Тиквешко Езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 16:31:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тиквешко Езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-borova-shuma-nad-mesnosta-brushani-kaj-tikveshko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-borova-shuma-nad-mesnosta-brushani-kaj-tikveshko-ezero/#respond Sun, 13 Aug 2023 16:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=866285

Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро, оваа информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. Оттаму нагласија дека по дојавата за пожар, на терен веднаш заминала една екипа од противпожарно возило со двајца пожарникари а во моментов тргнува уште едно возило со четворица пожарникари и доколку има потреба, уште возила и пожарникари ќе се упатат на лице место. Според првичните информации што ги имаат, најверојатно станува збор за човечки фактор. Од Противпожарната служба уште еднаш апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел да не се предизвикуваат пожари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gori-borova-shuma-nad-mesnosta-brushani-kaj-tikveshko-ezero/feed/ 0
Викендички покрај Тиквешко Езеро добиваат приклучок за вода за пиење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vikendichki-pokraj-tikveshko-ezero-dobivaat-prikluchok-za-voda-za-piene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vikendichki-pokraj-tikveshko-ezero-dobivaat-prikluchok-za-voda-za-piene/#respond Thu, 23 Feb 2023 17:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=804300

Завршува последната и трета фаза, со која, од сега, населба Брушани ќе биде целосно покриена со водоводна линија, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. – После 40 години, граѓаните коишто имаат викендички во населбата, имаат приклучок кон водоводна мрежа, а вкупниот број во трите фази е 550 приклучоци. Вредноста на договорот е 21.901.643 денари од ТАВ програмата, а третата фаза е инвестиција на општината Кавадарци, во износ од 2.299.760,60 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев. Оттаму појаснија дека од денес започна изградбата на новата водоводна линија од Брушани кон Ресавски залив, кај ресторанот „Луле“. - Тоа значи дека граѓаните и од овој дел на Тиквешкото езеро ќе можат да се приклучат кон водоводната мрежа. Инвестицијата е 3.184.869 денари од општината Кавадарци и 1.800.000 денари од Бирото за регионален развој. Општина Кавадарци за првпат се впушта во ваква инвестиција, со која и Брушани и Ресавски залив, ќе бидат водоснабдени со вкупно 800 приклучоци, нагласија од кабинетот на Јанчев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vikendichki-pokraj-tikveshko-ezero-dobivaat-prikluchok-za-voda-za-piene/feed/ 0
АЛАРМАНТНО: Тиквешко Езеро без вода, пустелија наместо убавина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-tikveshko-ezero-bez-voda-pustelija-namesto-ubavina-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-tikveshko-ezero-bez-voda-pustelija-namesto-ubavina-video/#respond Thu, 12 Jan 2023 08:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=786252

Вода нема, а струја увезуваме. Погледнете што се случува, Тиквешко Езеро го нема, се истакнува во видеото објавено од Земјоделие.мк. -Ова е вистината за Тиквешко Езеро. Ние сме внатре, но нема вода, вели човекот кој снима. На местото каде беше убавото езеро, денес има пустелија. Како изгледа, погледнете во видеото
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-tikveshko-ezero-bez-voda-pustelija-namesto-ubavina-video/feed/ 0
Mашки труп во распаѓање пронајден кај Тиквешко Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mashki-trup-vo-raspagjanje-pronajden-kaj-tikveshko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mashki-trup-vo-raspagjanje-pronajden-kaj-tikveshko-ezero/#respond Tue, 02 Aug 2022 12:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=713043

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање. Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mashki-trup-vo-raspagjanje-pronajden-kaj-tikveshko-ezero/feed/ 0
Поднесена иницијатива за спас на Тиквешкото Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podnesena-inicijativa-za-spas-na-tikveshkoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podnesena-inicijativa-za-spas-na-tikveshkoto-ezero/#respond Thu, 27 Jan 2022 13:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=623568

