тито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 11:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тито – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Хрватска се појави мурал на Тито во црвени гаќи – авторот тврди дека нема политичка порака (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-hrvatska-se-pojavi-mural-na-tito-vo-tsrveni-gaki-avtorot-tvrdi-deka-nema-politichka-poraka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-hrvatska-se-pojavi-mural-na-tito-vo-tsrveni-gaki-avtorot-tvrdi-deka-nema-politichka-poraka-foto/#respond Tue, 25 Apr 2023 11:25:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827375

Пред неколку дена во Ровињ, Хрватска се појави мурал на Јосип Броз Тито. Како што пишуваат хрватските медиуми, муралот го дизајнирал и насликал уличниот уметник Борис Баре, а на него е претставен Јосип Броз Тито како одмора со прекрстени нозе и кренати раце на лежалка под палми додека носи црвени гаќички за капење и очила за сонце. Судејќи според објавата на Барето на неговиот Инстаграм профил, муралот се вика „El prezidente“, а локацијата на која Тито ужива е Националниот парк Бријуни, место кое Тито сакал да го посети.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boris Bare (@bare.boris)

„Ова е дело што го сликав токму во Ровињ за трговски центар, Retail. Темата е лето и уживање. Нè поканија и работевме таму последните дванаесет дена, насликавме педесетина дела на приближно 1500 квадратни метри. Не се работи за никаква политичка порака, Бријуни се релативно блиску, па тоа беше асоцијација“, вели уметникот Баре за хрватски „Јутарњи“. Борис Баре е познат уличен уметник во Хрватска, кој во ноември минатата година заедно со неговата колешка Марија Кунштек за 11 дена обоија површина на возот од 400 квадратни метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-hrvatska-se-pojavi-mural-na-tito-vo-tsrveni-gaki-avtorot-tvrdi-deka-nema-politichka-poraka-foto/feed/ 0
Костадинов од СДСМ маскиран во Тито, во друштво на “Хитлер“ позираше со нацистичко знаме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-od-sdsm-maskiran-vo-tito-vo-drushtvo-na-hitler-pozirashe-so-natsistichko-zname/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-od-sdsm-maskiran-vo-tito-vo-drushtvo-na-hitler-pozirashe-so-natsistichko-zname/#respond Sat, 25 Feb 2023 16:37:24 +0000 https://kurir.mk/?p=804981

Градоначалникот  на Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ на струмички карневал се појави маскиран во Тито. Неговата партнерка, го следеше во маската, па беше во улога на Јованка Брос. На една групна фотографија, Костадинов како Тито е во друштво на човек маскиран во Хитлер, а во нивна близина се вее нацистичкото знаме. Се разбира, карневалот е време за забава, но ваквото однесување е недозволиво за еден градоначалник кој сигурно знае кој бил Хитлер во историјата и дека неговото промовирање сигурно не е забавно. Костадинов и неговата девојка Георгиева, маскирани како Тито и Јованка Броз,  позираа со пријателите од неговата група кои вечерта беа Гадафи, Хитлер, Фидел Кастро, Че Гевара и други историски личности. Градоначалникот рече дека маската нема порака туку дека е повеќе “политичка сатира“, а ликовите од историјата “нека си останат таму“. -Вечерва се случи бришење на границите на Балканот, се случи Европа без граници. Беше преубаво да се биде дел од маскенбалот и да се види како луѓе под маски од различни земји и нации заедно пеат, играат и се веселат. Хрвати, Срби, Босанци, Црногорци, Грци, Бугари и Македонци, но и гости од Шведска, Германија, Холандија, Италија, Словенија и Турција, вечерва беа едно. Можеби тоа беше најубавиот маскенбал од сите досега одржани, маскенбал каков што само може да се посака, изјави синоќа Костадинов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-od-sdsm-maskiran-vo-tito-vo-drushtvo-na-hitler-pozirashe-so-natsistichko-zname/feed/ 0
25 Мај – Ден на младоста во Титовата Југославија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/#respond Tue, 25 May 2021 08:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=514723

