Титан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 12:28:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Титан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: 3Д-анимација на имплозијата: Објавена снимка на која се гледа како е уништена подморницата „Титан“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-3d-animatsija-na-implozijata-objavena-snimka-na-koja-se-gleda-kako-e-unishtena-podmornitsata-titan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-3d-animatsija-na-implozijata-objavena-snimka-na-koja-se-gleda-kako-e-unishtena-podmornitsata-titan/#respond Tue, 18 Jul 2023 12:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=857741

На социјалните мрежи вирално стана видео кое детаљно прикажува како имплодирала подморницата „Титан“ и како загинале нејзините пет патници. Како што пишува „Дејли мејл“, анимацијата за 11 дена ја гледале дури пет милиони луѓе. Јутјуб-каналот AiTeli покажа како и зошто подморницата „Титан“, чии патници загинаа минатиот месец додека беа на експедиција до потонатиот брод „Титаник“, била уништена поради огромниот подводен притисок. Подморницата изгубила контакт со матичниот брод на 18 јуни при нејзиното спуштање до „Титаник“, 3.800 метри под површината. Неколку дена подоцна беа пронајдени нејзините останки. Се вели дека се случила катастрофална имплозија. Британскиот истражувач и милијардер Хамиш Хардинг (58), извршен директор на „Оушн гејт“, Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол Анри Наргелет и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, управник на Институтот СЕТИ, и неговиот 19-годишен син Сулејман, загинаа. Новата анимација покажува како експерименталниот дизајн на подморницата се разликува од постојната технологија, која користи челик, титаниум и алуминиум. „Дејли мејл“ пишува дека на каналот „Јутјуб“ му биле потребни 12 часа за да вметне податоци за компанијата „Оушн гејт“ (ОГЕ) во софтверот за 3Д-моделирање со цел да создаде динамична анимација за гледачите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-3d-animatsija-na-implozijata-objavena-snimka-na-koja-se-gleda-kako-e-unishtena-podmornitsata-titan/feed/ 0
ФОТО: Објавена последната фотографија на пакистанскиот милијардер и неговиот син пред влегувањето во Титан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-objavena-poslednata-fotografija-na-pakistanskiot-milijarder-i-negoviot-sin-pred-vleguvaneto-vo-titan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-objavena-poslednata-fotografija-na-pakistanskiot-milijarder-i-negoviot-sin-pred-vleguvaneto-vo-titan/#respond Mon, 03 Jul 2023 13:38:31 +0000 https://kurir.mk/?p=852172

Објавена е последната фотографија од пакистанскиот милијардер и неговиот син пред да се качат на подморницата Титан, во која загинаа пет лица, објавија светските медиуми. Шахзада Давуд (58) и неговиот 19-годишен син Сулејман беа фотографирани со насмевки ја лицето пред да влезат во подморницата на патувањето од 250.000 долари по човек, во кое покрај нив загинаа уште тројца. Фотографијата е објавена откако сопругата Кристин Давуд откри како таткото и синот последните моменти пред Тиран да имплодира ги поминале слушајќи ја нивната омилена музика во целосна темнина за да заштедат енергија додека ги набљудувале биолуминисцентните суштества во длабочините. Давуд опишала како таа и нејзината ќерка Алина (17) биле на матичниот брод на подморницата и дека им мавтале на таткото и синот пред да заминат во авантурата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-objavena-poslednata-fotografija-na-pakistanskiot-milijarder-i-negoviot-sin-pred-vleguvaneto-vo-titan/feed/ 0
Пронајдени остатоци од „Титан“ и човечки останки на патниците, извлечени и дадени за понатамошна истрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-ostatotsi-od-titan-i-chovechki-ostanki-na-patnitsite-izvlecheni-i-dadeni-za-ponatamoshna-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-ostatotsi-od-titan-i-chovechki-ostanki-na-patnitsite-izvlecheni-i-dadeni-za-ponatamoshna-istraga/#respond Thu, 29 Jun 2023 06:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=850655

