Тодор Чепреганов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 18:08:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тодор Чепреганов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чепреганов: Нема никој право од Бугарија да ми вели дека не сум Македонец, тука се говори македонски јазик, се пеат македонски песни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-nema-nikoj-pravo-od-bugarija-da-mi-veli-deka-ne-sum-makedonets-tuka-se-govori-makedonski-jazik-se-peat-makedonski-pesni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-nema-nikoj-pravo-od-bugarija-da-mi-veli-deka-ne-sum-makedonets-tuka-se-govori-makedonski-jazik-se-peat-makedonski-pesni/#respond Mon, 15 May 2023 18:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=834470

„Зошто Крсте Мисирков напишал книга „За македонцките работи“, а не за „Бугарските работи“? Што вели Славејков 1871? „Најпосле македонското прашање излезе на јаве и се покажа во печатот“, значи толку постои. Тогаш нема што да се дискутира, македонското прашање постои и тој период, значи нема право никој од Бугарија да ми вели дека до 1944 година Македонците се Бугари“, истакна професорот Тодор Чепреганов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Чепреганов додаде дека бугарската политика со години сака да наметне дека во Македонија се пеат секакви песни, само не македонски. Македонија си има свои македонски песни, и култура. „Договорот што нели беше потпишан помеѓу Македонија и Бугарија гласеше Договор за пријателство и добрососедство? Што значи тоа? Тоа значи два народи меѓусебно да се помагаат и да се однесуваат пријателски и во случај и на некои премрежја да си помагаат. Дали е тоа во случај со овој македонско – бугарски договор што го имаме во моментов, кога Бугарија требаше да влезе во ЕУ кога побараа од Македонија Декларација да потпише нема никакви проблеми, Македонија тоа го направи без проблем. А, кога Македонија побара од Бугарија тоа да го направи, Бугарија нѐ уценува со заедничка историја. Каква заедничка историја имаме со Бугарија“, запраша професорот. Тој посочи дека во Македонија се говори македонски јазик, нема никаква допирна точка со бугарскиот јазик. Чепреганов нагласи дека четирите бугарски барања се мешање во внатрешните работи во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-nema-nikoj-pravo-od-bugarija-da-mi-veli-deka-ne-sum-makedonets-tuka-se-govori-makedonski-jazik-se-peat-makedonski-pesni/feed/ 0
Чепреганов: 23 октомври 1893 година е важен датум за формирање на македонската држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-23-oktomvri-1893-godina-e-vazen-datum-za-formiranje-na-makedonskata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-23-oktomvri-1893-godina-e-vazen-datum-za-formiranje-na-makedonskata-drzava/#respond Sun, 23 Oct 2022 12:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=749601

Овој ден 1893 година е една црвена нитка која ги поврзува сите национално ослободителни движења се до 2 август 1944 година. Без овој датум немаше да се случат ниту другите настани кој што доведоа до формирање на македонската држава, истакна проф. др Тодор Чепреганов на денешниот научен симпозиум 129 години ВМРО „Борба за Македонија која трае“. Тој во текот на своето обраќање укажа дека Британците веднаш излегле со став дека македонската револуционерна организација, нејзина изворна идеја е независно на цела Македонија базирана на еднакви права и однос кон сите нејзини жители без разлика на раса. -Веднаш по формирањето на организацијата ние збориме дека таа се борела за автономна Македонија, но Британците веднаш излегле со став дека тие македонската револуционерна организација, нејзина изворна идеја е независно на цела Македонија базирана на еднакви права и однос кон сите нејзини жители без разлика на раса. Британците уште на стартот ја дефинирале организацијата онака како што за таа се бори. Она што е интересно е што Британците во тие сите историски контексти не дозволуваат формирање на самостојна македонска држава, тие сметаа дека македонското прашање ќе биде решено со асимилирање и денационализација на државите во кој што се наоѓа македонскиот народ во Бугарија, Грција, Србија, дека тие ќе бидат денационализирани со тек на време и се држат на тој став некаде 38-39 година има еден документ во кој што тие велат добро е во Југославија, уште малку остана, Македонците ќе станат Срби нема никаква потреба да реагираме. Она кое што претставува пресвртница во однос на британската политика е 43 година, до 43 година Македонците воопшто не споменуваат во ниту еден договор меѓу големите тројца Черчил, Рузвелт и Сталин, за нив македонското прашање е решено во рамките на југословенско-грчката федерација. Бидејќи мигрантските влади на земјите кои што беа окупирани се наоѓаат во Лондон, 41 година се прават договори за југословенско-грчка федерација и во тие разговори Македонија не се споменува. Договорот е склучен јануари 41 година со цел да влезат и други балкански држави и со тоа прашањето за нив е завршено. Но 43 година настанува шок кога дознаваат, кога Британските мисии кои што се наоѓаат во Албанија известуваат дека на територијата на Македонија постојат партизански одреди кои што се борат за македонска држава и на ова Британците веднаш реагираат и бара да му се испрати Меморандум што е тоа македонското прашање, за што се работи. По сите анализи кои што се направени заклучок е никако македонско обединета држава, може Македонија само во рамките на југословенската федерација и никако југословенско-бугарска федерација. Ова го направиле затоа што стравот од словенска држава која што ќе ги загрози грчките интереси е многу голем и затоа тие застануваат на тој став, истакна Чепреганов. Чепреганов посочи дека стравот од обединета македонска држава е многу