тинејџери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Apr 2023 10:18:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тинејџери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Признаци за посериозни проблеми кај тинејџерите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priznatsi-za-poseriozni-problemi-kaj-tinejdherite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priznatsi-za-poseriozni-problemi-kaj-tinejdherite/#respond Thu, 13 Apr 2023 10:18:00 +0000 https://kurir.mk/?p=823575

Пубертетот и адолесценцијата се турбулентни години и за младиот човек, но и за неговите / нејзините родители. Хормоните, притисоците на околината и интензивните емоции често пати може да доведат до одредени промени во однесувањето на детето - што е сосем нормално, според психолозите, доколку се во рамки на умереноста. Како што пренесува порталот „Парентинг фор брејн“ (Parenting For Brain), сепак, постојат одредени предупредувачки знаци што можеби укажуваат на посериозен проблем со детето. Се издвојуваат неколку јасни, но и затскриени признаци за посериозни проблеми кај дете во пубертет. Тие се: полоши оценки, социјална изолација, проблеми со спиењето, губење интерес за општествени и / или воннаставни активности - порано вообичаени за детето, ненадејни промени во расположението, раздразливост, агресивно и бунтовно однесување, таинственост, губење апетит, екстремно губење тежина, но и драматично зголемување на телесната тежина, депресија, анксиозност, прекумерна грижа за тежината, екстремна диета, деликвентно и ризично сексуално однесување. Советот тука, како и при „нормалните“, вообичаени пубертетски промени, вели дека и поинтензивните појави треба да се следат за да се спречи какво било губење контрола. Возрасниот и тука е онаа смирената, стабилна и секогаш присутна личност, нагласува порталот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priznatsi-za-poseriozni-problemi-kaj-tinejdherite/feed/ 0
Тинејџери преживеаја бура на море со часови на даски за веслање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzeri-preziveaja-bura-na-more-so-chasovi-na-daski-za-veslanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzeri-preziveaja-bura-na-more-so-chasovi-na-daski-za-veslanje/#respond Wed, 21 Dec 2022 08:33:01 +0000 https://kurir.mk/?p=778440

Четворица тинејџери во вторникот се пронајдени живи на остров во југозападна Австралија, откако ноќта ја минале во немирни води, плутајќи околу 30 километри, соопштија локалните власти. Во објава на Твитер, полицијата на Викторија соопшти дека групата од две 18-годишни момчиња и две девојчиња, на возраст од 18 и 19 години, во понеделникот тргнала од градот Розебад на две даски за веслање, пред да ги зафатат олујни ветрови кои ги турнале во заливот Порт Филип. „Не можејќи да се спротивстават на налетите на ветрот, тие плутале со плимата и осеката и пристигнале на островот Сван, воена тренинг база на спротивната страна од заливот, околу 2 часот по полноќ“, соопшти полицијата. „Премрзнати и дезориентирани нашле засолниште во колиба. Кога се разденило, лутале низ островот и биле лоцирани од обезбедувањето“, извести полицијата, додавајќи дека потоа биле пренесени во болница. Началникот на полицијата во Викторија, Теренс Роуландс, рече дека групата ја пронашол локален човек додека ја извршувал својата редовна утринска прошетка на плажа. Тој рече дека тоа е „апсолутно фантастичен исход“, додавајќи дека полицијата била сериозно загрижена за безбедноста на групата. Џек Ши, татко на еден од тинејџерите, изјави дека е „многу среќен“ и дека му „олеснило“ што биле пронајдени. „Нашите деца се пронајдени и многу сме среќни поради тоа. Тоа е огромно олеснување, бевме навистина очајни“, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzeri-preziveaja-bura-na-more-so-chasovi-na-daski-za-veslanje/feed/ 0
Совети од психолог за родителите на тинејџери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-od-psiholog-za-roditelite-na-tinejdzeri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-od-psiholog-za-roditelite-na-tinejdzeri/#respond Wed, 23 Nov 2022 14:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=765487

