титаник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 11:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png титаник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-titanik-prodolzhuva-na-20-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-titanik-prodolzhuva-na-20-septemvri/#respond Mon, 18 Sep 2023 11:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=879130

Следното судско рочиште за случајот „Титаник" е предвидено да продолжи на 20 септември. На денешното рочиште поголем дел од сведоците истакнаа дека остануваат на изјавите дадени на претходните расправи, а само двајца сведоци рекоа дека не се сеќаваат за дел од нивните претходни изјави. Во предметот „Титаник“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudeneto-za-titanik-prodolzhuva-na-20-septemvri/feed/ 0
Пронајдени остатоци од „Титан“ и човечки останки на патниците, извлечени и дадени за понатамошна истрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-ostatotsi-od-titan-i-chovechki-ostanki-na-patnitsite-izvlecheni-i-dadeni-za-ponatamoshna-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-ostatotsi-od-titan-i-chovechki-ostanki-na-patnitsite-izvlecheni-i-dadeni-za-ponatamoshna-istraga/#respond Thu, 29 Jun 2023 06:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=850655

Американската крајбрежна стража потврди дека остатоците од туристичката подморница „Титан“, и како што се претпоставува, останки од телата на пет патници, се пронајдени и извлечени на брегот за истрага. Деловите од „Титан“, кој имплодираше на 18 јуни додека се спушташе кон потонатиот Титаник, како и остатоците од телата на патниците беа пренесени во пристаништето Сент Џонс, во Њуфаундленд, Канада, околу 650 километри северно од местото на несреќата. Крајбрежната стража ќе ги транспортира до американското пристаниште каде што ќе бидат анализирани од истражното тело на морнарицата формирано оваа недела кое официјално ја истражува несреќата. Американски експерти ќе направат и официјална анализа на остатоците од телата на патниците, кои се внимателно извадени од местото на несреќата, се додава во соопштението на крајбрежната стража, пренесува Ројтерс. Се очекува испитувањето на остатоците да ги расветли причините за имплозијата на подморницата „Титан“ со која пет лица се упатија кон потонатиот брод Титаник Фрагменти од подморницата, која изгубила контакт со бродот околу еден час и 45 минути по почетокот на двочасовното нуркање, биле пронајдени на длабочина од околу четири километри на дното на океанот, на околу 500 метри од потонатиот брод на Титаник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdeni-ostatotsi-od-titan-i-chovechki-ostanki-na-patnitsite-izvlecheni-i-dadeni-za-ponatamoshna-istraga/feed/ 0
„Титаник“ се враќа на Нетфликс https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/titanik-se-vraka-na-netfliks/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/titanik-se-vraka-na-netfliks/#respond Tue, 27 Jun 2023 08:16:08 +0000 https://kurir.mk/?p=849956

Култниот филм „Титаник“ наскоро повторно ќе биде достапен на стриминг платформата Нетфликс. Имено, како што пренесуваат странските медиуми, филмот за најпознатиот брод на светот ќе се врати на Нетфликс на 1 јули, откако беше откажан на 18 јуни годинава. Веста доаѓа само неколку дена по неуспешната експедиција на подморницата Титан. Не е јасно дали одлуката да се стави на располагање „Титаник“ е донесена пред или по трагедијата на Титан, но луѓето на социјалните мрежи истакнаа дека Нетфликс не можел да избере „подобро“ време и дека компанијата ја искористила трагедијата за да ја зголеми гледаноста. Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека достапноста на филмот дошла по бројните барања на корисниците на оваа платформа. Филмот „Титаник“ ја следи измислената романса помеѓу девојка од богато семејство и млад уметник на бродот Титаник, со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги. Филмот моментално е достапен на Paramount+ и Amazon Prime. За потсетување, „Титаник“ се врати во кината на почетокот на февруари, 25 години откако за првпат ги собори рекордите на гледаност во кината ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/titanik-se-vraka-na-netfliks/feed/ 0
Остатоците од „Титан“ пронајдени на 500 метри од Титаник, телата можеби нема никогаш да бидат пронајдени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostatotsite-od-titan-pronajdeni-na-500-metri-od-titanik-telata-mozhebi-nema-nikogash-da-bidat-pronajdeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostatotsite-od-titan-pronajdeni-na-500-metri-od-titanik-telata-mozhebi-nema-nikogash-da-bidat-pronajdeni/#respond Thu, 22 Jun 2023 20:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=848755

