титаник 3 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 08:46:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png титаник 3 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гури и Алими од ДУИ осудени на 3,6 години затвор за „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guri-i-alimi-od-dui-osudeni-na-3-6-godini-zatvor-za-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guri-i-alimi-od-dui-osudeni-na-3-6-godini-zatvor-za-titanik-3/#respond Fri, 14 Jul 2023 08:46:00 +0000 https://kurir.mk/?p=856575

По три години и шест месеци затворска казна добија Ејуп Алими и Исмет Гури, од ДУИ обвинети во случајот „Титаник 3“. На нив во Кривичен суд им се судеше по вторпат, откако еднаш, Апелација ја укина пресудата. Судијката Марија Клетничка ги прогласи за виновни Алими и Гури бидејќи уништувале изборни материјали на локалните избори во 2013 година во Чаир. Тие ги преправале точните резултати на гласовите, па така за ДУИ конечните резултати растеле, на ДПА и на ВМРО-ДПМНЕ се намалувале. Овие резултати биле пратени во Државната изборна комисија со цел да станат конечни, но не им успеало. И денешната пресуда на Основниот кривичен суд не е правосилна односно странките имаат право на жалба до Апелација која овој пат ќе треба да одлучи мериторно. Ова е прва пресуда за некои поранешни или актуелни функционери од редовите на ДУИ во предметите на поранешното СЈО. Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guri-i-alimi-od-dui-osudeni-na-3-6-godini-zatvor-za-titanik-3/feed/ 0
Апелација ја укина првостепената пресуда за „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-titanik-3/#respond Wed, 28 Jul 2021 11:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=543043

Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 3“, ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, и ја укина првостепената пресуда. – По одржана седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, стои во денешното соопштение од Апелацискиот суд Скопје. Исмет Гури и Ејуп Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година. Судијката Марија Клетничка при објавување на пресудата рече дека обвинетиот Гури е виновен затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето. Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelacija-ja-ukina-prvostepenata-presuda-za-titanik-3/feed/ 0
Нови рочишта за „Траекторија”, „Монструм” и „Титаник 3″ на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-traektorija-monstrum-i-titanik-3-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-traektorija-monstrum-i-titanik-3-na-sjo/#respond Fri, 15 Mar 2019 07:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=174946

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за „Траекторија”, „Монструм” и „Титаник 3″ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра. На минатото рочиште беа изведувани материјални докази, предложени од СЈО. Случајот „Монструм”, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште јавноста беше исклучена бидејќи се презентираа докази обезбедени со посебни истражни мерки. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. Случајот „Титаник 3″ почнува одново, по именување на нов судија во предметот, судијката Марија Клетичка. Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал. Судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, побара изземање од предметот, што и беше одобрено од страна на претседателот на Кривичниот суд Скопје Иван Џолев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-traektorija-monstrum-i-titanik-3-na-sjo/feed/ 0
Судијката Оља Ристова изземена од предметот „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-olja-ristova-izzemena-od-predmetot-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-olja-ristova-izzemena-od-predmetot-titanik-3/#respond Mon, 04 Feb 2019 10:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=159922

Претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев го прифати барањето на судијката Оља Ристова  за нејзино изземање од предметот на Специјалното јавно обвинителство означен како „Титаник 3“. -Постапувајќи по барање за изземање на судијата Оља Ристова од предметот со К.бр. 1905/17, офорем по обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, а означен како „Титаник 3“,  поднесен лично од судијата, претседателот на Судот донесе решение со кое по извршениот увид во предметот и изјавата на судијата согласно  член 36 ст. 1 и член 33 ст.2 од ЗКП  го усвои барањето, се наведува во соопштението од Кривичен суд. Како што е посочено, судијата Оља Ристова во барањето наведува дека на емисијата „КОД“ на телевизија Телма од 27.01.2019 година, јавната обвинителка Катица Јанева дава изјава во контекст на наводните закани од еден од бранителите во конкретниот предмет упатени кон обвинител од  надлежното обвинителство. -Во таа насока, Јанева во својата изјава бара од новинарите и јавноста будно да го следат овој предмет бидејќи судот, како што вели,  не ги прифатил овие наводни закани како сериозни и не презел мерки во тој правец, како и тоа дека не е воспоставен соодветен ред во судницата. Во однос на оваа изјава, судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет за кој и онака секоја расправа се одвива  во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притисок и се доведува во прашање нејзината  независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста, се наведува во соопштението од Судот. Оттаму посочуваат дека и Судот овие изјави на СЈО, ги разбира како обид за директен притисок врз судијата, иако медиумското следење на предметот од поднесување на обвинителниот акт преку неговата оценка и отпочнување на главната расправа се одвива со постојано присуство на медиумите и соодветни известувања за јавноста. Судот смета дека во постапката на овој предмет судијата има излезено во пресрет во однос на сите барања на странките, а редот во судницата никогаш не бил доведен во прашање. -Сепак заради отстранување и на најмал сомнеж за пристрасност, а имајќи ги предвид изјавите на судијата Оља Ристова и наводите на СЈО во однос водењето на постапката од страна на судот, се одлучи во смисла на член 36 ст. 1и член 33 ст. 2 од ЗКП и барањето за изземање беше усвоено, велат од Судот.. Предметот согласно АКМИС – системот ќе биде распореден на понатамошно постапување кај друг судија, а по насрочена главна расправа јавноста и странките ќе бидат дополнително известени. Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijkata-olja-ristova-izzemena-od-predmetot-titanik-3/feed/ 0
„Титаник 2“ одложен за 3 декември, ќе се презентираат материјални докази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-2-odlozen-za-3-dekemvri-kje-se-prezentiraat-materijalni-dokazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-2-odlozen-za-3-dekemvri-kje-se-prezentiraat-materijalni-dokazi/#respond Tue, 13 Nov 2018 11:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=127291

