Томислав Карамарко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Jan 2019 13:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Томислав Карамарко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За скандал како на Макрадули, вицепремиерот на Хрватска си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-skandal-kako-na-makraduli-vicepremierot-na-hrvatska-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-skandal-kako-na-makraduli-vicepremierot-na-hrvatska-si-podnese-ostavka/#respond Tue, 08 Jan 2019 13:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=149758

За сличен скандал како овој со сопругата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, во 2016 си поднесе оставка Вицепремиерот на Владата на Хрватска, Томислав Карамарко. Во Македонија, не само што нема оставка и реакција од владата, туку „фатениот“ арогантно го брани правото неговата сопруга да добива државни тендери, пишува Лидер. Хрватскиот неделник „Национал“, во 2016 откри дека сопругата на тогашниот вицепремиер Томислав Карамарко примила 60.000 евра од компанијата на лобист на унгарската нафтена компанија МОЛ, која тогаш очекуваше одредени бенифиции од владата. Парите ги примила преку нејзина фирма, со легално заверен договор за консултантски услуги за енергетика со месечен паушал од 2.500 евра. Значи,Ана Шариќ – Карамарко за разлика од Маја Трендафилова – Макрадули не примила пари од државата, туку од приватна компанија која си има работа со државата – што е дело за кое мора да признаеме дека е далеку помал непотизам и корупција од овој на Макрадулица. Во исто време сопругата на Карамарко примила 30.000 евра помалку од сопругата на Макрадули. Скандалот таму е очигледно далеку помал од скандалот овде но и покрај тоа веднаш по обелоденувањето Томислав Карамарко си поднесе неотповиклива оставка од вицепремиерската позиција и до ден денес не може политички да се рехабилитира. Наместо оставка или жестока реакција од Владата која во нормални услови би отворила истрага за однесувањето на нејзините функционери, кај нас Макрадули одговори со ароганција кон медиумите, кои од заменик министерот беа прогласени за злонамерни.
-Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон ,некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години – рече Макрадули.
Целото истражување на „Економски Лидер“, можете да го прочитате на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-skandal-kako-na-makraduli-vicepremierot-na-hrvatska-si-podnese-ostavka/feed/ 0
Карамарко се враќа на политичката сцена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karamarko-se-vrakja-na-politichkata-scena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karamarko-se-vrakja-na-politichkata-scena/#respond Wed, 03 Jan 2018 07:39:00 +0000 http://kurir.mk/?p=5689

Поранешниот хрватски вицепремиер и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко изјави дека е прашање на време кога ќе се врати во политиката. Тој изјави дека мотив за неговата таква одлука се актуелните состојби во ХДЗ, но и обидите на дел од партијата за негова дискредитација со пласирање на измислици, алудирајќи на тврдењето на неделникот „Национал“ дека е косопственик на вила вредна над 1,5 милиони евра. - И состојбата во партијата и се заедно ме мотивираа да се вратам во политиката, но прашање е што следно ќе ми измислат. Очигледно во ХДЗ се плашат од мене и од моето враќање, нагласи Карамарко. Тој тврди дека многу незадоволни членови на ХДЗ се во контакт со него и дека му ги ознесуваат своите стравувања од состојбите во партијата. - За оваа година себе си зацртав да завршам еден проект и да им обезбедам егзистенција на децата, а потоа ќе има време за се и се ќе се знае на време, додаде Карамарко. Карамарко беше лидер на ХДЗ од мај 2012 до јуни 2016 година, кога на функцијата го наследи актуелниот хрватски премиер Андреј Пленковиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/karamarko-se-vrakja-na-politichkata-scena/feed/ 0