Томор Морина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Aug 2019 11:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Томор Морина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дачиќ: Екстрадирањето на Морина е политичка одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dachikj-ekstradiranjeto-na-morina-e-politichka-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dachikj-ekstradiranjeto-na-morina-e-politichka-odluka/#respond Thu, 15 Aug 2019 11:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=229910

Тоа што Северна Македонија не го екстрадира на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина претставува политичка одлука, смета шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. – Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очевидно во прашање се политички причини, истакна Дачиќ. Тој потсетува дека така и Франција го пуштила Рамуш Харадинај и претставува проблем што Харадинај, но и други припадници на ОВК, нема да одговараат за воени злосторства пред судовите во Косово и пред Меѓународниот суд на правдата. – Тие никогаш нема да одговараат. Тоа е аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо. Морина и останатите никогаш нема да одговараат, нагласи министерот за надворешни работи на Србија, додавајќи дека „западните земји бараат Косово да стане членка на Интерпол, а тие не ја почитуваат таа организација“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dachikj-ekstradiranjeto-na-morina-e-politichka-odluka/feed/ 0
ВИДЕО: Томор Морина со тапани пречекан вo Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tomor-morina-so-tapani-prechekan-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tomor-morina-so-tapani-prechekan-vo-kosovo/#respond Thu, 15 Aug 2019 10:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=229896

Поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, кој македонските власти не го испорачаа на Белград по потерница од Србија, дочекан е синоќа во својата родно Ѓаково како херој, пишува приштински „Газета Експрес“. Весникот пренесува дека Морина по излегувањето од скопскиот затвор во Шутка го пречекале претставници на амбасадата на Косово во Скопје, членови на семејството и пријатели со музика. Претставниците на политичките партии во Приштина го поздравија ослободувањето на Морина. Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-tomor-morina-so-tapani-prechekan-vo-kosovo/feed/ 0
Морина се врати во Косово – Семејството вели добро го третирале во Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/morina-se-vrati-vo-kosovo-semejstvoto-veli-dobro-go-tretirale-vo-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/morina-se-vrati-vo-kosovo-semejstvoto-veli-dobro-go-tretirale-vo-severna-makedonija/#respond Wed, 14 Aug 2019 19:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=229738

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина по излегувањето од притвор, вечерва се вратил во Косово. Косовската Коханет, објави видео и информација дека Морина влегол на Косово околу 19 часот на граничниот премин Блаце. Според Коханет, Морина не сакал да даде изјава за медиумите, додека членови на неговото семејство кажале дека е во добра здравствена состојба и бил добро третиран од властите во Северна Македонија. Претходно неговиот адвокат Насер Рауфи, изјави дека Морина по излегувањето од притвор заминал за Приштина со косовски пасош. Морина поседува и британска патна исправа, која му е задржана од Основниот кривичен суд во Скопје со мерките за претпазливост. Кривичниот суд, постапувајќи по барањето од Србија преку Интерпол, одлучи дека не се исполнети условите за негова екстрадиција, што беше потврдено и од Врховниот суд. Томор Морина беше уапсен на граничниот премин Блаце на 24 јули при влез од Косово во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/morina-se-vrati-vo-kosovo-semejstvoto-veli-dobro-go-tretirale-vo-severna-makedonija/feed/ 0
Српската министерка за правда: Македонија со Морина покажа дека политиката е над правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-ministerka-za-pravda-makedonija-so-morina-pokaza-deka-politikata-e-nad-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-ministerka-za-pravda-makedonija-so-morina-pokaza-deka-politikata-e-nad-pravoto/#respond Wed, 14 Aug 2019 15:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=229663

Одлуката на Врховниот Суд на Македонија дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина покажаа за жал само уште еднаш дека политиката е над правдата. Ова денеска го изјави српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ. - Ова е голема срамота за меѓународното право, но уште поголема тага и удар за семејствата на жртвите кои со децении чекаат правда за најмилите, рече таа, пренесе српскиот Курир. Истакнува дека иако биле донесени сите докази, Македонија одела и одлучила против фактите. За потсетување, Основниот кривичен суд – Скопје му определи мерка за претпазливост – привремено одземање на патната исправа и друг документ за преминување на државна граница, на Морина и одлучи дека не треба да е зад решетки. Одлуката, соопштија од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, е донесена по добивање на одлуката на Врховниот суд на РСМ со која се потврдува решението на првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполенти условите за екстрадиција на Томор Морина во Р.Србија, и постапувајќи по предлог на адвокатот на притвореното лице за укинување на мерката притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srpskata-ministerka-za-pravda-makedonija-so-morina-pokaza-deka-politikata-e-nad-pravoto/feed/ 0
Врховен одлучи: Морина нема да биде екстрадиран во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-odluchi-morina-nema-da-bide-ekstradiran-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-odluchi-morina-nema-da-bide-ekstradiran-vo-srbija/#respond Wed, 14 Aug 2019 10:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=229587

Врховниот суд денес донесе одлука со која Томор Морина нема да биде екстрадиран во Србија. -Врховниот суд донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово, се вели во соопштението од Судот. Во образложението на решението од судот е наведено дека Морина, чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Косово и на Велика Британија, а не државјанин на Србија. -Додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Р.К., ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации S/RES/1244 (1999) од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република Северна Македонија. Поради тоа, согласно со одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и од Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот доолнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција, судот нашол дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., стои во решението кое целосно може да го прочитате ТУКА.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrhoven-odluchi-morina-nema-da-bide-ekstradiran-vo-srbija/feed/ 0
Најрано утре одлука за предметот Томор Морина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najrano-utre-odluka-za-predmetot-tomor-morina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najrano-utre-odluka-za-predmetot-tomor-morina/#respond Tue, 13 Aug 2019 12:11:48 +0000 https://kurir.mk/?p=229271