За да ја канализирате нервозата на тинејџерите, мора да престанете да ги навредувате и омаловажувате. Психологот Питер Џејкоб одамна изјави дека секоја навреда во нив пробудува нова агресија, а тоа е тогаш еден маѓепсан круг.
-Ако адолесцентот го навредите или понижите, тој се полни со негативна енергија и возвраќа со напад, вели психологот. Тој советува дека на тинејџерот мора да му се помогне. -Морате да му помогнете кога ќе видите дека нешто не му оди од рака, дека има проблеми и е нервозен, а не уште повеќе да му отежнувате, додава Џејкоб. -Суштината е тинејџерот да го поттикнете да ја испразни негативната енергија и безопасно да ја искаже својата лутина. Наместо веднаш да се казни кога лошо се однесува, прво разговарајте со него, сослушајте го, научете го да се цени себе и другите. Ако го пофалите за сè добро што прави, тогаш можете да му го свртите внимание и на негативните ситуации, без страв дека ќе се налути, појаснува Џејкоб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-od-psiholog-za-roditelite-na-tinejdzeri/feed/ 0
Повредени двајца тинејџери, излетале со мопед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredeni-dvajca-tinejdzeri-izletale-so-moped/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredeni-dvajca-tinejdzeri-izletale-so-moped/#respond Fri, 28 Oct 2022 10:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=751740

На 27.10.2022 во 01.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Доброшане, мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Доброшане, излетал надвор од коловозот, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен малолетен сопатник од с.Доброшане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница во Куманово. Извршен бил увид од екипа од СВР Куманово.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povredeni-dvajca-tinejdzeri-izletale-so-moped/feed/ 0
Тинејџери приведени поради кражба, бегале со автомобил управуван од малолетник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzeri-privedeni-poradi-krazba-begale-so-avtomobil-upravuvan-od-maloletnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzeri-privedeni-poradi-krazba-begale-so-avtomobil-upravuvan-od-maloletnik/#respond Sat, 27 Aug 2022 15:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=724818

На 27.08.2022 во 04:05 часот на бул.“Борис Трајковски“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода Б.Б.(19), Т.Л.(19) и уште еден малолетник, сите од Скопје кои биле со патничко моторно возило “ауди’ со скопски регистарски ознаки. Приведени се поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело „тешка кражба во обид“ во тобако на ул.“Ѓорѓи Димитров“. Со нив бил извршен разговор, во кој во целост го признале кривичното дело. Од нив било одземено возилото кое го управувал малолетникот и три мобилни телефони. По целосното документирање на случајот од страна на ЕВР-ОКР Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzeri-privedeni-poradi-krazba-begale-so-avtomobil-upravuvan-od-maloletnik/feed/ 0
Уапсени четворица тинејџери по пожар во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-chetvorica-tinejdzeri-po-pozar-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-chetvorica-tinejdzeri-po-pozar-vo-velika-britanija/#respond Tue, 03 May 2022 09:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=670998

Британската полиција уапси четворица тинејџери, по пожар во поранешна училишна зграда во Хаслемер, јави Би-Би-Си. Пожарот избил вчера, околу 17:44 часот по локално време, а објектот бил празен. Уапсени се 14-годишно девојче, двајца нејзини врсници, како и момче на 15-годишна возраст. Младите се под сомнение за намерно предизвикување пожар. Со пожарот се справувале повеќе противпожарни возила.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-chetvorica-tinejdzeri-po-pozar-vo-velika-britanija/feed/ 0
ФОТО: Убиен тинејџер, две девојчиња тешко повредени во пукање пред училиште во Ајова https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ubien-tinejdzer-dve-devojchinja-teshko-povredeni-vo-pukanje-pred-uchilishte-vo-ajova/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ubien-tinejdzer-dve-devojchinja-teshko-povredeni-vo-pukanje-pred-uchilishte-vo-ajova/#respond Tue, 08 Mar 2022 06:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=643013

Еден тинејџер е убиен, а две девојки се тешко повредени во инцидент со пукање пред средно училиште во близина на Де Мојн, главниот град на американската сојузна држава Ајова, соопштија локалните власти. На нив било пукано од автомобил во движење. Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените се уапсени и дека е убиено 15-годишно момче кое не е ученик во средното училиште пред кое се случило пукањето. Повредени се едно 16-годишно и едно 18-годишно девојче, двете ученички во училиштето кое се наоѓа во близина на центарот на градот. Двете се во тешка состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ubien-tinejdzer-dve-devojchinja-teshko-povredeni-vo-pukanje-pred-uchilishte-vo-ajova/feed/ 0
Морална паника на Инстаграм: Никој не знае дали социјалните мрежи се штетни за тинејџерите https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/moralna-panika-na-instagram-nikoj-ne-znae-dali-socijalnite-mrezi-se-shtetni-za-tinejdzerite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/moralna-panika-na-instagram-nikoj-ne-znae-dali-socijalnite-mrezi-se-shtetni-za-tinejdzerite/#respond Sun, 12 Dec 2021 08:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=607202

