјак. Муралот го изработија членовите на здружението „Форма Куманово“. Слободните кумановски уметници досега низ градот имаат направено околу 500 мурали. „На наша и на иницијатива на припадниците на специјалната антитерористичка единица Тигар го изработивме муралот за да им оддадеме почит на припадниците на безбедносните сили. Изработката е поддржана од фирми од Куманово и од министерот, Оливер Спасовски“, изјави Младен Трендевски од здружението „Форма Куманово“. Муралот ја претставува акцијата на припадниците на безбедносните сили во кумановско Диво Насеље под знамето на Македонија. Здружението „Форма Куманово“ досега работеше на повеќе проекти, исцртување мурали и графити низ целиот град. Според проценките во Куманово има над 500-тина мурали и графити. Слободните уметници од здружението од Куманово велат дека за разлика од претходните години, кумановската јавност има високо мислење за овој вид уметност. Муралите во Куманово ги има на повеќе локации, уметниците првин твореа на училишните згради „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, долж булеварот Октомвриска револуција. Уметниците од здружението особено внимание привлекоа со муралот на Блаже Конески, на голманот Столе Димитриевски, великанот Гоце Делчев и сега со муралот „Хероите живеат вечно“. извор:mkd.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/heroite-zhiveat-vechno-mural-vo-spomen-na-tigrite-koi-se-borea-vo-divo-nasele/feed/ 0
Три нуркачки тима трагаат по изчезнатиот во езерото Глажња (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-nurkachki-tima-tragaat-po-izcheznatiot-vo-ezeroto-glazhna-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-nurkachki-tima-tragaat-po-izcheznatiot-vo-ezeroto-glazhna-foto-video/#respond Mon, 31 Jul 2023 09:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=861922

Три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од утринава продолжуваат со потрагата по исчезнатиот маж во езерото Глажња. Потрагата била прекината ноќеска, а започнала вчера во попладневните часови. Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри. Преку СВР Куманово е повикана нуркачка екипа на МВР со цел да се пронајде исчезнатиот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-nurkachki-tima-tragaat-po-izcheznatiot-vo-ezeroto-glazhna-foto-video/feed/ 0
Што значи да сонувате тигар? Ова величествено животно е за некого сила, а за некого страв https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-znachi-da-sonuvate-tigar-ova-velichestveno-zhivotno-e-za-nekogo-sila-a-za-nekogo-strav/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-znachi-da-sonuvate-tigar-ova-velichestveno-zhivotno-e-za-nekogo-sila-a-za-nekogo-strav/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:30:41 +0000 https://kurir.mk/?p=843907

Тигрите се меѓу најголемите мачки во животинското царство. Со прекрасна сила, агилност и грациозност, тигрите станаа препознатливи како симбол на моќ. Значи, што значи кога оваа дива мачка се појавува во вашиот сон? Сонувањето за тигри често го претставува вашиот однос со авторитетот и контролата. Вашиот сон може да значи дека сте авторитетна фигура. Сепак, тоа може да значи дека ја злоупотребувате својата моќ или не ја користите вашата позиција за да направите позитивни промени. Од друга страна, тоа би можело да го открие и вашиот однос кон луѓето на моќни позиции. Соништата за тигрите често се случуваат кога ќе се соочите со предизвик кој ќе ве „проголта“ и ќе ви го обземе животот. Тигарот може да го претставува вашиот работодавец, кариера или студии. Можеби сте се нурнале во една активност и сте заборавиле да одвоите време за другите. Дозволивте еден аспект да го диктира или контролира остатокот од вашиот живот. Ова е нездрав начин на живеење и треба да се обидете да го промените. Тигарот како добар, но и како лош сон Сонот за тигар може да биде добар, бидејќи тигрите симболизираат моќ, авторитет, упорност и трпеливост. Меѓутоа, таквите визии може да значат и страв, губење на контрола и репресија. Сè зависи од тоа како го толкувате вашиот сон и чувствата што сте ги доживеале во светот на соништата. Тигрите може да се појават во вашите соништа за да ве предупредат на претстојната опасност или непредвидливи промени. Ако се работи за бел тип на тигар, тоа ви носи знак на духовен напредок, може да се каже и „просветлување“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shto-znachi-da-sonuvate-tigar-ova-velichestveno-zhivotno-e-za-nekogo-sila-a-za-nekogo-strav/feed/ 0
42 години од формирањето на САЕ „Тигар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/42-godini-od-formiraneto-na-sae-tigar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/42-godini-od-formiraneto-na-sae-tigar/#respond Mon, 13 Mar 2023 06:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=811130