голем и затоа на првото заседание на АСНОМ присуствуваат британски и американски претставници и ја известуваат централата дека Македонците се борат за обединување. -Стравот од обединета македонска држава е многу голем и затоа на првото заседание на АСНОМ присуствуваат британски и американски претставници и ја известуваат централата дека Македонците се борат за обединување затоа што таму во говорот Панко Брашнаров и Ченто зборуваат за обединета Македонија и Македонија така почнува да живее 44 година по 2 август до крајот на декември 44 година, значи живее независна држава, дури има склучување на договори соседните држави, разговори на билатерална основа, кажа тој. На крај професорот Чепреганов порача: -Дојдено е време за обединување и заедничко дејствување на сите политички државни чинители во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-23-oktomvri-1893-godina-e-vazen-datum-za-formiranje-na-makedonskata-drzava/feed/ 0
Чепреганов: Бугарија била нациофашистичка држава, Петков требаше да се извини на 3000 Евреи кои што беа депортирани од Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-bugarija-bila-naciofashistichka-drzava-petkov-trebashe-da-se-izvini-na-3000-evrei-koi-shto-bea-deportirani-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-bugarija-bila-naciofashistichka-drzava-petkov-trebashe-da-se-izvini-na-3000-evrei-koi-shto-bea-deportirani-od-bitola/#respond Mon, 18 Apr 2022 10:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=664688

Зошто клубот е отворен токму во Битола, дали пробугарската струја е најсилна во Битола, праша историчарот Тодор Чепреганов во емисијата Студио 10 на ТВ 24. -Не можете вие да бегате од историските факти, тоа што било се случило, Бугарија била не само фашистичка, туку и нациофашистичка држава. Зошто Петков и неговата политичка свита вчера не отидоа да се извинат и да се поклонат на споменикот на 3.000 евреи кои што беа депортирани од Битола, а дојдоа да се поклонат на отворање на културен клуб кој носи име Иван Михајлов, вели тој. Чепреганов ја искоментира и изјавата на Ципрас и Заев на конгресот на СИРИЗА, посочувајќи дека не може Заев да биде патриот а го променил името на сопствената држава. -Еве сега видовме во Грција на конгрес на СИРИЗА, Ципрас кажа дека со Заев биле патриоти. Па како може Заев да биде патриот а е за Грција. Пазете на сопствениот народ да му го промените името, да го негирате постоењето на македонско малцинство во Егејска Македонија и тоа да го сметате за патриотизам, кажа Чепреганов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-bugarija-bila-naciofashistichka-drzava-petkov-trebashe-da-se-izvini-na-3000-evrei-koi-shto-bea-deportirani-od-bitola/feed/ 0
Чепреганов: Договорот помеѓу Македонија и Бугарија повеќе личи на непријателски отколку на пријателски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-dogovorot-pomegju-makedonija-i-bugarija-povekje-lichi-na-neprijatelski-otkolku-na-prijatelski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-dogovorot-pomegju-makedonija-i-bugarija-povekje-lichi-na-neprijatelski-otkolku-na-prijatelski/#respond Mon, 11 May 2020 17:24:44 +0000 https://kurir.mk/?p=344688

Несомнено во Бугарија постои спрега помеѓу политиката и науката, а со самиот факт што овие денови гледаме дека БАН излезе со книшка во однос на македонскиот јазик. Таа спрега не е нова и постои со години и се провлекува низ целокупната историја, вели професорот по историја Тодор Чепреганов во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија „Договорот помеѓу Македонија и Бугарија на мене повеќе ми личи на непријателски отколку на пријателски договор. Зошто го велам ова? Затоа што ако сме најблиски соседи, со тек на време сме имале взаемни односи, меѓутоа секој си терал по својот пат. Денешните обиди на бугарската политика затоа што ова прерасна во политичко прашање, видете во моментот што се случува со комисиите. Од една страна политичарите велат дека прашањето со Македонија ќе биде во однос на она дали Гоце Делчев и Мисирков се Бугари, дали сме еден народ, нашшиот поранешен премиер вели дека тоа ќе биде решено. Излегува господинот Османи и вели дека ние сме потпишале договор во кој што мораме да ги исполниме обврските, а од друга страна Борисов вели дека има потпишан договор и македонската страна треба се да прифати,“ потенцира Чепреганов Тој истакна дека во основа имаме еден политички диктат, имаме комисии кои треба да го верификуваат она што политиката го зацртала. „Ако нешто не постои не се негира. Ако не постои македонски јазик, и идентитет не се негира, бидејќи не постои, се негира она што постои, затоа Бугарија го негира потоењето на македонскиот јазик и идентитет. Тие не успеаја да докажат дека во Македонија навистина живеат Бугари. И затоа со договорите им с еукажа можност со политички диктат да го докажат тоа“, нагласи Чепреганов]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-dogovorot-pomegju-makedonija-i-bugarija-povekje-lichi-na-neprijatelski-otkolku-na-prijatelski/feed/ 0
Илинденско или Илинденско-Преображенско востание!? (3) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/#respond Sun, 10 May 2020 15:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=344220

