тихи океан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jul 2023 08:03:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тихи океан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Австралиец и неговото куче преживеале три месеци лутајќи во Тихиот Океан, откриено како https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-avstraliets-i-negovoto-kuche-prezhiveale-tri-mesetsi-lutajki-vo-tihiot-okean-otkrieno-kako/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-avstraliets-i-negovoto-kuche-prezhiveale-tri-mesetsi-lutajki-vo-tihiot-okean-otkrieno-kako/#respond Mon, 17 Jul 2023 08:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=857305

Австралискиот морнар Тим Шедок, придружуван од неговото куче Бела, заминал на патување со брод од Ла Паз, Мексико до Француска Полинезија. Но, силната бура го оштетила пловилото, па човекот и неговото куче ги поминале следните три месеци беспомошно лебдејќи во Тихиот Океан. Своето патување го започнале во април, а биле спасени дури оваа недела, кога биле забележани од хеликоптер кој ја надлетувал областа. Лекарите биле изненадени кога откриле дека, по неколку месеци на море, и Шедок и неговата Бела се во добра здравствена состојба. Насмеани и добро расположени Морнарот им објаснил на лекарите дека и двајцата преживеале благодарение на рибата што ја уловил и дождовницата. „Поминав низ многу тежок период на отворено море. Сега ми треба само одмор и добра храна, сепак долго време бев сам. Инаку, јас сум во многу добра здравствена состојба“, вели тој на снимката до која дојде австралиски 9News. На видеата се гледа дека носи апарат за мерење крвен притисок и дека е видно послаб од претходно. Но, тој беше насмеан и расположен. Освен што успеал да дојде до храна и пијалок, Шадок и Бела преживеале затоа што знаеле дека не смеат да дехидрираат; познато е дека тоа е опасно на отворено море. Освен што пиеле дождовница, се грижеле и да се држат настрана од силното сонце и топлина за да не се потат. Освен тоа, морнарот имал среќа што времето било поволно, па бродот можел слободно да плови во морето додека не го пронајдат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-avstraliets-i-negovoto-kuche-prezhiveale-tri-mesetsi-lutajki-vo-tihiot-okean-otkrieno-kako/feed/ 0
Руски МиГ-31 се урна во Тихи Океан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-mig-31-se-urna-vo-tihi-okean/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-mig-31-se-urna-vo-tihi-okean/#respond Tue, 04 Jul 2023 16:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=852626

Руски воен авион МиГ-31 денеска се урна во Тихи Океан. Несреќата се случила за време на тренажен лет. Сè уште не е позната судбината на двајцата членови на екипажот. Руската армија соопшти дека авионот, што се урна во заливот Авача, на југоисточниот брег на полуостровот Камчатка, не носел оружје. МиГ-31 е ловец со два мотори, со две седишта, дизајниран да пресретнува непријателски авиони и крстосувачки ракети. Советските и руските воздушни сили го користат од 80-тите години од минатиот век. Еден МиГ-31 се урна во април во близина на Мурманск на Арктикот, чиј екипаж преживеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-mig-31-se-urna-vo-tihi-okean/feed/ 0
Втора година по ред над Тихиот океан се формира феноменот Ла Ниња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtora-godina-po-red-nad-tihiot-okean-se-formira-fenomenot-la-ninja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtora-godina-po-red-nad-tihiot-okean-se-formira-fenomenot-la-ninja/#respond Tue, 23 Nov 2021 07:58:33 +0000 https://kurir.mk/?p=598590

