титов врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Aug 2023 17:25:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png титов врв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалиот учесник има само 7 години, а најстариот 75: Традиционално летно искачување на Титов врв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmaliot-uchesnik-ima-samo-7-godini-a-najstariot-75-traditsionalno-letno-iskachuvane-na-titov-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmaliot-uchesnik-ima-samo-7-godini-a-najstariot-75-traditsionalno-letno-iskachuvane-na-titov-vrv/#respond Sun, 27 Aug 2023 17:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=871563

Планинарските клубови Јелак и Тетекс денеска по јубилеен 15-ти пат го организираа традиционално летно искачување на Титов врв, највисоката точка на Шар Планина. Меѓу 50-тината учесници на ова искачување беше и најмладиот седумгодишен Максим Стрезоски. Тој за прв пат го искачи највисокиот шарпланински врв, но иако е на седум години има планинарско искуство со неговите родители. -Ние планинараме и пешачиме често. Претходно бевме на искачување до месноста Лешница и тогаш праша што е следно. Ни беше предизвик и успеавме заедно. За нагоре на неколку места одмаравме и на секое прашуваше кога е следната пауза. Но, најсилна инспирација доби кој ја виде кулата, му дојде сила да ја види близу, да влезе внатре. Кога стигна на Титов врв беше пресреќен и праша дали може да се живее во кулата. Изеде сè што имав земено за јадење, вели неговата мајка Соња, која членува во ПК Тетекс. Меѓу 50-тина учесници покрај најмладиот, како највозрасeн беше 75 годишниот д-р Реџеп. Патеката од Попова Шапка до Титов врв е со должина од околу 12 километри.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmaliot-uchesnik-ima-samo-7-godini-a-najstariot-75-traditsionalno-letno-iskachuvane-na-titov-vrv/feed/ 0
На Титов врв се искачија 600 учесници https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-titov-vrv-se-iskachija-600-uchesnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-titov-vrv-se-iskachija-600-uchesnitsi/#respond Sun, 28 May 2023 19:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=839832

Околу 600 луѓе денеска се искачија на највисоката точка на Шар Планина, Титов врв во рамки на традиционалното 41-то искачување што го организираше планинарскиот клуб Љуботен. Сите тие ја поминаа „Вакуфска патека“ долга 14 километри со висинска разлика од 1047 метри. -Сите планинари кои се искачија на Титов врв и безбедно се вратија на Попова Шапка од каде тргнаа утринава. До највисокиот врв на Шар планина се искачија околу 600 планинари учесници од 27 планинарски друштва од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Хрватска. Во текот на движењето на колоната учесници се беше во ред, со оглед на тоа дека сите максимално ги почитуваа препораките на нашата организација. Времето беше облачно но стабилно со малку дожд на крајот, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен. Во текот на вчерашниот ден ПК Љуботен ја спроведе и најавената акција за чистење и подигнување на фрлени отпадоци на Попова Шапка во координација со Национален парк Шар Планина. Планинарската манифестација за отворена ја прогласи претседателот на Федерацијата на планинарски спортови Зоран Читкушев. Титов врв е на 2747 метри надморска височина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-titov-vrv-se-iskachija-600-uchesnitsi/feed/ 0
В недела традиционалното искачување на Титов врв, ден претходно ќе се одржат и повеќе активности https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv-den-prethodno-ke-se-odrzhat-i-poveke-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv-den-prethodno-ke-se-odrzhat-i-poveke-aktivnosti/#respond Fri, 26 May 2023 11:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=839049