Екипажот на подморницата Титан е изгубен, нејзината рамка за спуштање на дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт. „Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, се вели во соопштението на приватната компанија. Во соопштението се вели дека патниците биле вистински истражувачи кои споделувале посебен дух на авантура и длабока страст за заштита на светските океани. „Ова е исклучително тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и длабоко тажни поради оваа загуба. Целото семејство на Оушн Гејт е длабоко благодарно на мажите и жените од многуте организации на меѓународната заедница кои толку напорно работеа на оваа мисија“, соопштија од компанијата. Адмиралот на американската крајбрежна стража Пол Мауџер потврди дека роботското пловило од канадскиот брод „Хорајзон Арктик“ ја пронашло конусната опашка на „Титан“ на околу 500 метри од остатоците на „Титаник“. Тој додаде дека се пронајдени пет големи дела на „Титан“. „Не знам дали ќе можеме да ги извлечеме телата. Тоа е неверојатно сурова и непростлива средина“, додаде Мауџер. Гилермо Зенлајн, еден од основачите на „Оушнгејт“, претходно изјави дека во пловилото можеби се случила „моментална имплозија“. „Кога сте на голема длабочина, притисокот е толку голем што ако има дефект, би дошло до моментална имплозија. Ако се случило тоа, се случило уште пред четири дена“, изјави Зенлајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostatotsite-od-titan-pronajdeni-na-500-metri-od-titanik-telata-mozhebi-nema-nikogash-da-bidat-pronajdeni/feed/ 0
Нови детали: Остатоци пронајдени недалеку од Титаник, експертите истражуваат дали се од „Титан“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-ostatotsi-pronajdeni-nedaleku-od-titanik-ekspertite-istrazhuvaat-dali-se-od-titan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-ostatotsi-pronajdeni-nedaleku-od-titanik-ekspertite-istrazhuvaat-dali-se-od-titan/#respond Thu, 22 Jun 2023 16:22:02 +0000 https://kurir.mk/?p=848680

Пловило со далечински управувач кој трага по исчезнатата подморница Титан пронајде место со остатоци во полето за пребарување недалеку од Титаник, објави американската крајбрежна стража. Би-би-си јавува дека експертите сега ја проучуваат оваа информација. Не е јасно дали овие остатоци се поврзани со исчезнатата подморница, соопшти крајбрежната стража. Прес-конференција е најавена за 20:00 часот по Гринич (22:00 часот по средноевропско време). Бродот со далечински управувач кој може да стигне до дното на Атлантикот и да испрати слики на површината е нарачан од француски истражувачи. Уредот, наречен Виктор 6000, има и два механички краци кои можат да вршат многу чувствителни операции, како што се сечење и отстранување на остатоци. Полето за потрага по исчезнатата туристичка подморница која во неделата се упати кон потонатиот брод Титаник на длабочина од 4.000 метри е проширена на повеќе од 16.000 квадратни метри. Контактот со подморницата, во која имало пет лица, бил изгубен час и 45 минути откако таа потонала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-detali-ostatotsi-pronajdeni-nedaleku-od-titanik-ekspertite-istrazhuvaat-dali-se-od-titan/feed/ 0
Застрашувачки амбис: Анимирано видео покажува како изгледа длабочината каде можеби се наоѓа исчезнатиот „Титан“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrashuvachki-ambis-animirano-video-pokazhuva-kako-izgleda-dlabochinata-kade-mozhebi-se-naoga-ischeznatiot-titan-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrashuvachki-ambis-animirano-video-pokazhuva-kako-izgleda-dlabochinata-kade-mozhebi-se-naoga-ischeznatiot-titan-video/#respond Thu, 22 Jun 2023 13:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=848620

