тите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 12:52:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тите – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сколари е виновен: Еве како бразилскиот селектор го добил прекарот Тите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skolari-e-vinoven-eve-kako-brazilskiot-selektor-go-dobil-prekarot-tite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skolari-e-vinoven-eve-kako-brazilskiot-selektor-go-dobil-prekarot-tite/#respond Fri, 09 Dec 2022 12:52:09 +0000 https://kurir.mk/?p=773155

Неговото вистинско име е Аденор Леонардо Баки, но човекот кој денеска ќе ја предводи селекцијата на Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Катар против Хрватска е познат по прекарот Тите. За разлика од повеќето Бразилци, чиј прекар е изведен од едно од имињата, тој го доби благодарение на грешка на неговиот легендарен претходник. Луис Фелипе Сколари е последниот тренер кој со Бразил го освоил светскиот шампионат, во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја. Светското првенство се врати на азиско тло за првпат оттогаш, а тимот на Тите повеќето го сметаат за апсолутен фаворит на овогодинешното издание. Двајцата се запознале кога Баки бил момче, а Сколари бил наставник по физичко во училиште, пишува The Athletic. Сколари во тоа време беше дефанзивец на Каксиас, но не особено талентиран, го нарекувале Дрвена нога. Паралелно, работел како наставник по физичко во училиштето Кристовао де Мендоза. Тој го водел училишниот фудбалски тим, а за време на мечот против школата „Џинасио Гуарани“ забележал момче со кадрава коса, кое го импресионирало. Мислел дека тоа е Алтемир Гауер, кого го викаа Тите, но не бил во право. Така му се обратил Сколари. „Тите, Тите“, извикал тој. Со тој повик не само што му се промени животот, туку и доби име по кое сега го знае целиот свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skolari-e-vinoven-eve-kako-brazilskiot-selektor-go-dobil-prekarot-tite/feed/ 0
Тите: Имаме ист скаут за Србија и Хрватска, ни донесе важни информации https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-imame-ist-skaut-za-srbija-i-hrvatska-ni-donese-vazni-informacii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-imame-ist-skaut-za-srbija-i-hrvatska-ni-donese-vazni-informacii/#respond Fri, 09 Dec 2022 06:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=772862

Аденор Леонардо, попознат како Тите, веќе шест години е на чело на најуспешната селекција во историјата и сега нема простор за никакви изговори. Бразилската јавност сака шеста титула. „Имаме многу таленти, добра екипа сме, упорни сме, а за да постигнеме успех сакам моите играчи да го повторат тоа што го направија досега. Кој ќе биде подобар, ќе оди понатаму“, изјави Тите. Во продолжение Тите истакна дека Бразилците имаат ист скаут за Србија и Хрватска. „Нашиот соработник Рикардо Гомеш ни донесе важни информации. Ја скаутираше Србија, а сега ја скаутира и Хрватска. Детално ни ги објасни Хрватите. Имаат одличен индивидуален квалитет, но и технички тимски квалитет. Сепак, мојот фокус е на Бразил.Ние сме подготвени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-imame-ist-skaut-za-srbija-i-hrvatska-ni-donese-vazni-informacii/feed/ 0
Тите: Јас сум виновен за повредата на Нејмар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-jas-sum-vinoven-za-povredata-na-nejmar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-jas-sum-vinoven-za-povredata-na-nejmar/#respond Mon, 28 Nov 2022 05:57:39 +0000 https://kurir.mk/?p=767331

Бразилскиот фудбалер Нејмар, заработи повреда на скочниот зглоб на мечот против Србија поради која најверојатно ќе го пропушти остатокот од групната фаза на Мундијалот. Селекторот Тите вели дека тој е виновен за повредата на Нејмар. „Не сфатив дека е повреден. Особено што по повредата учествуваше во акцијата по која го постигнавме првиот гол. Тоа беше моја грешка, многу сум лут на себе. Жалам, требаше да бидам повнимателен“, изјави Тите. Нејмар извесно време мина на теренот со болки, а кога повеќе не издржа, побара Тите да го замени, но очигледно веќе беше доцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-jas-sum-vinoven-za-povredata-na-nejmar/feed/ 0
СКАНДАЛ пред СП: Селекторот на најтрофејната селекција барал играчите да лажираат повреди https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-pred-sp-selektorot-na-najtrofejnata-selekcija-baral-igrachite-da-laziraat-povredi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-pred-sp-selektorot-na-najtrofejnata-selekcija-baral-igrachite-da-laziraat-povredi/#respond Sat, 05 Nov 2022 07:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=756050

Селекторот на бразилската репрезентација, Аденор Леонардо Баки, попознат како Тите е во центарот на скандалот поврзан со Светското првенство кое за две недели ќе започне во Катар. Тите им наредил на фудбалерите на кои смета за Мундијалот во Катар, да лажираат повреди во своите клубови, за да може да бидат свежи и одморни за настап на планетарниот собир. Бразилскиот весник Глобо ја пренесе веста, а се верува дека изворот на оваа информација е од познатиот напаѓач Габриел Барбоса-Габигол, кој доби „корпа“ од селекторот Тите и нема да биде во составот на Кариоките. „Тите побара од играчите да глумат повреди, за да не играат во своите клубови во наредниот период“, стои во текстот на Глобо, а во продолжение пишува „Габигол го прашал Тите каква повреда треба да одглуми. Овој пота му одговорил дека нема потреба ништо да глуми затоа што него не планира да го носи на Светското првенство“, пишува во текстот. Бразил е петкратен светски првак и во Катар сигурно ќе биде еден од најсериозните кандидати за мундијалскиот пехар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-pred-sp-selektorot-na-najtrofejnata-selekcija-baral-igrachite-da-laziraat-povredi/feed/ 0
Бразил ќе бара нов селектор https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazil-kje-bara-nov-selektor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazil-kje-bara-nov-selektor/#respond Fri, 07 Oct 2022 19:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=742676