За време на нејзиното неодамнешно сведочење пред поткомитетот на американскиот Сенат, а потоа и во Велика Британија, Френсис Хоген, порано вработена во Фејсбук, а сега свиркач, отвори неколку важни и комплицирани прашања за тоа како општеството може подобро да влијае на оваа социјална мрежа. Но, постои едно основно прашање, на кое ниту нејзиниот слух, ниту објавените интерни документи не дадоа одговор: дали социјалните мрежи се опасни за тинејџерите? Одговорот е: „Немаме поим“. Никој навистина не го знае тоа – ниту експерти за развој на деца, ниту технолошки компании, ниту тинејџери, ниту, за жал, родители како мене. И инсистирањето дека платформата на Инстаграм (сопственост на Фејсбук) и другите социјални мрежи се тука за да ги уништат новите генерации, само нè фрла во стапица што се појавува редовно: морална паника во која ќе извлекуваме широки и алармантни заклучоци за скриените опасности од новите медиуми, нови технологии и нови идеи се шират меѓу младите. Стрип, телевизија, рокенрол музика, рап музика, видео игри – сето тоа се теми кои предизвикуваа морална паника во минатото. Некој би помислил дека по толку лажни аларми ќе гугламе, но паниката секогаш лесно се шири. Во последните неколку години, станав особено претпазлив од оваа паника, бидејќи тоа е опсесија на моите двајца омилени медиумски критичари, новинарите Сара Маршал и Мајкл Хобс, креатори на брилијантниот подкаст наречен You’re Wrong About (Не сте во право). Оваа серија дава ревизионистички поглед на медиумските наративи кои некогаш беа причина за загриженост – работи како „сатанската паника“ од 1980-те („Дали вештерките стигнаа во градинката на вашето дете?“), „Секстинг“ од првата деценија на 21. век, и токму прекумерниот страв од 1990-те дека урбаните банди претставуваат ужасна закана за јавната безбедност. Иако секоја епизода од You’re Wrong About се фокусира на одредена паника, во поширока смисла, тоа е проект на Сара Маршал и Мајкл Хобс да мапираат како таквите наративи се вкоренети во медиумите и опстојуваат и покрај расправијата со фактите. Нивната работа ни сугерира која е главната привлечност на стравот: моралната паника често го одвлекува вниманието на општеството од поголеми и потешки проблеми – на п ример, што да се прави со културата на оружје во Америка? – мали и едноставни решенија: да ги забраниме насилните видео игри и да го завршиме тоа. Додека го гледав сведочењето на Френсис Хоген, не можев а да не забележам модели на морална паника. Многу од прашањата што и ги поставија сенаторите – и многу од нејзините одговори – не беа засновани на податоци, туку на претпоставки. Можеше да наликува на вистинската верзија на таа „мим“ од „Симпсонови“: „Дали некој, за волја на Бога, ќе мисли на деца?!“ Френсис Хоген го привлече вниманието на истражувањето на Фејсбук дека Инстаграм може да ја зголеми анксиозноста, депресијата, самоубиствените мисли и проблемите со прифаќањето на сопственото тело кај тинејџерите. Меѓу другото, таа предложи да се зголеми лимитот за користење на 17, од сегашните 13 години. Како што напиша психологот Лоренс Стајнберг во „Тајмс“, истражувањето што таа го наведува е прилично млако. Повеќето се во корелација, а истите документи покажуваат дека многу тинејџери мислат дека Инстаграм игра многу повеќе позитивна отколку негативна улога во нивните животи. Како коментатор, мислам дека нејзиниот предлог да се зголеми минималната возраст за користење на социјалните мрежи е разумен. Таа е убедлива и кога бара од регулаторот да наметне транспарентност на Фејсбук, за да можат надворешните истражувачи подобро да ја утврдат улогата на оваа социјална мрежа во општеството. Но, како родител на деца кои наскоро ќе станат тинејџери, мојата грижа е поконкретна. Дали треба (во одреден момент) да купам детски телефони и да им дозволам да ги истражуваат Инстаграм, ТикТок и други работи за кои денешните деца мислат дека се одлични, а јас никогаш не сум слушнал за нив? Ако да, кога? Во овој момент, моите најдобри одговори се: не и не знам. Има цена што мора да се плати кога се во прашање забраните и кога се во прашање дозволите. Дали е можно, како што рече истражувањето на Френсис Хоген, социјалните мрежи да имаат толку катастрофално влијание врз психичката и социјалната состојба на моите деца; дали во исто време е можно тие да имаат значајни позитивни ефекти (во таа студија момчињата и девојчињата рекоа дека Инстаграм им ја намалува осаменоста, семејниот стрес и тагата, додека добар дел рекоа дека тоа на никаков начин не влијае на нив). Се поставува и прашањето како забраната на социјалните мрежи би се одразила на моите деца. Денес светот, сакале ние или не, се врти околу социјалните мрежи; и дали сакам моите деца да пораснат без да ја разберат таа динамика? Дали тие ќе станат социјални отпадници? Ако им забранам да ја користат апликацијата на која се вклучени сите нивни пријатели, дали ќе се претворам во строг татко кој не им дозволувал на своите деца да го слушаат Елвис? Минатиот месец Хобс најави дека ќе го напушти You’re Wrong About и ќе се посвети на други проекти; подкастот ќе продолжи со Сара Маршал. И посакувам многу среќа, но се надевам и дека многумина ќе го копираат нејзиниот етос – практиката да се преиспита како нашата култура потпаѓа во безначајна хистерија благодарение на редакциите. Живееме во тешки времиња. Но, не можеме да почнеме да ги решаваме проблемите ако губиме време на оние претераните. Њујорк тајмс ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/moralna-panika-na-instagram-nikoj-ne-znae-dali-socijalnite-mrezi-se-shtetni-za-tinejdzerite/feed/ 0
Приведени двајца тинејџери во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-tinejdzeri-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-tinejdzeri-vo-tetovo/#respond Sat, 25 Sep 2021 09:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=568003