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година. Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста. Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград. Штафетата на младоста е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Титова штафета“. Во носењето на првата Титова штафета учествуваа 12.500 младинци, кои претрчуваа траса долга 9.000 километри, предавајќи му ги на Тито првите девет штафетни палки и Сината книга со 15.000 потписи од младината на Шумадија. Првите штафети му се предадени во Загреб, а во следните години, се до 1956 година, Тито лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, на што претходел свечен пречек на Плоштадот на Републиката. Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија. Се до смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, штафетата му се доделувала лично на Стадионот ЈНА во Белград, со пригодна честитка со желби за добро здравје и долг живот, врачувана од најдобрите младинци и младинки. Штафетата на младоста во 1980 година, која на денот на смртта на Тито на 4 мај се најде токму на патот низ Хрватска, го прекина својот пат и е положена на одарот на претседателот во Собранието на СФРЈ. Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело. Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен. За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/25-maj-den-na-mladosta-vo-titovata-jugoslavija/feed/ 0
Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetirieset-godini-od-smrtta-na-josip-broz-tito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetirieset-godini-od-smrtta-na-josip-broz-tito/#respond Mon, 04 May 2020 06:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=341159

На денешен ден пред 40 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор. Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици. Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetirieset-godini-od-smrtta-na-josip-broz-tito/feed/ 0
Јахтата на Тито продадена за 51.000 евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jahtata-na-tito-prodadena-za-51-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jahtata-na-tito-prodadena-za-51-000-evra/#respond Tue, 17 Mar 2020 14:30:11 +0000 https://kurir.mk/?p=317881

Министерството за одбрана на Црна Гора минатата година заработило 1,8 милион евра од продажба на вишокот вооружување и воена опрема, вклучувајќи ја и продажбата на поранешната јахта на Јосип Броз-Тито. Според договорот за купопродажба, бродот на Тито му е продаден на еден државјанин на Австрија, за цена од 51.000 евра. Почетната вредност на јахтата беше проценета на 80.000 евра, објави „Вијести“. На јавната лицитација, која беше спроведена од Министерството за одбрана на Црна Гора, беа понудени на продажба и недвижности на 93 локации, а лани биле продадени три деловни простории во Тиват за 110 илјади евра. Од изнајмувањето на деловниот простор во сопственост на одбраната, минатата година бил остварен приход од 480 илјади евра. Вкупните планирани издатоци за системот за одбрана на Црна Гора во 2019 година изнесувале 8,55 милиони евра, или 1,67 отсто од БДП, додека издвојувањата за опремување и модернизација изнесувале 13,7 милиони евра или 17 отсто од вкупните издвојувања за системот за одбраната. Ова претставува пораст од 2,77 отсто во однос на проекциите за 2018 година. Во согласност со проекциите од Планот за инвестирање во одбраната за 2019-2024 година, ќе продолжи позитивниот тренд за издвојување за одбраната до 2024 година, до кога е предвидено издвојувањата за црногорската војска да достигне до два отсто од БДП и издвојување од 20 отсто од воениот буџет за опремување и модернизација. Вкупната вредност за оваа намена до 2024 година би достигнала 109 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/jahtata-na-tito-prodadena-za-51-000-evra/feed/ 0
Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otstranet-natpisot-tito-staveno-albansko-zname/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otstranet-natpisot-tito-staveno-albansko-zname/#respond Mon, 12 Nov 2018 08:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=126700

Натписот „ТИТО“ беше отстранет еден ден по акцијата на младите од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, кои го обновија во саботата. Поради случката, вчера попладне имаше зголемено присуство на полицијата во општината Тузи, пишува порталот „малесиа.орг“. Се наведува дека полицијата ги легитимирала граѓаните, а на порталот е објавена фотографија од албанско знаме на врвот Дечиќ. –Денеска претставници на втората младина на Малесија испратија јасна порака со албанското знаме дека овде нема место за имиња на диктаторите. Полицијата вчера не реагираше, но денеска да, објави порталот на албански јазик. Претставникот на Демократскиот сојуз, Иван Иванај на Фејсбук напишал дека обновувањето на натписот „ТИТО” во Дечиќ е „срамно за Малесија”, бидејќи „нема дел од Црна Гора што страдал од комунистите како Малесија”. Дваесет млади членови на ДПС во Тузи, на височина од 600 метри, во саботата ги нареденија буквите од камења, кои го прават зборот Тито. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otstranet-natpisot-tito-staveno-albansko-zname/feed/ 0
Вилата на Тито крие тајна: За неа знаеле малкумина, а сега јавно се откри https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vilata-na-tito-krie-tajna-za-nea-znaele-malkumina-a-sega-javno-se-otkri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vilata-na-tito-krie-tajna-za-nea-znaele-malkumina-a-sega-javno-se-otkri/#respond Wed, 09 May 2018 10:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=51943

