титули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Mar 2023 15:12:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png титули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Децата на Хари и Меган добија титули – еве зошто дури денес ги добија, а не по нивното раѓање https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/detsata-na-hari-i-megan-dobija-tituli-eve-zoshto-duri-denes-gi-dobija-a-ne-po-nivnoto-ragane/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/detsata-na-hari-i-megan-dobija-tituli-eve-zoshto-duri-denes-gi-dobija-a-ne-po-nivnoto-ragane/#respond Thu, 09 Mar 2023 15:12:52 +0000 https://kurir.mk/?p=810042

Децата на војводата и војвотката од Сасекс официјално ги добија титулите принц и принцеза, објавено е на официјалната веб-страница на британското кралско семејство. Објавата дојде еден ден откако Хари и Меган објавија дека нивната ќерка Лилибет е крстена. Тригодишниот Арчи и Лилибет, која наполни една година, се прогласени за принц и принцеза од Сасекс. Арчи е шести во редот за тронот, а Лилибет е седма. Правилата со кои се регулираат титулите на кралските деца биле поставени од кралот Џорџ Петти, дедото на кралицата Елизабета, во 1917 година. Арчи и Лилибет не беа принц и принцеза по раѓањето, бидејќи не биле внуци на монархот, но тие го стекнале правото на овие титули кога кралот Чарлс се качил на тронот. „Титулите на децата се право по раѓање откако нивниот дедо стана монарх. Оваа работа е решена веќе некое време во договор со Бакингемската палата“, изјави портпаролот на принцот Хари и Меган.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/detsata-na-hari-i-megan-dobija-tituli-eve-zoshto-duri-denes-gi-dobija-a-ne-po-nivnoto-ragane/feed/ 0
КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО: Данската кралица им ги одзеде титулите на четири внуци и го шокираше целото семејство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-grom-od-vedro-nebo-danskata-kralica-im-gi-odzede-titulite-na-chetiri-vnuci-i-go-shokirashe-celoto-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-grom-od-vedro-nebo-danskata-kralica-im-gi-odzede-titulite-na-chetiri-vnuci-i-go-shokirashe-celoto-semejstvo/#respond Fri, 30 Sep 2022 11:24:23 +0000 https://kurir.mk/?p=739521

Данскиот принц Јоаким проговори по одлуката на неговата мајка, кралицата Маргарета Втора, да ги лиши своите деца од кралски титули. – Јас имав пет дена… Добив известување – да им кажам на моите деца дека ќе им биде одземен идентитетот на Нова година. Многу сум тажен бидејќи гледам колку се вознемирени и не разбираат што им се случува, изјави принцот за данските медиуми. Тој нагласи дека сите се многу тажни. – Никако не е забавно да гледаш како твоите деца ги третираат лошо. Тие се во ситуација што не ја разбираат. Во мај ми беше претставен план што во основа најавуваше дека децата ќе ја изгубат титулата кога ќе наполнат 25 години. Атена во јануари ќе наполни 11 години, додаде тој. Прашан – како оваа одлука влијаела на меѓусебниот однос со неговата мајка, кралицата, принцот накратко рече дека не треба подробно да го објаснува тоа. Во меморандум објавен во средата, данската кралска палата објави дека Николај, Феликс, Хенрик и Атена ќе го загубат именувањето принц / принцеза и титулите „Неговото / Нејзиното височество“ почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Наместо тоа, браќата и сестрите ќе бидат познати како Неговата екселенција, гроф Монпезат или Нејзината екселенција, грофица од Монпезат. - Со нејзината одлука, Нејзиното височество, кралицата сака да создаде рамка за четирите внуци да можат да ги обликуваат сопствените животи во многу поголема мера, без да бидат ограничени од посебните размислувања и должности кои им се наложуваат со формалната припадност на Кралската куќа на Данска, се наведува во соопштението. Данската палата исто така истакна дека „одлуката на кралицата е во согласност со слични прилагодувања што другите кралски куќи ги направиле на разни начини последниве години“, како на пр. Шведска пред три години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kako-grom-od-vedro-nebo-danskata-kralica-im-gi-odzede-titulite-na-chetiri-vnuci-i-go-shokirashe-celoto-semejstvo/feed/ 0
Тухел: Челзи ќе се бори за сите титули следната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tuhel-chelzi-kje-se-bori-za-site-tituli-slednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tuhel-chelzi-kje-se-bori-za-site-tituli-slednata-sezona/#respond Thu, 04 Mar 2021 10:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=477082

Тренерот на Челзи, Томас Тухел е уверен дека следната сезона „сините“ ќе можат да се борат за трофејот во сите натпреварувања на кои ќе учествуваат. – Понекогаш е корисно да се процени реалноста и да се биде подготвен да се затвори јазот што е можно побрзо. Можеме ли да ја намалиме разликата со Манчестер сити оваа сезона? Не, тоа е невозможно. Но, следната сезона, кога пак ќе почнеме од нула, ќе имаме шанса. Сити имаше проблеми оваа сезона, но никој не го искористи тоа. Во спортот, можете брзо да стигнете до врвот и да започнете да растете ако го фатите моментот. Сега Челзи се бори да биде помеѓу четирите најдобри, што беше голем предизвик кога започнавме. Од следната сезона дефинитивно ќе се бориме за сите титули во сите натпреварувања, уверува Тухел. Во моментов Челзи со 44 бода од 26 натпревари се наоѓа на 5. место во Премиер лигата. з]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tuhel-chelzi-kje-se-bori-za-site-tituli-slednata-sezona/feed/ 0
Нико Ковач: Одбраната освојува титули https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-odbranata-osvojuva-tituli/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-odbranata-osvojuva-tituli/#respond Sun, 02 Aug 2020 13:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=385210

Новиот тренер на Монако ги објасни принципите врз кои ќе работи во клубот. Тој беше назначен на 19 јули, потпишувајќи 3-годишен договор со францускиот тим. 48-годишниот Хрват помина повеќе од половина година без работа, откако беше отпуштен од Баерн по лошиот старт на сезоната. – Верувам во едно правило: напаѓачите освојуваат натпревари, одбраната освојува титулите. Видов дека Монако минатата сезона примил 44 голови, и тоа на 28 натпревари. Ремс, кој заврши на шестото место, прими само 21 гол. Тоа е важен елемент и зависи од сите играчи. Покрај тоа, сакаме да играме офанзивно, со агресија и брзина. Јас не сум тренер што стои настрана и гледа. Фудбалот е мојата страст и без страст не се постигнува ништо. Јас се обидувам да бидам близу до играчите, не сакам да се плашат од мене. Не сме пријатели, но мора да имаме добри односи, вели тој во интервју за „Екип“. Хрватот призна дека ќе му треба време да ја наметне својата филозофија. – Потпишав за три години, спортскиот директор Пол Мичел на четири. Ова го демонстрира процесот. Не можете да направите сè за еден ден. Знам дека не добивате време во фудбалот, но во нашиот случај го имаме и ќе покажеме дека ова е вистинскиот начин, посочи Хрватот. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/niko-kovach-odbranata-osvojuva-tituli/feed/ 0