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите ќе ја напушти клупата веднаш по завршувањето на Светското првенство во Катар, што се игра во ноември и декември годинава. Челниците на бразилскиот фудбал веќе разгледуваат потенцијални кандидати за селекторската функција. Претседателот Еднандо Родригез напомена тројца тренери кои се потенцијални идни селектори како Абел Фереира, Доривал Жуниор и Фернандо Диниз. Тите е селектор на Бразил од 2016 година, а под негово водство тимот ја освои Копа Америка во 2019 година, а на СП 2018 испадна во четвртфиналето од Белгија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brazil-kje-bara-nov-selektor/feed/ 0
Тите нема да биде селектор на фудбалската репрезентација на Бразил по СП 2022 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-nema-da-bide-selektor-na-fudbalskata-reprezentacija-na-brazil-po-sp-2022/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-nema-da-bide-selektor-na-fudbalskata-reprezentacija-na-brazil-po-sp-2022/#respond Sat, 26 Feb 2022 08:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=636962

Бразил ќе бара ново решение за селекторската позиција по Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Катар. Тите најави дека ќе ја напушти функцијата по период од шест години. Рекордерот на Мундијалите ќе атакува на нов трофеј, шести во својата историја. 60-годишникот го замени Дунга во 2016 година, кој не ги задоволи очекувањата на федерацијата. Дебито го имаше против Еквадор, во натпревар од квалификациите за Светското првенство во Русија. Тите потпиша нов договор во 2018 година со кој се обврза да остане до крајот на Светското првенство во 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-nema-da-bide-selektor-na-fudbalskata-reprezentacija-na-brazil-po-sp-2022/feed/ 0
Тите по триумфот над Аргентина: Бевме подобри, заслужено победивме https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-po-triumfot-nad-argentina-bevme-podobri-zasluzeno-pobedivme/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-po-triumfot-nad-argentina-bevme-podobri-zasluzeno-pobedivme/#respond Wed, 17 Oct 2018 07:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=115983

Репрезентацијата на Бразил синоќа ја победи Аргентина со 1:0 со голот на Миранда во третата минута од судиското надополнување. Бразилскиот селектор Тите рече дека неговите избраници  ја заслужија победата. - Точно е дека Аргентина создаде шанси, се обиде да победи, но Бразил беше подобар. Тимската работа беше наградена со цел. Стрелецот на победничкиот гол Миранда можеше да постигне гол и порано, но тој реализира на крајот. Ние бевме фокусирани на мечот и заслужено победивме, изјави Тите. Натпреварот беше со пријателски карактер и се одигра на неутрален терен, во Џеда, Саудска Арабија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-po-triumfot-nad-argentina-bevme-podobri-zasluzeno-pobedivme/feed/ 0
Тите: Белгија подобро ги искористи своите шанси https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-belgija-podobro-gi-iskoristi-svoite-shansi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-belgija-podobro-gi-iskoristi-svoite-shansi/#respond Sat, 07 Jul 2018 07:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=74042

Бразилецот селектор Тите тешко го прифати поразот ма неговиот тим од Белгија (1:2) во синоќешното четвртфинале на Светското фидбалско првенство во Русија. Тој смета дека тоа бил одличен натпревар меѓу два технички добро подготвени тимови во кој уживал секој неутрален гледач. Според него, „црвените ѓаволи“ подобро ги искористиле своите шанси и заслужено продолжуваат понатаму. - Долго време ја држевме топката и создадовме многу ситуации. Сепак, Белгијците беа поефикасни и подобро ги искористија своите шанси. Тие имаат многу добри играчи. Голманот Куртоа, исто така, ја направи разликата. Мислам дека тоа беше импресивен судир меѓу два тима со одлични технички вештини. И покрај сета болка што ја чувствувам токму сега, ќе кажам дека ако го сакате фудбалот, треба да го гледате овој натпревар. Ако сте неутрален гледач, може само да седнете и да кажете: „Каков натпревар!“, смета Тите. Сепак, селекторот одби да зборува за својата иднина и рече дека ќе размисли за ова прашање во наредните недели. - Не сакам да зборувам за мојата иднина. Сега не е вистинско време. Токму сега размислувам за овој меч. Времето ќе покаже што ќе се случи. По две недели, страстите ќе поминат и ние ќе можеме да зборуваме со трезни глави, додаде Бразилецот по мечот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-belgija-podobro-gi-iskoristi-svoite-shansi/feed/ 0
Тите оптимист за натпреварот со Белгија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-optimist-za-natprevarot-so-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-optimist-za-natprevarot-so-belgija/#respond Thu, 05 Jul 2018 15:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=73564

Селекторот на Бразил, Тите се надева дека неговиот тим ќе го крене уште повеќе нивото и ќе излезе како краен победник во претстојниот четвртфинален дуел против Белгија на Мундијалот 2018. - Имаме фудбалери кои умеат да играат разновидно и да го ставаат под притисок противникот. Можеме да постигнуваме голови од различни ситуации. Првиот гол против Мексико беше по долга акција, а другиот по брз контранапад. Во последната третина на теренот Нејмар, Даглас Коста, Вилиан и Жезус се многу опасни еден на еден. Се надевам против Белгија ќе го кренеме уште повеќе нивото, прокоментира Тите на прес конференцијата пред натпреварот. Левиот бек, Марсело, кој го пропушти осминафиналето против Мексико поради повреда, веќе е опоравен и се враќа во составот на „селесао“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tite-optimist-za-natprevarot-so-belgija/feed/ 0