токискологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Jan 2019 14:35:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png токискологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тажна судбина на млад скопјанец: Премрзнат бездомник спасен на Токсикологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tazna-sudbina-na-mlad-skopjanec-premrznat-bezdomnik-spasen-na-toksikologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tazna-sudbina-na-mlad-skopjanec-premrznat-bezdomnik-spasen-na-toksikologija/#respond Wed, 09 Jan 2019 14:35:26 +0000 https://kurir.mk/?p=150152

Завиткан во бел чаршав, со медицински влечки и чорапи на нозете, но со малку потстоплено срце и душа, 32-годишниот бездомник Робертино утринава излегол од Клиниката за токсикологија, во придружба на дел од медицинскиот персонал. -Вчера, на минус 10 степени ноќеска останал и без чевли, бос, само по џемперче и тенки панталони, откако некои насилници го натепале и му ги собрале и обувките од под Железничката станица, дознава Плусинфо. -Овој бездомник имал среќа, бидејќи со Брза помош ноќеска бил донесен на Токсикологија и тоа бос и облечен само со лесна облека и бил ептен премрзнат, па ноќта ја поминал на клиника каде го згрижиле. Ние го презедовме утринава пред оваа установа, откако ни се јавија, а момчето беше покриено со чаршав, окрепено и веднаш го пренесовме во пунктот за бездомници во Момин Поток. Среќа голема е што не смрзал на овие ниски температури, му дадовме веднаш чај, храна и лекови, за порталот раскажува Драгана Лазаревска, координатор на овој пункт.

А приказната на Робертино е тажна – цели шест месеци неговиот дом е под Железничката станица во Скопје.

-Ни раскажа дека неговите ја продале куќата пред 6 месеци, по што починале, а братот и сестрата се во Германија, но тие си гледале само за себе и не му помагале финансиски. Кога го прашавме зошто порано не се јавил кај нас во пунктот, ни кажа дека не ни знаел дека постоиме, а и дека би се срамел сам да дојде. Вчера го истепале некои и му ги зеле и чевлите. Сега во пунктот му дадовме и алишта и се надеваме ќе остане тука, барем додека трае студеното време, додава Драгана, пренесе Плусинфо.

В.д. директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Нико Беќаровски, вели дека бездомникот кај нив бил префрлен од Кардиологија.

– Таму колегите го прегледале, но бидејќи немале место, го упатиле кај нас, каде само преноќил. Лекови веќе имал добиено, а персоналот кај нас го окрепил со храна и чаеви и утринава е испратен во пунктот за бездомници, вели д-р Беќаровски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tazna-sudbina-na-mlad-skopjanec-premrznat-bezdomnik-spasen-na-toksikologija/feed/ 0
МВР со детали: Пијан скопјанец дивеел на Клиниката за токсикологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-pijan-skopjanec-diveel-na-klinikata-za-toksikologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-pijan-skopjanec-diveel-na-klinikata-za-toksikologija/#respond Fri, 16 Nov 2018 12:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=128552

Медицинска сестра од Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во вечерните часови на 15-ти ноември во полиција пријавила агресивно однесување на маж кој претходно бил донесен во алкохолизирана состојба. Медицинската сестра пријавила дека по укажаната помош, човекот почнал агресивно да се однесува и да крши предмети. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-so-detali-pijan-skopjanec-diveel-na-klinikata-za-toksikologija/feed/ 0