титаник 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 12:42:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png титаник 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Застаре делото во случајот „Титаник 2“ за Сашо Мијалков!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zastare-deloto-vo-sluchajot-titanik-2-za-sasho-mijalkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zastare-deloto-vo-sluchajot-titanik-2-za-sasho-mijalkov/#respond Tue, 28 Mar 2023 12:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=817340

Како што неславно започна, така уште понеславно привршува предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше на прегласувањето во Струмица на изборите во 2013 година, пишува „Плусинфо“, потсетувајќи дека поминаа точно 10 години од телефонскиот разговор меѓу Мијалков и Тачи и со тоа настапи апсолутна застареност на Кривичното дело за кое се гони Мијалков. Синоќа, околу полноќ истекоа точно десет години од моментот кога, според СЈО, е извршен спорниот разговор на Мијалков, односно од моментот кога е извршено делото, пишува порталот. Кривичниот законик, кој во Глава 10 ја третира застареноста на делата, во член 107 предвидува дека едно дело за кое е запретена казна затвор над 3 години, не може да се гони доколку поминат 5 години од извршувањето. Овој член е важен, поради тоа што во следниот член 108, кој се однесува на текот и прекинот на застарувањето на кривичното гонење, децидно се вели: „Застареност на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапати онолку време колку што според законот се бара за застареност на кривичното гонење“. Тоа практично значи дека за ова дело, за кое можноста за кривично гонење застарува за 5 години, апсолутната застареност настапува за 10 години. За Мијалков таа настапила вчера. На Апелациониот суд не му останува ништо друго освен да констатира дека по закон делото за Мијалков е застарено. Некој во Апелација повторно го злоупотребува угледот на судот и пушта попладневни покани за медиуми, пишува „Плусинфо“. Вчера доцна попладнето на интернет страницата на Апелациониот суд Скопје, осамна несекојдневно соопштение, во кое што судот ја кани јавноста на јавна седница. Целата сторија на „Плусинфо“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zastare-deloto-vo-sluchajot-titanik-2-za-sasho-mijalkov/feed/ 0
Во понеделник нова пресудата за „Титаник 2“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-nova-presudata-za-titanik-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-nova-presudata-za-titanik-2/#respond Tue, 17 Jan 2023 18:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=788605

Кривичниот суд – Скопје в понеделник треба да ја објави првостепената пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Обвинителот во процесот Гаврил Бубевски на денеѓниот судски процес побара Мијалков, Тачи и поранешните членови на ДИК да бидат прогласени за виновни во случајот „Титаник 2“. Обвинителот како отежнувачки околности за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги посочи степенот на кривична одговорност, побудите зошто го сторил кривичното дело, фактот што против него се водат други кривични осуди, како и тоа што има правосилна пресуда, а како олеснителни неговото културно однесување и почитувањето на судот. За Тачи, Бубевски посочи дека Судот треба да ги цени ако отежнувачка околност директната умисла за поттикнување и околностите во кои е сторено делото, но, од друга страна, треба да се акцентира неговото почитување на Судот и на Обвинителството. За поранешните членови на ДИК, како олеснителна околност Бубевски посочи дека не се водат други постапки и не се осудувани, а злоупотребата на нивното знаење и незаконитостите што ги правеле пред очите на јавноста, според него, се отежнувачки околности. Бубевски побара секој од обвинетите да одговара според степенот на кривичното дело. Адвокатот на Мијалков, Миле Петровски побара неговиот клиент, како и другите обвинети да бидат ослободени од обвинение. Според него, нема никаков доказ дека Мијалков го сторил делото кое му се става на товар, а тврдењето дека тој го користел своето влијание е конструкција, а не факт потврден со докази. Вториот бранител на Мијалков, Љупчо Шврговски, изјави дека очекувал Бубевски да го повлече обвинението, бидејќи, според него, обвинителот не треба да ја преиспитува работата на судиите. – Треба да си ја признае грешката и да го повлече обвинението или вие да донесете ослободителна пресуда. Јас мислев дека јавниот обвинител ќе го направи тоа, но сметам дека вие ќе го направите тоа ќе донесете законита одлука, им порача Шврговски на судијата во процесот Огнен Ставрев. Обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска негираа вина за изборни нерегуларности до 2013 година. Сите во своите завршни зборови посочија дека работеле стручно и непристрасно, а според нив, обвинителот Бубевски не докажал надвор од разумно сомневање дека тие навистина го сториле делото. Според обвинението, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ponedelnik-nova-presudata-za-titanik-2/feed/ 0
Одложено рочиште во „Титаник 2“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-rochishte-vo-titanik-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-rochishte-vo-titanik-2/#respond Thu, 22 Dec 2022 10:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=778992

