томислав османли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 07:46:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png томислав османли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Книжевна средба на Томислав Османли во Шибеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:46:11 +0000 https://kurir.mk/?p=874256

„По трагата на напишаниот збор“ е насловот на средбата со македонскиот писател Томислав Османли на четвртите по ред „Денови на македонската култура“ во Шибеник што се одржуваат под организација на невладиното здружение „Хрватско-македонска тангента“ кое создава активни мостови меѓу двете култури, општества и држави. На средбата писателот Никола Шимиќ – Тонин најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ Шибенските „Денови на македонската култура“ се одржуваат под работна тема „Влијанието на традицијата врз современата култура и уметност“. Меѓу учесниците е и театарскиот и филмски режисер Александар Поповски, актуелен уметнички директор на „Slovensko narodno gledališče“ од Марибор, Словенија, Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател и сликар и Томислав Османли. Книжевната средбата  со Османли во хрватските медиуми е најавена како „Претставување на реномираниот македонски писател Томислав Османли и на неговиот богат книжевен опус“. Инаку овој авторски настап на македонскиот писател доаѓа по неговото неодамнешно гостување во Загреб, каде во Македонскиот културно-информативен центар беше одржан негов богат книжевен портрет. Средбата со Османли, на шибенските „Денови на македонската култура“ се одржа во вилата Трутини двори на островот Зларин. Неа  ја отвори претседателот на „Хрватско-македонската тангента“ Сашо Георгиевски, а авторскиот портрет на Османли го претстави директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Наталија Поповска. Посебен осврт кон книжевната  дејност на Османли имаше и писателот Никола Шимиќ – Тонин, претседател на Одделот на Друштвото на хрватските писатели од Задар. Тој најави уште едно скорешно гостување на Османли во Хрватска, овој пат на книжевната манифестација во Задар, каде ќе му биде врачена реномираната литературна награда „Donat“ што нејзиниот одбор неодамна му ја доделил на нашиот автор за неговата сестрана авторска работа и за книжевните афирмации на неговите творби, во регионот и посебно во Хрватска. Настап имаше и македонскиот писател, кој говореше за своите литературни пристапи, за неговите лични и тематски врски со Медитеранот и за другите креативни искуства во домените на драмската уметност, сценаристиката и теоријата на вербо-визуелните медиуми, на кои инаку Османли перманентно работи. На крајот од неговиот исказ, македонскиот писател  присутните ги освои со стиховите на неговата наградена (2018, во Италија) песна „Љубов“  богата со  медитерански слики и чувствувања. Инаку, на четвртите „Денови на македонската култура“, во присуство на авторот, беше прикажан филмот „Балканот  не е мртов“ работен според пиесата на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски, уметнички директор на Словенско народно гледалишче од Марибор и истакнат македонски режисер кој непрекинато потпишува врвни театарски режии низ поширокиот регион. Д-р Христо Петрески, писател, сликар и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија се претстави со  изложбата насловена „Моливот пишува со срцето – Христово“, a со ликовната изложба „Море“ на манифестацијата се претстави и авторката Гојка Скориќ - Пелајиќ. Директорот на македонската државната Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Д-р Љупчо Јаневски одржа забележано предавање на тема од еко-туризмот. Македонските гости на манифестацијата ги прими и градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, потоа и началникот на Примоштен, Стипе Петрина. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/knizhevna-sredba-na-tomislav-osmanli-vo-shibenik/feed/ 0
Расказ на Томислав Османли објавен на книжевен портал во Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-na-knizeven-portal-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-na-knizeven-portal-vo-turcija/#respond Thu, 17 Nov 2022 08:06:47 +0000 https://kurir.mk/?p=762168

Расказот „Наредното евангелие“ на писателот Томислав Османли, заедно со биографија на авторот, е објавен на порталот за литература и книжевна критика „Kritikbu” (kritikbu.com) во Истанбул, двојазично – на турски и на англиски јазик. Расказот на Османли, во кој се тематизира соочувањето на светот со пандемијата во последниве три години, првпат е објавен во 2020 во прилогот „Лик“ на весникот „Нова Македонија“ и оттогаш е објавен и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција и Србија. -Станува збор за куса проза која го проблематизира отуѓениот свет на денешницата, фокусирајќи ја пандемијата како метафизичка казна и предупредување, за човештвото одродено од автентичните етички и морални вредности. Во видувањето на „Наредното евангелие“ пандемијата е конечна предупреда за глобалната цилизација која ризикува да се самоукине, крајно изневереувајќи ја филантопската бит која треба да ѝ е неотстапна одлика, вели авторот. За објавата на расказот на порталот „Kritikbu”, преводот на турски е од Мехмед Јонуз, а на англиски го преведе Димитар Т. Османли. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-na-knizeven-portal-vo-turcija/feed/ 0
Уште еден расказ на Томислав Османли објавен во грчката ревија за култура „Енекен“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ushte-eden-raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-vo-grchkata-revija-za-kultura-eneken/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ushte-eden-raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-vo-grchkata-revija-za-kultura-eneken/#respond Sun, 28 Aug 2022 08:01:48 +0000 https://kurir.mk/?p=724986

