томас герберих – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Jan 2020 12:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png томас герберих – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ги разбира ли полиглотот Заев пораките на амбасадорката Брнс и на целиот дипломатски кор во Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/#respond Fri, 31 Jan 2020 10:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=297354

Последниот период „корупција“ стана заеднички именител во вокабулоарот на амбасадорскиот кор во државата. Пораката е иста, само јазиците се различни, англиски, француски, германски, факт кој не би требало да биде проблем за полиглотот, екс премиер. Ова доаѓа по само три години откако Зоран Заев на власт дојде со загубени избори и на крајно сомнителен начин. Од тогаш почна со своите исто така сомнителни изјави, честопати зачинети со гафови и неразбирлива симболика во нив. Една таква изјава е дека судството ќе го отворел како пупка?! Па откако ја даде таа изјава, тогашниот премиер Заев, три пати аболиран во кариерата, сам се назначи за претседател на советот за судски реформи, па откако ги виде реакциите на јавноста се повлече. Оттогаш па до денес, секојдневно излегуваат нови афери за корупција кај луѓе блиски до заевата влада, но и за членови на неговото семејство. Последни се аферите за сканалдозниет доделувања лиценци во бизнисот со медицинска марихуана. Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави серија скандали поврзани со Зоран Заев и луѓе блиски до него, бизнисмени кои претпеле штета од истите јавно излегоа и обвинија за рекетирање и корупција и најтазе е вчерашното интервју за амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнс, која јасно и гласно вчера му порача на Зоран Заев дека корупцијата и невладеењето на правото се главни проблеми во државата. „Корупцијата предизвикува огромна загриженост. И борбата со корупцијата е толку клучна затоа што тоа е број еден препорака за позитивната иднина на оваа земја, за нејзиниот развој, за се што се надева да постигне. Мислам дека многу е важно да се препознае дека независно дали се работи за корупција на високо ниво во форма на поткуп на високи службеници или ситна корупција која граѓаните ја чувствуваат на дневна основа, кога чувствуваат дека треба да платат за да го запишат детето во одредено училиште, за да добијат работа или фер третман во болници. Сите овие форми на корупција ја изобличуваат економската ситуација и креираат недоверба во општетсвото. Затоа, неопходно е сите партии, властите на сите нивоа, но и целото општество да се обединат и да се поттикне сеопфатна дебата за кроупцијата, а тука улога играат и медиумите, но и да се обединат во акцијата да се справат со корупцијата како одговор од целото општество, и да осигураат, бидејќи никој не е имун, дека секој има своја улога“, рече Брнс. Но дали Заев ги разбира овие пораки? Дали Зоран Заев е свесен дека овие пораки доаѓаат од САД? Но ова не се први предупредувања од САД и падот од 13 места во новиот извештај на Транпаренси Интернешнал не е случаен. Индексот на Транспаренси Интернешнал се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор земени по неколку фактори како – дали владини лидери во дадена држава се сметаат за одговорни заради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните, дали се смета дека поткупот доминира во одделна држава. Ако добро се погледне овој извештај, ќе забележиме дека земји како Косово, Перу, БиХ, Кувајт, Тринидат и Тобаго, Колумбија, Виетнам и Етиопија се далеку повисоко од нас.   А доколку малку имаме познавање за дел од овие земји, ќе знаеме дека важат за земји во кои владее криминалот и корупцијата, а дел од нив се земји во кои се произведува разновидни дроги како кокаин, хероин и марихиана, проституцијата и трговијата со луѓе е на највисоко ниво. Такви земји во моментов се пред Македонија во овој извештај. Се поставува прашањето, за какви реформи зборуваше Зоран Заев, ако Македонија добива вакви извештаи? Тука не смее да се заборават и пораките од Германија и Франција, односно нивните амбасадори во земјава, Томас Герберих и Кристиан Тимоние, каде и двајцата повикаа за поголема борба против криминалот и корупцијата. – За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих. – Прашањата за добивање на датумот кај нас се вртат околу две прашања. Прво, повторно да се види извештајот за напредокот на земјата од областа на човековите права и правната држава и втората точка е тој конкретен Закон за јавно обвинителство. Тој е многу важен затоа што со него би можело да се даде можност да се третираат и стари и нови предмети кои што ја трујат политичката клима. Многу е важно големите политички партии да успеат да се договорат за тоа прашање, посочи францускиот амбасадор Тимоние. И покрај ваквите опомени и пораки, заевата влада остана глува. Напротив, наместо ситуацијата да се подобри, истата се влошува секојдневно. Дипломатскиот кор е едногласен, корупцијата во Македонија е на највисоко ниво, граѓаните не се чуствуваат безбедни, а среќата се решени да си ја бараат во западноевропските земји. Во овој контекст, паралелно со предупредувањето за корупцијата до актуелната власт е и изјавата на Брнс во која таа повика на мирен трансфер на власта по изборите. Пораката е повеќе од јасна. Логиката вели дека доколку СДСМ победи, не може да има никаков трансфер, власта останува иста. Дали со констатацијата за корупцијата, амбасадорката, всушност, даде индиректно појаснување зошто актуелната власт веќе нема да биде на Илинденска бр.2, паралелно повикувајќи и предупредувајќи ги Заев и партијата да не прават проблеми и мирно да го изведат трансферот кој следува по изборите. Потврда на Брнс се и повеќето анкети на јавно мислење во последниот период, кои укажаа на лошиот рејтиг на СДСМ, освен една анкета нарачана лично од нив, која со наводното минимално водство на владејачката номенклатура, се протолкува како алатка за намалување непокојот кај сопственото членство.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gi-razbira-li-poliglotot-zaev-porakite-na-ambasadorkata-brns-i-na-celiot-diplomatski-kor-vo-makedonija/feed/ 0
Германскиот амбасадор Герберих: Освен плата и поголем животен стандард на луѓето во Македонија им недостига и правна сигурност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-ambasador-gerberih-osven-plata-i-pogolem-zivoten-standard-na-lugjeto-vo-makedonija-im-nedostiga-i-pravna-sigurnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-ambasador-gerberih-osven-plata-i-pogolem-zivoten-standard-na-lugjeto-vo-makedonija-im-nedostiga-i-pravna-sigurnost/#respond Fri, 24 Jan 2020 21:07:14 +0000 https://kurir.mk/?p=294374