Додека спасувачите се тркаат со времето за да ги спасат петте патници од подморницата која исчезна во Атлантикот во неделата за време на експедицијата до потонатиот брод Титаник, шпанската компанија за анимација MetaBolStudios создаде видео кое покажува колку длабоко може да се наоѓа „Титан“. Снимката го следи постепеното спуштање низ дигитален подводен пејсаж во кој, за споредба, се поставени добро познати високи згради како Ајфеловата кула, Статуата на слободата и Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот. Патувањето на крајот завршува на длабочина од 3.700 метри, на дното на Северниот Атлантик каде се остатоците од „Титаник“. Подморницата „Титан“ со која управува американската компанија „ОушнГејт“ (ОГЕ), во неделата наутро тргнала на нова експедиција, но набргу потоа изгубила контакт со бродот на површината. „Титан“ на секои 15 минути испраќал сигнал до бродот „Полар принц“. Последниот сигнал бил во неделата во 15:00 часот по Гринич, кога бродот бил директно над остатоците од Титаник. Ова може да значи дека исчезнатата подморница сега е некаде на дното на океанот со остатоците од Титаник пресечени на половина, речиси 4.000 метри под површината. Како што се гледа на видеото на „MetaBolStudios“, дури и највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа, изгледа ситно во длабочините на Северниот Атлантик со висина од 675 метри. - Едно од најголемите прашања е каде е подморницата. Дали е на дното, дали лебди, дали е на средина на водата. Тоа е нешто што сè уште не е воспоставено. Водата е многу длабока, повеќе од три километри. Тоа е како посета на друга планета, тоа не е како што мислат луѓето. Нема сонце, околината е студена, а притисокот е висок - изјави за Си-Ен-Ен Дејвид Гало, сопственик на правото на спасување предмети од потонатиот брод Титаник. Иако „Титан“ е опишан како подморница, тој всушност е „подводно возило“. Подморницата е независен брод со сопствен систем за обновување на енергијата и воздухот, додека подводниот брод треба да го поддржува брод на површината или тим на брегот. Според „Дејли мејл“, подморниците во просек можат да одат до длабочина од 450 метри, но „Титан“ е дизајниран да патува речиси 800 отсто подлабоко од тоа, до максимални 4.000 метри. Експертите затоа се плашат дека „Титан“ може да биде предалеку за подморница на американската морнарица, чија граница е 609 метри, да стигне до него. Затоа, возилата со далечински управувач може да бидат единствената алтернатива за спас. Меѓу патниците се британскиот истражувач Хамиш Хардинг (58), извршен директор на „OceanGate“ Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол Анри Наргелет и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, управник на Институтот СЕТИ и неговиот 19-годишен син Сулејман, објави Би-Би-Си. Се верува дека екипажот на исчезнатиот „Титан“ имал кислород до 13 часот денеска, што се базира на претходни проценки. Тој рок е истечен, а од подморницата се уште нема трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zastrashuvachki-ambis-animirano-video-pokazhuva-kako-izgleda-dlabochinata-kade-mozhebi-se-naoga-ischeznatiot-titan-video/feed/ 0
Има кислород за денеска до 13:18 часот: Француска подморница која е во потрагата по „Титан“ се приближува до локација близу потонатиот брод Титаник https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-kislorod-za-deneska-do-13-18-chasot-frantsuska-podmornitsa-koja-e-vo-potragata-po-titan-se-priblizhuva-do-lokatsija-blizu-potonatiot-brod-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-kislorod-za-deneska-do-13-18-chasot-frantsuska-podmornitsa-koja-e-vo-potragata-po-titan-se-priblizhuva-do-lokatsija-blizu-potonatiot-brod-titanik/#respond Thu, 22 Jun 2023 07:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=848452