Проф. д-р ТОДОР ЧЕПРЕГАНОВ Во годините по осамостојувањето на Р. Македонија станавме сведоци кога скоро секојдневно имаше политичари кои се јавуваа за да ги толкуваат историските настани и личности, без притоа да имаат било какво познавање на истите или да прочитале нешто за истите, а за кажаното не сносеа никакви последици туку уште повеќе настојуваа да ги наметнат своите ставови само поради фактот што го имаа авторитетот на политиката. А голем дел од тоа што го застапуваа беше далеку од вистината. Уште пред потпишувањето на „договорот за добрососедство, пријателство и соработка“ со Бугарија тогашниот градоначалник на Струмица Зоран Заев со брусилка ги избриша зборовите од споменикот подигнат во чест на Благој Јанков Мучето дека истиот е убиен од „... куршум“ а чиј останува енигма. Го избруси зборот „бугарски“ како негов придонес кон добрососедските и пријателските односи со Бугарија што постојано го повторуваше. На таа „брусилка историја“ за жал не реагираше никој. А всушност се работеше за скрнавење на споменик што е казниво со закон. И уште повеќе, во контекст на „добрососедските и пријателските односи“ со Бугарија во својство на премиер, Зоран Заев ќе изјави „дека голем дел од историјата“ со Бугарија  „е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето сѐ она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави“ и дури дека „ние сме братски народ, ние сме един и същ народ“.[1] По потпишувањето на договорот со Бугарија се формира Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, со цел да се „изврши денационализација и деполитизација на минатото и да се усогласат ставовите како деловите од историјата во учебниците да биде прикажана на начин кој нема да биде навредлив за никого“[2] и во тој контекст да се издвојат датуми за заедничко чествување. Досега комисијата како датуми за заедничко чествување на своите влади ги има предложено Св. Кирил и Методиј, Григор Прличев, Свети Наум и цар Самоил. Меѓутоа, извор на сопнување во работата на Комисиите настана кога бугарската страна го истакна барањето да се прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин што македонските членови на Комисијата не го прифатија, а предложија ден на заедничко чествување да биде пренесувањето на моштите на Гоце Делчев од Софија во главниот град на тогашна Народна Република Македонија што не беше прифатено од бугарска страна. Несомнено дека „ценкањето“ околу датумите, личностите и настаните од македонската историја ќе продолжат имајќи предвид дека се работи за политички формирани комисии кои мора да дадат резултат. А политичките одлуки во случајов треба да бидат потврдени од научни работници со изговор дека политиката немала никаков удел во сето тоа. Дежа ву. Исто така често споменуван датум за заедничко чествување е и Илинденското востание, или како што милуваат да кажат Бугарите Илинденско-Преображенското востание. Во тој контекст беа одржани и неколку средби на македонските и бугарските историчари, но  истите завршуваа и пред да почнат. Македонските историчари стоеја цврсто на ставот дека Илинденското востание му припаѓа на македонскиот народ. Она на што настојува бугарската страна е заедничко чествување на Илинденското востание и тоа како Илинденско-Преображенско, со тоа настојувајќи да му се даде сосема друга димензија на истото. Таа настојува да стави равенство меѓу Илинденското и Илинденско-Преображенското востание. Дилемата дали тоа било Илинденско или било Преображенско-Илинденско или Илинденско Преображенско постои само кај оние кои се обидуваат на било кој начин да „докажат” дека тие две востание се раководени од еден центар и за една иста цел. Центарот е Софија и дворот на кнезот, а целта е обединување на Македонија со Бугарија. Дури се појавија и тврдења дека во документите се зборува за Преображенско-Илинденско востание, но македонските историчари ги фалсификувале документите. Но документите се неумоливи. Илинден е исклучиво македонски празник. Кој мисли поинаку се лаже и себе си и другите. Тоа што голем дел од организацијата на востанието одела преку Бугарија не значи дека тоа е бугарско. Истата ја водат, пред се`, македонски револуционери. Македонската револуционерна организација (МРО), како секоја илегална организација, барала помош за реализирање на своите идеи и цели. Во организирањето на востанието го вложила целиот свој физички и материјален потенцијал за тоа да биде што подобро организирано. Од своја страна Бугарија вети „200.000 штикови“ како помош на македонските востаници. Но, тоа не се случи. Востаниците мораа самите да се борат против Османлиите до крајот на ноември 1903 година. Востанието заврши со неуспех, но му ја покажа на светот желбата на еден народ да биде свој на своето, со своја држава, нација, јазик и култура. По востанието, во репресиите страдаше македонскиот народ. И сосема е нормално што Илинденското востание живее единствено во колективната меморија на македонскиот народ, бидејќи само тој, македонскиот народ, ја прифати одлуката на Организацијата да се крене, да учествува и да го води и на крајот да ги трпи последиците од востанието. Ниту еден друг народ на Балканот не учествуваше во ова. И во Бугарија, споменот за Илинден во 20-тите години на XX век започнала да го чествува македонската емиграција бидејќи тој живеел во меморијата на Македонците. Сигурно дека овие факти се добар повод да се направи една ретроспектива на тоа како и кај кој народ живее во колективната меморија ова востание и како се именува. Колективната меморија може да биде оној барометер кој покажува што тој настан или личност значи во историјата на еден народ. Токму во овој контекст би требало да се стави истражувањето во однос на именувањето на востанието. Познато е дека во Бугарија се наоѓаше голема маса македонска емиграција која беше организирана во друштва кои делуваа на разни начини, објавуваа дневни весници и имаа свое влијание во животот  на македонската емиграција. Според постојната документација прославите по повод Илинденското востание започнале да се организираат во Бугарија од страна на македонската емиграција пред Балканските и Првата светска војна, по сопствена иницијатива. Организирано прославување на Илинден настапува со формирањето на Илинденската организација (Основачки когрес 19-21 јануари 1923).[3] Организацијата имaла печатен орган.  