тито петковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 10:53:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тито петковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петковски во СТУДИО 10: И Бугарија и Македонија како држави се 100 години зад визиите на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-vo-studio-10-i-bugarija-i-makedonija-kako-drzhavi-se-100-godini-zad-viziite-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-vo-studio-10-i-bugarija-i-makedonija-kako-drzhavi-se-100-godini-zad-viziite-na-gotse-delchev/#respond Thu, 02 Feb 2023 10:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=795104

Јас не само што не паметам туку не сум можел ни да замислам една ваква ситуација со Бугарија. И не сум рамнодушен. Роден сум во една друга друга држава во 1945 година, па сега на 78 години се прашувам каде погрешивме и како е можно некој да ми каже дека не постојам? А еве сум, тука сум, на ова место. Политичарите во голем дел им го загорчуваат животот на луѓето, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собранието, во емисијата Студио 10 на ТВ24. -Повеќе од сигурен сум дека ова е долгорочна државна политика. Она што сега се случува во Македонија, што сме толку чувствителни за ликот на Гоце Делчев кој е човек кој ги надминува границите со своите сфаќања, е незамисливо, вели Петковски и додава дека е разбирлива чувствителноста кон негирањето но е зачудува нашата фрагилност кон провокациите од луѓе кои се осудени и од Европскиот парламент за своето фашизоидно однесување. За Петковски е зачудувачки што еден европарламентарец доаѓа во Македонија, ја негира земјата па дури и повикува на атентат на претседателот, но од друга страна на таквите провокации според Петковски не треба да се одговара. -Тоа е настан што ние го одбележуваме секоја година и нема потреба од тоа да се прави вонредна состојба. Нашата полиција ја контролира целата земја и навистина нема потреба да доаѓа бугарска полиција напомош, вели Петковски. Тој додава дека тие луѓе кои сега создаваат немир до лани не доаѓаа пред гробот на Гоце Делчев. - И ова сега мислам дека не е случајно туку е за нивна внатрешна бугарска политика. Бугарија е земја на ЕУ која има најмногу проблеми и е најсиромашна. Нивниот претседател е единствен кој има нескриена руска ориентација. Провокации прават само политичари кои немаат добри намери, констатира Петковски. Петковски посочува дека и бугарските граѓани ги препознаваат лошите политичари и за тоа е пример падот на изборите на радикалните политички партии, иако постојано се појавуваат некои нови. -Мислам дека треба македонските и бугарските историчари да ги отворат сите архиви за Гоце Делчев. И ако Гоце Делчев е оној кој ги спојува двете држави тогаш нека се смета за творец за двете држави, вели Петковски и додава дека мора да се повикуваме на факти. Петковски посочува дека во бугарските архиви може да се најде говорот на Георги Димитров за последниот завет на Гоце Делчев кој сакал да почива во главниот град на независна Македонија за којашто се борел и залагал и затоа неговите мошти се пренесени во Скопје во времето на Георги Димитров и Јосип Броз. -Мислам дека Бугарија и Македонија како држави сме 100 години зад визиите на Гоце Делчев, вели Петковски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-vo-studio-10-i-bugarija-i-makedonija-kako-drzhavi-se-100-godini-zad-viziite-na-gotse-delchev/feed/ 0
Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/#respond Thu, 12 May 2022 12:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=675681

