толкување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 12 Feb 2022 08:23:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png толкување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 5 најчести кошмари и нивното значење: Еден посебно се истакна во текот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-najchesti-koshmari-i-nivnoto-znachenje-eden-posebno-se-istakna-vo-tekot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-najchesti-koshmari-i-nivnoto-znachenje-eden-posebno-se-istakna-vo-tekot-na-pandemijata/#respond Sat, 12 Feb 2022 08:23:52 +0000 https://kurir.mk/?p=630446

Бројот на пребарувањата за кошмари на Интернет значително се зголеми во последната година Едно од најубавите чувства е кога ќе се завиткате во креветот после долг и стресен ден. Сепак, за некои, соништата понекогаш се полоши од реалноста, бидејќи имаат живописни кошмари, по што се чувствуваат уште поуморни. Ако сте имале кошмари неодамна, не сте единствените. Бројот на пребарувањата за кошмари на Интернет значително се зголеми во последната година. Кога станува збор за нагонот за разбирање на соништата, авторката на книгата „Сон“, Лаури Ловенберг, вели дека имаме кошмари кога потсвеста сака да ни помогне да поправиме некое вознемирувачко или тешко прашање во животот. – Колку и да се страшни кошмарите, тие се добри за нас, бидејќи укажуваат на нешто што не е во ред, нешто што сме го игнорирале или го сториле лошо – објасни таа. Кои се најчестите кошмари? 1. Змии Со дури 9.200 месечни пребарувања, ноќните кошмари за змии се најчести. Лаури објаснува дека сонувањето змии честопати може да биде токсична личност во нашите животи и дека ова може да вклучи некој што покажува депресивно или летаргично однесување, што може да ни наштети на некој начин. 2. Губење на забите Писателката вели дека соништата за губење на забите најчесто се поврзани со проблеми во комуникацијата. Приближно 5.500 луѓе го пребаруваат овој кошмар секој месец, и често е можно да се поврзе она што едно лице го кажало, што не било потребно, како што е откривање на нечија тајна. „Ако редовно кажувате работи без да размислувате премногу, немате„ филтер“ или имате тенденција да кажувате работи за кои често жалите, веројатно ќе го имате овој кошмар“, вели Лаури. Друг вообичаен елемент на овој сон е како ќе изгледате без заби. Ова обично се поврзува со свесна загриженост за тоа како другите ве доживуваат по она што сте го кажале и за што се каете – објасни таа. Според нашето народно верување, овој сон има лошо значење – најавува смрт на блиска личност. 3. Некој ве прогонува Приближно 1.500 луѓе го пребаруваат овој кошмар секој месец, а Лаури рече дека тој е предизвикан од избегнување и дека таа честопати го сонуваат луѓе кои бегаат од проблемите, наместо да ги решаваат. – Овој сон ви дава до знаење дека колку подолго бегате од проблемот, толку потешко ќе биде да го решите со текот на времето, што ќе ви создаде сè повеќе главоболки – објасни Лаури. 4. Паѓање Кога станува збор за кошмарите во кои паѓате, Лаури вели дека движењето надолу е клучно. – Овој сон обично се појавува кога се чувствуваме изневерено од некој или нешто во реалниот живот – објасни таа. – Кога вашите планови ќе пропаднат или не успеете да постигнете нешто за што навистина се грижите, резултатот од потсвеста може да биде сон во кој ќе паднете од голема висина и ќе влезете во непознатото – рече таа, додавајќи дека овој сон го пребаруваат околу 1.100 луѓе месечно. 5. Умирање Смртта е крај на животот, но за умот што сонува за смрт, тоа е едноставно крај на животот каков што во моментов го знаете. Околу 1.000 луѓе го пребаруваат ова секој месец, а Лаури рече дека може да сонувате за смрт кога нешто во вашиот живот завршува или се случуваат големи промени, на пример кога ќе ја прекинете врската, ќе ја напуштите работата, ќе се преселите или ќе дознаете дека сте бремени Таа објасни дека тоа се моменти кои драстично го менуваат животот, а потсвеста ќе ги изедначи со смртта… – Ако сонувате дека некој друг умира, тогаш веројатно има некаква промена во односот со таа личност. Вообичаено е да се сонува дека нашето дете умира кога ќе дојдете во различни фази од животот: кога ќе започне да оди, кога оди на училиште, кога учи да вози, ќе венча итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/5-najchesti-koshmari-i-nivnoto-znachenje-eden-posebno-se-istakna-vo-tekot-na-pandemijata/feed/ 0
Героски: Ваквите толкувања на историјата од страна на Заев и оспорувања на самобитноста на Македонија и на Македонците нема да поминат ни во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vakvite-tolkuvanja-na-istorijata-od-strana-na-zaev-i-osporuvanja-na-samobitnosta-na-makedonija-i-na-makedoncite-nema-da-pominat-ni-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vakvite-tolkuvanja-na-istorijata-od-strana-na-zaev-i-osporuvanja-na-samobitnosta-na-makedonija-i-na-makedoncite-nema-da-pominat-ni-vo-sdsm/#respond Thu, 26 Nov 2020 09:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=434628

