тоалети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 14:25:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тоалети – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СРАМНА СОСТОЈБА КОЈА ГО ЗАГРОЗУВА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА: Нехигиената во тоалетите во училиштата во Крива Паланка ги револтира и загрижува сите, само НЕ надлежните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramna-sostojba-koja-go-zagrozuva-zdravjeto-na-decata-nehigienata-vo-toaletite-vo-uchilishtata-vo-kriva-palanka-gi-revoltira-i-zagrizuva-site-samo-ne-nadleznite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramna-sostojba-koja-go-zagrozuva-zdravjeto-na-decata-nehigienata-vo-toaletite-vo-uchilishtata-vo-kriva-palanka-gi-revoltira-i-zagrizuva-site-samo-ne-nadleznite/#respond Tue, 06 Dec 2022 14:25:12 +0000 https://kurir.mk/?p=771808

На прагот на 2023-та година, во XXI век, додека цел свет оди напред во образовниот систем со најнови технологии и современи услови, ние во Македонија сме соочени со основни проблеми во сите генерации. И кога зборуваме за основни проблеми, се соочуваме со прашања во кои дефинитивно се допира дното. Темата која денес ја објавуваме е нешто за кое е срамота да се зборува, но срамот е кај надлежните во повеќе скалила. Тоалетите во основните училишта во Крива Паланка се жив извор на зарази бидејќи хигиената во нив е на најниско можно ниво. Тоалетните школки кои ги користат МАЛИ ДЕЦА не се чистат со денови. Револтирани, а пред сè загрижени родители, ја контактираа редакцијата на КУРИР, да нè информираат дека не успеале да допрат до надлежен со слух за овој проблем во општината. Во Крива Паланка има две основни училишта, „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“. Децата од цел град одат на настава токму овде. За иронијата да биде поголема, едно од училиштата пред извесно време е реновирано. Но, што значат за децата новите тоалетни школки, доколку поради нехигиената во нив мораат да избегнуваат да ги користат? Татко на дете од прво одделение кој стапи во контакт со нас, вели дека од септември молчеле за овој проблем бидејќи мислеле дека е нешто кое ќе се реши. Но, тоалетите во кои одат неговото и десетици други деца, секој ден изгледаат се полошо. Миризбата која се шири од таму е неподнослива и ги зафаќа и училишните ходници, но и дел од блиските училници. -Може е срамота да пријавувам ваков проблем. Но кога станува збор за деца, знаете, мора да се пријави. Со недели се обраќаме до претпоставените и во училиштето и во општината. Слушаат и не прават ништо. Секако, не одат нивните деца во вакви мизерни услови. Не бараме којзнае што, бараме хигиеничарите да чистат тоалети во кои одат деца. Извор на зарази е тоа што може да го видите таму. Никој не сака да превземе нешто, напротив, како со некоја доза на чудење дека зборуваме на оваа тема реагираат, рече таткото на детето. КУРИР контактираше и други родители чии деца учат во овие две училишта. Револтот кај нив настанал во моментот кога неколку дечиња почнале дома да се жалат на болки во стомачињата. Со часови додека се на настава се воздржувале да одат во тоалет бидејќи од тоа што го гледаат и мирисаат таму чувствувале нагони на повраќање. И тука доаѓа најголемиот проблем. Проблем пред кој ниту еден родител нема да молчи – здравјето на децата! Ако на тие надлежни таму, темата за хигиената не им е нешто за кое чувствуваат потреба да превземат одговорност, сега се соочени со проблем со здравје кај некои ученици. По преглед на лекар, кај деца е откриено присуство на инфекција, која според медицинските лица, најверојатно е добиена во валканите тоалети. Од родителите со кои разгиваравме побаравме да ни испратат писмено соопштение, со деталите за состојбата со која се соочуваат. Нивниот одговор можете да го погледнете во продолжение: „Како загрижени родители ви се обраќаме на вас, бидејќи со раководството во училиштата немаме никакво разбирање, а ни слух од нивна страна. Се работи за хигиената во основните училишта во Крива Паланка, каде учениците користат тоалети во ужасна состојба, неподнослива смрдеа, нечистени редовно и се закана за ширење на зараза кај најмалите. Иако е реагирано кај вработени во училиштето и кај директорите, од нив добиваме одговор