Американската крајбрежна стража потврди дека остатоците од туристичката подморница „Титан“, и како што се претпоставува, останки од телата на пет патници, се пронајдени и извлечени на брегот за истрага. Деловите од „Титан“, кој имплодираше на 18 јуни додека се спушташе кон потонатиот Титаник, како и остатоците од телата на патниците беа пренесени во пристаништето Сент Џонс, во Њуфаундленд, Канада, околу 650 километри северно од местото на несреќата. Крајбрежната стража ќе ги транспортира до американското пристаниште каде што ќе бидат анализирани од истражното тело на морнарицата формирано оваа недела кое официјално ја истражува несреќата. Американски експерти ќе направат и официјална анализа на остатоците од телата на патниците, кои се внимателно извадени од местото на несреќата, се додава во соопштението на крајбрежната стража, пренесува Ројтерс. Се очекува испитувањето на остатоците да ги расветли причините за имплозијата на подморницата „Титан“ со која пет лица се упатија кон потонатиот брод Титаник Фрагменти од подморницата, која изгубила контакт со бродот околу еден час и 45 минути по почетокот на двочасовното нуркање, биле пронајдени на длабочина од околу четири километри на дното на океанот, на околу 500 метри од потонатиот брод на Титаник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-ostatotsi-od-titan-i-chovechki-ostanki-na-patnitsite-izvlecheni-i-dadeni-za-ponatamoshna-istraga/feed/ 0
Американската крајбрежна стража покрена истрага за имплозијата на подморницата „Титан“. https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-krajbrezhna-strazha-pokrena-istraga-za-implozijata-na-podmornitsata-titan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-krajbrezhna-strazha-pokrena-istraga-za-implozijata-na-podmornitsata-titan/#respond Mon, 26 Jun 2023 12:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=849751

Американската крајбрежна стража ги истражува причините за експлозијата на подморницата „Титан“, во која загинаа сите пет патници, додека била на пат кон остатоците од потонатиот брод „Титаник“, соопштија денеска официјални лица. „Мојата примарна цел е да спречам инциденти како овој со давање на неопходните препораки за подобрување на безбедноста на морето ширум светот“, рече главниот истражувач на крајбрежната стража, капетанот Џејсон Нојбауер на прес-конференција во Бостон, пренесе Ројтерс. Тој објасни дека крајбрежната стража во петокот формирала „поморски истражен одбор“, кој работи со Федералното истражно биро (ФБИ) на собирање докази. „Доказите ќе бидат споделени со Меѓународната поморска организација и други групи за да помогнат во подобрувањето на безбедносната рамка за подводните операции низ светот“, рече Нојбаер. Тој додаде дека крајбрежната стража е во контакт со семејствата на петте лица кои загинаа и дека инспекторите ги преземаат сите мерки на претпазливост на местото на настанот во случај да наидат на некакви човечки останки. Претходно, канадскиот одбор за безбедност на транспортот објави дека спроведува сопствена истрага за експлозијата на „Титан“, што покрена прашања за недостатокот на регулатива за такви експедиции. Поморските агенции ја пребаруваат областа во северниот дел на Атлантикот каде што е уништена подморницата. Остатоците од подморницата се лоцирани на околу 3.810 метри под вода во близина на потонатиот брод на бродот „Титаник“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-krajbrezhna-strazha-pokrena-istraga-za-implozijata-na-podmornitsata-titan/feed/ 0
МИЛИОНЕР И НЕГОВИОТ СИН ЗА ВЛАКНО ЈА ИЗБЕГНАЛЕ СМРТТА – оваа „поволна“ цена на картите го предомислило, а цената безобразно скапа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/milioner-i-negoviot-sin-za-vlakno-ja-izbegnale-smrtta-ovaa-povolna-tsena-na-kartite-go-predomislilo-a-tsenata-bezobrazno-skapa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/milioner-i-negoviot-sin-za-vlakno-ja-izbegnale-smrtta-ovaa-povolna-tsena-na-kartite-go-predomislilo-a-tsenata-bezobrazno-skapa/#respond Fri, 23 Jun 2023 15:54:09 +0000 https://kurir.mk/?p=849072