Вилата Извор или како што ја нарекуваат локалните жители и работниците во Националниот парк Плитвице - „Објект 99“, е сместена далеку од погледите, во зафрлен дел од паркот и во прилично руинирана состојба, која потсетува на некогашниот сјај. При изградбата, Вилата Извор важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од страна на политички затвореници. Кодното име на објектот наводно е добиено по 99-те осуденици кои ги поставиле темелите. Додека вилата целосно функционирала, тука доаѓале политичари, пријатели и елитни гости, кои се дружеле и состанувале со Тито. Понекогаш оделе и на лов. Во салата за состаноци се воделе тајни разговори, а потоа следело релаксирање со виски и цигари. Вилата имала и кугларница, сала за билјард, дури и кино сала. Гостите кои престојувале по неколку денови можеле да се сместат во некој од елитните апартмани. Малкумина знаеле за подземниот тунел, долг 80 метри, кој служел како таен излез при вонредни ситуации. Раскошот и сјајот на вилата од минатото, денес сосема се исчезнати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vilata-na-tito-krie-tajna-za-nea-znaele-malkumina-a-sega-javno-se-otkri/feed/ 0
Титовата вила во Суботица ќе им се врати на вистинските сопственици https://arhiva.kurir.mk/svet/region/titovata-vila-vo-subotica-kje-im-se-vrati-na-vistinskite-sopstvenici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/titovata-vila-vo-subotica-kje-im-se-vrati-na-vistinskite-sopstvenici/#respond Thu, 08 Feb 2018 16:26:25 +0000 http://kurir.mk/?p=19689

По повеќе од седум децении од конфискацијата, т.н. Титова вила во гратчето Палиќ треба да им биде вратена на наследниците на Вилим Конен. Некогаш репрезентативниот објект, што се смета за културно наследство на Суботица, речиси една деценија и половина не се користи и чека нови сопственици. Богатиот германски индустријалец од еврејско потекло, Вилим Конен поседувал неколку фабрики и станови во Суботица, куќи во Нови Сад и Белград и две вили во Палиќ. Најпознатиот имот тој го изградил во 1900 година, во шумата околу Палиќ. Во вилата се родил и неговиот наследник Вилим Конен Помладиот. - Во летните периоди, богатите го минуваа своето слободно време во вилата, се рекреираа и спортуваа, раскажува Стеван Мачковиќ во својата книга „Индустријата и индустријалците во Суботица 1918–1941“. Властите во 1946 година го конфискувале целиот имот на Вилим Конен поради наводна „соработка со окупаторот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/titovata-vila-vo-subotica-kje-im-se-vrati-na-vistinskite-sopstvenici/feed/ 0
Фејсбук ќе ви го блокира профилот ако ги фалите Тито и Југославија! https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-kje-vi-go-blokira-profilot-ako-gi-falite-tito-i-jugoslavija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-kje-vi-go-blokira-profilot-ako-gi-falite-tito-i-jugoslavija/#respond Fri, 05 Jan 2018 19:26:35 +0000 http://kurir.mk/?p=7122

Фејсбук да ги брише сите постови во кои се употребуваат термините Јосип Броз Тито и Југославија- ова го бараат од Хрватското здружение „Урбана десница“. Здружението објави дека во последните неколку дена е во директен контакт со администрацијата на социјалната мрежа во Лондон и дека се пожалиле на постовите во кои се спомнува Тито. „Урбана десница“ тврди дека администраторите на Фејсбук им се заблагодариле и им најавиле дека наскоро сите содржини во кои се величат Тито или Југославија ќе бидат автоматски избришани, а профилите што ги промовираат ќе бидат блокирани. „Кога ќе добиеме официјална потврда на мејл за вклучување во алгоритамот, ќе ве информираме. Тогаш секоја ваша пријава на содржина во кои се величи злосторничкиот режим или Тито ќе бидат автоматски избришани“- велат хрватските десничари. Седиштето на здружението „Урбана десница“ се наоѓа во Сплит, а целите им се, како што тврдат да „промовираат модерни патриотски вредности и култура на животот, и да спроведат лустрација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/fejsbuk-kje-vi-go-blokira-profilot-ako-gi-falite-tito-i-jugoslavija/feed/ 0