За 3 декември се одложи денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ на СЈО, на кое требаше да се презентираат материјални докази. Претседателот на судечкиот совет, Огнен Ставрев, даде рок од три дена одбраната да се изјасни дали некој обвинетите ќе ги предложи за сведоци. На почетокот на рочиштето Ставрев ги извести присутните дека ги прифатил како сведоци Љупка Гугучевска, Адмир Шабани и Љубомир Атанасовски, и дека привремениот деловник го прифатил како материјален доказ. Информираше дека се одбиени неколку поднесоци на Бедредин Ибраими за кои обвинетиот, револтиран од одлуката, рече дека доколку е така тој веќе нема да доаѓа на рочиштата. Судијата Ставрев му посочи дека доколку направи така ќе го присили судот да преземе мерки што нема да бидат во негова полза, на што обвинетиот Ибраими рече „правете што сакате штом не ми дозволувате да ги изнесам моите докази“. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-2-odlozen-za-3-dekemvri-kje-se-prezentiraat-materijalni-dokazi/feed/ 0
Нови рочишта за „Тенк“ и „Титаник 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tenk-i-titanik-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tenk-i-titanik-3/#respond Thu, 27 Sep 2018 07:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=106675

Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на СЈО „Титаник 3“ и раздвоената постапка за „Тенк“. Судењето за предметот „Тенк“ во кој се води одвоена постапка против обвинетата поранешна министерка Горана Јанкулоска треба да продолжува со сведочење на вешто лице. На вчерашното рочиште вештото лице Тале Герамитчиески пред судот рече дека јавниот повик за набавка на блиндирано возило за потребите на Министерството за внатрешни работи ги содржел истите параметри со достапните каталози за мерцедес С600, вклучувајќи ги и техничките грешки од каталогот. Тој на прашање на адвокатката Тања Алексиќ рече дека сличностите во јавната набавка и во каталогот биле толку очевидни што тие, како што додаде, направиле copy paste. - Од наведените извадоци на техничките карактеристики од тендерот заклучив дека само кај мерцедесот С600 доаѓаат до 100 проценти точност називите наведени во јавната набавка, а кај возилата „ауди“ и „БМВ“ имаат слични функции, рече Герамитчиески. Герамитчиески посочи дека мерцедесот С600 спаѓа во категоријата на луксузен модел, а во периодот на набавка конкуретни му биле „бентли“ и „астон мартин“, но во конкуренција на блендирани возила му парирале „ауди“ и „БМВ“. Претходно, сведочеше и Дејан Митревски-Урко, шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски кој рече дека возилата кои ги користеле за ВИП личности биле многу стари и оти во случај на дефект најчесто позајмувале возила од претседателот на Собранието, претседателот на државата и министерот за внатрешни реботи. На претходните рочишта во раздвоената постапка за „Тенк“ беа изнесени материјални докази и сослушани сведоци. За истиот предмет веќе има обвинителна пресуда од две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото и шест години и шест месеци затвор за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Судење денеска е закажано и за предметот „Титаник 3“ во кој се обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ. Адвокатите на Аљими и Гури пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-tenk-i-titanik-3/feed/ 0
Нови рочишта за „Титаник 3“ и „Насилство во Центар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-i-nasilstvo-vo-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-i-nasilstvo-vo-centar/#respond Fri, 22 Jun 2018 06:08:21 +0000 https://kurir.mk/?p=68408

Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за предметите на СЈО  „Титаник 3“ и „Насилство во општина Центар“. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Според СЈО, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и дека имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ. Адвокатите на  Аљими и Гури пред Судот кажаа дека со повеќе докази во текот на постапката ќе докажат дека нивните клиенти не се виновни, како и дека во спорниот момент на обвинението немале никаква функција со што би влијаеле да се стори кривичното дело за кое ги обвинува СЈО. Минатото рочиште за „Титаник 3“ беше одложено поради задолжително присуство на пратеникот Ејуп Аљими на собраниска седница. Во  Кривичниот суд за денеска рочиште е закажано и за „Насилство во општина Центар“. Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка. Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-i-nasilstvo-vo-centar/feed/ 0
Сингапур поради повеќе причини избран за Самитот Трамп – Ким https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-poradi-povekje-prichini-izbran-za-samitot-tramp-kim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-poradi-povekje-prichini-izbran-za-samitot-tramp-kim/#respond Fri, 11 May 2018 10:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=52975

