ТОАРИЛУЦ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 07:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ТОАРИЛУЦ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изведена комплексна реконструкција на подлактица со коскено ткиво од донор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvedena-kompleksna-rekonstruktsija-na-podlaktitsa-so-koskeno-tkivo-od-donor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvedena-kompleksna-rekonstruktsija-na-podlaktitsa-so-koskeno-tkivo-od-donor/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=890123

Минатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ беше изведен комплициран оперативен зафат, реконструкција на горен екстермитет, во кој на 44 годишен маж повреден со огнено оружје му беше направена трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор. -Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Oштетена e една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот користена е фибула од починат донор и истата е фиксирана со плочки и штрафови - објаснува Д-р. Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој учествуваше во транспланатацијата заедно со Д-р. Александар Савески. Пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и враќање на комплетната функција на раката. Ова е трета по ред транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22 во последниве три години откако на Клиниката за Ортопедија започна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvedena-kompleksna-rekonstruktsija-na-podlaktitsa-so-koskeno-tkivo-od-donor/feed/ 0
Отворен реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-renoviraniot-hirurshki-urgenten-centar-vo-sklop-na-jzu-uk-toariluc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-renoviraniot-hirurshki-urgenten-centar-vo-sklop-na-jzu-uk-toariluc/#respond Fri, 29 Jul 2022 12:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=711898

Од денеска е пуштен во употреба реновираниот Хируршки ургентен центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“ во Скопје, за кој Владата издвои осум милиони денари буџетски средства и средства од донации. Станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар. На отворањето присуствуваа вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерот за здравство Беким Сали, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Министерот Сали потенцира дека за првпат после 30 години комплетното се реновираат просториите на Хируршки ургентен центар, а реализирана е и набавка на медицински инвентар и опрема за центарот. -Со ваквите настани одбележуваме унапредување на условите за третман на пациентите кои се посебно значајни за мене како министер за здравство, но и како пациент земајќи предвид дека речиси секој од нас се нашол во ситуација да побара здравствена услуга, тука на Ургентниот центар. Фактот дека во оваа установа имаме комплетна реконструкција на простор на површина од 400 метри квадратни е показател за успешното менаџирање на оваа Клиника, чие раководство и во сензитивни услови на пандемија, успева значително да ги унапреди условите за третман на пациентите и да ја промени сликата и првиот впечаток кој го стекнуваат пациентите при барањето на медицинска помош тука во Ургентниот центар. Конкретно, реновиран е делот во кој се сместени приемното одделение, собата за реанимација, собата за тријажа, операционата сала, асептичната соба, помошните простории и санитарни чворови. За оваа цел се издвоени осум милиони денари буџетски средства и средства од донации, изјави Сали. Директорот на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Александар Трајановски истакна дека се работи за комплетна реконструкција на простор за првпат после 30 години со површина од 400 метри квадратни. -По целосната реконструкцијата на Клиниката за Ортопедски болести ова е уште еден проект во ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје кој ја измени комплетно сликата на оваа здравствена установа и ќе понуди нов квалитет на услугите за пациентите кои овде се лекуваат. Во состав на Ургентниот центар има апарат за компјутерска томографија и РГТ апарат, со што пациентите добиваат целосна дијагностика по приемот во болницата. Ургентниот хируршки центар е најголема здравствена установа во земјава која пружа ваков тип на медицински услуги. Годишно 35.000 пациенти се примаат во Ургентниот центар од цела територија на Северна Македонија. Дел од нив се згрижуваат во Ургентниот центар каде им се пружа неопходната медицинска помош, а дел се згрижуваат на останатите клиники за понатамошен третман, изјави Трајановски. Вицепремиерката Грковска пак, оцени дека инвестиции во јавното здравство значат мотивирани здравствени работници, но и задоволни граѓани. – Добриот начин на управување, стратешкиот пристап даваат добри и видливи резултати. Создаваат услови за квалитетни услуги на граѓаните што мора да биде најголем приоритет за сите носители на јавни функции. Со оваа и со сите претходни инвестиции создадена е обновена, модерна и пред се високопрофесионална Клиника, која продолжува да се развива по сите светски стандарди во најдобрите традиции на професионализмот, знаењето и стручноста. Со овие вложувања Владата ја искажува својата цврста решеност да продолжи да инвестира во здравствениот систем, што подразбира поквалитетен живот и подолг животен век на секој граѓанин, изјави таа. На настанот беа доделени и благодарници на УНХЦР, Црвениот крст, како и на една приватна општествено одговорна компанија, кои го поддржаа реновирањето на Ургентниот – хируршки центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-renoviraniot-hirurshki-urgenten-centar-vo-sklop-na-jzu-uk-toariluc/feed/ 0
Ургентен центар почнува со реновирање: Еве каде ќе се праќаат итните случаи од Скопје, а каде од другите градови при зголемен број пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/#respond Sat, 30 Apr 2022 17:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=670243