Милионер од Лас Вегас одбил евтини седишта на подморницата „Титан“ за себе и за неговиот син, наведувајќи дека се плаши дали е безбедно, но шефот на компанијата што го поседуваl бродот се обидел да го одврати во размислувањето, велејќи му дека спуштајќи се на дното на Атлантикот би бил побезбеден од преминувањето улица. Џеј Блум сподели пораки што ги разменил со извршниот директор на „Ocean gate“, Стоктон Раш – сега една од петте жртви на експлозијата на подморницата „Титан“ чиј сигнал беше изгубен во неделата. На смртоносното патување во подморницата биле британскиот истражувач и милијардер Хамиш Хардинг (58), извршен директор на „Ocean gate“ Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол Анри Наргелет и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот син Сулејман. Раш, како што може да се види од пораките, му понудил билети на Блум по намалена цена од 150.000 долари, што е далеку помалку од стандардната цена од 250.000 долари, пишува „Дејли мејл“. Блум, поддржувач на демократите, кој има фотографија со претседателот Џо Бајден, рече дека е тажен поради смртта на патниците на подморницата „Титан“. „Ја изразив мојата загриженост за безбедноста и Стоктон ми рече: „Иако постои очигледен ризик, тоа е далеку побезбедно од летање со хеликоптер или дури и нуркање. Тој беше апсолутно убеден дека е побезбедно од преминувањето на улицата. Сигурен сум дека навистина веруваше во тоа што го зборуваше. Но, многу згреши“, напиша Блум на фејсбук. Во февруари Раш ги прашал Блум и неговиот син Шон да нуркаат до потонатиот брод Титаник во мај. И двете експедиции во мај беа одложени поради временските услови, кои се одолговлекуваа до 18 јуни, датумот на кобното патување. „Му кажав дека поради распоредот не можеме да одиме. Нашите места ги добија Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман“. Раш неколку пати се обидел да го убеди Блум за безбедноста на турнејата „Титан“. Тој рече дека неговиот син бил многу загрижен за ризиците откако разговарал со пријател. Тие разговараа како трупот ќе се справи со притисокот или ако дојде во контакт со кит. „Иако постои очигледен ризик, тој е далеку побезбеден од летање со хеликоптер или дури и нуркање“, изјавил Раш. Во петокот, американската крајбрежна стража објави дека пет патници на „Титан“ загинале во „катастрофална имплозија“, со што заврши големата потрага по подморница изгубена за време на експедицијата до „Титаник“. Причината за експлозијата сè уште не е позната, но експертите велат дека мало слабеење на надворешниот труп на подморницата е доволно за да предизвика катастрофа. Имено, колку подлабоко нуркате, толку повеќе вода имате над вас, што потоа ве притиска, велат експертите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/milioner-i-negoviot-sin-za-vlakno-ja-izbegnale-smrtta-ovaa-povolna-tsena-na-kartite-go-predomislilo-a-tsenata-bezobrazno-skapa/feed/ 0
Крајбрежна стража на САД: Пронајдените остатоци одговараат на катастрофална имплозија на подморницата „Титан“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krajbrezhna-strazha-na-sad-pronajdenite-ostatotsi-odgovaraat-na-katastrofalna-implozija-na-podmornitsata-titan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krajbrezhna-strazha-na-sad-pronajdenite-ostatotsi-odgovaraat-na-katastrofalna-implozija-na-podmornitsata-titan/#respond Fri, 23 Jun 2023 05:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=848798

Отпадоците пронајдени недалеку од остатоците на Титаник се совпаѓаат со „катастрофалната имплозија на подморницата Титан“, што исчезна во неделата, час и 45 минути по нуркањето,соопшти синоќа американската крајбрежна стража. Контраадмиралот Џон Маугер од американската крајбрежна стража на прес-конференција во Бостон изјави дека најверојатно имало експлозија во подморницата. -Големината на полето со остатоци одговара на катастрофална имплозија на подморница, рече Маугер по објавувањето на веста за смртта на екипажот. Екипажот на подморницата Титан е изгубен, а нејзината рамка за спуштање до дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт (Оушн Гејт). „Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, наведе приватната компанија во соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/krajbrezhna-strazha-na-sad-pronajdenite-ostatotsi-odgovaraat-na-katastrofalna-implozija-na-podmornitsata-titan/feed/ 0
Остатоците од „Титан“ пронајдени на 500 метри од Титаник, телата можеби нема никогаш да бидат пронајдени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostatotsite-od-titan-pronajdeni-na-500-metri-od-titanik-telata-mozhebi-nema-nikogash-da-bidat-pronajdeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostatotsite-od-titan-pronajdeni-na-500-metri-od-titanik-telata-mozhebi-nema-nikogash-da-bidat-pronajdeni/#respond Thu, 22 Jun 2023 20:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=848755