Една од задачите на друштвото била и активноста за негување на традициите на македонските револуционерни борба т. е. да се популаризира „македонската историја, македонскиот хероизам, македонското самосознание”.[4] Во нивна организација се започнало со одбележување на годишнини од убиствата на македонски револуционери. Исто така друштвото посебно внимание ѝ посветило на акцијата за пронаоѓање и зачувување на архивите и знамињата на некои револуционерни реони и востанички чети во Македонија.[5] Веднаш по формирањето на илинденските друштва како една од нивните главни активности било организирање прослави по повод годишнините од Илинденското востание. До основчкото собрание на Друштвото „Илинден” организирањето на честувањата по повод Илинденското востание се одвивало по сопствена иницијатива во рамките на илинденските друштва. Непосредно по завршувањето на Првата светска војна, во 1919 година, во знак на сеќавање на загинатите во Илинденското востание биле одржани панахиди од емигрантите од Крушево во црвата „Св. Спас” и од членовите на Исполнителниот комитет на македонските братства, Врховниот комитет „Одринска Трaкија” и „Добруџанската организација” во црквата „Св. Недела”. И во 1920 година македонските емигранти во Бугарија ја продолжиле традицијата на одбележување на Илинден со панахиди.[6] Поорганизирано чествување на Илинден во редовите на македонската емиграција започнува од 1921 година. Голема улога во тоа одиграло Друштвото „Илинден”. Прославата во Софија била организирана од страна на Софиското друштво. По отслужувањето на панахидите за сите македонски револуционери биле организирани: утро (со литературно-музички дел) и народна веселба (литературно-танцувачка вечер, на која учесниците биле облечени во македонски носии).[7] Чествувањето на Илинден меѓу македонската емиграција продолжило и во наредните години. Се одбележувал на истиот начин, со панахиди во црквите, говори за значењето на Илинденското востание и посети на гробовите на исткнатите македонски револуционери, а се организирале и веселби. На самите манифестации учествувале голем број македонски емигранти. На прославата на Илинденското востание во 1922 година во Софија учествувале неколку десетини илјади лица од повеќе средини, и истата била оценета како најмасовна дотогаш, а на честувањето во 1924 година зеле учество над 30.000 луѓе.[8] Во големиот број написи во гласилото на Илинденската организација повеќе нејзини членови се пројавиле со свои написи во кои се осврнувале на значењето на Илинденското востание за македонскиот народ. Со ниту еден збор не се споменува Преображенското востание.[9] Чествувањето на Илинден во 1923[10] година било збогатено и со пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во просториите на Илинденската организација во Софија. На 2 август 1923 година од куќата на М. Чаков посмртните останки на Гоце Делчев биле пренесени до црквата „Св. Недела“. Во процесијата учествувало Раководното тело на Илинденската организација и Националниот комитет на македонската емиграција.[11] Во црквата саркофагот останал до 5 август 1923 година кога биле пренесени во канцеларијата на Илинденската организација. По 1924 година чествувањето на Илинден од македонската емиграција во Бугарија започнува да поприма политички димензии. Од страна на Националниот комитет бил воведен посебен „Ден на Македонија“ со што Илинден бил сведен само на патронен празник на Илинденската организација и покрај фактот што Илинден македонската емиграција во Бугарија го доживувала како „симбол на македонската борбеност” и „македонски ден”, а за Илинденската организација „го симболизира нејголемиот момент во историјата на македонското ослободително револуционерно движење”. Со воведувањето на „Ден на Македонија“ Националниот комитет сметал полека да се изгуби споменот за Илинденското востание меѓу македонската емиграција во Бугарија со смртта на нејзиниот последен член. Чествувањата на Илинден од 1924-1928 година почнуваат да имаат се поскромен карактер и го задржале претходниот начин на чествување со панахиди, говори, посета на гробовите на македонските револуционери и народна веселба. Во 1928 година прославата била одложена поради убиството на Александар Протогеров, а во 1929 година била одложена за „поповолно време”. Од 1930 до 1932 година чествувањата по повод Илинденското востание биле прославувани само со панахиди. Од 1933 година организацијата околу чествувањето повеќе не доаѓала од Илинденската организација туку од Националниот комитет. Прославата на 30-ет годишнината од Илинденското востание не била одржана поради тоа што „Управата на престолнината” го забранила тоа. Чествувањето било направено како и во претходните години.[12] Во документот од Централниот партиски архив[13] во Москва насловен „Бугарската комунистичка партија и националното прашање” се истакнува: „Во 1903 година во Македонија избувна познатото ‘Илинденско’ востание, големо масовно револуционерно движење на христијанските и малку имотните градски маси”.[14] Во Органот на бугарската комунистичка партија „Работнически весник”, во периодот меѓу двете светски војни постојат огромен број на написи кои се однесуваат на Илинденското востание.  Во некои од нив меѓу другото читаме: „Во овој момент целата...македонска емиграција во земјата е возбудена од спомените на величественото македонско народно востание пред 20 години. Илинден[15] е за оваа прогонета, бедна и бездомна емиграција едно знаме, под кое таа секогаш е спремна да се собере и кон кое таа има света верба…Илинден беше знаме свое, знаме народно, знаме македонско…”. И на крајот написот завршува со паролите „Поклон пред споменот на Илинденците! Поклон пред знамето на Илинденското востание”.