то вима – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Feb 2018 08:59:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png то вима – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „То Вима“: Мали очекувања за решавање на името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/to-vima-mali-ochekuvanja-za-reshavanje-na-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/to-vima-mali-ochekuvanja-za-reshavanje-na-imeto/#respond Tue, 27 Feb 2018 08:59:57 +0000 http://kurir.mk/?p=25254

Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи. Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот, во текстот под наслов „Мали очекувања за решавање на името со ПЈРМ“, анализира дека се прават напори за да се доближат позициите на двете страни. - Постојат многу отворени прашања и многу случаи кои предизвикуваат несогласувања меѓу двете страни. Се прават напори за да постои поклопување за основни точки, но постојат многу разлики, коментираат за „То Вима“ грчки дипломати. Според весникот, во пречките што се поставуваат се и честите споменувања на Уставот од премиерот Заев, и ставовите дека не е потребна промена затоа што не постои ниту иредентизам, ниту територијални претензии. - Ова е една точка што тешко може да помине овде во Грција, па дури и да биде прифатено името, коментира „То Вима“. Во однос на името, весникот пишува дека и покрај тоа што Горна Македонија преовладува, сепак, ни тоа прашање не е затворено. МИА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/to-vima-mali-ochekuvanja-za-reshavanje-na-imeto/feed/ 0
„То Вима“: Коѕијас и Димитров одат чекор по чекор напред за договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/to-vima-kodzijas-i-dimitrov-odat-chekor-po-chekor-napred-za-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/to-vima-kodzijas-i-dimitrov-odat-chekor-po-chekor-napred-za-dogovor/#respond Sun, 18 Feb 2018 09:46:50 +0000 http://kurir.mk/?p=22622

Постојат точки на поклопување на мислењата, но и позитивна клима по средбата во Виена, а клуч за конечен договор останува комбинацијата од постепена примена на ерга омнес со промена на Уставот, пишува весникот „То Вима“ во анализата за маратонските разговори на Никола Димитров и Никос Коѕијас. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, новинарот коментира дека веќе треба да се смета за сигурно забрзувањето на разговорите, но и променетиот состав на инволвираните страни, бидејќи од ниво на преговарачи, преговорите сега се водат на ниво на министри за надворешни работи. - Во јадрото на разговорите се наоѓа Меѓународниот договор што ќе ја замени Времената спогодба од 1995 и ќе стане основен столб на идните односи меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија. Од оваа гледна точка, името што на крај ќе се одбере не е самото по себе „големиот трн“, барем за Атина, пишува „То Вима“. Во однос на името, повикувајќи се на изјавите на македонскиот премиер, новинарот анализира дека предлозите на Нимиц што се со временска одредница веќе не се на преговарачката маса. По „Република Македонија (Скопје)“, што беше отфрлено од грчката страна, сега се чини дека и „Република Нова Македонија“, според „То Вима“, е името за кое не се разговара. - Клучна точка останува комбинацијата на постепена примена на ерга омнес со промените во скопскиот Устав, што ги бара грчката страна. Не е јасно колкав напредок е постигнат во оваа точка, но од постоечките информации, Атина не е негативно настроена во однос на тоа да му даде „грејс период“ на Скопје за да го смени внатрешното име. Нормално, ќе треба да се договори точната формула според која ова ќе се направи, но и временскиот периодот (на пр. 1 година). - пишува весникот „То Вима“ во анализата, пренесува МИА. Новинарот во анализата коментира дека според јавните изјави, македонската страна смета дека јазикот и идентитетот се прашањата за кои не може да се преговара МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/to-vima-kodzijas-i-dimitrov-odat-chekor-po-chekor-napred-za-dogovor/feed/ 0