дека тоалетите биле чистени редовно и дека немало проблем, а учениците го кажуваат спротивното. Веќе има и случаеви на инфекции кај мали дечиња од прво и второ одделение, на кои им било кажано дека е наводно од нечистотија. Самите родители се бориме и објаснуваме дека не се одржува хигиената како што треба, а и сите се жалат дека овој проблем во училиштата не е решен со години, дека имаат проблем со хигиената во сите училишта. Повеќето родители се плашат да се бунат, што поради нивни блиски вработени таму или пак лично тие се поврзани со некои работни места од кои би им зависело работното место ако многу се бунат јавно за тој проблем. Исто така и стравуваат дека нивните деца ќе бидат таргетирани и ќе бидат оценувани различно од останатите и ќе се двојат од другите деца. Се прашуваме сите до кога вака во 21ви век ќе се бориме за хигиената во училиштата и здравјето на нашите деца“. За тоа дека децата немаат основни хигиенски услови, запознаен е и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Родителите очекувале дека тој ќе превземе нешто, кога веќе директорката седи со скрстени раце. Но, залудно. Родителите често влегуваат до тоалетите да видат дали има подобрување на состојбата. И секој ден се соочуваат со грозна слика таму. Измет, крв, прашина, хартија, влага... неисчистени со денови. Тоа е сликата на која се сведоци. До нашата редакција испратија и низа фотографии, од кои ви објавуваме само дел, од разбирливи причини. Велат, штета што не може да ви доловиме како мириса училиштето од валканите тоалети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramna-sostojba-koja-go-zagrozuva-zdravjeto-na-decata-nehigienata-vo-toaletite-vo-uchilishtata-vo-kriva-palanka-gi-revoltira-i-zagrizuva-site-samo-ne-nadleznite/feed/ 0
Астронаутите на МВС останаа без тоалет, па мора да користат пелени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautite-na-mvs-ostanaa-bez-toalet-pa-mora-da-koristat-peleni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautite-na-mvs-ostanaa-bez-toalet-pa-mora-da-koristat-peleni/#respond Wed, 27 Nov 2019 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=269958

Тоалетите на Меѓународната вселенска станица (МВС) се вон употреба. Поради тоа, астронаутите се принудени да користат посебни „памперси”, пренесува БГНЕС, повикувајќи се на разговори меѓу членови на екипажот со централата на НАСА. На МВС има два тоалета од руско производство. На двата вселенски брода „Сојуз” исто така има по еден, но тие се користат само за време на лет и само во случај на крајна неопходност при престој на МВС. Според информации на командирот на Станицата, Лука Пармитано, тоалетот во американскиот оддел не работи поради постојани индиции за неисправност, а рускиот – поради сигнализација за преполнетост. Притоа, тој се консултираше со централата во Хјустон околу тоа – астронаутите привремено да ги употребуваат уредите за собирање урина, коишто се наоѓаат во европската вселенска лабораторија Колумбус. Решението е најдено. Не е познато, сепак, каде завршуваат искористените „памперси” на астронаутите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/astronautite-na-mvs-ostanaa-bez-toalet-pa-mora-da-koristat-peleni/feed/ 0
Животот кој го ветуваше СДСМ никако да дојде во студентскиот дом „Стив Наумов“- тоалетите на студентите во нечовечки услови (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivotot-koj-go-vetuvashe-sdsm-nikako-da-dojde-vo-studentskiot-dom-stiv-naumov-toaletite-na-studentite-vo-nechovechki-uslovi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivotot-koj-go-vetuvashe-sdsm-nikako-da-dojde-vo-studentskiot-dom-stiv-naumov-toaletite-na-studentite-vo-nechovechki-uslovi-foto/#respond Tue, 07 May 2019 16:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=195244