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател. Петковски вели дека постапката на дел од неговите сопартијци не само што е нестатутарна, таа не е ниту во духот на партискиот договор, односно Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на делегати за петтиот конгрес на НСДП. Настрана што партискиот Статут е јасен – до конгресот и избор на нов лидер со партијата раководи сегашниот претседател, а на шестата седница на Централниот одбор се донесе одлука за формирање на Одбор за подготовка на Петтиот Конгрес Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота. – На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес , според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски. Во соопштението до медиумите што претходно беше испратено на меморандум од НСДП, се вели дека за единствен кандидат за претседател на партијата бил утврден пратеникот и потпретседател на Собранието, Горан Мисовски. „Предлог-одлуката беше усвоена со мнозинство гласови, односно со 10 гласа ЗА од вкупно 17 члена на Извршниот одбор“, се наведува во сопштението со кое дел од сопартијците на Петковски, десет на број со свои потписи потврдуваат дека стојат зад таа одлука, но очигледно е дека потпис од лидерот во заминување нема. Кристијан Трајковски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, за кого завчера Нова објави дека доставил официјална кандидатура и програма исто така смета дека одлуката за единствен кандидат за лидер не е статутарна. Тој е дециден дека нема да се повлече и дека тој засега е единствен кандидат кој поднел кандидатура согласно Правилникот, а тоа значи дека доставил и програма. Тито Петковски, кој 17 години ја предводеше НСДП, неодамна зборувајќи за неговото повлекување изјави дека на партијата и треба нова енергија и луѓе што ќе може да комуницираат со многу повеќе мотив за претставување на НСДП. На конгресот во јуни се очекува, освен претседател на партијата, да се избираат и нови членови на Централниот и на Надзорниот одбор, како и тројца потпретседатели и секретари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/feed/ 0
Коалициониот партнер на Заев бара референдум за бугарските услови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-zaev-bara-referendum-za-bugarskite-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-zaev-bara-referendum-za-bugarskite-uslovi/#respond Thu, 24 Jun 2021 16:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=527592

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, смета дека треба да се одржи консултативен референдум за наметнатите услови од Бугарија за членство во ЕУ заедно со претстојните локални избори. Според него, граѓаните како носители на суверенитетот треба да го имаат конечниот збор. – И онака луѓето ќе излезат на гласање, и да ги прашаме граѓаните дали сакаат под овие услови што Бугарија ги нуди, да почнеме преговори за утврдување на преговарачката рамка. Само на тој начин одлуките на премиерот ќе имаат кредибилитет и поддршка од народот, ќе му ја олесни положбата. Во меѓувреме, ќе има и попис на крај на септември и точно ќе видиме колкумина ќе се произнесат како Бугари – рече Петковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-zaev-bara-referendum-za-bugarskite-uslovi/feed/ 0
Коалициониот партнер на Заев се огласи за повикот на Ахмети од Хаг: И Шешељ прво го викнаа како сведок, па го осудија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-zaev-se-oglasi-za-povikot-na-ahmeti-od-hag-i-sheshelj-prvo-go-viknaa-kako-svedok-pa-go-osudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-zaev-se-oglasi-za-povikot-na-ahmeti-od-hag-i-sheshelj-prvo-go-viknaa-kako-svedok-pa-go-osudija/#respond Tue, 04 Aug 2020 20:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=386255

Повеќе од сигурно е дека преговорите за ново парламентарно мнозинство ќе одат тешко, но убеден сум дека влада ќе има, рече лидерот на НСДП и коалиционен партнер на Зоран Заев, Тито Петковски. -Влада ќе има, каква ќе биде не знам. Отворањето на проблемот – нови избори или чекањето до година… дефинитивно се укочуваат сите реформи, се губи чекорот со ЕУ, порача Петковски на Канал 5. Според него, предлогот на ДУИ за Албанец премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници. -Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото,  посочи Петковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-zaev-se-oglasi-za-povikot-na-ahmeti-od-hag-i-sheshelj-prvo-go-viknaa-kako-svedok-pa-go-osudija/feed/ 0
Коалициониот партнер на СДСМ со „Мајку вам божју“ го честиташе Денот на младоста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-sdsm-so-majku-vam-bozju-go-chestitashe-denot-na-mladosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-sdsm-so-majku-vam-bozju-go-chestitashe-denot-na-mladosta/#respond Mon, 25 May 2020 16:45:07 +0000 https://kurir.mk/?p=350112

