тодор александров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 14:17:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тодор александров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски: 98 години од погибијата на легендарниот водач на ВМРО, Тодор Александров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-98-godini-od-pogibijata-na-legendarniot-vodach-na-vmro-todor-aleksandrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-98-godini-od-pogibijata-na-legendarniot-vodach-na-vmro-todor-aleksandrov/#respond Wed, 31 Aug 2022 14:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=726792

98 години од погибијата на легендарниот водач на ВМРО Тодор Александров. Стана легенда и во поробена и поделена Македонија, како и во светот уште додека беше жив. Страв и трепет во кралските дворови на Бугарија, Србија и Грција, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој објави цитат од весникот Чикаго дејли њуз од САД: "Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика стариот и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како апостол, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово предавање." - Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-98-godini-od-pogibijata-na-legendarniot-vodach-na-vmro-todor-aleksandrov/feed/ 0
97 години од загинувањето на Тодор Александров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/97-godini-od-zaginuvanjeto-na-todor-aleksandrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/97-godini-od-zaginuvanjeto-na-todor-aleksandrov/#respond Tue, 31 Aug 2021 05:46:32 +0000 https://kurir.mk/?p=556958

На денешен ден, 31 август во 1924 година кај селото Лопово на Пирин Планина бил убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев – Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис. Роден бил во Ново Село, Штипско на 4 март 1881 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/97-godini-od-zaginuvanjeto-na-todor-aleksandrov/feed/ 0
Шилегов ќе ја преименува катната гаража Тодор Александров по белградска конфекција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-kje-ja-preimenuva-katnata-garaza-todor-aleksandrov-po-belgradska-konfekcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-kje-ja-preimenuva-katnata-garaza-todor-aleksandrov-po-belgradska-konfekcija/#respond Tue, 13 Nov 2018 11:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=127288

Откако во јавноста се појави веста дека Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за применување на две катни гаражи во центарот на градот револтирани граѓани го возвратија ударот. Имено тие му порачаа на градоначалникот на град Скопје да ги одржува двете катни гаражи кои се во катастрофална состојба и наместо да ги преименува да ги одржува и да набави нова опрема. Сликата на терен во катната гаража „Тодор Александров“ која наскоро ќе биде преименувана во „Беко“ која е кратенка од белградска конфекција е повеќе од застрашувачка. Графити има на секој чекор, лифтот не работи, а движењето по скалите и ходниците често наликува на сцена од некој хорор филм. Инаку пред советниците за седницата закажана за денес е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26-ти јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-kje-ja-preimenuva-katnata-garaza-todor-aleksandrov-po-belgradska-konfekcija/feed/ 0
Пропадната српска конфекција, за СДСМ е позначајна од човекот кој беше ликвидиран поради борба за независна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propadnata-srpska-konfekcija-za-sdsm-e-poznachajna-od-chovekot-koj-beshe-likvidiran-poradi-borba-za-nezavisna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propadnata-srpska-konfekcija-za-sdsm-e-poznachajna-od-chovekot-koj-beshe-likvidiran-poradi-borba-za-nezavisna-makedonija/#respond Tue, 06 Nov 2018 15:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=124262

