томос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jun 2023 09:17:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png томос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил: Процесот за доделување на Томосот за автокефалија е на добар пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-protsesot-za-dodeluvane-na-tomosot-za-avtokefalija-e-na-dobar-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-protsesot-za-dodeluvane-na-tomosot-za-avtokefalija-e-na-dobar-pat/#respond Sun, 11 Jun 2023 09:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=844555

Братството на Бигроскиот манастир и сестринствата од Рајчица и Пречиста, предводени од владиката Партениј, а со благослов на надлежниот архиереј владиката Тимотеј, беа на поклоничко патување на островот Имврос, а од вчера се во Царигард, информираа од Бигорскиот манастир. -Процесот за доделување на Томосот за автокефалија е на добар пат. Уверен сум дека процесот на присоединување на Охридската Архиепископија, како автокефална црква ќе биде заокружен и дека Томосот за автокефалност, Вселенскиот Патријарх Ватроломеј ќе го донесе во Охрид, изјавил Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската патријаршија. Додал дека верува дека „Архиепископот Стефан и Свештениот Синод, но и Вие лично, ќе работите за да се заврши сѐ она што треба да биде, како би стасале до оној благословен ден кога Неговата Сесветост ќе богослужи во историскиот храм „Света Софија“ во Охрид, за да го предаде Томосот за автокефалија на Охридската Архиепископија“. -Секако, тоа е едно мачеништво, не бескрвно, тешка борба затоа што постои спротивната страна – ѓаволот, кој се обидува да го искористи моментот и да направи прашина и проблеми. Но, убеден сум дека еклисиолошката свест на сите што ја сочинувате Охридската Архиепископија ќе ги одведе работите онаму каде што треба да стасаат. Нѐ трогна архиепископот завчера, во понеделникот на Света Троица, кога по завршувањето на Светата Литургија, обраќајќи се кон Патријархот на Србија, му се заблагодари на нашиот Вселенски Патријарх што обезбеди каноничност и изрази надеж за доделување на Томос за автокефалност, изјавил митрополитот Кирил. Владиката на Имврос, кој неколку пати беше во посета на МПЦ-ОА, а беше дел и од Струшката литија и, како што рекол, по задача на Вселенскиот патријарх Вартоломеј да се посвети на Охридската Архиепископија. Од она со што досега се сретнал му донело благослов и радост. -Вашата посета и вашето присуство е навистина историски настан. Верувам дека овде, на нашиот Имврос, никогаш претходно во поновата историја не прокружиле толку монашки раса, монаси, монахињи, клирици, епископи. И навистина чувствувам дека сте еден ангел, гласник одгоре, кој доаѓате да ни кажете дека таа каноничност отвори една голема прегратка, за да ја собере и Охридската Архиепископија во православната Црква. Тешките години поминаа и сега повторно заедно чекориме, сослужуваме, заедничариме во Телото и Крвта на нашиот Христос од светиот путир и се веселиме сите заедно. Навистина е историска вашата посета и присуство, Преосвештен Владико, изјавил владиката Кирил. Во своето обраќање владиката Партениј посочил дека доколку во светот соперништвото може да роди иновативност и да биде корисно за оние кои спорат, доколку спорат доблесно, во Црквата не смее да има непријателство и спротивставени табори, зашто еден е Патот, една е Вистината, еден е Бог и една е Верата. - Од житијата на мачениците знаеме дека Бог се сведочи докрај и од житијата на Светите Отци знаеме дека Верата се брани без компромис. Да се помолиме на Богородица и на Светиот Кирил Александриски, да се охрабрат сите срца на оние што од лични и суетни причини не сакаат да го спомнуваат наследникот на Свети Јован Златоуст, бидејќи во својата заблуда тие не сфаќаат дека Првиот престол на Вселената не може да биде одделен, туку само тие да бидат отсечени од него. Нека Бог ни го врати потполното единството на Црквата и да ги собере сите свои чеда заедно, посакал владиката Партениј. Тој му се заблагодарил на светиот пастироначалник, Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, за „огромната чест што ни ја направи при нашиот престој на ова благословено место, а кое се овенча со ова свето литургиско празнување и повторно да му посакам многу и благословени години“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolitot-na-imvros-i-tenedos-g-kiril-protsesot-za-dodeluvane-na-tomosot-za-avtokefalija-e-na-dobar-pat/feed/ 0
Литургиско чествување на годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ-ОА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liturgisko-chestvuvane-na-godishninata-od-dodeluvaneto-na-tomosot-za-avtokefalnost-na-mpts-oa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liturgisko-chestvuvane-na-godishninata-od-dodeluvaneto-na-tomosot-za-avtokefalnost-na-mpts-oa/#respond Fri, 02 Jun 2023 08:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=841424