Екипажот на подморницата Титан е изгубен, нејзината рамка за спуштање на дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт. „Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, се вели во соопштението на приватната компанија. Во соопштението се вели дека патниците биле вистински истражувачи кои споделувале посебен дух на авантура и длабока страст за заштита на светските океани. „Ова е исклучително тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и длабоко тажни поради оваа загуба. Целото семејство на Оушн Гејт е длабоко благодарно на мажите и жените од многуте организации на меѓународната заедница кои толку напорно работеа на оваа мисија“, соопштија од компанијата. Адмиралот на американската крајбрежна стража Пол Мауџер потврди дека роботското пловило од канадскиот брод „Хорајзон Арктик“ ја пронашло конусната опашка на „Титан“ на околу 500 метри од остатоците на „Титаник“. Тој додаде дека се пронајдени пет големи дела на „Титан“. „Не знам дали ќе можеме да ги извлечеме телата. Тоа е неверојатно сурова и непростлива средина“, додаде Мауџер. Гилермо Зенлајн, еден од основачите на „Оушнгејт“, претходно изјави дека во пловилото можеби се случила „моментална имплозија“. „Кога сте на голема длабочина, притисокот е толку голем што ако има дефект, би дошло до моментална имплозија. Ако се случило тоа, се случило уште пред четири дена“, изјави Зенлајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostatotsite-od-titan-pronajdeni-na-500-metri-od-titanik-telata-mozhebi-nema-nikogash-da-bidat-pronajdeni/feed/ 0
Нови детали: Остатоци пронајдени недалеку од Титаник, експертите истражуваат дали се од „Титан“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-ostatotsi-pronajdeni-nedaleku-od-titanik-ekspertite-istrazhuvaat-dali-se-od-titan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-ostatotsi-pronajdeni-nedaleku-od-titanik-ekspertite-istrazhuvaat-dali-se-od-titan/#respond Thu, 22 Jun 2023 16:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=848680

Пловило со далечински управувач кој трага по исчезнатата подморница Титан пронајде место со остатоци во полето за пребарување недалеку од Титаник, објави американската крајбрежна стража. Би-би-си јавува дека експертите сега ја проучуваат оваа информација. Не е јасно дали овие остатоци се поврзани со исчезнатата подморница, соопшти крајбрежната стража. Прес-конференција е најавена за 20:00 часот по Гринич (22:00 часот по средноевропско време). Бродот со далечински управувач кој може да стигне до дното на Атлантикот и да испрати слики на површината е нарачан од француски истражувачи. Уредот, наречен Виктор 6000, има и два механички краци кои можат да вршат многу чувствителни операции, како што се сечење и отстранување на остатоци. Полето за потрага по исчезнатата туристичка подморница која во неделата се упати кон потонатиот брод Титаник на длабочина од 4.000 метри е проширена на повеќе од 16.000 квадратни метри. Контактот со подморницата, во која имало пет лица, бил изгубен час и 45 минути откако таа потонала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-ostatotsi-pronajdeni-nedaleku-od-titanik-ekspertite-istrazhuvaat-dali-se-od-titan/feed/ 0
Застрашувачки амбис: Анимирано видео покажува како изгледа длабочината каде можеби се наоѓа исчезнатиот „Титан“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrashuvachki-ambis-animirano-video-pokazhuva-kako-izgleda-dlabochinata-kade-mozhebi-se-naoga-ischeznatiot-titan-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrashuvachki-ambis-animirano-video-pokazhuva-kako-izgleda-dlabochinata-kade-mozhebi-se-naoga-ischeznatiot-titan-video/#respond Thu, 22 Jun 2023 13:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=848620