Подготвителните активности за реконструкција на Ургентниот центар и новиот начин на функционирање беа повод за денешната посета на министерот за здравство, Беким Сали на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. -Заедно со директорот, д-р Александар Трајановски направивме обиколка на просторот, каде е направено соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патеката на движење на возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија. Во периодот на реновирање, пациентите со итна патологија се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, кој времено се преадаптира во Ургентен центар, информира Сали. Согласно планот предвидено е во случај на зголемен број пациенти, за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести Свети Наум Охридски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/urgenten-centar-pochnuva-so-renoviranje-eve-kade-kje-se-prakjaat-itnite-sluchai-od-skopje-a-kade-od-drugite-gradovi-pri-zgolemen-broj-pacienti/feed/ 0
Се затвора Ургентниот центар на Клинички до јули https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/#respond Wed, 27 Apr 2022 09:18:08 +0000 https://kurir.mk/?p=668494

Главниот Ургентен центар во државата од идната недела до јули наместо со пациенти ќе биде полн со градежни работници, објави Сител телевизија. Поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Директорот на ТОАРИЛУЦ уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи. Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија. -Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал до сега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Така да планираме тоа да трае еден до два месеци и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми, изјави Д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ за Сител. Дневно низ Ургентниот центар поминуваат 100-тина пациенти. Тука ги примаат и најголем дел од повредените во разни несреќи од целата држава. Трајановски вели дека и додека трае реновирањето вработените ќе си бидат на работните места, но доколку има наплив на пациенти било договорено тие од внатрешноста ќе ги носат во ГОБ 8 септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница. -Договорено е доколку има наплив на пациенти да се пренасочат во тие две установи додека трае реновирањето, вели Д-р Трајановски. Веќе две недели затворена е и Инфективната клиника поради темелно чистење, а вработените се на колективен одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zatvora-urgentniot-centar-na-klinichki-do-juli/feed/ 0
Назначен нов директор на ТОАРИЛУЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naznachen-nov-direktor-na-toariluc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naznachen-nov-direktor-na-toariluc/#respond Tue, 06 Oct 2020 08:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=412865

Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен д-р Александар Трајановски. Д-р. Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломира во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет. Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р. Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/naznachen-nov-direktor-na-toariluc/feed/ 0
Донација од Кожувчанка за Клиниката ТОАРИЛУЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-kozuvchanka-za-klinikata-toariluc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-kozuvchanka-za-klinikata-toariluc/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:09:42 +0000 https://kurir.mk/?p=360752

Кожувчанка ДОО денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар донираше медицинска опрема во вредност од 10.000 евра, за заштита на пациентите во новонастанатата состојба со COVID19 кризата во нашата држава. Се работи за апарат за вентилација при транспорт на пациенти со погон на кислород, модел Oxylog VE300 Basic Drager Germany. Со апартот се испорачува и боца за кислород, редуцир вентил за кислород, носач на апаратот и боцата, пациент црева и адаптери за напојување. Овој апарат кој е подвижен и со современа вентилација, ќе овозможи полесен транспорт на пациентите до клиника или помеѓу клиниките поради различните испитувања на пациентите кои се заболени од COVID-19. Кожувчанка ДОО е компанија која постојано бара начини да биде општествено одговорна компанија. Особено радува тоа што овој вид на донација врз основа на укажувањата на клиниката е од особена важност за настанатата состојба со COVID-19 кризата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donacija-od-kozuvchanka-za-klinikata-toariluc/feed/ 0
НЕМА ПОДОБРУВАЊЕ: Повредените во експлозијата во Романовце и натаму во критична состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-podobruvanje-povredenite-vo-eksplozijata-vo-romanovce-i-natamu-vo-kritichna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-podobruvanje-povredenite-vo-eksplozijata-vo-romanovce-i-natamu-vo-kritichna-sostojba/#respond Tue, 25 Feb 2020 10:50:18 +0000 https://kurir.mk/?p=308513

