тиквешија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Apr 2022 13:35:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тиквешија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трипуновски: Власта е неспособна да поправи пумпни станици кои оставија без водоснабдување 4500 хектари лозови и овошни насади во Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-e-nesposobna-da-popravi-pumpni-stanici-koi-ostavija-bez-vodosnabduvanje-4500-hektari-lozovi-i-ovoshni-nasadi-vo-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-e-nesposobna-da-popravi-pumpni-stanici-koi-ostavija-bez-vodosnabduvanje-4500-hektari-lozovi-i-ovoshni-nasadi-vo-tikveshijata/#respond Sat, 30 Apr 2022 13:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=670151

Денеска на барање на земјоделците од тиквешкиот регион остварив неколку средби на кои што разговаравме за актуелната состојба во земјоделието и поточно наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион. Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат, изјави денеска за медиумите, Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој информираше дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе има сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури. - Втората локација која ја посетивме од каде што ја даваме оваа изјава е сифонот „Макарија“ кој покрива околу 3.500 хектари површина од овој дел на тиквешкиот регион. Исто така како што гледате од снимките и овој канал е речиси сув, односно нема вода којашто треба да биде достапна до сите земјоделци коишто имаат потреба. Исто така овој сифон дел од водата која треба да ги снабдува земјоделците се оние кои произведуваат раноградинарски производи, поточно лук кој е доста познат во овој дел на нашата република, но и тие се соочуваат со сериозен недостаток на вода што значи нивната реколта ќе биде сериозно оштетена. Она што сакам да го упатам како критика до власта е дека оваа ситуација која што ја гледате од снимката позади мене е реалноста во Република Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ го укажува како критика е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена.АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини. Ова е уште еден показател дека власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки коишто навистина ќе ги помогнат земјоделците во овие тешки денови, појасни Трипуновски. Тој додаде дека ова што сега се случува со недостаток на вода за полевање во овој дел на Тиквешијата кој е најпознат по производството на винското грозје, оваа година ќе претрпи сериозни штети и по квалитет и по квантитет, а тоа значи дека оние семејства и земјоделци кои егзистираат од оваа гранка едноставно оваа година ќе бидат до работ на егзистенција заради човечки фактор, а тоа е власта и АД Водостопанство кои не си ги завршуваат своите надлежности и законски активности кои треба да обезбедат сериозна количина на вода за полевање за оваа производна година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-e-nesposobna-da-popravi-pumpni-stanici-koi-ostavija-bez-vodosnabduvanje-4500-hektari-lozovi-i-ovoshni-nasadi-vo-tikveshijata/feed/ 0
Стоилковски: Зоран Заев да ги праша граѓаните на Тиквешијата за изградба на депонија и преработка на отпад од 48 општини во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zoran-zaev-da-gi-prasha-gragjanite-na-tikveshijata-za-izgradba-na-deponija-i-prerabotka-na-otpad-od-48-opshtini-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zoran-zaev-da-gi-prasha-gragjanite-na-tikveshijata-za-izgradba-na-deponija-i-prerabotka-na-otpad-od-48-opshtini-vo-makedonija/#respond Mon, 31 May 2021 12:13:23 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517222

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата од Зоран Заев за инвестиција во Неготино, истакна дека се работи за депонија и преработка на отпад од 48 општини во Македонија, и дека Зоран Заев мора прво да ги праша граѓаните во Тиквешијата бидејќи депонија не им ветуваше на изборите. - Оваа инвестиција во Неготино најавена од Заев, се најавува како инвестиција во енергетика а не се кажува суштината, вистината а тоа е дека е инвестиција во депонија. Би потсети, дека минатата година Неготинци на референдум ја одбија идејата да биде изградена депонија во срцето на Македонија на најплодната почва во Македонија, уште повеќе што за да се отвори депонија, односно да се обработува отпад, потребна е многу поинаква земјишна структура, геодетска слика, отколку она што го поседува неготинскиот крај а тоа е земјоделско земјиште од прва класа. Повторно се турка ист проект, одработка на отпад овој пат од 48 општини во Македонија и тоа во најплодното земјиште во Македонија. Но, тука има и други аспекти, што Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата од овој земјоделски регион од овој еколошки здрав регион, каде што им ветуваше здрава животна средина а тој сега им носи опасност од енормно загадување, уште повеќе што зад оваа таканаречена инвестиција, Зоран Заев најавува фирма од Луксембург, земја која што е позната по оф шор фирми со сомнително сопствеништво, така што, за оваа најавена инвестиција, Зоран Заев мора прво да ги праша граѓаните во Тиквешијата, бидејќи ова што сега го ветува не им го ветуваше на изборите, истакна Стоилковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zoran-zaev-da-gi-prasha-gragjanite-na-tikveshijata-za-izgradba-na-deponija-i-prerabotka-na-otpad-od-48-opshtini-vo-makedonija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува компанија од оф шор земја да согорува отпад во Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-zaev-najavuva-kompanija-od-of-shor-zemja-da-sogoruva-otpad-vo-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-zaev-najavuva-kompanija-od-of-shor-zemja-da-sogoruva-otpad-vo-tikveshijata/#respond Mon, 31 May 2021 07:00:24 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517073 Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата. Среде земјоделски регион и најплодна почва, Заев најавува во Неготино изградба на фабрика за согорување на отпад од речиси цела држава. Тој на земјоделците од овој регион им ветуваше здрава животна средина, а сега им носи опасност од енормно загадување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека овој бизнис е уште посомнителен, наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е сокриено за јавноста.