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ денеска во касарната „Илинден“ одбележува 42 година од формирањето. На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“. Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина. На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ). САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за: Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица Апсење криминалци и криминални групи Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти Давање асистенција во борбата против организираниот криминал Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени Обука и едукација на кадри]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/42-godini-od-formiraneto-na-sae-tigar/feed/ 0
Вежби на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vezbi-na-specijalnata-antiteroristichka-edinica-tigar-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vezbi-na-specijalnata-antiteroristichka-edinica-tigar-vo-ohrid/#respond Mon, 21 Nov 2022 13:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=764209

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар“ во Охрид ќе имаат боево гаѓање. Единицата, како што оопшти СВР Охрид, утре ќе реализира тактичко – показна вежба кај комплексот „Инекс“. В четврток и петок единицата „Тигар“, ќе ги спроведе завршните плански активности кај каналот „Студенчишта“. – Се работи за редовна вежбовна активност на од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, соопшти СВР Охрид. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vezbi-na-specijalnata-antiteroristichka-edinica-tigar-vo-ohrid/feed/ 0
Во Индија усмртен тигар кој убил девет лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-usmrten-tigar-koj-ubil-devet-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-usmrten-tigar-koj-ubil-devet-lica/#respond Wed, 12 Oct 2022 08:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=744070

Индиската полиција усмрти тигар што уби најмалку девет лица во областа Чампаран во сојузната држава Бихар. Тигарот, инаку тригодишен мажјак, бил убиен во потера во која биле вклучени околу 200 полицајци и окружни службеници. Нападите се случиле кај резерватот за тигри „Валмики“. Директорот на резерватот изјави дека потрагата по тигарот, именуван како Т-104, почнала во саботата, откако во напад загинаа мајка и дете. Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во областа, за „Тајмс оф Индија“ изјави дека тигарот бил означен како опасен по човечкиот живот. – Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога бил опкружен со тимовите, изјави Гупта. Според податоците на индиската Влада, објавени 2019 година, тигрите во напади убиваат меѓу 40 и 50 луѓе секоја година. Индија е дом на повеќе од 70 отсто од тигрите кои живеат во дивина, но земјиштата за тигри во државата не се доволни за да се смести целата нивна популација, која е во пораст. Затоа, како што објаснуваат некои познавачи, се случува движење кон областите населени со луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-usmrten-tigar-koj-ubil-devet-lica/feed/ 0
Усмртен тигар кој убил девет лица во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/usmrten-tigar-koj-ubil-devet-lica-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/usmrten-tigar-koj-ubil-devet-lica-vo-indija/#respond Mon, 10 Oct 2022 08:34:44 +0000 https://kurir.mk/?p=743406

