тимчо муцински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 15:10:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тимчо муцински – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се наоѓа решение за проблемот со паркирање на станарите во делови од општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-naogja-reshenie-za-problemot-so-parkiranje-na-stanarite-vo-delovi-od-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-naogja-reshenie-za-problemot-so-parkiranje-na-stanarite-vo-delovi-od-opshtina-aerodrom/#respond Mon, 14 Mar 2022 15:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=647088

Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје, Бојан Христовски, со претставници од претпријатието и со Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцински, денеска одржаа средба со граѓани во општина Аеродром. Главна тема на средбата беше разгледување на проблемите поврзани со услугата паркирање за станарите во делот кај „Три Бисери“ и улиците „Милан Зечар“ и „Методија Шаторов Шарло“. Градоначалникот Муцински и Директорот Христовски, сметаат дека треба да се изнајде решение со кое ќе се овозможи и станарите на посочените локации, да се стекнат со станарска дозвола за паркирање. Правото на паркирање за категоријата „станар“ го имаат останатите граѓани од оваа општина на чии адреси е воведено зонско паркирање. Во насока на изнаоѓање решение, Муцински и Христовски се заложија за изнаоѓање брзо и соодветно решение, кое ќе биде во корист на граѓаните и корисниците на паркинг услугите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-naogja-reshenie-za-problemot-so-parkiranje-na-stanarite-vo-delovi-od-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Муцунски: Почнува имплементација на „смарт Аеродром“ – се дигитализираат општински услуги https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-pochnuva-implementacija-na-smart-aerodrom-se-digitaliziraat-opshtinski-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-pochnuva-implementacija-na-smart-aerodrom-se-digitaliziraat-opshtinski-uslugi/#respond Wed, 23 Feb 2022 16:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=635552

Наскоро ќе презентираме мобилна и веб-апликација со која Општина Аеродром уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата на локалната власт, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски. Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна. Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина. Наскоро, со користење на вашиот мобилен телефон, таблет или компјутер, ќе можете да ги добиете потребните документи, да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите, вели во својата објава Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-pochnuva-implementacija-na-smart-aerodrom-se-digitaliziraat-opshtinski-uslugi/feed/ 0
Муцунски: Фокусирани сме на реализација на многу проекти, да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има енергија и сила да ја води Македонија поинаку и подобро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-fokusirani-sme-na-realizacija-na-mnogu-proekti-da-pokazeme-deka-vmro-dpmne-ima-energija-i-sila-da-ja-vodi-makedonija-poinaku-i-podobro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-fokusirani-sme-na-realizacija-na-mnogu-proekti-da-pokazeme-deka-vmro-dpmne-ima-energija-i-sila-da-ja-vodi-makedonija-poinaku-i-podobro/#respond Thu, 10 Feb 2022 21:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=629905

По убедливата победа фокусот е на реализација на многу проекти на решавање на многу проблеми, бидејќи нашата цел е преку пракса на добро владеење граѓаните да видат не само ветувања туку и реализација и да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има сила енергија да ја води Македонија поинаку, а работата која ќе ја покажеме на локално ниво да биде дополнителен мотив граѓаните да ни ја дадат довербата на предвремените парламентарни избори и да покажеме дека Македонија може да успее, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ. - Како градоначалник создавам тим, луѓе кои соработуваат и сме мотивирани. Кренавме висок праг на очекувања и ние не сакаме да ги разочараме граѓаните. Затоа и имавме јавна презентација на буџетот, граѓаните да видат што ни е планирано, а сега останува да реализираме многу работи што сме ги ветиле и да бидеме фокусирани кон сите цели и реализација на се што сме ветиле, рече Муцунски. Тој сепак додаде дека енергетската криза создава дополнителни проблеми, како и тоа што централната власт не ги зголемува дотациите со што градинките и училиштата се изложени на поголеми трошоци. - Се соочуваме со многу сериозна енергетска криза поради која што Општина Аеродром ќе потроши околу 400.000 евра повеќе за електрична енергија од претходната година, а тоа е сума која би можела да оди во капитална инвестиција. Воедно зголемени се буџетите на министерство за образование и наука и министерство за труд и социјала, дотациите кои ги примаме за градинките училиштата се намалени за околу 20 милиони евра, рече Муцунски. Тој додаде дека граѓаните очекуваат реализација и затоа добро е да знаат со што се соочуваат општините и дека поддршката од централната власт е на ниско ниво, а нашиот модел на локална самоуправа нема доволен степен на фискална децентрализација за општините да бидат целосно независни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-fokusirani-sme-na-realizacija-na-mnogu-proekti-da-pokazeme-deka-vmro-dpmne-ima-energija-i-sila-da-ja-vodi-makedonija-poinaku-i-podobro/feed/ 0
Муцунски: Владата нема капацитет да ги апсорбира шоковите во здравствениот и економски систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-vladata-nema-kapacitet-da-gi-apsorbira-shokovite-vo-zdravstveniot-i-ekonomski-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-vladata-nema-kapacitet-da-gi-apsorbira-shokovite-vo-zdravstveniot-i-ekonomski-sistem/#respond Fri, 09 Apr 2021 19:07:53 +0000 https://kurir.mk/?p=495070