– Оф-шор компанија во комбинација со Заев е рецепт за корупција и еколошки злостор. Ова како и за многу други добри зделки на Заев мириса на провизии и криминал, се разбира на штета на народот. Во ситуацијава на штета на граѓаните на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и соседните општини. Нив ги прелажа, а сега се заканува да им ја загади земјата од која живеат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vmro-dpmne-zaev-najavuva-kompanija-od-of-shor-zemja-da-sogoruva-otpad-vo-tikveshijata/feed/ 0
Во Тиквешијата се краде на секој ќош- крадци со коњска кола оперираат низ Кавадарци и околината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tikveshijata-se-krade-na-sekoj-kjosh-kradci-so-konjska-kola-operiraat-niz-kavadarci-i-okolinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tikveshijata-se-krade-na-sekoj-kjosh-kradci-so-konjska-kola-operiraat-niz-kavadarci-i-okolinata/#respond Mon, 28 Sep 2020 07:20:33 +0000 https://kurir.mk/?p=409406

Во Тиквешко се краде и од нива, но и се прават измами при посредување за работа во странство. Ова го потврдуваат за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес, кој е надлежен за општините од најголемиот лозаровинарски регион. Изминативе денови кавадарчанка ни се пожали дека непознати крадци ги демнеле додека береле грозје на лозјето и од тракторот им украле еден новчаник и околу 7,5 илјади денари. Ги виделе крадците со коњ, ама како в земја да пропаднале. Кавадарчанката Маја Наќова Јаневска ја имала истата судбина. Биле ограбени додека работеле на нивата во месноста Танко патче, на заобиколницата. Случајот го пријавиле во полиција. -Бевме на лозјето да го лачиме. Колата беше на меѓата, а ние при крај од редот си работевме. Ние всушност ги видовме крадците, млади лица, како се движат со многу убав голем пепеласто сив коњ некарактеристичен за Кавадарци, со коњска кола, на неколку метри од нас. Но не знаевме дека тие всушност ја извадиле мојата ташна од колата додека минувале. Во ташната имав пари, мобилниот телефон, личните документи и кредитните картички моите и на сопругот, или вкупна штета од околу 500 евра. Башка нервозите и што ќе се губи сега време за вадење нови документи. А коњот како во земја да пропадна, од крадците ни трага, ни раскажа таа. Според податоците од СВР Велес, од почетокот на август до 16 септември, во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија се регистрирани 16 кражби. Од нив, пет се во куќи, четири во маркети, две од возила и исто толку на мобилни телефони. По една кражба се однесува на пари од чанта, на отворен простор и на земјоделски производи од нива. Крадците и измамниците ,,ловат во матно" во време на корона Во градот на виното се раскажува за тоа како лани еден кавадарчанец наводно платил околу 2-3 илјади евра отштета бидејќи го натепал крадецот кој му берел грозје од нивата, а крадецот извадил лекарско уверение за ќотекот и тужел. Згора на тоа, крадецот и неколкумина други, во знак на револт и инает, му исекле дел од лозјето. Една кавадарчанка се пожали дека крадци оперираат и на градскиот пазар во градот. На нејзиниот свекор, му го украле паричникот, со нешто пари и сите документи внатре. И додека постари лица се главно жртви на измами со лажно обезбедување на огревни дрва, при што остануваат и без дрва и без пари, во регионот на грозјето и виното има и различни видови други измами. Од СВР Велес потврдија за МИА дека од почетокот на годината досега се регистрирани најразновидни измами при купување и продавање различни предмети, помеѓу фирми при трансакции, купување огревни дрва, посредување при вработување во странство и други случаи. Извори од полицијата потсетуваат дека изминатите години, тие организираа превентивни подучувања на населението како да се заштити од кражби и измами. -Годинава, за жал, поради пандемијата од вирусот Ковид-19, забранети се такви големи и масовни средби за превентивни совети. Се надеваме дека најбрзо што можеме ќе ја надминеме оваа состојба со пандемијата и повторно ќе можеме како и порано, без проблеми да се среќаваме со жителите од регионот и да делиме совети за тоа како да не станат мета на крадци и измамници, рекоа полициските извори за МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-tikveshijata-se-krade-na-sekoj-kjosh-kradci-so-konjska-kola-operiraat-niz-kavadarci-i-okolinata/feed/ 0
Магијата на слаткото од грозје во Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magijata-na-slatkoto-od-grozje-vo-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magijata-na-slatkoto-od-grozje-vo-tikveshijata/#respond Sat, 19 Sep 2020 07:30:13 +0000 https://kurir.mk/?p=405376