Во најновиот број на угледната ревија „Енекен“,  грчкото списание за култура и општетвени прашања кое се публикува во Солун, е објавена прозна творба на нашиот автор Томислав Османли. Станува збор за расказот „Лето, песок во косите“, инаку петта по ред книжевна  содржина од македонскиот автор, која ја објавува солунското списание. Расказот е летната повест, дел од циклусот од вкупно седум лирични прози насловен „Четири годишни времиња“, за прв пат објавен во прозната збирка „Приказни од Скопје“ што, во издание на скопска „Култура“, се појави во популарната едиција „Најчитаните“, во 2005 и одново во 2010 година. Ревијата за култура „Енекен“ која се појавува сезонски, во новиот бр.55 за Јануари-Јуни 2022 година кој се појави деновиве, донесува голем број прозни, поетски текстови и книжевни осврти, како и студии, анализи текстови на општествени теми. Во него, покрај македонскиот, се застапени и автори од Грција, Русија, Кина, Франција и други култури.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ushte-eden-raskaz-na-tomislav-osmanli-objaven-vo-grchkata-revija-za-kultura-eneken/feed/ 0
Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-srbija-objaven-romanot-brodot-konzarhija-na-tomislav-osmanli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-srbija-objaven-romanot-brodot-konzarhija-na-tomislav-osmanli/#respond Thu, 02 Jun 2022 20:09:55 +0000 https://kurir.mk/?p=685844

Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли. Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година. „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, со лажни стварности, кое во крајна линија и самото ќе се покаже како време на омасовени илузии, и општи и лични прелаги. Во тоа време, покрај отуѓените карактери на својата негативна утопија, низ бројни духовити и ирониски пасажи, Османли го открива носталгичниот човек проектиран во блиската, отуѓена и хипермеркантилна иднина на „Европеалната унија“ составен од три концентрични круга наменети за трите категории: регуларните членови и вечни претенденти за  затворениот европски сојуз – нешто што токму во политичктата реалност на денешницава добива полна меѓународно-политичка актуелност. Преводот на српски јазик е на писателот и преведувач Сашо Огненовски, а уредник и рецензент е писателот Ненад Шапоња. Под знакот на книгоиздателството „Агора“, македонскиот роман излегува под уредништво и рецензентство на истакнатиот писател и издавач Ненад Шапоња. Фотографијатана кориците е на Крис Тургеон. Лектор на преводот е Снежана Савкиќ, а коректор на изданието Олга Марковиќ. Објавувањето на романот „Бродот. Конзархија“ во српско книгоиздателство го помогна Министерство за култура на  Македонија од фондот за поддршка на објавите на македонски книги во странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-srbija-objaven-romanot-brodot-konzarhija-na-tomislav-osmanli/feed/ 0
Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-sredbi-i-razgovori-od-tomislav-osmanli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-sredbi-i-razgovori-od-tomislav-osmanli/#respond Mon, 19 Jul 2021 06:08:07 +0000 https://kurir.mk/?p=538411

Книгата „Средби и разговори“ на авторот и новинар Томислав Османли излезе од печат во издание на „Авант прес“ од Скопје. На повеќе од 150 страници текст книгата содржи шест опсежни интервјуа реализирани пред повеќе од 30 години со наши истакнати дејци – театарскиот ветеран уште од времето на патувачките трупи и филмски првенец Петре Прличко, академскиот сликар педагог и академик Вангел Коџоман, големиот муралист и сликар Борко Лазески, нашиот најистакнат копаничар Славе Атанасоски-Крстанче, пионерот на македонскиот филмски документаризам и фотографија Благој Дрнков и доајенот на професионалната театарска сцена Тодорче Николовски. Овие повеќечасовни разговори на авторот и новинар Томислав Османли, кои поради ограниченоста на новинскиот простор биле делумно објавувани во весникот „Нова Македонија“ под заедничкиот наслов „Средби со доајените“, а еден и во неделникот „Млад борец“, сега за прв се објавуваат целосно. Главен уредник на книгата е Горјан Лазаревски, ликовно и графички е уредена од Симе Шундуловски, лектурата ја реализира Елизабета Конеска, а на задната корица е фотографија на авторот Томислав Османли при еден од новинарските разговори застапени во книгата, снимена од водечкиот репортер на „Нова Македонија“, Живко Јаневски. Книгата е финансирана од буџетот на градот Скопје за 2021 година, а по конкурсот за дела од културата и уметноста од интерес на Градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-knigata-sredbi-i-razgovori-od-tomislav-osmanli/feed/ 0
Српското книжевно списание „Eckermann” објави поетски избор на Томислав Османли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/srpskoto-knizevno-spisanie-eckermann-objavi-poetski-izbor-na-tomislav-osmanli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/srpskoto-knizevno-spisanie-eckermann-objavi-poetski-izbor-na-tomislav-osmanli/#respond Thu, 02 May 2019 07:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=193149