Народна Банка ни кажува дека инфлација треба да не очекува, дека секојдневно гледаме раст на цените на производите во маркетите, дека во делот на прилив на странски инвестиции сме последни во регионот во последните три години и сте целосно во право дека некој треба да преземе одговорност, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во Централниот дневник на телевизија Сител. Муцунски нагласи дека петтиот економски пакет во Собранието бил испратен уште на 16 февруари, но истиот седел во фиока на парламентарното мнозинство бидејќи точките за економските мерки не се ставаа на дневен ред. -Проблемот е кога вие димензионирате мерки согласно дневни политички потреби, еве конкретно за економските мерки во Собранието. Тие беа испратени во Собранието на 16 февруари, прво месец дена седеа во фиоките на парламентарното мнозинство бидејќи точките за економските мерки не се ставаа на дневен ред. Во моментот повторно има блокада од страна на Алијанса на Албанците и Алтернатива и ги повикувам сите политички субјекти, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен уште утре да се изгласа тој пакет помош, кој што е недоволен, но ќе значи нешто за компаниите, вели Муцунски. -Тоа што мене ме загрижува е што во моментот имаме според мислењето на сите здравствени експерти задоцнети здравствени мерки, јас примарно мислам бидејќи некој мислеше овој месец да организира попис, па затоа немаше соодветни здравствени мерки, но во тој период кога беше очигледно дека ќе се воведуваат нови здравствени мерки, кога сите експерти повикуваа на тоа, зар немаа капацитет да димензионираат дополнителни економски мерки за одредени гранки, индустрии, сектори кои што дополнително ќе бидат силно удрени од овие мерки во моментот. Угостителството, туризмот нема никакви дополнителни мерки, работни места се губат, компаниите се неликвидни, граѓаните не примаат плати и не можат нормално да живеат, додаде Муцунски. Оваа е влада која нема капацитет да ги апсорбира шоковите во здравствениот систем, капацитет да ги апсорбира шоковите во економскиот систем, туку функционира ден за ден, смета Муцунски. На прашањето каде е решението, Муцунски рече: Решението е вие да имате стратешка заложба за планирање во делот на економијата и во делот на здравството и ние како опозиција постојано нудиме решенија, начини и проекти и што може да се направи подобро и во делот на директна помош на угостителството, и во директна помош на туризмот, и во делот на директна помош на најранливите категории граѓани кои што не се предвидени со овие мерки. Но, се нема капацитет да се прифатат ставовите на опозицијата, бидејќи нема капацитет парламентарното мнозинство за вистински политички дијалог. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-vladata-nema-kapacitet-da-gi-apsorbira-shokovite-vo-zdravstveniot-i-ekonomski-sistem/feed/ 0
Муцунски: СДСМ се четири години на власт, а се некој друг е крив за нивните скандали и афери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/#respond Fri, 09 Apr 2021 18:51:30 +0000 https://kurir.mk/?p=495057

Пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во тема на денот во централниот Дневник на ТВ Сител, рече дека обидите на власта да ја обвинат опозицијата за случајот „Мафија“ е само обид на власта за политички де фокус и бегање од фактот дека овој скандал негативно влијае врз имиџот на државата. -Фактот дека е потребно институциите на системот посебно правосудството да направат темелна истрага и веројатно ќе дојдат до вистинските одговори. Но, фактот дека се прави во овој момент обид да се обвини главната опозициска партија, која притоа нема никаков удел во раководењето во овој момент на МВР и во најголемиот дел во овој период дури се случувале овие дејствија е само политички де фокус и бегање од фактот дека скандалот, односно овие случувања поврзани со скандалот Мафија се огромен срам за имиџот на Република Македонија и треба да дојдеме до вистинска и темелна истрага која што ќе го даде одговорот, бидејќи прво ова не смееме да дозволиме да се повтори никогаш повеќе, но истовремено треба да знаеме дали некој профитирал од ова и како е дозволено на стотици ваквите поединци да им се вадат македонски патни исправи, смета Муцунски. -Тоа што наши меѓународни партнери помогнале да откријат што се случувало во Република Македонија уште повеќе говори за неспособноста на институциите на системот сами да идентификуваат кога имаме вакви случувања. Што е проблемот во Македонија? Во последните 4 години се култивира еден систем на неодговорност, нетранспарентност, систем каде што вие гледате дека институциите погрешиле, дека институциите не функционираат, но никако политичките чинители кои раководат со тие институции во чие што време се случувале сите овие појави да преземат конкретна одговорност. Се некој друг е крив, се заради некој друг дошло до вакви случувања, а четири години СДСМ и ДУИ се на власт, рече Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-sdsm-se-chetiri-godini-na-vlast-a-se-nekoj-drug-e-kriv-za-nivnite-skandali-i-aferi/feed/ 0
Муцунски му порача на Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво за да се преземе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-mu-poracha-na-janchev-vmro-dpmne-ne-e-akcionersko-drushtvo-za-da-se-prezeme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-mu-poracha-na-janchev-vmro-dpmne-ne-e-akcionersko-drushtvo-za-da-se-prezeme/#respond Fri, 31 Jul 2020 21:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=384557

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, а не акционерско друштво за да се преземе, порачува меѓународниот секретар на партијата, а сега и пратеник во новиот парламентарен состав, Тимчо Муцунски. Ваквата негова порака доаѓа, откако градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, најави дека ќе ја преземе партијата. -За мене терминологијата е многу значајна. ’Преземање‘ се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. ’Демократија‘ и ’преземање‘ се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, порача Муцунски преку Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-mu-poracha-na-janchev-vmro-dpmne-ne-e-akcionersko-drushtvo-za-da-se-prezeme/feed/ 0
Муцунски: Здравата животна средина и почистиот воздух се нужни и се еден од приоритетите на проектот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-zdravata-zivotna-sredina-i-pochistiot-vozduh-se-nuzni-i-se-eden-od-prioritetite-na-proektot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-zdravata-zivotna-sredina-i-pochistiot-vozduh-se-nuzni-i-se-eden-od-prioritetite-na-proektot/#respond Wed, 08 Jul 2020 13:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=371788

Кандидатот за пратеник во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на својата фејсбук страница сподели објава во која ги напиша мерките кои што ќе се превземат , предвидени со проектот Обнова на Македонија за почиста и здрава средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-zdravata-zivotna-sredina-i-pochistiot-vozduh-se-nuzni-i-se-eden-od-prioritetite-na-proektot/feed/ 0
Муцунски: Администрацијата треба да работи во интерес на граѓаните и приватниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-administracijata-treba-da-raboti-vo-interes-na-gragjanite-i-privatniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-administracijata-treba-da-raboti-vo-interes-na-gragjanite-i-privatniot-sektor/#respond Mon, 06 Jul 2020 17:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=370242

Кандидатот за пратеник во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на својата фејсбук страница објави видео во кое говори за разговорот кој го имал со еден од синдикатите кои ги претставува вработените во јавната управа и вработените во правосудството. -Разговаравме за повисоки плати, разговаравме за подобрување на условите во кои работат администрацијата, разговаравме и за тоа што ќе се очекува од администрацијата. Да биде давател на услуги на граѓаните, да работи во интерес на граѓаните и приватниот сектор, истакна тој во објавеното видео. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-administracijata-treba-da-raboti-vo-interes-na-gragjanite-i-privatniot-sektor/feed/ 0
Муцунски: Се обврзуваме за раст на пензиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-se-obvrzuvame-za-rast-na-penziite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-se-obvrzuvame-za-rast-na-penziite/#respond Sun, 05 Jul 2020 10:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=369230

Со чичко Перо си разменивме броеви, да споделиме ставови што се треба да направиме за најмудрите. Утрово во разговори со пензионерите ги слушнав нивните критики, велат дека после цел живот работа, заслужуваат достоинствена заштита од државата, напиша на Фејсбук кандидатот за пратеник во ИЕ 1 од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. -Затоа во обновата се обврзуваме за раст на пензиите според формулата 50+ раст на плати, 50+раст на трошоци за живот, така пензиите ќе достигнуваат раст од 20%. -Реформиран и стабилен пензиски фонд без оштетени граѓани -Воведување на можност за сезонска или привремена работа за пензионери -Право на пензија за родител кој има дете со попреченост -Докуп или дополнување на работен стаж -Можност одредени искусни пензионерите да го зголемат својот работен век без да ја изгубат пензијата ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-se-obvrzuvame-za-rast-na-penziite/feed/ 0