Градот Скопје на следната седница на Советот на Скопје идната недела ќе започне со менување на имињата на катните гаражи, така што пред советниците ќе се најде предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“. Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“ се предлага да се преименува во „Беко“, заради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“, која сега не постои. На Град Скопје, предводено од доскорашниот портпарол на СДСМ,Петре Шилегов, очигледно им пречи името на легендарниот водач на ВМРО, кој е ликвидиран заради неговата борба за независна Македонија. Предност даваат на фирма која ниту во Србија веќе не постои. На локалната власт на чие чело се сопартијците на премиерот Зоран Заев, повеќе им се допаѓа името „Беко“ што е скратеница од името на фирмата „Београдска конфекција“. Додека во Македонија, по ова име ќе се крстува катна гаража, името „Беко“ во Србија симболизира жестоко кршење на работнички права и голема голгота. Конфекцијата „Беко“ веќе 15 години е во стечај. 4500 акционери, односно нивните наследници, уште чекаат да им бидат исплатени нивните пари. Како што пишуваат српските медиуми, половина од луѓето кои минаа голгота чекајќи ги заработените пари, починале, па сега битката ја водат нивните деца. „Беко“ своите доверители ги исплати во 2009-та година. На својата сметка има орочени 29 милиони евра и непродаден имот. Разврската се чека, но судските спорови и рочишта траат предолго. Оваа сторија изгледа повеќе им се допаѓа на претставниците на СДСМ, отколку името на човекот кој е херој во македонската историја. Тодор Александров Поп-Opушов е македонски политички лидер, војвода и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров(1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев - Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/propadnata-srpska-konfekcija-za-sdsm-e-poznachajna-od-chovekot-koj-beshe-likvidiran-poradi-borba-za-nezavisna-makedonija/feed/ 0
ФОТО: Наместо одржување и нова опрема, Шилегов на катната гаража „Тодор Александров“ и даде ново име https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-namesto-odrzuvanje-i-nova-oprema-shilegov-na-katnata-garaza-todor-aleksandrov-i-dade-novo-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-namesto-odrzuvanje-i-nova-oprema-shilegov-na-katnata-garaza-todor-aleksandrov-i-dade-novo-ime/#respond Tue, 06 Nov 2018 13:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=124148

Откако во јавноста се појави веста дека Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за применување на две катни гаражи во центарот на градот револтирани граѓани го возвратија ударот. Имено тие му порачаа на градоначалникот на град Скопје да ги одржува двете катни гаражи кои се во катастрофална состојба и наместо да ги преименува да ги одржува и да набави нова опрема. Сликата на терен во катната гаража „Тодор Александров“ која наскоро ќе биде преименувана во „Беко“ е повеќе од застрашувачка. Графити има на секој чекор, лифтот не работи, а движењето по скалите и ходниците често наликува на сцена од некој хорор филм. Инаку пред советниците за седницата закажана за наредниот вторник е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26-ти јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”. „Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година“, пишува во образложението на предлогот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-namesto-odrzuvanje-i-nova-oprema-shilegov-na-katnata-garaza-todor-aleksandrov-i-dade-novo-ime/feed/ 0
Ова време многу ме асоцира на времето и состојбите во кое се наоѓал Александров пред да биде убиен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-vreme-mnogu-me-asocira-na-vremeto-i-sostojbite-vo-koe-se-naogjal-aleksandrov-pred-da-bide-ubien/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-vreme-mnogu-me-asocira-na-vremeto-i-sostojbite-vo-koe-se-naogjal-aleksandrov-pred-da-bide-ubien/#respond Sat, 23 Dec 2017 11:58:06 +0000 http://kurir.mk/?p=1184