Подморницата „Виктор 6000“ е испратена да помогне во спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатата подморница „Титан“ по барање на американската морнарица. Францускиот истражувачки брод „Атланте“, кој носи роботска потопница, се наоѓа на околу 20 наутички милји северно од местото на потонатиот брод Титаник. „Виктор 6000“ може да нурне до длабочина од 6.000 метри и може да го исфрли „Титан“ доколку се заглавил на дното на океанот, но не би можел сам да ја подигне подморницата, туку би ја закачил на брод кој потоа би ја подигнал. Исто така, канадската војска објави видео од летало за набљудување како лета над океанот и фрла уреди што се користат за слушање звуци во водата, пренесува „Јутарњи лист“. Како дел од потрагата, авион на кралското канадско воздухопловство пребарува оддалечена област на Атлантикот, барајќи траги од подморницата. Американската крајбрежна стража проценува дека во подморницата „Титан“ има кислород за денеска до 13:18 часот. Би-Би-Си наведува дека капетанот, кој ја води потрагата, изјавил „да бидам искрен не знам каде се“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-kislorod-za-deneska-do-13-18-chasot-frantsuska-podmornitsa-koja-e-vo-potragata-po-titan-se-priblizhuva-do-lokatsija-blizu-potonatiot-brod-titanik/feed/ 0
До утре има резерви на кислород во исчезнатата подморница, норвешки брод опремен со роботи се вклучува во потрагата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-utre-ima-rezervi-na-kislorod-vo-ischeznatata-podmornitsa-norveshki-brod-opremen-so-roboti-se-vkluchuva-vo-potragata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-utre-ima-rezervi-na-kislorod-vo-ischeznatata-podmornitsa-norveshki-brod-opremen-so-roboti-se-vkluchuva-vo-potragata/#respond Wed, 21 Jun 2023 14:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=848284

Повеќенаменски брод опремен со два автономни подводни роботи се вклучи во операциите за пронаоѓање на малата подморница „Титан“, исчезната во близина на потонатиот брод Титаник во Северен Атлантик, објави денеска нејзиниот сопственик, норвешката услужна групација DOF. „Сканди Винланд пристигна на местото каде се врши потрагата во вторник околу 19 часот по локално време. Сканди Винланд распореди два ROV (подводни возила на далечинско управување) за да придонесе во истражувачките напори собрани под команда на крајбрежната стража на САД“, се вели во соопштението на ДОФ. Повеќе бродови и авиони, вклучително и американски и канадски, се вклучени во трката со времето за пронаоѓање на петте преживеани од малата подморница „Титан“, исчезната од неделата во близина на потонатиот брод Титаник, чии резерви на кислород се очекува да се потрошат утре. Во потрагата е вклучен и француски брод од Ифемер, исто така опремен со робот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-utre-ima-rezervi-na-kislorod-vo-ischeznatata-podmornitsa-norveshki-brod-opremen-so-roboti-se-vkluchuva-vo-potragata/feed/ 0
„Телата на сиромашните фрелете ги, а на богатите дајте ги на семејствата“: Откриена морбидна тајна за „Титаник“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/telata-na-siromashnite-frelete-gi-a-na-bogatite-dajte-gi-na-semejstvata-otkriena-morbidna-tajna-za-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/telata-na-siromashnite-frelete-gi-a-na-bogatite-dajte-gi-na-semejstvata-otkriena-morbidna-tajna-za-titanik/#respond Tue, 20 Jun 2023 20:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=847938

