тим кук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 08:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тим кук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Првиот човек на Епл си ја намали платата за 35 милиони https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prviot-chovek-na-epl-si-ja-namali-platata-za-35-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prviot-chovek-na-epl-si-ja-namali-platata-za-35-milioni/#respond Tue, 17 Jan 2023 08:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=788194

Извршниот директор на Епл, Тим Кук оваа година ќе го намали својот годишен платен пакет за над 40 проценти. Технолошкиот гигант вели дека Кук барам намалување по критиките на акционерите. Минатата година акциите на Епл драстично паднаа поради проблеми со снабдувањето и глобалното економско забавување. -Комисијата за компензација ги избалансира повратните информации на акционерите, и даде препорака за Кук да ја прилагоди својата надокнада во согласност со добиените повратни информации, наведува Епл во поднесокот до американската финансиска служба. Најголемата разлика во однос на неговиот платен пакет е начинот на кој ќе му бидат доделени акциите во фирмата. Компанијата во 2022 година му доделила акции од 75 милиони долари, од кои половината е заснована на тоа како Епл работел на берзата. За оваа година надоместокот е намален на 40 милиони долари. Институционалната служба за акционери рекле дека платата на Кук била 1.447 пати поголема од платата на просечниот вработен во Епл. Кук става извршен директор на Епл во август 2011 година само неколку недели пред смртта на соосновачот Стив Џобс.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prviot-chovek-na-epl-si-ja-namali-platata-za-35-milioni/feed/ 0
Богатството на директорот на Епл вреди 625 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bogatstvoto-na-direktorot-na-epl-vredi-625-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bogatstvoto-na-direktorot-na-epl-vredi-625-milioni-dolari/#respond Mon, 10 Dec 2018 12:12:40 +0000 https://kurir.mk/?p=138094

Богатството на директорот на Епл, Тим Кук изнесува 625 милиони долари. Неговиот капитал се зголемувал истовремено со растот на профитот на компанијата. Во 2018 година Епл стана прва американска компанија во историјата чија вредност изнесувала еден трилион долари. Но во споредба со колегите од технолошкиот свет, Кук е исклучително „сиромашен“. Основачот на Гугл, Лари Пејџ вреди 53 милијарди долари, а основачот на Фејсбук, Марк Закерберг има капитал вреден околу 70 милијарди долари. Директорот на Амазон, Џеф Безос е првиот бизнисмен во современата историја чие богатство вреди над 100 милијарди долари. За разлика од повеќето, Кук е познат по тоа што не води луксузен животен стил. – Сакам постојано да се потсетувам од каде доаѓам, а скромниот живот ми помага во тоа, истакна тој, објаснувајќи зошто не живее луксузно согласно својата заработувачка и алудирајќи на своето потекло. Тој потекнува од скромно семејство од Алабама. Татко му бил работник на бродоградилиште, а мајка му работела во фармација. Кога бил унапреден на местото генерален директор на Епл во 2011 година, неговата основна плата изнесувала 900.000 долари, а во 2017 година се зголемила на три милиони долари. Покрај платата добивал и готовински бонус согласно развојот на компанијата, кој ги зголемил неговите приходи на 12 милиони долари. Негов најважен капитал се акциите на Епл, вредни 622 милиони долари. Освен тоа, со купување на акции во Најк, вредни 3,4 милиони долари, станал член на Управниот одбор на таа компанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/bogatstvoto-na-direktorot-na-epl-vredi-625-milioni-dolari/feed/ 0