На 24.09.2021 во 13:20 часот во близина на Железничка станица во Тетово, полициски  службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ш.Т.(18) и А.М.(18), двајцата од Тетово. Приведени се затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-dvajca-tinejdzeri-vo-tetovo/feed/ 0
Родители на тинејџери, внимавајте: Депресијата кај вашите деца НЕ е само “фаза“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditeli-na-tinejdzeri-vnimavajte-depresijata-kaj-vashite-deca-ne-e-samo-faza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditeli-na-tinejdzeri-vnimavajte-depresijata-kaj-vashite-deca-ne-e-samo-faza/#respond Mon, 31 May 2021 16:55:15 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517316

Младите често одбиваат да признаат дека нешто ги мачи, но еве што упатува на можноста дека станува збор за многу посериозен проблем од само моментална фаза. Тинејџерската возраст е најчувствителниот период, младите се на „ничија земја“ меѓу детството и светот на возрасните и се обидуваат некако да се снајдат и да научат да се носат со сите проблеми со кои се справуваат. Во тие години, хормоните дивеат, а  децата се ранливи и чувствителни, па неретко се случува да им се препуштат на црните мисли. Сепак, веројатноста тинејџер да признае дека е депресивен е мала. Но, тинејџерската депресија е реалност и затоа би требало да обратите внимание на однесувањето на своето дете кое можеби укажува дека токму тој проблем е во прашање. „Многу од тоа што тинејџерите го поминуваат можат да го објаснат хормонските промени карактеристични за оваа возраст, но понекогаш зад големите промени во расположението се кријат и посериозни проблеми кои можат да прераснат во депресија“, објаснува докторка Даниела Дефрино. Трите најчести симптоми на тинејџерска депресија се проблемите со успивањето и необичното долго спиење, иритираноста и бесот во друштво на други луѓе, како и губењето на интерес за работи кои некогаш ги интересирале и им причинувале задоволство. Во таа возраст, најголем проблем кај младите е лошиот успех во училиштата, но и преголемите очекувања на родителите. Тинејџерите ги вознемируваат и кавгите и конфликтите со родителите, како и вербалното или емотивното злоставување. Разговарајте со вашите деца и кога се лути и кога се расправаат, дури и кога не ве слушаат и погрижете се секогаш да бидат свесни дека единствено вие ги сакате најмногу и дека сте овде за нив без разлика на тоа што и да се случува во нивниот живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditeli-na-tinejdzeri-vnimavajte-depresijata-kaj-vashite-deca-ne-e-samo-faza/feed/ 0