Ова време многу ме асоцира на времето и состојбите во кое се наоѓал Тодор Александров во месеците пред да биде убиен во 1924 година, и состојбата во која тој бил тогаш, иако се е во сосема различен контекст, изјави Никола Груевски на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ. -Имено, Александров во месеците пред да биде убиен се наоѓа во исклучително тешка и безизлезна ситуација. Од една страна бугарската влада која претходно го подржувала му дава дознание дека заради притисокот од надвор е под притисок да го уапси, и му дава сигнал дека треба да си замине од нејзината територија ако сака да го збегне тоа. Тоа е време кога околните држави особено Србија и Грција имаат издадено потрнициа со парична награда за кој ќе го убие, и неколку пати го зголемувала износот на таа потерница. Паралелно на тоа, иако посилен сепак го исцрпуваат честите директни вооружени пресметки со левицата. Се обидел да добиепомош од Англија, но било безуспешно. Се обидел да се сретне со американскиот амбасадор во Софија но тој не прифатил, а дознал и дека истиот искоментирал: не сакам да имам ништо со тој бандит. Истовремено неговиот соработник од ЦК Чаулев соработува со СССР, во тоа време многу значаен фактор на балаканот и во Европа, а Протогеров веќе коментирал дека кај и да е СССР, ќе ја врати силата што ја имаше царска Русија и треба да се соработува со нив, иако биле идеолошки и класни непријатели. Самиот Александров е антикомунист и несакал да соработува со СССР. Но согледувајќи дека ВМРО на Александров е најсилната револуционерна организација набалканот и во Европа во тоа време, и согледувајќи ја неговата ситуација агент на СССР решава да му пристапи. СССР во тоа време се во идеолшки филм за во што поголем број земји да се воспостави комунистички режим. Тие сметале дека социјализмот во СССР неможе да се третира како успех, и дека тоа може да е само иницијална каписла за негово ширење во цела Европа а потоа и во цел свет, и биле посветени на тоа. Нив не ги интересирало толку нацијата и националното, туку класното, и биле подготвени се да ветат, па и да реализираат доколку се прифати социјалистички поредок. Тие за први земји каде сметале дека можат да успеат со социјалистичка револуција  ги таргетирале Германија на западот и Бугарија на истокот. За Бугарија им бил важен Александров и ВМРО. Тие биле во непосредна и тесна соработка со левицата на Влахов, но тие биле на теренот далеку послаби од десницата на Александров, и нивниот антагонизам бил огромен, што секојдневно се убивале меѓусебе. Проучиле дека нему му е најважно да добие автономија на Македонија. Проучиле дека на Балканот во тоа време под автонимија се подразбирало независност, но бидејки во светски размери не се подразбирало тоа, отцениле дека нетреба да му нудат нешто што не го бара. Па така направиле план кој му го понудиле со услови, во ситуација кога нему сите патишта му се затворени. Тие нему да му помогнат дадобие автонимија на Македонија (цела географска област Македонија), а тој ним да им помогне да се сруши владата во Софија и да се помогне во воспоставување на комунистичка влада. Но поставиле услови, дека за да му помогнат мора да се обедини со левицата, заради што и доаѓа до преговорите во Виена. Исто така барале тоа обединување да се формализира, со тоа што најпрвин ќе се распушти ЦК на ВМРО кој тогаш броел тројца луѓе, и ќе се создаде нов, каде по еден член ќе делегира Александров, еден левицата, а еден ќе предложат тие. Тука во старт нивните поблиски левичари биле во предност. Второ, побарале потоа новото раководство да биде со изедначен број на членови од двете организации, што во старт е полошо за Алексанров бидејки неговата ВМРО е несразмено посилна од онаа на Влахов. Всушност идејата на СССР е постепено да му ја превземат партијата. На Александров горе долу му е јасна состојбата но нема излез, опколен е од сите страни. Преговоритево Виена почнале во април и завршиле на 6 ти мај, под тешки услови за него. Од друга страна неговиот секретар во тоа време Ванчо Михајлов бил соработни кна владата во Софија а бил во тек со разговорите. Неколку дена пред потпишувањето Александров рекол дека не се чувствува безбеден и мора да замине, но го овластил Протогеров во негово име да го потпише манифестот, со еден услов тој да не се објавува најмалку 2 месеци, време во кое Александров рекол му треба за да ја подготви јавноста и членството кое било силно антагонизирано со левицата . Отаму заминал во Англија, веројатно во уште еден обид од таму да добие некаква подршка, но било безуспешно. Протогеров го  потпишал манифестот за обединување на 6ти мај, под крајно лоши околности за Александров. Наместо за 2 месеци, по сигнал на СССР, левицата документот го објавила за 2 недели и тој предизвикал политички земјотрес во органзацијата. Од немај каде Александров го отфрлил и негирал документот, но веќе во тој момент дури 4 страни се заинтересирани за негова ликвидација: 1. Бугарската влада, 2, Српската, Грчката и другите кои го барале со потерница, 3. Коминтерната на СССР, и 4. Самиот Ванчо Михајлов, неговиот секретар. Англија и Америка не сакаат да соработуваат со него.  Како што вели онаа народната:од сите страни Ѓорѓи сардисан. Истото лето на 31 август е ликвидиран, и не се знае неговиот нарачател, но сите 4 имале мотиви тој да не евеќе меѓу живите. Со неговата смрт и доаѓањето на Ванчо Михајлов се цени дека завршува периодот кога ВМРО носи независни одлуки за своето делување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-vreme-mnogu-me-asocira-na-vremeto-i-sostojbite-vo-koe-se-naogjal-aleksandrov-pred-da-bide-ubien/feed/ 0