Додека спасувачите се тркаат со времето за да ги спасат петте патници од подморницата која исчезна во Атлантикот во неделата за време на експедицијата до потонатиот брод Титаник, шпанската компанија за анимација MetaBolStudios создаде видео кое покажува колку длабоко може да се наоѓа „Титан“. Снимката го следи постепеното спуштање низ дигитален подводен пејсаж во кој, за споредба, се поставени добро познати високи згради како Ајфеловата кула, Статуата на слободата и Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Патувањето на крајот завршува на длабочина од 3.700 метри, на дното на Северниот Атлантик каде се остатоците од „Титаник“. Подморницата „Титан“ со која управува американската компанија „ОушнГејт“ (ОГЕ), во неделата наутро тргнала на нова експедиција, но набргу потоа изгубила контакт со бродот на површината. „Титан“ на секои 15 минути испраќал сигнал до бродот „Полар принц“. Последниот сигнал бил во неделата во 15:00 часот по Гринич, кога бродот бил директно над остатоците од Титаник. Ова може да значи дека исчезнатата подморница сега е некаде на дното на океанот со остатоците од Титаник пресечени на половина, речиси 4.000 метри под површината. Како што се гледа на видеото на „MetaBolStudios“, дури и највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа, изгледа ситно во длабочините на Северниот Атлантик со висина од 675 метри. - Едно од најголемите прашања е каде е подморницата. Дали е на дното, дали лебди, дали е на средина на водата. Тоа е нешто што сè уште не е воспоставено. Водата е многу длабока, повеќе од три километри. Тоа е како посета на друга планета, тоа не е како што мислат луѓето. Нема сонце, околината е студена, а притисокот е висок - изјави за Си-Ен-Ен Дејвид Гало, сопственик на правото на спасување предмети од потонатиот брод Титаник. Иако „Титан“ е опишан како подморница, тој всушност е „подводно возило“. Подморницата е независен брод со сопствен систем за обновување на енергијата и воздухот, додека подводниот брод треба да го поддржува брод на површината или тим на брегот. Според „Дејли мејл“, подморниците во просек можат да одат до длабочина од 450 метри, но „Титан“ е дизајниран да патува речиси 800 отсто подлабоко од тоа, до максимални 4.000 метри. Експертите затоа се плашат дека „Титан“ може да биде предалеку за подморница на американската морнарица, чија граница е 609 метри, да стигне до него. Затоа, возилата со далечински управувач може да бидат единствената алтернатива за спас. Меѓу патниците се британскиот истражувач Хамиш Хардинг (58), извршен директор на „OceanGate“ Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол Анри Наргелет и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, управник на Институтот СЕТИ и неговиот 19-годишен син Сулејман, објави Би-Би-Си. Се верува дека екипажот на исчезнатиот „Титан“ имал кислород до 13 часот денеска, што се базира на претходни проценки. Тој рок е истечен, а од подморницата се уште нема трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrashuvachki-ambis-animirano-video-pokazhuva-kako-izgleda-dlabochinata-kade-mozhebi-se-naoga-ischeznatiot-titan-video/feed/ 0
Има кислород за денеска до 13:18 часот: Француска подморница која е во потрагата по „Титан“ се приближува до локација близу потонатиот брод Титаник https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-kislorod-za-deneska-do-13-18-chasot-frantsuska-podmornitsa-koja-e-vo-potragata-po-titan-se-priblizhuva-do-lokatsija-blizu-potonatiot-brod-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-kislorod-za-deneska-do-13-18-chasot-frantsuska-podmornitsa-koja-e-vo-potragata-po-titan-se-priblizhuva-do-lokatsija-blizu-potonatiot-brod-titanik/#respond Thu, 22 Jun 2023 07:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=848452

Подморницата „Виктор 6000“ е испратена да помогне во спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатата подморница „Титан“ по барање на американската морнарица. Францускиот истражувачки брод „Атланте“, кој носи роботска потопница, се наоѓа на околу 20 наутички милји северно од местото на потонатиот брод Титаник. „Виктор 6000“ може да нурне до длабочина од 6.000 метри и може да го исфрли „Титан“ доколку се заглавил на дното на океанот, но не би можел сам да ја подигне подморницата, туку би ја закачил на брод кој потоа би ја подигнал. Исто така, канадската војска објави видео од летало за набљудување како лета над океанот и фрла уреди што се користат за слушање звуци во водата, пренесува „Јутарњи лист“. Како дел од потрагата, авион на кралското канадско воздухопловство пребарува оддалечена област на Атлантикот, барајќи траги од подморницата. Американската крајбрежна стража проценува дека во подморницата „Титан“ има кислород за денеска до 13:18 часот. Би-Би-Си наведува дека капетанот, кој ја води потрагата, изјавил „да бидам искрен не знам каде се“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-kislorod-za-deneska-do-13-18-chasot-frantsuska-podmornitsa-koja-e-vo-potragata-po-titan-se-priblizhuva-do-lokatsija-blizu-potonatiot-brod-titanik/feed/ 0