Поминаа 111 години од потонувањето на Титаник, а на тој брод, за кој многумина велат дека е проколнат, повторно се случува нова трагедија. Подморницата со туристи кои го посетуваат бродоломот – исчезна. Сè уште трагаат по него, а не се знае точно колку луѓе има во него и колку кислород се уште имаат. Сите знаеме за трагедијата што го снајде Титаник ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година. Бродот потонал на 740 километри од копното, а час и половина по полноќ пристигнал првиот спасувачки брод кој барал знаци на живот меѓу загинатите патници. Температурата на водата била 2,2 Целзиусови, на која човечкото тело може да преживее само околу 15 минути. Животот го загубиле 1517 луѓе, а најголеми шанси за преживување имале патниците од прва класа: 63 отсто од нив биле спасени. На Титаник имало 20 чамци за спасување кои можеле да примат само околу 1.100 патници – половина од оние кои биле во таа кобна ноќ – но и тоа било во согласност со тогашните законски прописи и се сметало за доволно. И покрај тоа, само 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување; повеќето чамци го напуштале бродот полупразни, а речиси секој имал и понатаму слободни места, пишува 24.сата.хр Но, што се случи со телата? Вистината за ова ја кријат тајните телеграми, чии автори верувале дека никогаш нема да станат јавни. Во тие телеграми јасно се гледа дека капетанот на еден од спасувачките бродови, Мекеј-Беннет, сакал да ги извади сите тела од морето. Но, набрзо сфатил дека неговиот брод е премногу мал за 334-те тела што ги пронашле. Тогаш донеле контроверзна одлука – ќе ги исфрлат телата на патниците од најсиромашната, трета класа, за да остават доволно простор за оние од прва и втора класа. Мислењето на екипажот било дека имаат поголеми права на достоинствен погреб. Од 334 пронајдени тела, дури повеќе од сто биле фрлени од бродот и никогаш повеќе не биле пронајдени во пространствата на Атлантскиот Океан. Вистината за тоа што се случило ја криеле долги тајни телеграми, кои подоцна историчарите ги пронашле во тајни архиви. Сиромашните останаа на површина Во првата телеграма, капетанот напишал „Апсолутно мора да ги донесете сите тела што се вклопуваат на чамецот за спасување“. Но, од бродот Мекеј Бенет набрзо одговориле: „Направивме детален попис на сите пари и скапоцености пронајдени со телото. Зарем не би било добро сите тела да се погребаат во морето, освен ако има желба на семејството да ги задржи?”. По кратка преписка било договорено телата на жртвите на посиромашните патници да бидат исфрлени, а посмртните останки на побогатите да им бидат вратени на нивните семејства. Ужасот пет дена подоцна Кога пет дена подоцна на местото на трагедијата се приближил бродот СС Бремен, кој пловел од Германија за Америка, патниците на бродот почнале да врескаат. Бремен му се придружил на бродот Карпатија, а нивната мисија била да ги соберат остатоците од телата кои можеле да се најдат. Во далечината можеа да видат бели дамки, кои всушност беа замрзнати тела на мртвите кои сè уште ги носеа своите елеци за спасување. Денови по потонувањето, целото место се претвори во огромна водена гробница, со густа магла, звук на бранови кои удираат, замрзнати тела и зборови на свештеникот да ги испрати. „Видовме жена во ноќница со бебе цврсто притиснато на градите“, сведочеше Џоана Стунке, патничка во Бремен. „Имаше и тело на жена која цврсто гушкаше бушаво куче кое личеше на бернардинец. Некои беа облечени за танцување и вечера, некои во ноќници и пижами. Една жена имаше елек за спасување и две деца во рацете. ” Екипажот сето тоа го опиша како „ладно, влажно, мизерно и неутешно“. До крајот на април, комбинацијата на сол и сонце почна да ги уништува појасите и телата почнаа да исчезнуваат во длабочините на океанот. Меѓутоа, во јуни истата година, две тела беа пронајдени како лебдат во океанот. Тоа беа телата на келнерот на бродот и работникот во кујната, пренесува курир.рс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/telata-na-siromashnite-frelete-gi-a-na-bogatite-dajte-gi-na-semejstvata-otkriena-morbidna-tajna-za-titanik/feed/ 0
Исчезна подморница која туристите ја користеле за да го разгледаат потонатиот брод Титаник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-podmornitsa-koja-turistite-ja-koristele-za-da-go-razgledaat-potonatiot-brod-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-podmornitsa-koja-turistite-ja-koristele-za-da-go-razgledaat-potonatiot-brod-titanik/#respond Mon, 19 Jun 2023 15:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=847465

Подморницата што туристите ја користеа за да го видат потонатиот брод Титаник исчезна денеска во Атлантскиот Океан. Започната е мисија за пребарување и спасување. Крајбрежната стража на Бостон објави дека ја бара подморницата, јави Би-Би-Си. Засега нема информации дали имало патници во подморницата кога исчезнала. Малите подморници се превозно средство за туристите да ги разгледаат остатоците од познатиот брод, кој се наоѓа на длабочина од 3.800 метри, на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, Канада. Патничкиот брод, кој беше најголемиот брод во своето време, удри во санта мраз на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година. Од 2.200 патници и членови на екипажот, повеќе од 1.500 загинаа. Потонатиот брод Титаник беше откриен во 1985 година и оттогаш е внимателно испитан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-podmornitsa-koja-turistite-ja-koristele-za-da-go-razgledaat-potonatiot-brod-titanik/feed/ 0