– Предметот за поранешниот припадник на Ослободотелната војска на Косово (ОВК), Томор Морина денеска е заведен во Врховниот суд и е доделен на судија и најрано утре се очекува да биде донесена одлука дали ќе биде ослободен или не, информираат за МИА од Кабинетот на претседателот на Врховниот суд. Од таму прецизираат дека предметот денеска е доделен на судија и ќе има одлучување по него, по што веднаш откако ќе биде донесена одлука ќе биде објавено од страна на Врховниот суд. Претходно, Основниот кривичен суд го одби барањето за пуштање од притвор на Томор Морина, кој е во притвор околу две седмици, а беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ на 24 јули од страна на македонската полиција по потерница издадена од Интерпол, на барање на Србија. Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Морина, од страна на Србија е обвинет за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najrano-utre-odluka-za-predmetot-tomor-morina/feed/ 0
Потврдена одлуката за ослободување на Томор Морина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrdena-odlukata-za-osloboduvanje-na-tomor-morina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrdena-odlukata-za-osloboduvanje-na-tomor-morina/#respond Tue, 13 Aug 2019 11:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=229254

Поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина е ослободен од затвор. Веста за Клан Косово ја потврди синот на вујкото на поранешниот војник на УЧК, Гуракуќ Добруна. Тој рече дека решението за негово ослободување е донесено, но не е познато кога ќе биде ослободен. - Одлуката за негово ослободување е донесена денес, кога тој ќе биде ослободен од затвор што сè уште не знаеме, затоа што решението треба да биде испратено до затворот каде престојува Томор, рече Добруна. Тој додаде дека ослободувањето на Томор Морина би можело да се случи следниот ден или во текот на следните два или три дена. - Според адвокатот, ова може да се случи следниот ден или наредните 2-3 дена. Поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина, беше уапсен на 24 јули на граничниот премин Блаце.Тој беше задржан повеќе од две недели во затворот Шутка, врз основа на потерницата на Интерпол издадена од Србија. Морина се обвинува за воени злосторства во текот на 98-99 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potvrdena-odlukata-za-osloboduvanje-na-tomor-morina/feed/ 0
Алсат дознава дека е донесена одлука за ослободување на Морина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-doznava-deka-e-donesena-odluka-za-osloboduvanje-na-morina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-doznava-deka-e-donesena-odluka-za-osloboduvanje-na-morina/#respond Mon, 12 Aug 2019 11:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=228892

Алсат дознава дека е донесена одлука за ослободување на Морина Телевизија Алсат-м дознава дека е донесена одлука за ослободување на Морина, стои во нивната кратка вест објавена на нивниот сајт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-doznava-deka-e-donesena-odluka-za-osloboduvanje-na-morina/feed/ 0
Решението на Кривичниот суд за Томор Морина не е пристигнато во Врховен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-na-krivichniot-sud-za-tomor-morina-ne-e-pristignato-vo-vrhoven-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-na-krivichniot-sud-za-tomor-morina-ne-e-pristignato-vo-vrhoven-sud/#respond Thu, 08 Aug 2019 10:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=227664

Решението на Кривичниот суд со кое се одбива барањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина во Србија, се уште не е пристигнато во Врховниот суд. Од Врховен за МИА велат дека откако ќе пристигне кај нив, решението ќе биде испратено за мислење до Јавното обвинителство. Соред законската процедура, откако ќе го изготви мислењето Обвинителството го враќа предметот во Врховен суд каде за него ќе одлучува совет од пет судии во рок кој е определен од Кривичниот суд. Како што посочуваат од Врховниот суд, тоа не би требало да биде подолго од ден или два. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тимор Морина во Србија. – Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето Т.М. во Република Србија како баратели на екстрадицијата, соопшти Основен кривичен суд – Скопје. Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, треба да биде доставено до Врховниот суд за понатамошно одлучување. – Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-na-krivichniot-sud-za-tomor-morina-ne-e-pristignato-vo-vrhoven-sud/feed/ 0
Пацоли очекува Томор Морина наскоро да се врати во Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacoli-ochekuva-tomor-morina-naskoro-da-se-vrati-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacoli-ochekuva-tomor-morina-naskoro-da-se-vrati-vo-kosovo/#respond Thu, 08 Aug 2019 07:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=227533

Министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли очекува поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, кој на 24 јули, врз основа на потерница на Интерпол беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Блаце, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли преку објава на својата страница на Фејсбук ирази задоволство поради вчерашната одлука на надлежниот суд во Северна Македонија да го одбие барањето на Србија за екстрадикција на Морина.

– Среќен сум што Томор Морина ја доби првата битка на судството во Северна Македонија за одбивање на српската одлука за екстрадикција. Ние веруваме силно во професионалната работа на властите во Северна Македонија и во пријателските врски меѓу нашите две земји. Многу бргу тој ќе се врати дома, кај своето семејство и пријателите и ги повикувам сите да бидат трпеливи, напиша Пацоли.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК во Србија. Воедно, на Морина му е продолжен притворот до правосилноста на ова решение, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ.

МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacoli-ochekuva-tomor-morina-naskoro-da-se-vrati-vo-kosovo/feed/ 0