Магијата на слаткото од грозје опива и оваа година во Тиквешијата. Уживаат сите сетила, без разлика дали станува збор за слатко од црно или бело грозје без семки. Историчарот Петре Камчевски, за МИА кажа дека францускиот патописец Ами Буе во 1836 година забележал дека меѓу Кавадарци и Неготино се наоѓаат селата Марена и Глишиќ и дека таму по долината на реката Луда Мара има многу убави лозја. – Тој запишал дека тукашните лозари разликувале многу сорти грозје. „Чауш“ била сортата од која се правело слатко. „Коилизум” и „пармаузум”, пак, биле сорти грозје кои се сушеле, за да може така сушени да се јадат во зима како десерт. Зрната од втората сорта, која главно ја сушеле локалните жители, личеле на мали прсти. Евидентирал исто така дека тиквешките гроздови во тоа време биле покрупни и појајцевидни од француските. Имало и традиција грозје да се суши на сонце и потоа од него се правело пекмез или мармалад. Она што е особено интересно, тој регистрирал дека при преработката на грозјето во вино не се користеле преси, туку гроздовите се ставале во големи каци и таму се нагмечувале и газеле со боси нозе. Притоа нагласил дека во овој крај се произведуваат и многу убави вина, вели Камчевски, хроничарот на Кавадарци и поширокиот регион. „Султанина“, грозје за султанки Ѓорѓи Ајтов, раководител на Подрачната единица за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино, за МИА рече дека не му е познато дека има големи површини со грозје без семки во државата. – Поретко го има, на мали површини. Кај индивидуалните лозари овде- онде понекоја лоза во редовите со трпезни сорти грозје, тие количини се незначителни, нагласи тој. Семејството Нојкови од неготинското село Долни Дисан се меѓу оние во Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион, кои имаат грозје без семки во своите лозови плантажи. Се работи за белата сорта „султанина”, за која во регионот на грозјето и виното се вели дека е грозје за султанки.  – Имаме понекоја лоза во лозјата, кои се главно со други сорти. Кроењето на таквите винови лози е малку поспецифично од кроењето на винските сорти грозје, како вранецот и смедеревката на пример. Има поразлична техника, оти, ако кроењето е вообичаено, нема да роди грозје. Во случајов треба долга резидба за добар и квалитетен  род на грозје за слатко. Тоа се мали количини, кои се за сопствени потреби, како и за наши блиски роднини и пријатели, нема за продажба, за МИА раскажа Марјан Нојков. Нивните лози со грозје без семки се стари по три-четири децении. – Имаме голем мерак за овие стари и подзаборавени сорти, кои бараат топла клима и затоа сè уште ги чуваме и не ги копачиме. Не ги чуваме од комерцијални причини, туку за своја душа, дециден беше тој. Колку повеќе љубов, толку повкусно слатко Едно кавадаречко семејство, со кое исто така поразговарав на оваа тема, има понекоја лоза грозје без семки, со црна боја. Четиридецениска е нивната традиција на одгледување на оваа сорта и правење слатко од овие гроздачиња. – Ние продадовме понекое кило оваа година. Купено од куќен праг, цената е 25 денари за килограм, а на пазар таа достигнува и по 40 денари за едно кило. Според мене, многу е полезно, има интензивна боја и ароматично е, на вкус нешто слично како дивите капинки на пример, рече домаќинката за МИА. Некои од нашите соговорници кажаа дека има случаи кога во Тиквешко се вари и слатко од грозје со семки, на пример десертното „афусали“. Се случува да го помешаат со тиква, па се добива специјалитетот познат како ‘рчели. Една од тиквешанките која редовно вари слатко од гроздови зрна го сподели со нас и нејзиниот рецепт за ова слатко задоволство, кој се пренесува од колено на колено во фамилијата. – Нема некоја посебна филозофија, воопшто не е тешко да се направи слатко од грозје. Се вадат само зрната од гроздовите и се мијат. На три килограми грозје се става кило шеќер, а може и малку повеќе, зависно од блажината на грозјето. Но најдобро е да се вари со сопствен гроздов сок или шира. Ако се вари со шеќер, се додава 750 грама вода. Внимателно се следи варењето и се добива извонреден десерт. Колку повеќе љубов се вложи притоа, толку послатко е слаткото, коментираше таа. Во Тиквешко сè уште има домаќинства во кои добредојде се посакува со слатко од грозје. А има и такви кои се сигурни дека самиот чин на правење слатко, но и дегустирањето, и тоа како можат да бидат ставени во функција на развој на винскиот туризам, па туристот самиот да учествува во таа магија и да си замине дома со тегла слатко.