Австралиското Биро за метеорлогија денеска соопшти дека втора година по ред над Тихиот океан се формира метеоролошкиот феномен Ла Ниња, што може да донесе натпросечни врнежи од дожд во централните, северните и источните делови од земјата. Британските медиуми пренесуваат дека феноменот Ла Ниња најчесто се поврзува со зголемени количества врнежи, со повеќе тропски циклони и пониски температури од просечните во екваторијалниот дел на Тихиот Океан. Ваквите временски услови би можеле да ги зголемат приносите на пченица во Австралија. Прогнозата за приносот на пченица за оваа сезона во Австралија во септември беше зголемена за 17 отсто, на речиси рекордно ниво, а во прогнозата се наведува дека временските услови ќе бидат поволни. Зголемените врнежи на крајот од годината значат и дека може да се очекуваат помалку сериозни сезонски пожари. -Временските услови под влијание на Ла Ниња вообичаено траат околу една година, но климатските модели сугерираат дека годинашниот модел на јужната хемисфера ќе биде пократок и ќе трае до крајот на летото или почетокот на есента 2022 година, изјави Ендрју Воткинс, шеф за оперативната климатска служба во австралиското Биро за метеорологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtora-godina-po-red-nad-tihiot-okean-se-formira-fenomenot-la-ninja/feed/ 0
Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ruski-i-kineski-voeni-brodovi-gi-organiziraa-prvite-zaednichki-patroli-vo-tihiot-okean/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ruski-i-kineski-voeni-brodovi-gi-organiziraa-prvite-zaednichki-patroli-vo-tihiot-okean/#respond Mon, 25 Oct 2021 06:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=584873

Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17. до 23 октомври, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што пренесуваат странските медиуми, Москва и Пекинг, кои организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море во октомври, одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години во време кога нивните односи со Западот се влошија. Поморските маневри беа внимателно следени од Јапонија, која на почетокот на неделава објави дека група од 10 бродови од Кина и Русија пловеле низ теснецот Кугару, кој го дели главниот јапонски остров од северниот остров Хокаидо, пренесува „Гласот на Америка“. „Група бродови за првпат поминаа низ теснецот Кугару како дел од патрола“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. Теснецот се смета за меѓународни води. „Задачите на патролата беа да ги демонстрира руското и кинеското национално знаме, да го одржува мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион и да се грижи за субјектите на поморската економска активност на двете земји“, додаде руското Министерство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-mnr-ruski-i-kineski-voeni-brodovi-gi-organiziraa-prvite-zaednichki-patroli-vo-tihiot-okean/feed/ 0
Пронајдени бактерии непознати за човековиот имунолошки систем https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdeni-bakterii-nepoznati-za-chovekoviot-imunoloshki-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdeni-bakterii-nepoznati-za-chovekoviot-imunoloshki-sistem/#respond Mon, 05 Apr 2021 09:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=492465

Бактерии кои научници ги собрале на четири километри под површината на Тихиот Океан се толку непознати за човековиот организам што се дури невидливи за нашиот имунолошки систем. Овие наоди се целосно спротивни на едно од главните начела на имунологијата, дека човековиот имунолошки систем еволуирал толку да може да го регистрира секој поединечен микроб. За да се тестира ова начела, наулниците морале да најдат бактерија за која е малку веројатно дека досега имала контакт со имунолошки систем на цицач. -Не баравме само на голема длабочина, туку и на подрачјето на Тихиот Океан кој е најзаштитен и најодалечен, објаснува морскиот еколог Ренди Роџан од Универзитетот во Бостон. -На длабочина од 4000 метри нема цицачи, а се работи за екваторијално подрачје на кое нема китови. Тоа беше добро место за истражување на бактерии кои се целосно различни од оние со кои се среќаваме на копното, додава тој. Научниците со подморница собирале морски бактерии од примероци вода, сунѓери, морски ѕвезди. Потоа во лабораторија размноѓиле 117 пронајдени соеви на бактерии. Невидливи за нашиот имунолошки систем Откако ги проучиле нивните карактеристики, внесе 50 соеви во имунолошките ќелии на глувци и луѓе. На нивно изненадување откриле дека 80 проценти од микробите, кои припаѓаат на видот Moritella, биле целосно невидливи за имунолошкиот систем. Рецепторите на имуно-ќелиите воопштво не реагирале на овие микроби. Бактериите не се опасни за луѓето Овие бактерии за среќа не претставуваат опасност за човековиот организам. -Малку е веројатно дека по нас, луѓето, овие бактерии се опасни бидејќи температурата, притисокот и хемиското опкружување во нашето тело се различни од оние во океанот. Тие бактерии не би преживеале долго надвор од своето природно живеалише, објаснува Роџан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pronajdeni-bakterii-nepoznati-za-chovekoviot-imunoloshki-sistem/feed/ 0
Силен земјотрес регистриран во близина на Нов Зеланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-registriran-vo-blizina-na-nov-zeland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-registriran-vo-blizina-na-nov-zeland/#respond Fri, 25 Oct 2019 06:33:56 +0000 https://kurir.mk/?p=255860

