Тијаго Алкантара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 12:28:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тијаго Алкантара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тијаго Алкантара се враќа дома? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tijago-alkantara-se-vraka-doma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tijago-alkantara-se-vraka-doma/#respond Thu, 13 Jul 2023 12:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=856261

Тијаго Алкантара одби неколку понуди од Саудиска Арабија, како и една од Турција (Галатасарај) покажувајќи ја лојалноста кон Ливерпул со желбата да ја одработи и последната година од договорот со англискиот гигант. Сепак, шпанскиот ас сега го очекува најголем тест на лојалноста откако во трката за негов трансфер се вклучи и Барселона, клубот каде што овој фудбалски генијалец ја почна својата кариера. Чави е во потрага по дополнително засилување за средниот ред по ангажманот на Гундоган, Бернардо Силва е прескапа опција, но затоа Тијаго делува како идеално решение. Шпанскиот плејмејкер има само една година од договорот со Ливерпул и би бил достапен за околу 15 милиони евра, а „црвените“ без многу размислување би го продале за да не ризикуваат тој следното лето да си замине без никаква отштета од клубот. Пресудна сепак ќе биде желбата на самиот фудбалер, кој се уште не одговорил на првичниот интерес на Чави и на каталонскиот гигант. Тијаго својата кариера ја почна во младинската школа на Барса, каде преку Б екипата во 2009 конечно доби шанса и во првиот тим на каталонскиот гигант. Враќање назад во клубот каде ги направил првите чекори би било совршен крај за многу фудбалски асови, но 32-годишниот Тијаго се уште нема донесено конечна одлука на оваа тема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tijago-alkantara-se-vraka-doma/feed/ 0
Алкантара: ЛШ е врв на сезоната, сите најдобри играчи во Европа сакаат да го освојат овој трофеј https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alkantara-lsh-e-vrv-na-sezonata-site-najdobri-igrachi-vo-evropa-sakaat-da-go-osvojat-ovoj-trofej/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alkantara-lsh-e-vrv-na-sezonata-site-najdobri-igrachi-vo-evropa-sakaat-da-go-osvojat-ovoj-trofej/#respond Tue, 23 Mar 2021 11:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=486590

Фудбалерот за врска на Ливерпул, Тијаго Алкантара, зборуваше за влијанието на освојувањето на Лигата на шампионите врз кариерата на еден играч, како и за жрепката во четвртфиналето за овој турнир. – Секогаш е многу тешко да се победи во ова натпреварување. Кога ја земате оваа титула, не е важно со кој тим го правите тоа. Лигата на шампионите е врв на сезоната. Ми беше чест да ја освојам Лигата на шампионите двапати. Да се ​​достигне таков момент не е лесно. Сите најдобри играчи во Европа сакаат да го понесат овој трофеј. Ќе се бориме со најдобрите тимови во Европа за трофеј, истакна Алкантара. За следниот противник на Ливерпул во ЛШ тој смета дека Реал Мадрид го респектираат низ целиот свет. – Добивме ривал којшто целиот свет го почитува. Ова е четвртфинале во Лигата на шампионите, а ние сакаме да играме до крај. Ова е прекрасна двојка, ќе играме со фантастичен тим. Кон Реал Мадрид се однесуваме со респект, рече Тиаго.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/alkantara-lsh-e-vrv-na-sezonata-site-najdobri-igrachi-vo-evropa-sakaat-da-go-osvojat-ovoj-trofej/feed/ 0
Тијаго се збогува со Баерн: Ова е најтешката одлука во мојата кариера https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tijago-se-zboguva-so-baern-ova-e-najteshkata-odluka-vo-mojata-kariera/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tijago-se-zboguva-so-baern-ova-e-najteshkata-odluka-vo-mojata-kariera/#respond Fri, 18 Sep 2020 12:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=405143

