Тодор Гечевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 06:12:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тодор Гечевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тодор Гечевски е нов спортски директор на Работнички https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/todor-gechevski-e-nov-sportski-direktor-na-rabotnichki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/todor-gechevski-e-nov-sportski-direktor-na-rabotnichki/#respond Thu, 28 Sep 2023 05:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=882526

Градоначалникот на Општина Центар во Скопје преку социјалните мрежи официјално го потврди некогашниот кошаркарски репрезентативец Тодор  Гечевски како нов спортски директор на најтрофејниот македонски клуб. Со своето влијание, познанства и име, со сигурност ќе биде од огромна помош на Работнички. Гечевски при официјалната промоција повика на голема поддршка од навивачите во новата сезона. Во Градски парк летово пристигнаа сериозни засилувања, дојдоа репрезентативците Кристијан Николов, Бобан Стајиќ, Виктор Ефремовски и Стојан Ѓуроски. Тие, плус неколку странци и уште неколку „староседелци“ ќе го предизвикаат МЗТ Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/todor-gechevski-e-nov-sportski-direktor-na-rabotnichki/feed/ 0
Гечевски се повлекува, Марјан Србиноски ќе ја извршува функцијата спортски директор на КФСМ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-se-povlekuva-marjan-srbinoski-kje-ja-izvrshuva-funkcijata-sportski-direktor-na-kfsm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-se-povlekuva-marjan-srbinoski-kje-ja-izvrshuva-funkcijata-sportski-direktor-na-kfsm/#respond Fri, 03 Jun 2022 10:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=686120

Поради приватни причини, во наредниот период, Тодор Гечевски нема да ја извршува функцијата спортски директор на Македонската кошаркарска федерација. Оваа одговорна функција во федерацијата во деновите кои следуваат ќе ја извршува Марјан Србиноски. -Во овој период кој е пред нас, морам да решавам некои ситуации кои се од приватни причини, и кои од мене бараат и определно отсуство од одговорната функција која ја имам во федерацијата. Но останувам тука, навистина со намалено присуство во работата која ја презема Марјан Србиноски. Човек со кој отсекогаш сум имал одлична соработка, и за кој сметам дека ќе одговори на барањата кои со себе ги носи функцијата на спортски директор на федерацијата. Ќе бидеме во постојана комуникација, му стојам на располагање за се што ќе му биде потребно во работата, го потврдува оправданото отсуство во наредниот период, Тодор Гечевски. Марјан Србиноски е големо име во македонската кошарка. Освен што беше активен играч од 1993 до 2007 година, пола деценија работеше како асистент во репрезентацијата, а потоа ја водеше „А“ селекцијата на Европското првенство во 2015 година. Меѓу другото, беше дел од стручниот штаб при остварувањето на најголемиот успех во македонскиот репрезентативец спорт - четвртото место на Евробаскетот во Литванија. Ова ќе биде негов прв ангажман во раководството на федерацијата, а последен пат работеше како тренер на Гостивар, од каде замина во април 2021 година. Пред Србиноски е исклучително важен период и големи обврски околу македонските национални селекции. Сениорскиот тим го очекува финишот од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година, а потоа во јули и август повеќе младински селекции учествуваат на Европски првенства во „А“ и „Б“ дивизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-se-povlekuva-marjan-srbinoski-kje-ja-izvrshuva-funkcijata-sportski-direktor-na-kfsm/feed/ 0
Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-megjunarodnoto-iskustvo-da-se-iskoristi-i-vo-reprezentativnite-nastapi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-megjunarodnoto-iskustvo-da-se-iskoristi-i-vo-reprezentativnite-nastapi/#respond Tue, 09 Nov 2021 12:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=593158