Од утре сабота почнуваат повеќето активности во организација на планинарскиот клуб Љуботен во пресрет на традиционалното 41-во искачување на Титов Врв што ќе се случува во недела, најавија денес организаторите. Во сабота, активностите ќе се одвиваат на Попова Шапка, од каде исто така во недела ќе се тргнува кон највисокиот врв на Шар Планина. -Програмата предвидува во сабота да има акција за чистење во координација со Национален парк Шар Планина. Потоа околу 15 часот ќе се организира планинарски базар. Од 15:30 до 17:00 има планинарски квиз и забавно едукативни игри, ќе учествуват клубовите. Следува проекција на планинарски филм, додека свечено отворање ќе има во 19 часот. Ќе имаме и координативен состанок со координаторите на клубовите, изјави Јованче Даниловски, член на организацискиот тим. Во недела искачувањето започнува во 06:30 часот со тргнување на колоната од платото пред хотел Попова Шапка кон Титов Врв по Вакуфска патека. Движењето до Титов врв е веќе обележано. -Таа патека е веќе маркирана. Се надеваме дека во 11 ќе биде пристигнувањето на врвот, а од 12 да се упатиме назад за да до 16 часот биде завршена планинарската тура. Ние веќе бевме на терен периодов и имавме маркирање и скрининг на самата патека. Имаме два снежни „јазици“ долж патеката, која инаку е во добра состојба. Ќе има пет пункта долж целата тура, каде ќе има и медицински екипи каде што ќе имаме и водичи во самата колона. Сите учесници да се придржуваат до самата програмата, изјави Јованче Даниловски, член на организацискиот тим. Досега се пријавиле 400 планинари за искачувањето на врвот на 2747 метри надморска височина. -Очекуваме околу 800 планинари вкупно да бидат дел од искачувањето. Во текот на изминатите 40 искачувања бележиме околу 25000 искачени планинари. Оваа традиција е од 1980 година кога првиот пат е почнато како меморијално искачување, информираше Јован Божиноски, претседател на ПК Љуботен. Организаторите потсетуваат дека учесниците самите треба да обезбедат храна за време на планинарењето и да имаат опрема како за зимски услови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv-den-prethodno-ke-se-odrzhat-i-poveke-aktivnosti/feed/ 0
Со хеликоптер на МВР извлечен починатиот планинар кај Титов Врв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-helikopter-na-mvr-izvlechen-pochinatiot-planinar-kaj-titov-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-helikopter-na-mvr-izvlechen-pochinatiot-planinar-kaj-titov-vrv/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=757967

Преку ЦУК-Тетово во СВР Тетово вчера во 17 часот и 30 минути, Ф.Н.(24) од Куманово пријавил дека движејќи се со уште едно лице, негов пријател, кон Титов Врв, околу половина километар пред да се искачат, другото лице паднало од карпа во бездна и се повредило, но дека поради непристапниот терен и маглата Ф.Н. не можел да види за какви повреди станува збор и практично да му помогне. Набргу по пријавувањето, соопштија денеска од МВР, била организирана спасувачка потрага по двете лица во која учествувале екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово и други лица, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место. – По извесно време спасувачките екипи го пронашле Ф.Н. и го пренеле во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, a двајца припадници на МВР се повредиле во акцијата. Второто лице денеска (9 ноември) претпладне беше пронајдено починато и со хеликоптер на МВР беше извлечено од местото каде паднало вчера, се појаснува во соопштението. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршија увид и се расчистува и документира случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-helikopter-na-mvr-izvlechen-pochinatiot-planinar-kaj-titov-vrv/feed/ 0
15-годишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/15-godishniot-aleksandar-go-iskachi-titov-vrv-iako-se-soochuva-so-cistichna-fibroza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/15-godishniot-aleksandar-go-iskachi-titov-vrv-iako-se-soochuva-so-cistichna-fibroza/#respond Sat, 24 Oct 2020 09:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=420063