Тројцата пациенти кои беа хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце се уште се наоѓаат во тешка критична состојба. Директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани денес информираше за нивната состојба истакнувајќи дека нема подобрување. -Состојбата на повредените при експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце е крајно тешка за двете жени и нема никаква промена во однос на подобрување. Состојбата кај мажот не е променета, тој е во тешка, но стабилна состојба и е на апарат на вештачко дишење, нагласи Хасани. Тој посочи дека сите тројца пациенти се во кома и на вештачко дишење. Хасани вчера истакна дека кај двете жени се утврдени изгореници на над 80 проценти од телото, додека мажот има околу 45% изгореници. Во експлозијата на плинска боца на лице место загинаа три деца на возраст од 8,9, и 11 години. Подоцна во текот на денот, на повредите им подлегна и 60 годишен маж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-podobruvanje-povredenite-vo-eksplozijata-vo-romanovce-i-natamu-vo-kritichna-sostojba/feed/ 0
Повредените во Романовце се уште во критична состојба, две жени со над 80% изгореници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-vo-romanovce-se-ushte-vo-kritichna-sostojba-dve-zeni-so-nad-80-izgorenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-vo-romanovce-se-ushte-vo-kritichna-sostojba-dve-zeni-so-nad-80-izgorenici/#respond Mon, 24 Feb 2020 10:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=307956

Во тешка и критична состојба се тројцата пациенти кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце. Директорот на ТОАРИЛУЦ Хасани денеска информираше за состојбата на повредените, хоспитализирани се тројца пациенти, две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години. -Двете жени се во тешка и критична состојба. Се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници со над 80 проценти, додека мажот е отприлика со изгореници од 45 проценти. Тројцата пациенти се на апарати за вештачко дишење со тешка и критична состојба, истакна Хасани. Синоќа на КАРИЛ на повредите им подлегна 60 годишен маж. Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која вчера загинаа деца на возраст од 8, 9 и 11 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredenite-vo-romanovce-se-ushte-vo-kritichna-sostojba-dve-zeni-so-nad-80-izgorenici/feed/ 0
Филипче ги посети повредените војници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-poseti-povredenite-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-poseti-povredenite-vojnici/#respond Thu, 22 Mar 2018 12:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=32199

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево ги посети двајцата повредени војници од касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, кои се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). - Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И двајцата се со склопетарни повреди, прострелни повреди на левата натколеница, се наоѓаат во стабилна состојба и не се во животно загрозувачка состојба. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови, изјави Филипче по посетата. Додаде дека засега не се забележува некој сериозен дефицит во движењето на ногата и кај двајцата пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-poseti-povredenite-vojnici/feed/ 0
МЗ ќе направи анализа за случајот со 15-годишникот кој почина при операција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-kje-napravi-analiza-za-sluchajot-so-15-godishnikot-koj-pochina-pri-operacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-kje-napravi-analiza-za-sluchajot-so-15-godishnikot-koj-pochina-pri-operacija/#respond Thu, 25 Jan 2018 08:26:40 +0000 http://kurir.mk/?p=14812

Министерство за здравство соопшти дека ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15-годишно момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција. Целиот кадар на Клиниката за ортопедија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето, стои во соопштението од Министерството. Исто така, наведуваат од Министерството, формирана е и комисија на Клиниката која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата ќе се соопштат транспарентно на целата јавност. Во наредните денови се очекуваат и официјалните резултати од Институтот за судска медицина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-kje-napravi-analiza-za-sluchajot-so-15-godishnikot-koj-pochina-pri-operacija/feed/ 0