[16] Во сите написи во периодот меѓу двете светски војни не постои напис во кој не се пишува и истакнува значењето на Илинденското востание. Во ниту еден напис истото не се поврзува со Пеображенското востание. И во 1936 година истиот весник донесува напис под наслов „Да се сплотиме под знамето на илинденските идеали”. Меѓу другото се истакнува: „Македонската историја е исполнета со епизоди на хероизам од страна на македонските револуционери во борбата против тиранијата на султанот. Но по својот масовен карактер Илинденското востание си останува единствено со епохално значење во македонската ослободителна борба”.[17] По повод годишнината од Илинденското востание весникот „Македонски вести” во 1936 ќе донесе повеќе написи за истото. Насловот на првата страница е „Илинден – македонски национален празник”. И меѓу другото се потенцира: „Македонскиот народ си има свој национален празник. Тоа е Илинден. – Денот на кој кога македонскиот роб излезе на решителен двобој со султанските потисници за национално ослободување и економска благодет”.[18] И во органот на Софискиот окружен комитет на ВМРО (о) „Обединист”  од 1935 година во статијата под наслов „Илинден”, се истакнува: „Со Илинденското востание македонскиот народ најдобро докажа дека е готов да умре за остварување на издигнатите од првоапостолите на македонскиот народ пароли. На илинден поробена Македонија ја пројави својата огромна револуционенра моќ и волја за слободен живот”.[19] Што значел Илинден за македонската емиграција во Бугарија најдобро покажува обидот на Националниот комитет на македонските братства да го замени чествувањето на Илинден со Духовден. Во однос на тоа се пројавила македонската емиграција со напис во в. „М. Р.” во кој истакнува: „Врховистичкиот национален комитет, сака да  му се наложи на македонскиот народ и на емиграцијата Св. Дух како ден на Македонија. Тоа беше неопходно за врховизмот да го одречи вистинскиот ден на Македонија, ИЛИНДЕН, за да се фрли маска врз првата македонска револуција и по таков начин да не дозволи на македонските маси да црпат од неа поука и инспирација за револуционерна борба. Тие не сакаат да го прифатат и чествуваат Св. Дух како свој, зошто тој е врховистички ден кој нема никаква врска со историјата на македонската ослободителна борба. Поробена Македонија си има свој историски величествен Илинден во кој целиот македонски народ востана со оружје во рака за национално и социјално ослободување, за слободна и независна Македонија. Илинден е жив спомен, поттик, инспирација и пример за ослободување. Да го запазиме и уште повисоко да го издигниме тој  револуционенрен празник како ДЕН НА МАКЕДОНИЈА...”.[20] За разлика од чествувањето во Бугарија, во делот на Македонија во рамките на Кралството СХС/Југославија било забрането јавното чествување на Илинден. Чествувањето единствено  можело да с организира тајно. Дури се одело и дотаму што и посетите на Крушевчани на Мечкин Камен биле забранети од српските власти. Во овој период единственото масновно организирање на Илинден се случило во организација на ПК на КПЈ за Македонија, кога биле организирани од страна на младината масовни собири во Охрид, Прилеп, Скопје, Струмица. Истите биле проследени со полициска забрана и затворање на голем број учесници во демонстрациите.[21] Треба да истакне дека во 1939 година во исчекување на настаните кои се очекувале да се случат на Балканот, на чествувањето по повод годишнината од Илинденското востание за првпат се забележуваат и претставници на бугарската држава. Така во Варна на илинденската прослава присуствувал градоначалникот на градот, додека во Софија поголема група државни претставници ја посетиле канцеларијата на Организацијата.[22] На прославата во 1940 година по одржувањето на панахидата и молитвата во црквата „Св. Недела” претседателот на Бугарското народно собрание Никола Логофетов од името на бугарскиот народ им се заблагодарил на паднатите учесници во Илинденското востание, посакувајќи им на живите македонски ветерани добро здравје. Истиот меѓутоа не присуствувал на годишнината на Преображенското востание, која по иницијатива на Тракиската организација се одржала на 19 август 1940 година. [23] Почетокот на Втората светска војна и префрлањето на воените акции на територијата на Балканот биле една од основните причини Бугарија како држава да го промени својот однос кон чествувањето на Илинденското востание. Во ситуација кога Бугарија се наоѓала пред реализирањето на својот вековен сон, припојување на Македонија, бугарската држава видела голема можност Илинденското востание да биде искористено во пропагандни цели и да се претстави како едно од најголемите бугарски востанија. Таа улога на себе ја презела Дирекцијата за национална пропаганда која била формирана на 5 април 1941 година со цел да работи на одбрана на интересите на Бугарија. Првата можност јавно да ја промовира својата активност Дирекцијата за пропаганда ја имала во пресрет на годишнината на Илинденското востание во 1941 година. Тогаш за прв пат од 1903 година бугарската држава преку весникот „Целокупна Бугарија” излегува со соопштение дека „во новата историја на Бугарија Илинден го зазеде местото на највисока пројава на бугарското воинство” и покрај тоа што и самите признавале дека Илинден бил „довчера знаме во борбата која Македонија ја водела за своето ослободување”.[24] Дирекцијата за национална пропаганда како орган на бугарската влада со посредство на печатот, радиото, литературата и со организирање на предавања, свечености, прослави и манифестации активно учествувала во креирањето на јавното мислење во државата и имала голема заслуга во подготвувањето на народот да ги прифати и одобри сите постапки вршени од државните служби. Во реализирањето на поставените задачи биле ангажирани сите министерства, спортски организации, читалишта и бугарската православна црква. Официјален орган на Дирекцијата бил весникот „Целокупна Бугарија” кој од првиот број (24 мај 1941 год.) до последниот број (31 август 1944 год.) истрајал на својата поставена цел во докажувањето на бугарскиот карактер на Македонија.