тигарче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 16:30:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тигарче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извршена евтаназија на болното бело тигарче оставено пред Зоолошката во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvrshena-evtanazija-na-bolnoto-belo-tigarche-ostaveno-pred-zooloshkata-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvrshena-evtanazija-na-bolnoto-belo-tigarche-ostaveno-pred-zooloshkata-vo-atina/#respond Mon, 10 Apr 2023 16:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=822541

Тримесечното бело тигарче кое пред шест седмици во лоша состојба беше напуштено пред Зоолошката градина во Атина, и покрај напорите на ветеринарите во изминатиот период, не успеа да се излечи,а поради сериозните здравствени проблеми, евтаназијата беше единственото решение, јави дописничката на МИА од Атина. -Малата Хасија денеска безболно си замина во просторот каде што живееше во изминатиот период и меѓу луѓето кои се грижеа за неа, ја сакаа и многу се врзаа за неа во текот на овие 6 седмици, соопштија од „Атика парк“, Зоолошката градина во Атина. На крајот на февруари, малото тигарче било пронајдено во ѓубрето пред Зоолошката, без притоа да биде познато кој и зошто го оставил. Вработените веднаш се погрижиле за тримесечната женка која го добила името Хасија и во изминатите шест седмици освен што се грижеа за неа, се обидоа да спасат и преку низа испитувања и анализи да ја излечат. Резултатите од испитувањата биле испратени и до специјализирани центри во Европа, Америка и Африка за да се разгледа можноста животното да се пренесе во некој од нив за понатамошно лекување, меѓутоа одговорите биле негативни. Паралелно, Министерството за животна средина на Грција формирало 12-член комитет од грчки ветеринари, кој дал своето мислење врз основа на медицинските податоци. -За жал, сериозните, неизлечиви и болни генетски проблеми, некомпатибилни со елементарен квалитетен живот и благосостојба, ги одведоа и грчките ветеринари членови на комисијата, но и странските експерти, едногласно да препорачаат до надлежните органи дека евтаназијата е единствената опција, како што често се случува кога животното страда без да постои надеж за подобрување, соопштија од „Атика парк“. Евтаназијата била извршена по наредба на властите и во присуство на ветеринари од периферијата. Од атинската Зоолошка истакнаа дека оваа тажна приказна треба да биде повод сите да станат посвесни за потребата од борба против шверцот на диви животни Грција и да се интензивираат напорите на надлежните органи во оваа насока. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvrshena-evtanazija-na-bolnoto-belo-tigarche-ostaveno-pred-zooloshkata-vo-atina/feed/ 0