За студентите и две години откако СДСМ е на власт заедно со директорот на Државниот студентки дом Дарио Николовски тие се уште не го дочекале „животот за сите“ кој го вети власта. Имено во моментов условите во тоалетите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се повеќе од очајни и алармантни. Студентите секојдневно се жалат до надлежните за лошите нехигиенски услови во низ сите домови, но директорот и власта се уште се глуви и слепи на нивните реални барања и потреби. Инаку КУРИР пред неколку месеци направи тема за реалните проблеми на студентите кои ова зимо се капеа со ладна вода во тоалетите иако надвор беа минусни температури, јадеа мувлосана храна и стаорци и змии им се шетаа по ходниците и собите додека директорот си дозволуваше скапи одмори за време на новогодишните празници, целиот текст можете да го погледнете во продолжение. КУРИР ТЕМА: Студентите среде зима се бањаат со ладна вода, јадат мувлосан леб, директорот Дарио Николовски се луксузира во Загреб (ВИДЕО) Речиси секоја година скромната и елементарна новогодишната желба на студентите сместени во студентските државни домови во Скопје никако да се оствари. Министерството за образование и наука наместо мајка е маќеа на студентите, додека директорот на Државниот студентски дом, Дарио Николовски е нем на повиците на студентите и медиумите за нечовечките услови за живот во студентските домови. КУРИР на иницијатива на студентите од повеќе студентски домови замина на терен за да ги слушне проблемите на студентите, но и побара одговор од директорот кој до овој момент на нашите прашања „Што се презема за решавање на проблемите на студентите во сите студентски домови во Скопје?“, нема никаков одговор. Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје кои ги снимивме минатата недела се пожалија за немањето на топлата вода во домот речиси повеќе од седум дена и капењето со ладна вода, а како што не информираа денеска тие повторно се оставени без топла вода. -Проблемот во студентскиот дом Гоце е тоа дека немаме топла вода веќе од септември, во А блок никако, претходно одевме да се бањаме во Б блок, но и таму нема. Цело време се жалиме до управникот и директорот, зборат дека проблемот е решен. Ни кажаа дека пумпата е извадена и дека треба да стаса новата, ама тоа ни го кажуваат веќе подолго време, така да вода нема и се бањаме со ладна вода. И додека другите уживаат ние се разболуваме и очекуваат од нас да плаќаме хранарина и станарина, а немаме услови тука. Они се одговорни, вели студентка која е сместена токму во домот. Друг студент кој исто така е дел од студентскиот дом Гоце Делчев вели дека откако се бањаат со ладна вода се шегуваат дека се подготвуваат за Водици и се надеваат дека некој од студентите ќе го фати крстот бидејќи има веќе искуство да се бања во ладна вода. -Храната е многу минимална, не е доволна за да се најадеш, лифтовите кога- како работат, секој дом има проблеми, но да не навлегуваме во нивните проблеми, ние да ги решиме нашите проблеми, вели студентот. Третиот наш сведок пак вели дека тие се обратиле и до Министерството за образование и наука, но од таму не добиле никаков одговор, тие напротив не ни кревале на телефон за да им се пожалат на некого или пак директно на министерот или директорот. -Проблемите не се само со топлата вода, а топлата вода е нешто што најмногу ни е потребно во моментов, водата е кочан ладна и нема никакво греење на бојлерите. Проблем е и мензата, исхраната е намалена и има само еден вид на храна. Студентите едногласно на нашето прашање дали се плашат  и дали добиваат закани тие велат дека не смее да се пожалат никаде, бидејќи претходните студенти кои што се бунеле за проблемите биле избркани од домовите каде и да се пожалиле јавно. Во меѓувреме минатата недела добивме и одговор од студентите, но и од Државниот студентски центар дека проблемот е решен. Но, денеска студентите повторно се обратија до редакцијата на КУРИР каде ни кажаа дека топла вода повторно нема веќе три, четири дена во блокот А од шести кат нагоре, додека од шести кат надоле нема топла вода веќе еден ден. Освен овој проблем, студентите се соочуваат и со лошата храна во домот која честопати знае да биде иста три пати во денот, а неодамна јаделе и мувлосан леб. Сликата речиси да е иста и во студентските домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“. Неодамна до редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од нечовечките услови за живот во двата дома, особено во тоалетите од каде како што тврдат студентите се шират и заразни болести. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivotot-koj-go-vetuvashe-sdsm-nikako-da-dojde-vo-studentskiot-dom-stiv-naumov-toaletite-na-studentite-vo-nechovechki-uslovi-foto/feed/ 0