Спортскиот директор на Кошаркарската федерација на Македонија, Тодор Гечевски очекува да продолжи напредокот во женскиот национален тим. На 11 ноември македонските кошаркарки ги почнуваат квалификациите за Евробаскетот 2023 кој ќе се одржи во Словенија и Израел, против репрезентацијата на Германија на гостински терен во Хале. – Ги стартувавме тренинзите за квалификациите за Европското првенство. Сите девојки кои се најквалитетни се тука. Имаме некои повреди, но се надевам дека сите работи ќе се санираат и дека со најсилниот состав ќе го стартуваме циклусот. Имаме мал напредок во женската кошарка. Имаме повеќе екипи, две екипи кои играат во ВАБА лигата каде имаат солидни и добри резултати. Се надевам дека тоа меѓународно искуство ќе се примени во репрезентацијата и се надеваме на некој позначителен успех. Најважно од сè е сите да се здрави, да играме најдобро што можеме, па да дојдеме до победа, па зошто да не и пласман на Европското првенство, ако ни се даде шанса, рече Гечевски на прес-конференцијата одржана во пресрет на почетокот на натпреварите од групата „А“ од квалификациите за Европскиот шампионат. Александар Ашаданов против Германките ќе дебитира на селекторското место во женската сениорска репрезентација. – За мене, ова претставува огромна чест и задоволство да бидам селектор на националниот тим затоа што се работи за нашата земја. Огромна благодарност до федерацијата што ми ја довери оваа задача. Со првиот натпревар, за мене, како еден од најмладите селектори во женската кошарка, сакам да дадам голема благодарност на сите кои се појавија на овој собир и сакаат да работат и да победуваат. Се надевам дека сите повреди ќе ги надминеме и ќе бидеме спремни за првиот дуел со Германија, изјави Ашаданов. Натпреварот ќе се игра в четврток во Хале со почеток во 19:30 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-megjunarodnoto-iskustvo-da-se-iskoristi-i-vo-reprezentativnite-nastapi/feed/ 0
Митровиќ: Гечевски можеше да игра во НБА-лигата, но ги сакаше цигарите и риболовот… https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrovikj-gechevski-mozeshe-da-igra-vo-nba-ligata-no-gi-sakashe-cigarite-i-ribolovot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrovikj-gechevski-mozeshe-da-igra-vo-nba-ligata-no-gi-sakashe-cigarite-i-ribolovot/#respond Sun, 03 May 2020 09:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=340905

Српскиот кошаркар Аљоша Митровиќ краток период од кариерата мина во дресот на Работнички, а во интервју за медиумите во татковината го издвои Тодор Гечевски, долгогодишниот македонски репрезентативец како најдобар соиграч со кого има настапувано. Според Митровиќ, кавадаречкиот центар имал квалитети за да настапува и во НБА-лигата, но не го достигнал потенцијалот бидејќи не тренирал премногу напорно. -Во Работнички бев во 2015 година и можам да кажам дека во овој тим играа големи кошаркарски мајстори. Имав можност да играм со Тодор Гечевски, кој за мене е најголемиот мајстор на сите времиња. Ако тренираше напорно, тој сигурно ќе стигнеше и во НБА-лигата. Но, Гечевски сакаше да запали цигара или да си оди во Кавадарци на риболов, таму му беше најубаво, вели Митровиќ, пренесе ЕКИПА.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrovikj-gechevski-mozeshe-da-igra-vo-nba-ligata-no-gi-sakashe-cigarite-i-ribolovot/feed/ 0
Гечевски: Најважниот настан се ближи до реализација https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-najvazniot-nastan-se-blizi-do-realizacija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-najvazniot-nastan-se-blizi-do-realizacija/#respond Thu, 13 Feb 2020 11:49:53 +0000 https://kurir.mk/?p=303413

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров смета дека за средбата со Естонија го има во моментов најоптималниот состав. -Ова е најоптималниот состав, имајќи го предвид здравствениот билтен и желбата на некои играчи. Навистина сум пресреќен што добив само еден негативен одговор од сите со кои разговарав. Исклучително важно за нас е да се подготвиме добро за натпреварот со Естонија, изјави Тодоров. Капитенот Војдан Стојановски посакува подготовките да минат без повреди и непредвидени ситуации. -Денес почнуваме со тренинзи и мислам дека имаме доволно доста денови за да се припремиме за натпреварот со Естонија кој е доста важен за нас. Имаме еден пријателски натпревар во меѓувреме и се надевам дека сите ќе биде здрави и ќе покажеме се од себе, истакна Стојановски. КФМ се потруди да им обезбеди соодветни услови за работа на репрезентативците. -Најважниот настан се ближи до реализација, се подготвувавме како федерација да обезбедиме најдобри услови што во моментов можеме и се надеваме дека тимот ќе биде задоволен. Успехот на репрезентацијата е успех на цела Македонија и се надеваме дека ќе се вратиме на големите европски натпреварувања. Ние сме повеќе концентрирани на натпреварот со Естонија, со кого го отвораме овој циклус. Сметам дека сме подобри и имаме реални шанси да победиме. Го одложивме и Купот за да бидеме повеќе посветени на репрезентацијата, рече на денешната прес-конференција спортскиот директор Тодор Гечевски. Натпреварот ќе се игра на 20 февруари во СЦ „Борис Трајковски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gechevski-najvazniot-nastan-se-blizi-do-realizacija/feed/ 0