Светлана Дарудова (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/magijata-na-slatkoto-od-grozje-vo-tikveshijata/feed/ 0
Грозјето од Тиквешијата заврши во депонија- лозарите се повеќе се разочарани од оваа ненародна власт (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozjeto-od-tikveshijata-zavrshi-vo-deponija-lozarite-se-povekje-se-razocharani-od-ovaa-nenarodna-vlast-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozjeto-od-tikveshijata-zavrshi-vo-deponija-lozarite-se-povekje-se-razocharani-od-ovaa-nenarodna-vlast-video/#respond Fri, 18 Sep 2020 12:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=405133

Земјоделец од Кавадарци го истура грозјето на локалната депонија затоа што нема откуп. На видеото се гледа како земјоделецот својот труд вложен преку целата година го истура во депонија разочаран од оваа ненародна власт предводена од СДСМ. -Гледате каде оди грозјето од Тиквешијата, гледајте што е работат луѓето цела година, еве каде отиде грозјето, се слуша во видеото. Инаку ова не е прво вакво разочарување од лозарите, но и од земјоделците воопшто. Тие најавуваат и протести доколку не се реши нивниот проблем со грозјето и ниската откупна цена за истото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grozjeto-od-tikveshijata-zavrshi-vo-deponija-lozarite-se-povekje-se-razocharani-od-ovaa-nenarodna-vlast-video/feed/ 0
Коронавирусот во Тиквешијата не стивнува, две третини од позитивните не знаат од каде се заразиле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-vo-tikveshijata-ne-stivnuva-dve-tretini-od-pozitivnite-ne-znaat-od-kade-se-zarazile/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-vo-tikveshijata-ne-stivnuva-dve-tretini-od-pozitivnite-ne-znaat-od-kade-se-zarazile/#respond Sun, 09 Aug 2020 12:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=388415

Коронавирусот во Тиквешијата зема замав и секојдневно се регистирираат нови позитивни пациенти во изминатите три недели. Денес, до овој момент во Кавадарци се регистрирани шест лица, на возраст од 38 до 63 години, а пак во Неготино позитивен е маж на возраст од 60 години. -Жената на возраст од 63 години од Кавадарци со одредени симптоми е сместена на болничко лекување во Велес, додека останатите пациенти се со лесна клиничка слика, на домашно лекување. По еден новорегистриран пациент во Кавадарци уште се трага, не се јавува на мобилниот телефон, во вакви случаи ја вклучуваме и полицијата. Не е прв пат да не можеме да ги најдеме позитивните пациенти, па затоа апелираме на сериозност. Од новите случаи во Кавадарци, само две лица имале контакт со веќе позитивен пациент. Останатите изјавуваат дека не знаат од каде се инфицирале, со што уште повеќе се отежнува нашата работа – велат од Центар за јавно здравје Кавадарци, пренесе ФОКУС. Во Неготино пак, новорегистрираниот пациент се тестирал поради пројавени симптоми, и исто така навел дека не знае од каде се инфицирал. Речиси две третини од позитивните пациенти во Тиквешијата тврдат дека не знаат каде и како се инфицирале, потенцирале дека немале многу контакти, дека не се дружеле и не шетале. Со овие пациенти, во Кавадарци бројот на активни случаи се искачи на 88, а во Неготино на 12.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-vo-tikveshijata-ne-stivnuva-dve-tretini-od-pozitivnite-ne-znaat-od-kade-se-zarazile/feed/ 0
Нелоски: Неготино, Кавадарци и Тиквешијата ќе бидат столбот на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-negotino-kavadarci-i-tikveshijata-kje-bidat-stolbot-na-izbornata-pobeda-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-negotino-kavadarci-i-tikveshijata-kje-bidat-stolbot-na-izbornata-pobeda-na-vmro-dpmne/#respond Sat, 23 Nov 2019 20:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=268194