Претседателот на НСДП, Тито Петковски го честита некогашниот празник Денот на младоста 25 мај познат и како роденденот на доживотниот претседател на поранешната СФРЈ, Јосип Броз Тито. Облечен во маица со ликот на Тито ,но оној на Јосип Броз, Петковски го честита овој ден со зборовите: „Честит Денот на младоста. Сеќавање и почит кон еден државник и една држава кои веќе не постојат“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicioniot-partner-na-sdsm-so-majku-vam-bozju-go-chestitashe-denot-na-mladosta/feed/ 0
Приведен опонентот на Тито Петковски за лидерското место во НСДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priveden-oponentot-na-tito-petkovski-za-liderskoto-mesto-vo-nsdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priveden-oponentot-na-tito-petkovski-za-liderskoto-mesto-vo-nsdp/#respond Tue, 03 Sep 2019 11:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=236479

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко. Јосифовски беше пратеник на НСДП во претходниот паламентарен состав. Му беше директен ривал на Тито Петковски за позицијата лидер на НСДП. Јосифовски се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар. -Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го  лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ, информираат денеска од МВР. Опонент на Тито Петковски за лидерското место во НСДП Пред изборот на претседател на НСДП, која од формирањето во 2005 ја предводи основачот Тито Петковски, поранешниот пратеник од оваа партија, Љубомир Јосифовски, ја разбранува јавноста со внатрепартиските односи. -Имаше конфликт, не се согласував со тоа што тој ја злоупотреби позицијата како претседател. Согласно статутот на НСДП секој член има право да бира и да биде избран. Јас поднесав кандидатура пред еден месец и истата беше поздравена од Тито Петковски и од органите на партијата. Кога се соочи со реалноста дека не може да биде избран одлучи да направи радикален чекор и  да ги изманипулира членовите на Централниот одбор, изјави лани Јосифовски за „Фокус“. По ова интервју, Јосифоски обелодени дека Петковски ја злоупотребувал функцијата во својата партија. Обвини дека Петковски спроведува диктатура, недозволувајќи демократија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/priveden-oponentot-na-tito-petkovski-za-liderskoto-mesto-vo-nsdp/feed/ 0
За Тито Петковски, Tевдовски е левичар со чист концепт, на Заев не му се допаднало тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tito-petkovski-tevdovski-e-levichar-so-chist-koncept-na-zaev-ne-mu-se-dopadnalo-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tito-petkovski-tevdovski-e-levichar-so-chist-koncept-na-zaev-ne-mu-se-dopadnalo-toa/#respond Tue, 25 Jun 2019 08:39:33 +0000 https://kurir.mk/?p=212620

Во своето гостување во дневникот на „1ТВ“, претседателот на НСДП и еден од коалиционите партнери на СДСМ и Заев зборуваше за замената на Тевдовски и за преземањето на министерската функција од страна на Заев при што кажа дека мора да се знае дека Тевдовски е автор на економската програма на СДСМ која е чисто левичарска. -Тевдовски настапи јасно уште во предизборието, како министер уште пожестоко инсистираше дека тежината на реформите треба да се определи правилно, дека од богатитете треба да се одземе и да се даде на посиромашните. Тоа е чисто левичарски пристап, се прашувам да сега да нема некоја идеолошка разлика кога се знае дека економијата ја води еден претставник на бизнис секторот, крупниот капитал, тој судар беше тивок, латентен во самата влада, истакна Петковски. Според Петковски, повеќе од очигледно е дека министерот Тевдовски не ги исполни очекувањата на Зае и зошто Заев се нафати да го води тој ресор во овој момент останува само да претпоставуваме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-tito-petkovski-tevdovski-e-levichar-so-chist-koncept-na-zaev-ne-mu-se-dopadnalo-toa/feed/ 0
Петковски: Ако од ДУИ имало коректен однос и кон Владата и кон Заев, човек како Садула Дураку никогаш не би бил предложен за министер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-ako-od-dui-imalo-korekten-odnos-i-kon-vladata-i-kon-zaev-chovek-kako-sadula-duraku-nikogash-ne-bi-bil-predlozen-za-minister/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-ako-od-dui-imalo-korekten-odnos-i-kon-vladata-i-kon-zaev-chovek-kako-sadula-duraku-nikogash-ne-bi-bil-predlozen-za-minister/#respond Tue, 25 Jun 2019 07:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=212581

