токсичен алкохол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 10:38:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png токсичен алкохол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Индија најмалку 31 лице почина поради труење со токсичен алкохол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmalku-31-lice-pochina-poradi-truenje-so-toksichen-alkohol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmalku-31-lice-pochina-poradi-truenje-so-toksichen-alkohol/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:38:50 +0000 https://kurir.mk/?p=775975

Најмалку 31 лице почина, а 20 се хоспитализирани во тешка состојба, бидејќи пиеле отровен пијалок продаден без дозвола во источна Индија, соопштија денеска властите. Смртта се случила во вторникот и средата, а жртвите биле од три села во областа Саран во државата Бихар каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол. Продажбата и консумирањето алкохол беше забранета во Бихар во 2016 година, откако женски групи започнаа кампања за да ги спречат сиромашните работници да ги трошат своите скромни приходи на алкохол. Полицијата соопшти дека некои од 20-те пациенти кои се наоѓаат на лекување ослепеле поради токсините во пијалокот. Неколку опозициски партии, меѓу кои и хинду-националистичката партија Бхаратија Џаната, протестираа денеска пред зградата на парламентот со барање да се укине забраната за алкохол и да се обезбеди финансиска отштета за семејствата на починатите. Три лица се приведени на распит поради наводна продажба на нелегално произведен алкохол во таа област. Смртните случаи предизвикани од нелегално произведен алкохол се вообичаени во Индија, каде што таквите пијалоци се евтини, но содржат хемикалии како што се пестициди. Најмалку 28 лица починаа, а 60 се разболеа откако конзумирале токсичен алкохол во западната индиска држава Гуџарат претходно оваа година. Во северната индиска држава Пенџаб, најмалку 120 луѓе починаа од истите причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-indija-najmalku-31-lice-pochina-poradi-truenje-so-toksichen-alkohol/feed/ 0
Најмалку 24 луѓе починаа од токсичен алкохол во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-lugje-pochinaa-od-toksichen-alkohol-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-lugje-pochinaa-od-toksichen-alkohol-vo-indija/#respond Thu, 14 Jan 2021 10:34:59 +0000 https://kurir.mk/?p=455175

Најмалку 24 луѓе починаа откако конзумирале токсичен алкохол во индиската сојузна држава Мадја Прадеш. Властите стравуваат дека е можно зголемување на бројот на жртвите, бидејќи според прелиминарната истрага, продадени се 50 шишиња со фалсификуван алкохол. Во Индија распространета е нелегалната трговија со алкохол, бидејќи е многу поевтин од комерцијално произведениот алкохол. Просечно илјада луѓе годишно во Индија умираат по конзумирање на незаконски дестилиран алкохол. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-24-lugje-pochinaa-od-toksichen-alkohol-vo-indija/feed/ 0