Поминаа веќе три години веќе две години откако како дојде животот тука во Неготино. Кога влегов во Неготино се чувствував како во 2017-та година, ништо се нема променето, освен што граѓаните се се повеќе разочарани, и уште се на мисла дали да останат во Неготино, или да си ја бараат среќата некаде на некое друго место. Сакам да им порачам на сите тие граѓани, и на вас, да не се откажувате, во Неготино имало достоинствен живот и повторно ќе има достоинствен живот. Тоа ќе се случи по 12-ти април, Неготино заедно со Кавадарци и Тиквешијата ќе бидат столбот на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 4-тата изборна единица во тоа сум сигурен, рече во својот говор, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски. -Ветија дека ќе изградат студентски дом во Скопје, каде што ќе можат студентите од Неготино достојно да студираат, ветија дека ќе го подобрат животот, дека чесниот земјоделец ќе живее поубаво. Сега да ве прашам дали живеат земјоделците поубаво после три години од владеењето на Зоран Заев? Не! Одговорот е едноставен, не живеат бидејќи им беше ветувано се и сешто, само за да се дограбат до тие кожни фотељи. Токму затоа се овие денови, да ги запишете вашите идеи, вашите проблеми , за да се направи програма којашто ќе биде реална и којашто ќе го подобри животот, истакна Нелоски пред Неготинчани. Сакам една јасна порака да упатам до сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и до сите граѓани, коишто оваа хунта на власт се обидува да им се закани и на било кој начин да ги исплаши, да се борат за своите права и на 12-ти април да го кажат големото „Не“ за Зоран Заев, порача Нелоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloski-negotino-kavadarci-i-tikveshijata-kje-bidat-stolbot-na-izbornata-pobeda-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Жителите испаничени: Диви свињи се спуштаат по храна до села од Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-ispanicheni-divi-svinji-se-spushtaat-po-hrana-do-sela-od-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-ispanicheni-divi-svinji-se-spushtaat-po-hrana-do-sela-od-tikveshijata/#respond Mon, 14 Jan 2019 12:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=152020

Диви свињи се спуштаат по храна до села од Тиквешијата, поради ниските температури. Коце Кулев-Кујо, жител на кавадаречкото село Ресава, за МИА изјави дека свињи се спуштиле дури до селската продавница. Претседателот на Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев, кој поседува имот во кавадаречкото село Мрежичко, исто така потврди дека дивите свињи се повеќе се приближуваат до селата, од повисоките кон пониските места. -Риејќи во снегот, тие пронаоѓаат желади, корени, ореви, остатоци од храна околу селските трла, велат Кулев-Кујо и Сакалиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zitelite-ispanicheni-divi-svinji-se-spushtaat-po-hrana-do-sela-od-tikveshijata/feed/ 0
Без проблеми тече гласањето во четирите општини од Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-problemi-teche-glasanjeto-vo-chetirite-opshtini-od-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-problemi-teche-glasanjeto-vo-chetirite-opshtini-od-tikveshijata/#respond Sun, 30 Sep 2018 11:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=108325

Без проблеми тече гласањето во четирите општини од Тиквешијата. До 13 часот во Кавадарци гласале 14,3 отсто од вкупно запишани 32.217 лица со право на глас. Се гласа на 59 избирачки места. На 28 избирачки места во Неготино, од 15.894 избирачи, гласале 15,72 проценти. Во Росоман се гласа на 10 избирачки места. Право на глас имаат 3.344 росоманци.  До 13 часот, излезноста во Росоман 9,4 отсто. Засега нема нови податоци за излезноста во Демир Капија. Сите податоци се добиени од претседателите на општинските изборни комисии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bez-problemi-teche-glasanjeto-vo-chetirite-opshtini-od-tikveshijata/feed/ 0