Петнаесетгодишниот Александар Јосифовски од Тетово се искачи на Титов врв и покрај тоа што се соочува со цистична фиброза, хронична болест поради која е потребно постојано лекување и одржување на кондицијата, пренесува Сител ТВ. Заедно со неговите родителите Мирјана и Драгољуб, како и искусниот планинарски водич Зија Јонузовски, средношколецот успеал за 3 часа и 30 минути да стигне од Попова Шапка до највисокиот врв на Шар Планина. Поради цистичната фиброза, Александар постојано вежба и се обидува да одржува добра кондиција. Есенва заедно со родителите процениле дека е подготвен за големиот потфат и успешно го реализирале. – Секој ден се подготвуваше и имаше голема желба да се качи на Титов врв. Може да се каже дека е најголемото негово доживување да се искачи на Титов врв. Овие деца најмногу страдаат од белите дробови, затоа што е мултисистемска болест и ова искачување за нас е огромен успех што значи дека стабилно стоиме со болеста, изјави мајката Мирјана, додавајќи дека во земјава има 120 деца кои боледуваат од оваа болест, од кои тројца се во тетовскиот регион. Семејството се обидува колку е можно повеќе Александар да биде во природа и така да го одржува имунитетот и добрата состојбата на белите дробови. Имаат викендица во планинското село Отуње и секој момент го користат да бидат на планина. -Основната болест е заболување на панкреасот. Компликација е намалување на капацитетот на белите дробови. Дневно прави 4-5 инахалации за да се одржуваат белите дробови со разни лекарства. Се што правиме физичка активност за белите дробови е придонес плус. Александар вози велосипед, игра баскет и прави сам кондициони тренинзи со трчање, вели мајката на тетовскиот средношколец Александар, инаку ученик во средното стручно економско училиште „8 Септември“ во Тетово. Цистичната фиброза кај Александар е откриена уште кога има осум месеци. Сите кои се соочуваат со оваа болест потенцираат дека е потребна поголема свесност за оваа состојба како и да се овозможи да се одобри нов лек за третирање на цистичната фиброза. -Треба да се регистрира една врста на лекови во Македонија што се вика Трикафта за да се подобри состојбата на луѓето со цистична фиброза. Во Европа се користи и е во напредна фаза на лечење. Пример во Словенија е регистриран лекот и се користи. Се надевам дека како што и околните земји го имаат и во Македонија ќе се донесе и ќе се одобри. Тој лек ќе помогне во соочување со цистичната фиброза и со обидите на луѓето да живеат што подолго. Во светот 60/70 години е животен век на луѓе со цистична фиброза, додека кај нас е околу 50 и тоа е најболната точка. Со леков многу би се подобрила состојбата, објаснува Мирјана. Цистична фиброза спаѓа во ретките болести и претставува наследна генска состојба, двајцата родители се носители, но не се знае што е причината да се активира. Воедно е нарушување на хлорите, таканаречена солена болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/15-godishniot-aleksandar-go-iskachi-titov-vrv-iako-se-soochuva-so-cistichna-fibroza/feed/ 0
Традицонално искачување на Титов Врв https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradiconalno-iskachuvanje-na-titov-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradiconalno-iskachuvanje-na-titov-vrv/#respond Sun, 27 May 2018 07:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=58723

Традиционалното 37-мо искачување на „Титов Врв“ во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по маркираната патека „Вакуф“ почна утрово во 6:30 часот од платото пред хотелот „Попова Шапка“ и се очекува пешачењето до највисокиот врв на Шара да трае околу четири до 4,5 часа. Патеката, велат организаторите, е средно тешка и има вкупна должина од 14 километри во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Се движи по тревна површина, по каменит предел и е делумно покриена со снег. - Патеката е маркирана со класична планинарска маркација, дополнета со знаменца. Сите учесници ќе бидат распоредени помеѓу челото и крајот на колоната, помеѓу кои ќе има водичи на клубовите кои носат видливи ознаки за препознавање (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор), посочуваат организаторите. По кратката пауза на врвот, додаваат, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, околку 14 часот каде ќе бидат посужени со чај од „Пријателите на Шара“со што настанот официјално ќе биде затворен. За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција. Оваа година се очекува бројот на искачени планинари да биде над 800.  За турата има пријавени панинари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, БиХ, Хрватска и Словенија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tradiconalno-iskachuvanje-na-titov-vrv/feed/ 0