[25] Одеднаш бугарските институции, а и самата држава станале многу „свесни” за значењето на Илинденското востание. Истите почнале да го сметаат Илинденското востание како востание кое според покажаната сила на духот, по бројот на учесниците и дадените жртви го заземало првото место во „редицата востанија за ослободување на бугарскиот народ”.[26] По добиената дозвола од нацистичка Германија да ја окупира Македонија (18 април 1941) бугарските окупациони власти по воспоставувањето на административната и полициската власт сфаќајќи го значењето на Илинден за Македонците, а имајќи го предвид значењето на пропагандата веднаш го презела во свои раце организирањето на чествувањето на Илинден. Бугарската власт организираните прослави сакала да ги претвори во покажување на „борбената и нескршлива бугарштина“. Илинденската организација се претворила во инструмент на бугарската фашистичка идеологија. Илинденските традиции ги изедначиле со фашистичките идеали кои биле прокламирани од бугарскиот државен врв. Македонските идеали со еден збор биле присвоени и користени во цели на величење на фашистичката идеологија и нејзините лидери. Обидот да организира што повеќе илинденски друштва од април до август 1941 година резултирал со само две формирани друштва во Делчево и во Крушево. Од тие причини, со цел да го канализираат формирањето на Илинденски организации, бугарските окупаторски власти формирале специјални комитети за организирање на Илинденските манифестации скоро во сите градови на Македонија.[27] Од своја страна Битолската обласна дирекција изработила посебен план во шест точки во кој биле набележани чекорите кои требало да се преземат во однос на чествувањето. Во точка 3 се предвидувало „да се пронајдат и прослават живите дејци од она време“ и во точка 4 „да се пронајдат имињата на загинатите и за нив да се отслужи помен било во црква, било на местото каде што биле убиени. Службата да заврши со говор, а при можност да се приреди и литературно-музичка вечер“.[28] За прославата во 1941 година бугарската влада организирала и бесплатен превоз за македонските емигранти во Бугарија и уште повеќе во Софија во средината на јули 1941 година организирале и Комитет при македонските добротворни братства кој требало да го организира одењето на македонските емигранти на прославата на Илинден.[29] Централната прослава во 1941 година се одржала во Битола. За време на чествувањето им биле дадени големи почести на остарените македонски револуционери од страна на градоначалниците и официјалните бугарски власти. Исто така биле одржани и панахиди, молитви, полагање цвеќиња на гробовите на заганатите учесници во востанието, воени паради, а пред Илинден во некои градови биле одржани и свечени академии.[30] Дури и во Софија се одржало чествување на кое присуствувал и министерот за надворешни работи Петар Габровски, член од свитата на цар Борис III, претседателот на македонските братства и членови на Илинденската организација, а претходно во црквата „Св. Недела“ била отслужена панихида.[31] И во наредните години бугарските окупаторски власт го користеле Илинден во пропагандни цели. Во 1942 година централната прослава се одржала повторно во Битола. Интересно е што Битолската околиска управа во мај 1942 година забележала дека членовите на Илинденската организација носат значки на кои пишувало „Илинден и Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме“ и побарале да се избрише слоганот „Независна Македонија“, а да остане само Илинден.[32] На XII конгрес на Илинденската организација одржан во Битола на 2 август 1942 година, а со цел Конгресот да биде помасовен, над 300 членови на Илинденската организација, заедно со претседателот на Раководното тело Л. Томов, претставници од речиси сите патриотски организации (Македонскиот научен институт, Тракискиот научен институт, преображенци, македоноодринци и др.) пристигнале од Бугарија.[33] Во 1943 година централната прослава се одржала во Крушево. Сценариото за сите прослави било исто како и во 1941 година. Меѓутоа во 1944 година поради состојбата на фронтовите и притисокот на Црвената армија одбележувањето било многу скромно. Може да се истакне дека основната цел на бугарските окупаторски власти била да се фашизира чествувањето на Илинден. Во тие историски услови кога македонскиот народ се наоѓал под бугарска окупација членовите на КП на Македонија се обидувале да ги осуетат таквите прослави. Со таква немара во 1941 година издале повик до Македонците, Турците, Албанците и Власите при што биле повикани да го бојкотираат одржувањето на манифестациите.[34] Од своја страна и КП на Бугарија во декември 1941 година издала проглас во кој се критикувало однесувањето на бугарските фашистички окупатори кои се обиделе „да се маскираат со најголема славна дата од револуционерната историја на Македонците-Илинденското востание. Тие бесрамно тврдеа како идеалите на Крушевската република биле идеали на Хитлер и цар Борис - тие заколнати непријатели на слободата на народите. Вие старите Македонци, живи сведоци на Илинден, вие ќе потврдите дека Илинден беше и е македонско, а не на бугарските фашисти, дека на Црвеното Крушевско знаме беа напишани зборовите – слобода, братство и рамноправност“.[35] Исто така в. „Работническо дело“ во летото 1943 година известува дека од Кавадарци и Неготино биле интернирани 35 лица „родители на партизани, мирни селани, граѓани, илинденци, борци“.[36] Причината за нивното интернирање била активноста на нивните синови.