Регионалното Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко-живот” од Кавадарци поднесе иницијатива за спас на Тиквешко Езеро до кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и Советот на општината. Во неа меѓу другото, се предупредува на лошата хидролошка состојба на езерото, која трае веќе подолг период. Се нагласува дека последните врнежи од дожд и снег не помогнале многу за да се подобри таа состојба. – За да се спречи еколошката катастрофа, потребни се одлучни чекори за борба против климатските промени и коишто ќе го земат предвид негативното влијание врз хидропотенцијалот, истакна денеска за МИА претседателот на здружението, Роберто Паризов. Притоа, се бара од локалната самоуправа да ги преземе сите институционални мерки за борба против ваквата состојба со езерото, крај кое има околу две илјади викендички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podnesena-inicijativa-za-spas-na-tikveshkoto-ezero/feed/ 0
Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро за време полициски час, ќе следи кривична пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policija-zateknala-mladi-na-tikveshko-ezero-za-vreme-policiski-chas-kje-sledi-krivichna-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policija-zateknala-mladi-na-tikveshko-ezero-za-vreme-policiski-chas-kje-sledi-krivichna-prijava/#respond Sun, 04 Apr 2021 09:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=492082

Полиција затекнала млади на Тиквешко Езеро рано утрово за време на полициски час, ќе следи кривична пријава, потврдуваат за МИА од МВР. -Утрово во 2:20 часот со претходно обезбедена наредба од Основен суд Кавадарци, полициски службеници влегле во викендица лоцирана на место викано Брушанска населба на Тиквешко езеро, појаснуваат од МВР. Викендицата била во сопственост на 23 – годишно лице од Кавадарци. Таму биле затекнати четири лица, а по извршена проверка во близина на викендицата, пронајдени биле и легитимирани уште 14 лица меѓу кои и сопственикот на објектот. Од МВР рекоа дека по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе следи кривична пријава по чл.206 од КЗ на РМ. Изминатиов период, со оглед на тоа што Тиквешијата е жариште на Ковид-19, постојано се апелира да се почитуваат превентивните мерки против коронавирус. Меѓу другото, се апелира и да нема масовни собирања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policija-zateknala-mladi-na-tikveshko-ezero-za-vreme-policiski-chas-kje-sledi-krivichna-prijava/feed/ 0
Јованчев: ЕЛЕМ го испразни ХЕЦ Тиквеш, нивото на водата е доведено на мининум, под знак прашалник е и сезоната за наводнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-elem-go-isprazni-hec-tikvesh-nivoto-na-vodata-e-dovedeno-na-mininum-pod-znak-prashalnik-e-i-sezonata-za-navodnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-elem-go-isprazni-hec-tikvesh-nivoto-na-vodata-e-dovedeno-na-mininum-pod-znak-prashalnik-e-i-sezonata-za-navodnuvanje/#respond Fri, 26 Mar 2021 12:19:58 +0000 https://kurir.mk/?p=488145