Денешното рочиште во рамки на предметот „Титаник 2“ не се одржа поради отсуство на обвинет кој не бил спроведен затворот во Струга. Станува збор за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е обвинет во овој предмет за изборни нерегуларности, а моментално одлежува затворска казна во затворот во Струга, откако склучи спогодба со обвинителството во случајот „Империја“. Според нашите информации, судиите се јавиле во струшкиот затвор, а од таму рекле дека немале наредба за спровод, иако судот има повратница дека е примена на наредбата во затвор на 14-ти месецов. Инаку, во „Титаник 2“ Мијалков е обвинет заедно со лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи и неколку членови на Државната изборна комисија, кои беа првостепено осудени на затворски казни. Меѓутоа, повисокиот апелациски суд ги укина пресудите за договарање за гласање во ДИК во врска со приговор на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013 година и предметот го врати на повторно судење.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-rochishte-vo-titanik-2/feed/ 0
Драконски казни за обвинетите во „Титаник 2“: Одлуката на ДИК е обжалена, жалбата отфрлена, а одлуката потврдена од Управен како законски основана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drakonski-kazni-za-obvinetite-vo-titanik-2-odlukata-na-dik-e-obzalena-zalbata-otfrlena-a-odlukata-potvrdena-od-upraven-kako-zakonski-osnovana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drakonski-kazni-za-obvinetite-vo-titanik-2-odlukata-na-dik-e-obzalena-zalbata-otfrlena-a-odlukata-potvrdena-od-upraven-kako-zakonski-osnovana/#respond Fri, 08 Mar 2019 13:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=172671

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор во траење од 3 години за предметот на СЈО „Титаник 2“. Обвинет е за делото – примање награда за противзаконито влијание. За истиот предмет, затворска казна од 3 години и 2 месеца, за злоупотреба на службената положба и овластување, Судот му изрече на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а поранешниот член на ДИК од редовите на таа партија, Бедредин Ибраими, според истото обвинение, доби казна затвор од 4 години и 6 месеци. Три години затвор е пресудено и за поранешниот член на ДИК, Сашо Срцев, а исто толку ќе треба да одлежат и поранешните членови Анета Стефановска и Влатко Сајковски. Изречените казни се драконски и неосновани. Целиот процес за „Титаник 2“ се става под знак прашалник бидејќи во реалноста, нема дело за кое може да се суди. Според обвинението на СЈО, односно пресудата што ја изрече денеска судијата Огнен Ставрев во Основниот суд Скопје 1, Мијалков нарачал преку лидерот на ДПА Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев. Државната изборна комисија тогаш донела одлука, која потоа била обжалена. Жалбата е отфрлена, а одлуката е потврдена како законска и основана од страна на Управниот суд. Сега, за ова се водеше цел процес и се пресудија драконски казни.

Не може обвинителката да бара што ќе ѝ текне, рече обвинетиот Ибраими

По барањето за определување на мерка притвор од страна на СЈО за обвинетиот Бедредин Ибраим, тој пред судот рече дека не му било дозволено да направи примопредавање на одредени документи со кои ќе покажел дека не е сторено кривично дело ниту пак некој би имал корист од сторување на такво кривично дело за кое СЈО го гони. Овој обвинет упати жестоки критики до обвинителката Фатиме Фетаи за нејзините обвинувања дека во текот на постапката тој не го почитувал судот и обвинетиот Ибраими, иако опоменуван од судот, продолжи да прашува со што обвинителката Фетаи утврдила непочитување на судот од негова страна. „Обвинителката е толку смела и се однесува како да се наоѓа во периодот на 40-те години, односно во времето на Југославија. Обвинителниот акт е поднесен со задоцнување од 25 дена. Не може таа да бара што ќе и текне, да ме обвинува дека не сум го почитувал судот, па дури и да бара мерка притвор. Ќе ви кажам дека Бедредин тука е роден, тука ќе остане и тука ќе умре и се надевам дека повисоките судски инстанци ќе докажат дека обвинителката не е во право, а изненаден сум и од однесувањето на судот“, рече Ибраими по барањето за притвор.