[37] Во 1946 година Тодор Павлов во својата статија насловена „Гоце Делчев” ќе истакне „…Кога во време на Илинденското востание се создаде првата национална и социјална република во Крушево под претседателство на национал-револуционерот и социјалистот Никола Карев, таа не само во писмените документи, туку и преку самите дела ги поцрта токму сфаќањата на водачот на македонската национална револуција.” И продолжува „…токму пред Илинденското востание, за кое Гоце и  Ѓорче Петров сметаа дека не беше доволно политички и воено подготвено…“[38] По повод 65 годишнината од чествувањето на Илинденското востание во Бугарија официјално било наречено „Илинденско-Преображенско востание“ и сметано за „заедничка борба на Бугарите од Македонја и Тракија“. При чествувањето раководството на Комунистичката партија им доделило специјални награди на „некогашните учесници во револуционерните борби во двете области“. Од своја страна бугарските историчари водачите на востанието ги именувале како „големи бугарски патриоти“.[39] И Фикрет Аданар  во својата книга „Македонскиöт Въпрос” има посебна глава под наслов „Илинденското востание 1903 г.” каде што со  ниту еден збор не прави корелација со Преображенското востание.[40] Но во „Енциклопедија Бугарија” објавена 1982 година, по партиската директива  има одредница „Илинденско-Преображенско востание 1903” и дефининирано како „врвна точка во национално-револуционерното движење на бугарското население во Македонија и Одринско”.[41] (Продолжува)
[1] https://respublica.edu.mk/blog/2017-07-24-09-13-09, [2] https://www.vecer.press/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%B1%D1%80%D0%B8%D1%88%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D1%87%D0%B5%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8/ [3] Види поопширно: Вера Гошева, Илинденската организиација (1921-1947). Институт за национлна историја, Скопје, 2004., 24. [4] Цитирано според: Вера Гошева, Илинденската организација…32. [5] Исто таму. [6] Исто, 33. [7] Исто, 34. [8] Исто, 35. Насловите во весниците биле: А. Jовковъ, Илинденъ 1903, „Илинденъ”, III, 5 августъ 1923, 20, 2;  А. Jовковъ, Илинденското възстание въ историята,  „Илинденъ”, III, 19 януарий1923, 3, 1; А. Jовковъ, Илинденското възстание въ историята,  „Илинденъ”, III, 28 януарий 1923, 4, 1; Тържествена прослава на 20-годишнината отъ Илинденското възстание, „Илинденъ”, III, 12 августъ 1923, 21, 1; Илинденъ въ София, „Независима Македония”, II, 9 августъ 1924, 70, 1; Денътъ на Илинденското възстание, „Денъ”, XI, София,, 9 августъ 1922, 431 (3252), 2; Конференцията на илинденци, „Денъ”, XI, София,, 5 августъ 1922, 428 (3249), 2 и др. [9] Исто таму. [10] На 1 август 1923 година српскиот дипломатски претставник од Софија испраќа телеграма до Министерството за надворешни работи во кое известува дека: „на 2 август ќе се прослави во Софија дваесет годишнината на македонското востание. Во таа прилика ќе се изведе голема македонска манифестација во која ќе учествуваат сите македонски братства и сите друштва... Во врска со Вашата телеграма Пов. бр. 738 Ве молам да и изјавите на тамошната влада, дека претстојната македонска манифестација на македонците ја сметаме како предизвикување и спротивно на Нишкиот договор и на мирољубивите уверувања на претседателот на бугарската влада и министерот за надворешни работи...“. Архив на Југославија, ф. Меħународни односи измеħу два Светска рата, Бугарска II. [11]  Посмртните останки биле положени во специјален саркофаг, на кој било запишано: „Ги заколнуваме поколенијата овие коски да бидат погребани во престолнината на Независна Македонија”.  Вера Гошева, Цит. труд., 38. [12] Види поопширно: Вера Гошева, Цит. труд., 163-7. [13] Ibidem. [14] Ibid. [15] Курзивот е во оригиналот. [16] В. „Работнически Вестник”, бр. 52, 1923., 1. [17] В. „Македонски Вести”, бр. 64, 1936., 1. [18] Исто таму. [19] „Обединист”, г. 1, бр. 4, јули 1935,, 2. [20] „М. Р.” г. 1, бр. 4, јуни 1935., 1. [21] Вера Гошева, Цит. Труд, 219. [22] Исто таму, 196. [23] Исто, 196-7.  Меѓутоа, истиот политичар не  ја посетил прославата организирана по повод годишнината од Преображенското востание, која била организирана на иницијатива на Тракиската организација на 19 август 1940 година. Исто., 197. [24] „Целокупна България“, 1 август 1941, 55, 1. Меѓутоа, треба да се истакне дека само неколку години порано Себугарскиот сојуз „Отец Пајсиј”, кој како политичко вонпартиско здружение имал за цел “народносно и државно самозачувување” на целиот бугарски род и на сите Бугари “каде што тие се наоѓаат”, ги повикувал Бугарите во странство да ги празнуваат следните значајни историски датуми: а) 3 март – ослободувањето на Бугарија; б) 24 мај – Св. Кирил и Методиј; в) 27 септември – ден на “Отец Пајсиј”; г) 27 ноември – Потпишувањето на Нејскиот договор. Види поопширно, Вера Гошева, Цит. труд., 191-2. Во овој список Илинден како бугарски празник не постои што било и сосема нормално бидејќи тој бил одбележуван единствено од Илинденската организација во која била организирани македонската емиграција и Илинден во нивната меморија бил дел од македонската историја, а не дел од бугарската историја. [25] Вера Гошева, Цит. труд, 202. [26] Цитирано според: Вера Гошева , Илинденската орг..., 205. [27] Исто таму, 220. [28] Исто. [29] Исто. [30] Исто, 222. [31] Исто. [32] Исто, 210. [33] Исто, 209. [34] Исто, 224. [35] Исто, 224. [36] Исто, 225. [37] Исто, 226. [38] Тодор Павлов, Гоце Делчев, Нариздат, 1946. [39] Чавдар Маринов, Македонското прашање од 1944 до денес. Комунизмот и национализмот на Балканот, Фондација Отворено општество – Македонија, Скопје, 2013, 84. [40] Фикрет Аданаър, Македонскиют Въпрос, София, 2002., 169-207. [41] Енциклопедия България, том 3, И-Л,, Издателство на Българската академия на науките, София 1982., 104.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilindensko-ili-ilindensko-preobrazensko-vostanie/feed/ 0