Тито Петковски, претседател на НСДП и коалиционен партнер на Зоран Заев во гостувањето на централниот дневник на „1ТВ„ рече дека според него културата, здравството, образованието се најзначајни за една Влада ако сака да направи сериозни реформи. Имено тој на прашањето дали СДСМ традиционално на секторот на образованието, на здравството гледа како на резервна гума, кажа дека тоа не е само карактеристика на СДСМ, туку тие се и оптоварени со чувството на изградба држава, а ги потценуваат оние кои се носечки сфери за реформи во општеството. -Kога се говори за композиции во Владата мора да се има во вид фактот што мандатарот и Заев многу пати е доведен во ситуација надвор од својата волја да прифаќа кадри од партнер во владата кои не се по негова мерка. Ако од ДУИ имало коректен, чесен однос и кон Владата и кон Заев, оваков човек како Садула Дураку никогаш не би бил предложен за министер, истакна Петковски во своето гостување. Тој додаде дека за него е скандалозно тоашто да се брани со вакви аргументи да се брани дека тој е колективна меморија на ДУИ, не е добра препорака да биде министер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkovski-ako-od-dui-imalo-korekten-odnos-i-kon-vladata-i-kon-zaev-chovek-kako-sadula-duraku-nikogash-ne-bi-bil-predlozen-za-minister/feed/ 0
Тито Петковски ја кажа вистината: Кај Македонците води Силјановска Давкова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tito-petkovski-ja-kaza-vistinata-kaj-makedoncite-vodi-siljanovska-davkova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tito-petkovski-ja-kaza-vistinata-kaj-makedoncite-vodi-siljanovska-davkova/#respond Fri, 15 Mar 2019 06:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=174910

Кај Македонците предност има професорката Силјановска Давкова, кај Албанците поголема доверба има Пендаровски. Тито Петковски во своето гостување на ТВ21 посочи дека кај Македонците води Силјановска Давкова. -На домашен терен фаворит може да биде Силјановска, говорам кај македонскиот електорат, но голем хендикеп е, да речеме, оддалеченост од албанскиот електорат, рече тој. За Пендаровски посочи дека има поддршка од албанските бирачи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tito-petkovski-ja-kaza-vistinata-kaj-makedoncite-vodi-siljanovska-davkova/feed/ 0
Стојан Андов: По атентатот врз Глигоров, Тито Петковски едноставно го снема! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-po-atentatot-vrz-gligorov-tito-petkovski-ednostavno-go-snema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-po-atentatot-vrz-gligorov-tito-petkovski-ednostavno-go-snema/#respond Thu, 13 Dec 2018 17:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=139872

Одамна не сме се виделе со Тито Петковски. Кога јас бев претседател на Собранието, тој беше потпретседател на Собранието. Тогаш соработувавме, вели во интервју за Пресинг Тв, Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.

Притоа, Андов изразува и доза на разочарување. Меѓутоа, ме изненади и за тоа ќе се распрашам, ќе видам и од него ако можам да ми каже зошто него, по атентатот (на претседателот Киро Глигоорв н.з.), извесно време, кога беа најбурните настани и расправи го снема едноставно. Јас не можев да го добијам. Го барав Тито, но него го немаше. Морав да го барам по болниците, каде бил, зошто го нема, нагласува Андов. Интервјуто со поранешниот претседател на Собранието на РМ следува по објавувањето на неговата последна книга „До атентатот и по него“, чија промоција предизвика бура од реакции во јавноста. Во него Андов говори за атентатот врз претседателот Глигоров, за фактот дека за него не била спроведена никаква истрага, за исказите во обвинителството дадени многу подоцна, за обвинувањата на негова адреса…

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-po-atentatot-vrz-gligorov-tito-petkovski-ednostavno-go-snema/feed/ 0