Откако утринава (среда, 25 ноември 2020 година) го прочитав интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, го замолив сопственикот, мојот колега и пријател Љубчо Нешков, да ми дозволи Плусинфо да го пренесе во целост. И така, со љубезноста на Нешков, македонската јавност доби одлилчна можност изворно и детално да се запознае со некои ставови на Заев за актуелните односи меѓу Македонија и Бугарија, особено сега, по софиското вето на одлуката Европската унија да ги почне преговорите со нашата земја, пишува во својата колумна новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски. Првата работа што може да се заклучи од овој настап на Заев влијателен бугарски медиум е видливиот напор на македонскиот премиер да демонстрира големо пријателство кон Бугарија, кон бугарскиот народ и кон бугарскиот државен врв и да ги санира последиците од антимакедонската пропаганда во Софија и од антибугарската пропаганда во Скопје, кои бликнаа во најчувствителниот период пред Берлинскиот самит. Тој напор секако е за почит. Заев, употребувајќи комични термини од типот на „длабоката држава“, се потрудил вината на македонска страна да ја префрли на опозицијата и на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно заборавајќи на жестокиот говор на омраза на перјаниците на провладината пропаганда во Скопје. Но, треба да се заборават тие грди работи. И не мислам дека тие експликации се клучниот проблем во интервјуто на Заев. Пожарот не е изгаснат, а човекот реално е единствениот овластен „пожарникар“, веројатно со искрена намера да го изгаси. Само, таа негова ролја мене воопшто не ме импресионира. На пример, ништо не ми значи неговото фалење како за 30 минути, тој и министерот Никола Димитров, практично го „егзекутирале“ новинарот Зоран Иванов, поради онаа негова навреда за министерките Захариева и Бакојани на Фејсбук. Секако, го осудувам гестот на Иванов, неизоставно мислам дека и без тој гест нему не му е местото во некаков одбор во МИА, но Заев би требало да знае дека сопружниците Чаушеску, на пример, пред да бидат стрелани, добија право на 40-минутно „судење“. Реално, тоа е 10 минути повеќе право на одбрана одошто добил Зоран Иванов. Велам, овие маргинални прашања и таа нагласена „пријателска“ реторика на Заев не ме импресионираат, но не ме ни разочаруваат. Тоа е Заев, кој го знае, јасно му е. Она за што сериозно треба да размислуваме сите ние, како обожавателите така и критичарите на лидерот на СДСМ, се некои прилично сомнителни тези во неговиот исказ, тези кои ги подгреваат сомнежите дека оваа влада можеби навистина подготвува едно посериозно ретуширање на македонската историја и опасно оспорување на некои битни аспекти на идентитетот и на државотворноста на македонската нација. Со резерва дека Заев се изразувал недоволно артикулирано (пак), а можеби и дека преводот на Плусинфо не е најпрецизен, би сакал да прокоментирам некои негови тези, за кои сметам дека се и спорни и опасни. Прашањето за тоа како ќе се дефинира македонскиот јазик во официјалната комуниакција и во документите на ЕУ изгледа не било сериозно на дневен ред во интервјуто. Освен што Заев ја фали Софија, па вели: „Бугарија многу често нагласува дека ја препознава реалноста дека Македонците и македонскиот јазик постојат“. Тоа е полувистина. Ставот на официјална Софија е познат – Македонците, Македонија како држава и македонскиот јазик постојат од 1945 година, државата ни е „коминтерновска творба“, а јазикот ни е преработен „бугарски дијалект“. Со други думи, пред да станеме Македонци, ние сме биле Бугари. Заев не ги коментира овие позиции на бугарската страна во преговорите и со тоа демонстрира недозволива слабост и снисходливост. Од друга страна, тој воодушевено зборува за улогата на Гоце Делчев. Оној што, ако го немало, требало да го измислиме, нели. Вели Заев: „Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кои се бореа за слободата на Македонија и регионот на Одринско“. Во ред, да е само тоа, јас лично би го потпишал овој став како сопствен. Но, Заев не се спротивставува на правото на Бугарија Гоцета Делчев да го означи како етнички Бугарин. Ајде една еретичка мисла, во име на затворањето на тешкиот спор: да речеме дека не би ни морале да се трудиме да се бориме со Бугарите за тоа како тие етнички ќе си го обојуваат човекот кој целиот свој живот се борел за Македонија. Но, Зев не ја отстранува ни дилемата дали Македонија би прифатила обврска во историските учебници да запише дека Делчев бил Бугарин. Колку што мене ми е познато, тоа е прилично цврста преговарачка позиција, од која Софија нема лесно да отстапи. Повеќе прочитајте на Плусинфо]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vakvite-tolkuvanja-na-istorijata-od-strana-na-zaev-i-osporuvanja-na-samobitnosta-na-makedonija-i-na-makedoncite-nema-da-pominat-ni-vo-sdsm/feed/ 0