Индиската полиција усмрти тигар што уби најмалку девет лица во областа Чампаран во сојузната држава Бихар. Тигарот, инаку тригодишен мажјак, бил убиен во потера во која биле вклучени околу 200 полицајци и окружни службеници. Нападите се случиле кај резерватот за тигри „Валмики“. Директорот на резерватот изјави дека потрагата по тигарот, именуван како Т-104, почнала во саботата, откако во напад загинаа мајка и дете. Кумар Гупта, главен чувар на дивиот свет во областа, за „Тајмс оф Индија“ изјави дека тигарот бил означен како опасен по човечкиот живот. -Обидите да се смири животното беа неуспешни и тигарот покажа целосен недостаток на страв кога бил опкружен со тимовите, изјави Гупта. Според податоците на индиската Влада, објавени 2019 година, тигрите во напади убиваат меѓу 40 и 50 луѓе секоја година. Индија е дом на повеќе од 70 отсто од тигрите кои живеат во дивина, но земјиштата за тигри во државата не се доволни за да се смести целата нивна популација, која е во пораст. Затоа, како што објаснуваат некои познавачи, се случува движење кон областите населени со луѓе. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/usmrten-tigar-koj-ubil-devet-lica-vo-indija/feed/ 0
Тигар уби млада жена во чилеански сафари парк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tigar-ubi-mlada-zena-vo-chileanski-safari-park/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tigar-ubi-mlada-zena-vo-chileanski-safari-park/#respond Sat, 07 Aug 2021 08:18:11 +0000 https://kurir.mk/?p=547506

Во сафари парк во чилеанскиот град Ранкагва, тигар уби млада жена која работела таму, соопшти полицијата. Жената, која полицијата не ја идентификуваше, била дел од персоналот кој чисти и го одржува заградениот простор за големи мачки во сафари паркот во градот Ранкагва, 90 километри јужно од главниот град Сантијаго. „За жал, жената не забележала дека вратата на кафезот за животни е отворена и тигарот веднаш ја нападнал, предизвикувајќи ја нејзината смрт“, рече Вилијамс Еспиноза од полицијата во Ранкагва. Сафари паркот е затворен додека полицијата спроведува истрага, а Хорхе Мена од регионалното јавно обвинителство, рече дека ќе испита можна вина на трета страна за она што се случи. Сафари паркот Ранкагва не одговори на барањето за коментар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tigar-ubi-mlada-zena-vo-chileanski-safari-park/feed/ 0
Убиец на 70 тигри уапсен по 20 годишна потрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiec-na-70-tigri-uapsen-po-20-godishna-potraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiec-na-70-tigri-uapsen-po-20-godishna-potraga/#respond Tue, 01 Jun 2021 06:45:41 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517460

Мажот кој се сомничи дека убил 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20 годишна потрага. Хабиб Талукдер, бил уапсен по дојава откако по него биле распишани три потерници, соопштија од полицијата. Тој делувал во шумите на Сундарбанс, на границата меѓу Индија и Бангладеш, каде живеат најголем број бенгалски тигри на светот. -Долго беше во бегство, изјави шефот на полицијата Сајдур Рахман. АП пренесува дека локалното население подеднакво го почитува и се плаши од него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubiec-na-70-tigri-uapsen-po-20-godishna-potraga/feed/ 0
Пронајден е тигар во Америка кој талкал низ градот седум дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-tigar-vo-amerika-koj-talkal-niz-gradot-sedum-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-tigar-vo-amerika-koj-talkal-niz-gradot-sedum-dena/#respond Mon, 17 May 2021 08:26:47 +0000 https://kurir.mk/?p=511212

Деветмесечен бенгалски тигар кој исчезна пред една недела е пронајден во предградијата на Хјустон, потврди полицијата. Тигарот ќе биде предаден на прифатилиште за животни, пренесува Би-Би-Си. Како што се наведува, не е јасно каде било животното минатата недела, а началникот на полицијата, Рон Борац, вели дека верува дека животното шетало по куќите и дека има среќа што тигарот е многу питом. На социјалните мрежи се појавија снимки од тигар кој талка по улиците на Хјустон. Тигрите вообичаено не се дозволени во границите на Хјустон, иако во многу делови на државата е дозволено под одредени услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajden-e-tigar-vo-amerika-koj-talkal-niz-gradot-sedum-dena/feed/ 0