Германија и Франција пред 57 години го потпишаа Елисејскиот Договор со кој што се помирија двете земји и почнаа заеднички да ја градат Европската Унија. По повод годишнината, амбасадорите на двете земји во Македонија, Кристиан Тимоние и Томас Герберих, беа гости во „Што не е јасно„ на Алфа телевизија. На прашањето колку е важно владеењето на правото за добивање на брз датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ во Загреб, германскиот амбасадор одговори дека владеењето на правото е централна тема и дека тоа се значајните и клучни реформи кои што се очекуваат од Македонија да ги спроведе за да се стане член на ЕУ. - За граѓаните на Македонија е многу важно да има владеење на правото. Гледаме колку луѓе ја напуштаат земјата, тоа го гледам актуелно секое утро кога доаѓам во германската амбасада. Го гледам големиот ред пред амбасадата, ги гледам сите оние коишто поднесуваат барање за добивање на работна виза. Мислам дека освен плата и поголем животен стандард, им недостига и правната сигурност. Тоа е реформа која што треба прва да се спроведе, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих. Францускиот амбасадор Тимоние пак, изјави дека во моментов се очекува Македонија да ја дефинира првата етапа, односно да ја дефинира методологијата, па потоа да се разговара за прашањата за добивање на датум за преговори. - Прашањата за добивање на датумот кај нас се вртат околу две прашања. Прво, повторно да се види извештајот за напредокот на земјата од областа на човековите права и правната држава и втората точка е тој конкретен Закон за јавно обвинителство. Тој е многу важен затоа што со него би можело да се даде можност да се третираат и стари и нови предмети кои што ја трујат политичката клима. Многу е важно големите политички партии да успеат да се договорат за тоа прашање, посочи францускиот амбасадор Тимоние.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskiot-ambasador-gerberih-osven-plata-i-pogolem-zivoten-standard-na-lugjeto-vo-makedonija-im-nedostiga-i-pravna-sigurnost/feed/ 0
Мицкоски, Ѓорчев и Перински остварија средба со германскиот амбасадор Герберих https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gjorchev-i-perinski-ostvarija-sredba-so-germanskiot-ambasador-gerberih/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gjorchev-i-perinski-ostvarija-sredba-so-germanskiot-ambasador-gerberih/#respond Tue, 23 Jan 2018 13:59:37 +0000 http://kurir.mk/?p=14287

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Златко Перински оствари средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Томас Герберих. На средбата се разговараше за односите на Република Македонија со Република Германија, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на земјава. -Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО. Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за остварување на овие цели биле и ќе останат приоритет. Мицковски го информираше својот соговорник дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што преставува 12% од самата коалиција или 5% од вкупниот број на пратеници. Од страна на претседателот Мицкоски беше констатирано дека и покрај забелешките на Народниот правобранител за начинот на притворање и процедурата за спроведување на народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт, информираат од партијата. Мицкоски исто така потенцираше дека нема конкретни чекори од страна на СДСМ за подобрување на политичкиот дијалог помеѓу опозицијата и власта. Двајцата соговорници констатираа дека и во иднина ќе продолжат постојаните контакти и комуникации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и амбасадата на Република Германија, како и со претставниците на Европската Унија во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-gjorchev-i-perinski-ostvarija-sredba-so-germanskiot-ambasador-gerberih/feed/ 0