Чепреганов: Национален не може да биде замена за македонски- институционално се губи македонскиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-nacionalen-ne-moze-da-bide-zamena-za-makedonski-institucionalno-se-gubi-makedonskiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-nacionalen-ne-moze-da-bide-zamena-za-makedonski-institucionalno-se-gubi-makedonskiot-identitet/#respond Wed, 06 Mar 2019 20:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=172077

Професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 Телевизија коментирајќи ги променетите имиња на институциите истакна  дека зборот национален не може да биде замена за македонски, и дека институционално се губи македонскиот идентитет. - Премиерот Заев кога викаше дека со договорот е зацврстен македонскиот идентитет и македонскиот јазик, изгледа мислеше да се исфрли се  што е македонско и да се стави зборот национален, вели Чепреганов. Тој потенцираше дека образложението на Владата не држи воопшто, затоа што во придавката македонски го имаш и етничкото и историското, а не и во национален. - Што смета на македонско да биде пред секоја институција ? Што им сметаше на владата тоа до сега за да го промени? Кого  ова го навредува? Македонците или некои други?, прашува Чепреганов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-nacionalen-ne-moze-da-bide-zamena-za-makedonski-institucionalno-se-gubi-makedonskiot-identitet/feed/ 0
Чепреганов: Нашите предци без исклучок се бореа за Македонија, а не за Северна Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chepreganov-nashite-predci-bez-iskluchok-se-borea-za-makedonija-a-ne-za-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chepreganov-nashite-predci-bez-iskluchok-se-borea-za-makedonija-a-ne-za-severna-makedonija/#respond Mon, 25 Jun 2018 09:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=69398

Идеалите на нашите предци од 1912 година беа многу јасни, македонска држава како автономија во рамките на Османската империја. Од 1913-та година сите македонски револуционери без исклучок се бореа за обединета Македонија. Не се бореа за Северна Македонија, изјави во емисијата „Во Центар“  на Алфа Телевизија професорот по историја Тодор Чепреганов. - Најголемиот апсурд е што другите, Британците, Американците, Германците, Французите и сите што престојувале на оваа територија во своите извештаи не пишуваат за Северна Македонија, не пишуваат за Јужна Македонија, туку пишуваат за Македонија.  И тоа многу јасно дистанцирана, истакна Чепреганов. Тој потенцираше дека на многу мировни договори и конференции во минатото Македонија и Македонците не учествувале или биле објект,  кога други ја решавале судбината на Македонија, но сега кога сме посебна држава односно субјект и учествуваме во тие работи склучуваме поштетни договори отколку во минатото кога не сме решавале самите. - Постои Сан Стефански договор, има Берлински конгрес, Букурештки договор, Версајска мировна конференција, тоа се се договори на кои што Македонците не учествувале. На Јалта прашањето не беше поставено затоа што Британија и Америка се договорија   да не го чепкаат македонското прашање, дека дел може да биде само федеративна единица во рамките на Југославија, друго не и никаква балканска федерација или јужнословенска федерација.   Тие се договорија, имаме Париска мировна конференција и заврши работата  со договорите. Македонија беше објект во тие работи, сега како субјект кога учествуваме самите ја решаваме судбината, самите учествуваме во тие работи, нагласи Чепреганов.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chepreganov-nashite-predci-bez-iskluchok-se-borea-za-makedonija-a-ne-za-severna-makedonija/feed/ 0
Чепреганов: По договорот со Грција нас ќе не нема, си ја укинувме историјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-po-dogovorot-so-grcija-nas-kje-ne-nema-si-ja-ukinuvme-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-po-dogovorot-so-grcija-nas-kje-ne-nema-si-ja-ukinuvme-istorijata/#respond Mon, 25 Jun 2018 08:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=69392

Тодор Чепреганов, познат историчар и долгогодишен директор на Институтот за национална историја вчера во емисијата „Во Центар“ кај Васко Ефтов, рече дека по договорот со Грција, како народ не нема, и дека свесно самоволно си ја укинуваме целата историја. - До овие чекори кои беа преземени со потпишувањето, со менување на името, Македонија си имаше своја историја. Меѓутоа гледаме дека со многу настани кои што се случуваат, и потпишување на многу договори, политичарите знаат да ги окарaктеризиират како историски. Еве и овој договор е окарактеризиран како историски договор. Рамковсниот договор е историски договор велат, Пржинскиот договор е историски, Договорот со Бугарија е историкси договор, Договорот со Грција е историски и сега моето прашање кон вас, овие сите историски договори се историски ама на крајот ја нема историјата на тие за кои што се потпишува, ги нема Македонците и македонската држава станува нешто сосема друго, значи во историските договори нас не нема. Какви се тие историски договори кога ние се самоуништуваме?, одговори историчарот Тодор Чепреганов на прашањето кое му беше поставено од Ефтов, дали воопшто има историја за која Македонците можат да ја наречат дека е нивна? Чепреганов посочи дека менување на името на државата значи и нова конструкција на народ кој всушност подразбира нов народ. Тој истакна дека со потпишување на Договорот, со враќање на македонците на словенството и бришење на се она што било од тој период до денес, испаѓа дека македонскиот народ е донесен на овој простор и ја узурпирал оваа територија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chepreganov-po-dogovorot-so-grcija-nas-kje-ne-nema-si-ja-ukinuvme-istorijata/feed/ 0