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на Тихи Океан во близина на Нов Зеланд. Како што соопшти Американскиот геолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 1.133 километри североисточно од градот Вангареј, кој има околу 51.000 жители. Земјотресот бил на длабочина од 82 километри. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-registriran-vo-blizina-na-nov-zeland/feed/ 0
ФОТО: Прво преполовување на Пацификот со едрилица во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/#respond Sat, 20 Apr 2019 16:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=189183

Педесет и двегодишниот Јапонец, Мицихуро Ивамото стана првиот човек во историјата кој со едрилица успеа да го преплови Тихиот Океан – од САД до Јапонија. Ивамото со својата едрилица, долга 12 метри, исплови од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија и по два месеци пристигна во јапонскиот град Фукушима, минувајќи 14.000 километри. На ова патување достојно за Гинисовата книга на рекорди, Ивамото бил придружуван од неговиот пријател, Американецот Даг Смит. Ова не е прв обид на Ивамото да го премине Пацификот. Тој во 2013 година исплови од САД кон Јапонија, но во близина на јапонскиот брег кит удри во неговата едрилица, нанесувајќи и сериозни оштетувања, поради што не успеа да ја доврши својата мисија. Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање. Тој се надева дека со ова свое постигнување ќе успее да собере средства за помош на слепите лица и ќе покаже дека „се е можно кога луѓето ќе се здружат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/feed/ 0
Се распадна системот кој требаше да го чисти Тихиот Океан од пластичен отпад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raspadna-sistemot-koj-trebashe-da-go-chisti-tihiot-okean-od-plastichen-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raspadna-sistemot-koj-trebashe-da-go-chisti-tihiot-okean-od-plastichen-otpad/#respond Mon, 07 Jan 2019 09:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=149322

Системот кој требаше да го исчисти Тихиот Океан од пластичен отпад, се распадна меѓу Калифорнија и Хаваите и ќе биде одвлечен на копно за да се поправи. Холандскиот пронаоѓач Бојан Слат, кој го иницираше проектот за чистење на Пацификот, за Ен-Би-Си њуз изјави дека системот, кој е долг 600 метри ќе се влече 1.300 километри до Хаваите. Ако таму не може да се поправи, ќе се врати во почетното пристаниште Алемида во Калифорнија. Системот се распадна по постојан ветар и бранови во Пацификот. Слат рече дека е разочаран, но не и обесхрабрен. Тој вети дека операциите ќе продолжат веднаш штом ќе биде можно. – Ова е сосема нова категорија на машина која таму се наоѓа во екстремни услови, рече Слат. Целта на неговиот проект беше од океанот да се отстарни големиот „пацифички килим од отпад“ кој е потежок од три тони, а се формирал со децении. МИА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-raspadna-sistemot-koj-trebashe-da-go-chisti-tihiot-okean-od-plastichen-otpad/feed/ 0
Силен земјотрес во Тихиот океан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-tihiot-okean/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-tihiot-okean/#respond Sat, 13 Oct 2018 13:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=114503

Земјотрес со јачина од 6,7 степени е регистриран на 282 километри северозападно од Курилските острови, во океанот во близина на Далечниот исток, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Засега не е издадено предупредување за цунами, ниту, пак, има информации за настрадани или штети. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 470 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-tihiot-okean/feed/ 0
Земјотрес со јачина од 8,1 степени го погоди Фиџи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-8-1-stepeni-go-pogodi-fidzi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-8-1-stepeni-go-pogodi-fidzi/#respond Thu, 06 Sep 2018 16:59:26 +0000 https://kurir.mk/?p=97292

Земјотрес со интензитет од 8.1 степени по Рихтеровата скала е регистриран на 123 километри југоисточно од Фиџи, на длабочина од 669 километри, соопшти денеска американскиот Геолошки центар. По овој земјотрес, нема опасност од цунами во Тихиот Океан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-8-1-stepeni-go-pogodi-fidzi/feed/ 0