Под заедничкиот наслов „Mediterranica“, најновиот, 21-ви број на престижното српско литературно списание „Eckermann” објави избор од неколку песни на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за песните „Љубов“, „Престолнина“, „Лето ’74“, „Каде живееш“. Овој поетски избор од нашиот автор, познат како прозаист, доаѓа по покана од уредникот за поезија на спомнатото списание, врз основа на песната „Љубов“ (L`Amore) за која Османли минатата година, како нејзин прв лаурат, беше прогласен за добитник на Првата награда „Антево слово“ на меѓународниот поетски конкурс „Angelo La Vecchia” во Италија. Објавата на четирите поетски творби под заедничкиот наслов „Mediterranica“ е проследена и со концизна творечка биографија на Османли. Песните кои „Eckermann” ги објави во својот број од мај-јули, на српски ги преведе самиот автор. Имено, „Eckermann” е престижно регионално книжевно списание што излегува на српски јазик и електронски се публикува во шест броеви годишно. Покренато во 2006-та како месечник со по четири интервјуа со истакнати творци, списанието е именувано според Јохан Петер Екерман (1792-1854) авторот на знаменитата книга „Разговори со Гете“, првото дело со книжевни разговори. Од пред четири години „Eckermann”  е обновен како „Web списание за литература“ и сега објавува рубрицирани содржини од домените на прозата, есеистиката, критиката, драмата и теми од книжевноста. Овие содржини ги реализираат неколкумина уредници, и состав од дваесетина редакциски соработници. „Eckermann“ се пројавува како едно од најсериозните книжевни гласила во регионот. Ова е втора објава на нашиот автор во престижното електронско списание. Пред половина година Томислав Османли во „Eckermann“ го објави расказот „Вертикалата на Душко Крстев“, се наведува во соопштението од авторот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/srpskoto-knizevno-spisanie-eckermann-objavi-poetski-izbor-na-tomislav-osmanli/feed/ 0
Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-raskazi-okean-od-sliki-od-tomislav-osmanli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-raskazi-okean-od-sliki-od-tomislav-osmanli/#respond Wed, 16 May 2018 06:16:52 +0000 https://kurir.mk/?p=54594

Книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар-Скопје. Делото го издаде издавачката куќа „Магор“ од Скопје. Книгата ќе ја промовираат професорите Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски, а извадоци ќе чита актерката Ане Блажовски. Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 23 објавени книги: проза, драмски текстови, сценарија, теорија и есеистика. Неговите книжевни творби се преведени на англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски..., како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи. Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 1976 година работел како новинар и уредник секогаш на рубрики или програми од културата, а денес е слободен уметник, писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци. За својата разновидна уметничка и новинарска работа добитник е на близу дваесет награди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-raskazi-okean-od-sliki-od-tomislav-osmanli/feed/ 0
Објавен осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли во „Политика“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-osvrt-kon-romanot-zad-agolot-na-tomislav-osmanli-vo-politika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-osvrt-kon-romanot-zad-agolot-na-tomislav-osmanli-vo-politika/#respond Fri, 20 Apr 2018 07:18:12 +0000 https://kurir.mk/?p=43461

Белградскиот весник „Политика“ во рубриката за култура објави осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли. Романот „Зад аголот“ во превод на српски јазик на Зоран Ж. Пауновиќ. го објави издавачката куќа „Албатрос плус“ и го претстави на изминатиот белградски саем на книгата. Во освртот кон романот на нашиот писател насловен „Ново во книжарниците – Романот на Томислав Османли“ стои дека станува збор за автор со гоелма ерудиција кој си поигрува со книжевните постапки градејќи сложен раскажувачки свет. - Османли читателите истовремено може да ги насмее и да ги растажи. „Зад аголот“ развива девет линии на дејство, од кои некои се преплетуваат, додека други се разделуваат. Следи настани во Европа Азија и Америка во 1999-та година, се вели во освртот за романот. Според писателот и филозоф Ферид Мухиќ романот „Зад аголот“ претставува книжевно спојување на халуцинации и хипернатуралистички описи, со езотерични и со мистични и окултни навеви, прекриени со приказот на современата информациска технологија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-osvrt-kon-romanot-zad-agolot-na-tomislav-osmanli-vo-politika/feed/ 0