Томе Серафимовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 11:47:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Томе Серафимовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сеќавање: Седум години од смртта на академик Томе Серафимовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekavane-sedum-godini-od-smrtta-na-akademik-tome-serafimovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekavane-sedum-godini-od-smrtta-na-akademik-tome-serafimovski/#respond Fri, 03 Mar 2023 11:47:46 +0000 https://kurir.mk/?p=807580

Денеска се навршуваат седум години од смртта Томе Серафимовски, познат македонски скулптор. Тој почина на 80-годишна возраст во Скопје. Серафимовски создал над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна СФРЈ и во светот. Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни колекции, во галерии и во музеи, како и во многу други институции во светот. Во текот на 60-годишното активно творештво, Серафимовски учествувал на околу 300 групни изложби, а реализирал 40 самостојни изложби во земјата и во странство. Член бил на Друштвото на ликовните уметници на Македонија и една година негов претседател. Во 1988 година бил избран за член на Македонската академија на науките и уметностите, во 2003 година за странски член на Српската академија на науките и уметностите, а во 2006 година за член на Светската академија за уметност и наука со седиште во Сан Франциско, САД. Во 2010 бил избран за почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Во 2015 бил избран за странски член на Црногорската академија на науките и уметностите. Во спомен на неговите предци и на неговото родно место, во 2008 година во селото Зубовце била осветена црквата „Св. апостол Тома“ чиј ктитор бил токму Серафимовски, а негово дело е и уникатниот иконостас во црквата. За своето скулпторско творештво бил добитник на многубројни награди и признанија. Роден бил во гостиварското село Зубовце на 14 јули 1935 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekavane-sedum-godini-od-smrtta-na-akademik-tome-serafimovski/feed/ 0
Изложба на дела од Славко Јаневски и Томе Серафимовски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izlozba-na-dela-od-slavko-janevski-i-tome-serafimovski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izlozba-na-dela-od-slavko-janevski-i-tome-serafimovski/#respond Tue, 02 Oct 2018 06:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=109322

Масла на платно од Славко Јаневски и скулптури во бронза од Томе Серафимовски ќе бидат претставени на изложба која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на град Скопје. Организатор на изложбата е Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“ која соопшти дека ќе бидат претставени повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура. Славко Јаневски слика Куратор на изложбата е Емил Алексиев, за делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, стихови од Јаневски ќе  чита Висар Вишка во музичка придружба на гитаристот Тони Китановски. - За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izlozba-na-dela-od-slavko-janevski-i-tome-serafimovski/feed/ 0