Ова што го гледате позади мене некогаш беше Тиквешко езеро. Денес личи на се само не на езеро. Колку треба да си нечовек за да направиш ваква катастрофа. Со месеци акумулацијата Тиквеш е на катастрофално ниско ниво. Во прашање е доведен опстанокот на живиот свет во езерото. Сопствениците на рибниците секојдневно се во паника дали поради ниското ниво на езерото и недоволна количина на кислород рибниот фонд можно е целосно да изумри, обвинува пратеникот Зоранчо Јованчев. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција: За туризмот воопшто и да не збориме. Со месеци на езерото речиси и да не дошол човек од страна. Сопствениците на викендиците секојдневно ми се јавуваат и реагираат поради тоа што некои не можат да пристапат до нив. И сето тоа само поради неспособноста на менаџерите на електрани на Македонија кои поради тоа што не можат да обезбедат доволно електрична енергија за граѓаните на Македонија секојдневно ја користат акумулацијата Тиквеш за да ја надокнади дневната потрошувачка и на тој начин го празнат езерото. Но, почитувани граѓани,она што посебно  не загрижува жителите на општините Кавадарци,Неготино,Демир Капија,Росоман и Градско е тоа што во прашање е доведена поливната сезона која треба да започне за 20 дена. Осум до десет илјади хектари се под опасност поради немање на доволно вода. Во овој момент нивото на езерото е на три метра под долниот праг на тунелот низ кој протекува водата за наводнување, а кој што се гледа на сликите како е далеку од нивото на водата, или да  бидам поточен за да почне поливната сезона нивото на езерото за помалку од дваесет дена потребно е да се покачи најмалку 7 метри. Дали на овој начин владата на Заев преку ЕЛЕМ сака да ги уништи земјоделците? Затоа апелирам. ЕЛЕМ веднаш да го сопре производството на електрична енергија од акумулацијата Тиквеш и во Црна река да пушта само одредена количина на вода потребна за биолошки минимум. Во спротивно доколку на 15ти април не биде обезбедна потребната количина на вода за наводнување,многу луѓе ќе одговараат. Нема да има сила која би ги заштитила од евентуалната штета која би ја направиле на земјоделците. Затоа господа од власта иако ви се одбројани деновите во вашите удобни фотелји ве повикувам и ве предупредувам веднаш да почнете да го враќате Тиквешкото езеро во онаа состојба која што сите го знаеме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-elem-go-isprazni-hec-tikvesh-nivoto-na-vodata-e-dovedeno-na-mininum-pod-znak-prashalnik-e-i-sezonata-za-navodnuvanje/feed/ 0
Трипуновски: Зоран Заев го доведе Тиквешко езеро на праг на биолошки минимум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zoran-zaev-go-dovede-tikveshko-ezero-na-prag-na-bioloshki-minimum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zoran-zaev-go-dovede-tikveshko-ezero-na-prag-na-bioloshki-minimum/#respond Sat, 14 Nov 2020 09:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=429379

Зоран Заев го доведува Тиквешкото езеро, кое е најголемото вештачко езеро во Република Македонија на праг на биолошки минимум. Незаситноста на власта за профит и засиленото производството на електрична енергија во текот на летниот период од хидро електрани ги пресуши езерата ширум Република Македонија. Моментално водата во езерото е падната за 24 метри од минималната кота на самото езерото, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. - Проблемот што Заев го создаде е повеќестран. Прво езерата се пресушени и нема да може да се користат во догледен период за производство на струја, па така сега ќе купуваме поскапа струја, а загубите ќе бидат огромни. Второ голем број од акумулациите, како што е случајот и со Тиквешкото езеро се користат и за наводнување на земјоделските површини, па така се доведува во прашање и следната земјоделска сезона во Република Македонија, вели тој. - Трето се загрозува и рибниот фонд во самото езеро и се нарушува туристичката слика за езерото, бидејќи истото се користи и за рекреативни цели. За овој егзодус некој мора да сноси одговорност. Штетите се повеќекратни и огромни. Заради профитот на Зоран Заев сега сите езера во Македонија се пресушени. Одговорност мора да има веднаш, дециден е Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-zoran-zaev-go-dovede-tikveshko-ezero-na-prag-na-bioloshki-minimum/feed/ 0
ФОТО: Голем помор на риба во Тиквешкото езеро, алармантна е состојбата со сите езерата во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-pomor-na-riba-vo-tikveshkoto-ezero-alarmantna-e-sostojbata-so-site-ezerata-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-pomor-na-riba-vo-tikveshkoto-ezero-alarmantna-e-sostojbata-so-site-ezerata-vo-makedonija/#respond Wed, 21 Oct 2020 12:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=418968