Играчот за врска на Баерн (Минхен), Тијаго Алкантара се прости од клубот преку видео и писмено соопштение, кое го објави на социјалните мрежи. По седумгодишен престој на „Алијанц Арена“, шпанскиот репрезентативец се соочува со трансфер во Ливерпул. Еве го целото обраќање на Тијаго: „Да, ова е најтешката одлука во мојата кариера. Одлучив да го затворам ова поглавје во овој прекрасен клуб. Клубот во кој пораснав и се развив како играч во последните 7 години. Победи, успеси, моменти на задоволство, како и некои тешки периоди. Но, она на што најмногу сум горд е што пристигнав во Минхен како млад човек полн со соништа и го напуштам целосно задоволен и идентификуван со Клубот, историјата, филозофијата, јазикот и културата. Тука научив како да ја сакам и почитувам традицијата со која сега се збогувам, но никогаш нема да ја заборавам: „Миа Сан Миа“. Јас и моето семејство имавме неверојатни моменти во градот, во клупската база и, се разбира, во нашата сакана „Алијанц Арена“. Со тебе, моето семејство Баерн, кое толку добро се однесуваше кон мене и ме сакаше секоја секунда. Мојата одлука е целосно поврзана со спортскиот аспект. Како фудбалер, сакам и ми требаат нови предизвици да се развивам, како што направив тука. Баерн секогаш ќе биде мојот дом. Вечна благодарност до Баерн! “]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tijago-se-zboguva-so-baern-ova-e-najteshkata-odluka-vo-mojata-kariera/feed/ 0
Румениге го потврди заминувањето на Тијаго Алкантара во Ливерпул https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rumenige-go-potvrdi-zaminuvanjeto-na-tijago-alkantara-vo-liverpul/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rumenige-go-potvrdi-zaminuvanjeto-na-tijago-alkantara-vo-liverpul/#respond Thu, 17 Sep 2020 12:16:45 +0000 https://kurir.mk/?p=404577

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге го потврди трансферот на играчот за врска Тијаго Алкантара во Ливерпул. Баерн постигна договор со Ливерпул, Тијаго заминува, ги пренесува зборовите на Румениге новинарот на „Билд“, Хеико Ниддерер. Според „Sky Sports“, Ливерпул ќе плати 20 милиони фунти за 29-годишниот Шпанец. Исто така, зделката подразбира можна исплата на бонус од седум милиони фунти, што ќе се изврши во случај „Мерсисајдите“ да ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите. Дел од бонусите Ливерпул е должен да ги плати доколку играчот достигне одредени индивидуални статистички индикатори. Алкантара минатата сезона забележа 40 настапи за Баерн и постигна три гола со две асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rumenige-go-potvrdi-zaminuvanjeto-na-tijago-alkantara-vo-liverpul/feed/ 0
Баерн ја одреди цената за Алкантара https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-odredi-cenata-za-alkantara/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-odredi-cenata-za-alkantara/#respond Wed, 29 Jul 2020 09:00:39 +0000 https://kurir.mk/?p=383027

Раководството на Баерн Минхен е подготвено да го продаде играчот од средниот ред Тијаго Алкантара. Според „Билд“, минхенскиот клуб е подготвен да се раздели со 29-годишниот Шпанец за 30 милиони евра. Претходно беше објавено за интересот за играчот од страна на Ливерпул. Во сезоната 2019/20, Тијаго одигра 36 натпревари за Баерн, даде три гола и направи две асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на Шпанецот на 48 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-odredi-cenata-za-alkantara/feed/ 0
Румениге: Не го пуштаме Тијаго без пари https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rumenige-ne-go-pushtame-tijago-bez-pari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rumenige-ne-go-pushtame-tijago-bez-pari/#respond Sat, 04 Jul 2020 07:54:43 +0000 https://kurir.mk/?p=368778

Претседателот на одборот на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге разјасни една од најактуелните теми околу баварскиот клуб, имено желбата на Тијаго Алкантара да се пресели во Ливерпул. Шефот на баварците потврди дека шпанскиот репрезентативец одбил да го обнови својот договор и ќе биде продаден. – Тијаго е исклучителен и на теренот и надвор од него. Ние преговаравме и ги исполнивме сите негови барања. Сепак, се чини дека тој сака да проба нешто ново во неговата кариера. Немавме никаков контакт со Ливерпул. Ако Тијаго инсистира да си замине,ќе мора да се договориме. Едно е сигурно – нема да го пуштиме бесплатно на крајот од неговиот договор, изјави Румениге за „Билд“. Претходно, медиумите објавија дека Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул и им кажал збогум на своите соиграчи. Сепак, тренерот Ханси Флик објави дека има намера да се потпира на играчот од средниот ред во финалето на германскиот куп против Баерн (Леверкузен).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rumenige-ne-go-pushtame-tijago-bez-pari/feed/ 0