Мијалков: Наводите дека ќе бегам се шпекулации

Наводите на обвинителката Фатиме Фетаи дека тој со своето однесување и одредени околности наговестувал дека ќе се даде во бегство, Мијалков целосно ги отфрли и ги нарече шпекулации односно тврдења без никакви аргументи. „Обвинителката тврди дека во текот на постапките со моето однесување се појавиле околности кои наговестувале дека ќе бегам, ваквите тврдења се без аргументи и на ниво на шпекулации, бидејќи со ниту еден гест не сум покажал дека ќе се дадам во бегство. Неколку пати сум кажал и пак ќе повторам дека со бегање не се решаваат проблемите. Мојот стил на живеење не е да бегам. По изречената пресуда ќе ви кажам дека ако Апелацискиот суд ја потврди казната јас ќе си ја издржам казната и тоа ќе го решиме со одење в затвор“, рече пред судот обвинетиот Мијалков.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drakonski-kazni-za-obvinetite-vo-titanik-2-odlukata-na-dik-e-obzalena-zalbata-otfrlena-a-odlukata-potvrdena-od-upraven-kako-zakonski-osnovana/feed/ 0
Денес се очекува пресуда за „Титаник 2“ на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-ochekuva-presuda-za-titanik-2-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-ochekuva-presuda-za-titanik-2-na-sjo/#respond Fri, 08 Mar 2019 06:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=172470

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.
Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Случајот го води судијата Огнен Ставрев. Јавната обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови, побара осудителни пресуди за сите обвинети во случајот. Одбраната во завршните зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети, посочувајќи дека обвинителството не изнело докази со кои се потврдува делото за кое се теретат. Дополнително адвокатите од одбраната имаа забелешки и на веродостојноста на аудио доказите, за кои како што посочија, биле незаконски стекнати. Посочија и дека обвинението е поднесено од неовластено тужителство, односно е по истекот на периодот од 18 месеци, одреден за поднесување обвиненија од СЈО. Случајот почна во април минатата година, а претставник на државното правобранителство на едно од рочиштата преднајави отштетно побарување во висина од 197.574 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-se-ochekuva-presuda-za-titanik-2-na-sjo/feed/ 0
Одложено рочиштето за „Титаник 2“, Тачи ќе оди на прослава за албанското знаме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-rochishteto-za-titanik-2-tachi-kje-odi-na-proslava-za-albanskoto-zname/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-rochishteto-za-titanik-2-tachi-kje-odi-na-proslava-za-albanskoto-zname/#respond Tue, 27 Nov 2018 08:57:06 +0000 https://kurir.mk/?p=132468

Одложено е денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и Мендух Тачи. Причината е поради тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава за Денот на албанското знаме во Тирана. Освен Мијалков и Тачи, во предметот се обвинети уште и Бедредин Ибраими од ДПА, потоа Елизбета Стефанова, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlozeno-rochishteto-za-titanik-2-tachi-kje-odi-na-proslava-za-albanskoto-zname/feed/ 0
Во Кривичен денеска рочиште за „Титаник 2“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-deneska-rochishte-za-titanik-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-deneska-rochishte-za-titanik-2/#respond Mon, 01 Oct 2018 06:46:56 +0000 https://kurir.mk/?p=108730

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот на СЈО „Титаник 2“  што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Минатото рочиште беше одложено поради неприсуство на двајца сведоци, како и поради тоа што записникот од претходното рочиште не бил преведен на албански јазик. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-krivichen-deneska-rochishte-za-titanik-2/feed/ 0
Нови рочишта за „Титаник 2“ и „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-2-i-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-2-i-27-april/#respond Mon, 27 Aug 2018 05:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=92457

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година и за случајот „27 април“, што се однесува за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев. Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано рочиште за случајот за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. Судскиот процес започна минатата недела со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на обвинетите. Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека има докази со кои ќе ги потврди наводите од обвинението за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок, а одбраната тврди дека не постојат докази кои укажуваат на тоа. Вкупно обвинети се 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две за помагање. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-2-i-27-april/feed/ 0
Ново рочиште за „Титаник 2“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-rochishte-za-titanik-2-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-rochishte-za-titanik-2-2/#respond Fri, 06 Jul 2018 05:42:30 +0000 https://kurir.mk/?p=73669

Со доказна постапка во која ќе бидат преслушани два телефонски разговори денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето по предметот на СЈО, „Титаник 2“. Предметот се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, а обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Според прислушуваните разговори што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-rochishte-za-titanik-2-2/feed/ 0