Дипломатските врски меѓу Сингапур со Северна Кореја и релативната близина со таа земја влијаеше малата држава во југоисточна Азија да биде избрана за место за историскиот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, наведуваат аналитичарите. - Градот Сингапур е прекрасна локација за самит. Ким ќе биде на пријателска, а не на непријателска територија, а од друга страна нема да биде на домашен терен, изјави експертот за нуклеарни прашања на лондонскиот Кралски институт за одбрана и безбедност, Том Плант. Сингапур најверојатно е избран и поради тоа што му е поблиску на Ким од кој било европски град. Одлучувачки фактор во изборот на место за самитот Трамп - Ким беше искуството на сингапурските безбедносни сили, но и фактот што Пјонгјанг има дипломатски односи со Сингапур од 1975 година. Еднопартискиот систем откако Сингапур стекна независност 1965 година обезбеди стабилност и ја зајакна државната безбедност, која е меѓу најефикасните во светот. Помеѓу две земји со претежно муслиманско население - Малезија и Индонезија и симпатизери на Исламска држава, Сингапур ефикасно ги контролира терористичките закани. Од друга страна, Сингапур е погоден терен и за САД, како голем трговски партнер на земајата и втор по големина азиски инвеститор, но и долгогодишен поддржувач на американското воено присуство во азиско-пацифичкиот регион. Сингапур е и регионално седиште на голем број американски компании, меѓу кои и Гугл, Фејсбук и Аирбнб. САД и Сингапур воспоставија дипломатски односи во 1966 година. Сингапур е оддалечен околу 4.800 километри од Северна Кореја. - Сингапур не е толку далеку како што тоа се европските држави, што овозможува Ким Џонг-ун директно да слета со приватниот авион, додека Трамп ќе лета подолго од Ким, изјави Нах Лианф Руанг, истражувачот на Институтот за одбранебени и стратешки студии. Поранешниот амбасадор на САД во Сингапур, Дејвид Аделман изјави дека градот е идеален за самит бидејќи е „чесен посредник“ меѓу Истокот и Западот. Сингапур во 2015 година беше домаќин на самитот меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и тогашниот тајвански претседател Ма Јинг-џае. Трамп вчера на Твитер објави дека со Ким ќе се сретне на 12 јуни во Сингапур. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/singapur-poradi-povekje-prichini-izbran-za-samitot-tramp-kim/feed/ 0
„Титаник 3“ одложен за 11 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-3-odlozen-za-11-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-3-odlozen-za-11-maj/#respond Tue, 08 May 2018 09:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=51406

Рочиштето за предметот на СЈО „Титаник 3“ на СЈО е одложено за 11 мај поради други обврски на судијката Годрана Спировска. По 30-минутната пауза дадена од судијката Оља Ристова, денешното риочиште не продолжи поради информацијата дека на вториот судија Гордана Спировска во меѓувреме и било јавено за итни семејни проблеми. Во „Титаник 3“ на обвинителната клупа се наоѓаат Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа шпто како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништување изборен материјал“ . Ова е трето одложувањ ена судењето за „Титаник 3“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/titanik-3-odlozen-za-11-maj/feed/ 0
Нови рочишта за „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-tenk-i-trust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-tenk-i-trust/#respond Tue, 08 May 2018 06:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=51239

Нови рочишта денеска во Кривичнит суд треба да се одржат за предметите „Титаник 3“, „Тенк“ и „Труст“. Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне на 27 април во Кривичниот суд, беше одложено за денеска, а причина за одложувањето беше е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов. Судењето за овој предмет беше одложено и на 16 март поради неприсуство на првообвинетиот Ејуп Аљими, кој, како што информира тогаш неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија. Во предметот „Титаник 3“, покрај Аљими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир. Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“. На судењето за предметот „Тенк“ на СЈО на 25 април сведочеше Дејан Митровски Урко, поранешен шеф на обезбедувањето на Никола Груевски. Во „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“. Ново рочиштето денеска треба да се одржи и за случајот „Труст", во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет", „Силекс" и „Вато" ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ. Според обвинителите на СЈО, обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет", „Силекс неметали" и „Вато" злоупотребиле приближно 1.060.000.000 денари, одосно 17 милиони евра, пари на граѓаните. Според доказите, обвинителите од СЈО ќе докажат дека со куп невистинити документи, се погазени принципите на здравата конкуренција и се изиграни правилата на јавните набавки. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-rochishta-za-titanik-3-tenk-i-trust/feed/ 0