тимотеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 13:01:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тимотеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митрополит Тимотеј: Го очекуваме доаѓањето на вселенскиот патријарх и доделувањето на томосот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-timotej-go-ochekuvame-doaganeto-na-vselenskiot-patrijarh-i-dodeluvaneto-na-tomosot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-timotej-go-ochekuvame-doaganeto-na-vselenskiot-patrijarh-i-dodeluvaneto-na-tomosot/#respond Mon, 20 Feb 2023 13:01:01 +0000 https://kurir.mk/?p=802685

Со празничната литургија во чест на светиот Партениј Лампсакиски, утрово во Бигорската обител чиноначалствуваше митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, во сослужение со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј. Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил на владиката Тимотеј му подари сребрен јубилеен медалјон, во чест на 30-годишнината од патријаршиската служба на патријархот Вартоломеј. Притоа, владиката Кирил на владиката Тимотеј му искажа голема почит и поддршка за долгогодишната пастирска служба и борбата за афирмација на нашата црква, на што митрополитот дебарско-кичевски возврати со достоинствена благодарност, поканувајќи го и изразувајќи желба дека патријархот Вартоломеј за скоро време ќе ја посети РС Македонија и Охрид и ќе го додели очекуваниот томос за автокефалност од Првопрестолната Вселенска Патријаршија. На литургијата присуствува голем број верници, од сите делови на државава, кои со посебна почит му го честитаа именденот на владиката Партениј. - Високопреосвештениот митрополит на Имврос и Тенес г. Кирил, висок претставник на Вселенската Патријаршија, престојува во посета нашата Обител, како голем пријател на нашата црква и претставник на неговата божествена сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј, носејќи ги неговите поздрави и благослови за именденот на владиката г. Партениј. Владиката Кирил доаѓа од Имврос, родното место на вселенскиот патријарх, каде што ја извршува својата архијерејска должност, информираше претходно отец Кирил. Освен посетата на митрополитот на Имврос и на Тенедос, во Бигорскиот манастир, по повод празникот на Свети Партениј Лампсакиски и именденот на игуменот епископ г. Партениј, допатува и познатиот атински хор по источно православно црковно пеење „Тропос“, кој важи за еден од најдобрите хорови во православниот свет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-timotej-go-ochekuvame-doaganeto-na-vselenskiot-patrijarh-i-dodeluvaneto-na-tomosot/feed/ 0
Синодот на МПЦ-ОА одлучи да ја прифати поканата за сослужување со СПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-na-mpc-oa-odluchi-da-ja-prifati-pokanata-za-sosluzuvanje-so-spc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-na-mpc-oa-odluchi-da-ja-prifati-pokanata-za-sosluzuvanje-so-spc/#respond Wed, 18 May 2022 12:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=678411

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја прифати поканата на Српската православна црква за одржување литургија на помирување, утре во храмот „Свети Сава“ во Белград. -Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави денеска портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј. Литургијата ќе почне утре во девет часот, а српскиот патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија. Тимотеј денеска по координативниот состанок на Светиот синод во врска со одлуката на СПЦ за прогласување канонско единство со МПЦ-ОА, посочи дека МПЦ на литургијата ќе ја предводи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и тројца митрополити во ранг најстарите, во придружба на неколку нивни соработници. Тој изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, а, како што кажа, тоа е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ, посочи владиката Тимотеј. Одговарајќи на новинарски прашања потенцира дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство на МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх. – Сето ова што се случува е чекор напред. Ние баравме автокефалност, вели владиката Тимотеј. На прашање дали ќе сослужуваат со вселенскиот патријарх тој рече дека архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан му испратил писмо во кое му се заблагодарува за неговиот чекор и ја потврдува поканата дека на Педесетница ќе патува во Цариград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sinodot-na-mpc-oa-odluchi-da-ja-prifati-pokanata-za-sosluzuvanje-so-spc/feed/ 0
Тимотеј: Вселенскиот патријарх покажува грижа за прашањето на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timotej-vselenskiot-patrijarh-pokazuva-griza-za-prashanjeto-na-mpc-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timotej-vselenskiot-patrijarh-pokazuva-griza-za-prashanjeto-na-mpc-oa/#respond Tue, 05 Jun 2018 14:04:51 +0000 https://kurir.mk/?p=62596

Вселенскиот патријарх покажува грижа  за црковното прашање на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, вели митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј. МПЦ - ОА не се впушта во оценка на вчерашните разговори меѓу вселенскиот патријарх Вартоломеј и грчките државни и црковни власти, а по минатонеделната одлука на Светиот синод на Вселенската патријаршија дека „во рамки на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе она што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија“. - Ние се молиме и се надеваме, а кога ќе се случи тоа, сепак, не зависи само од нас. Вселенскиот патријарх покажува грижа  за црковното прашање на МПЦ - Охридска архиепископија и сметаме дека го зема под сериозно внимание да создаде клима прво кај грчкиот блок цркви, а се разбира и кај грчката политика затоа што тој  е првоерарх. За ова прашање кое, како што знаеме, е отворено 50 години, прво да ги запознае останатите православни цркви да добие симпатија дека е на прав пат да ги покаже своите ингеренции како првоерарх да го разреши ова жално прашање на Балканот, вели владиката Тимотеј во изјава за Канал 5 . Она што претпоставуваат дека ќе се случи следно е Вселенската патријаршија да формира комисија преку која би го реализирала разрешувањето на канонскиот статус на МПЦ-ОА. Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј смета дека политичкото доближување на македонските и на грчките власти сигурно создало позитивна клима за решавање и на црковното прашање, но оти тоа не треба да се поврзува со државното бидејќи како такво постои 50 години. Вселенскиот патријарх Вартоломеј вчера по средбата во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас, нагласи дека тоа прашање е во рамки на канонските обврски на Вселенската патријаршија, да се обидува да ги отстранува расколите каде штo постојат и да работи да се постигне сеправославна обединетост и соработка. Ципрас, пак, ги поздрави напорите на Вселенската патријаршија за решавање на статусот на МПЦ. Тој изрази уверување дека можноста за решение би можело да создаде средина на стабилност и развој на Балканот, нешто што е потребно, како и „добра соработка меѓу два соседни народа, кои во мнозинството имаат православна христијанска вера што е важен елемент што не треба да се занемари“. Вселенскиот патријарх се сретна и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со архиепископот на ГПЦ, Јеронимос. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timotej-vselenskiot-patrijarh-pokazuva-griza-za-prashanjeto-na-mpc-oa/feed/ 0