Алармантна е состојбата со езерата во Македонија. Водата од ден на ден се повеќе се повлекува, тоа може да се види и со голо око, властите не превземаат ништо, а лошото управување и менаџирање со езерата е очигледно. Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период во Тиквешкото езеро и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L, постојат обиди од секаков вид да се спречи катастрофата, па дури и со давање на вештачки кислород во водата. Имено во моментов голем помор на риба се случува на „Тиквешкото езеро“, а причината за ова катастрофа е токму повлекувањето на водата и намалениот кислород во истата. -Голем помор на риби ни се случува во моментот, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден, вторник 20.10.2020. На удар е целата наша произведена риба во количина од 120 тони. Иако настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, развојот на ситуацијата е се` уште неповолен. Освен нас „ЗЛАТЕН КРАП“, со овој проблем се соочуваат и рибниците на ДПУП „ДОШНИЦА“ ДООЕЛ, позиционирани непосредно во наша близина. Катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење кое трае и во моментот, го спушти нивото на кислород на алармантни 2 mg/L. Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород во нашите води, а кој е потребен за опстојување на рибата. И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. До сега не е забележан помор на рибниците на нашите партнери, пријатели, соработници кои се распоредени на други позиции низ акумулацијата и се надеваме дека ќе остане така. Со случајот се запознати челниците на Владата и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за Храна и Ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен во Министерството за Внатрешни работи, стои во објавата на Фејсбук страницата „Златен крап“. https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3412927132121388&id=380020552078743 Алармантна е состојбата и со останатите езера во Македонија. Во март месец годинава Тиквешко езеро беше намалено за 70%, езерото Калиманци беше намалено за 75%, езерото Турија беше намалено за 65% и Стрежевско езеро беше намалено за 72,5%. Дебарското, Мавровското езеро и Козјак се сведени најниското можно ниво до сега, риболовните друштва тврдат дека количеството на риба, односно рибниот фонд е намален за повеќе од 90% , нема веќе ни риби по езерата. Дека ситуацијата е алармантна може да види ако се спореди водостојот на овие езера низ последниве неколку месеци од состојбата пред неколку години. Преспанско езеро изгуби вода во количина колку две Дојрански езера, од страна на Албанија веќе се подготвува студија за тоа што се слулува со Преспанското езеро, а од друга страна тажни фотографии прикажуваа ова лето граѓаните во посета на ова езеро кое е пред исчезување, надлежните сеуште без план за реагирање. Охридското езеро исто така е повлечено за скоро 6 метри за еден месец. Надлежните за ова велат дека езерото природно осцилирало во текот на годината, но граѓаните кои живеат во Охрид и околината велат дека ваква природна катастрофа на повлекување на водата до сега не се случила. Причината за оваа катастрофа со водите во Македонија е лошото менаџирање и неконтролираното испуштање на водата без стратегија на сметка на животната средина, што за произведување на струја, што без план, се клучни фактори за уништувањето на езерата. Сега на работ на егзистенција се флората и фауната во езерата и покрај езерата, природата е во шок, затоа што без вода во езерата и намален водостој Македонија ќе се претвори во пустина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-golem-pomor-na-riba-vo-tikveshkoto-ezero-alarmantna-e-sostojbata-so-site-ezerata-vo-makedonija/feed/ 0
Позната причината за пожарот кај Тиквешко езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-prichinata-za-pozarot-kaj-tikveshko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-prichinata-za-pozarot-kaj-tikveshko-ezero/#respond Sun, 02 Aug 2020 18:03:07 +0000 https://kurir.mk/?p=385284

Пожарот кај Тиквешко Езеро го предизвикале невнимателни викендаши кои славеле Илинден. Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци за МИА изјавија дека нивни екипи и екипи од подружницата на ,,Национални шуми” по неколку часа интервенција на терен, го локализирале пожарот. Ветерот го носел огнот на кај селото Ресава, па во гаснењето учествувале и луѓе кои денеска се нашле во близина. Имало и увид на лице место од страна на полицијата. Пламенот навлегол и во една викендичка и дошол до првите куќи во селото, па навремената интервенција спречила поголеми последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-prichinata-za-pozarot-kaj-tikveshko-ezero/feed/ 0