По повод годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) на 5 јуни во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија. -Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да земе молитвено учество на света архијерејска литургија по повод годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА од страна на Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ), на 5 јуни 2023 година, на празникот на Светиот Дух, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи – „Света Софија“ во Охрид. Литургијата е со почеток од 9 часот, соопшти Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА. Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието на 20. минатиот месец донесе одлука за доделување канонски отпуст на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) и интегрирање во МПЦ-ОА. -На заседанието особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на Православната Охридска Архиепископија, во светло на минатогодишната одлука на Светиот архиерејски синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство, како и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За таа цел, Соборот донесе одлука за доделување канонско ослободување на ерархии на оваа автономна црква од страна на СПЦ и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската православна црква во согласност со светите канони и Устави на двете помесни Цркви, како и претходно постигнатиот договор на Синодите на сите три црковни структури, информираше во соопштение Светиот архиерејски синод на СПЦ. Српскиот патријарх Порфириј на 5 јуни минатата година му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. -По благодата Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископоија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по литургијата во Белград на 5 јуни минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/liturgisko-chestvuvane-na-godishninata-od-dodeluvaneto-na-tomosot-za-avtokefalnost-na-mpts-oa/feed/ 0
Романска православна црква очекува Вселенската патријаршија да издаде конечен томос за признавање на автокефалноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=800734

Откако на 9 овој месец, Светиот Синод на Романската православна црква соопшти дека „го одобрува признавањето на автокефалност доделена на Православната црква во Република Северна Македонија од Патријаршијата на Србија преку нејзиниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година“, на својот официјален портал basilica.ro, Патријаршијата на Романија објави дообјаснување на ваквата одлука. - За време на синодското заседание беше земена предвид одлуката на Вселенската патријаршија од 9 мај 2022 година за востановување на канонското и евхаристичко општење со Православната црква во Република Северна Македонија, водена од архиепископот Стефан. Дополнително, Вселенската патријаршија на Црквата на Србија и го препушти регулирањето на административните аспекти што се однесуваат на организирањето на новата Црква во Северна Македонија, се наведува во образложението. РПЦ посочува дека друга тема што била разгледана од страна на романските јерарси на заседанието, било прашањето на автокефалноста и начините на кои таа се доделува и признава, коа било анализирано во текот на неколку работни состаноци на Меѓуправославниот комитет за подготовка на Светиот и велик собор на Православната црква. - Ставот на Романската православна црква по однос на автокефалноста, кој исто така беше презентиран и на Средбата на подготвителниот Комитет за Светиот и велик собор во Шамбези (2011), е следниот: „Светиот Синод на мајката Црква е канонскиот авторитет што може да додели автокефалност на ќерка Црква преку синодален томос потпишан од поглаварот на мајката Црква, заедно со сите епископи од тој Свет синод. Правото на признавање на новата автокефалност и припаѓа на целата Православна црква, а се остварува преку томос за признавање на автокефалноста, потпишан без исклучок, од сите поглавари на автокефалните православни цркви по редот на диптисите во рамки на Синаксисот на поглаварите на православните цркви“, се наведува во образложението. Светиот Синод на Романската православна црква појаснува дека имајќи го предвид претходно наведеното, „ги почитува одлуките на Вселенската патријаршија да ги прими во евхаристичко општење јерарсите, клириците, монасите и верниците раководени од архиепископот Стефан и да остави на Патријаршијата на Србија да ги регулира административните аспекти помеѓу двете цркви“. - По признавањето на првичниот синодален томос издаден на 5 јуни 2022 година од страна на Патријаршијата на Србија со кој се доделува автокефалност на Православната црква во Република Северна Македонија, Светиот Синод на Романската православна црква очекува Вселенската патријаршија да иницира (консултации) и да издаде конечен томос за автокефалност за да изрази сеправославен консензус по прашањето за признавање на автокефалноста, се додава во текстот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanska-pravoslavna-tsrkva-ochekuva-vselenskata-patrijarshija-da-izdade-konechen-tomos-za-priznavane-na-avtokefalnosta/feed/ 0
Го уапсиле бидејќи украл „томос“ – еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-uapsile-bidejkji-ukral-tomos-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-uapsile-bidejkji-ukral-tomos-eve-gi-detalite/#respond Sat, 12 Nov 2022 19:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=759701

На 12.11.2022 полициски службеници од СВР Битола- Полициска станица од општа надлежност Прилеп на ул. „Марксова“ во Прилеп го лишиле од слобода Е.В.(42) од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело кражба. Од Е.В. е одземен мопед „томос“, кој бил пријавен за украден на 02.11.2022. Мопедот е вратен на сопственикот, а против Е.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/go-uapsile-bidejkji-ukral-tomos-eve-gi-detalite/feed/ 0
СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА, се чека томосот од Вселенската патријаршија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/#respond Mon, 06 Jun 2022 05:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=687033

Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, со која СПЦ ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Патријархот Порфириј најави дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј. -По благодата Божја имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а тоа е единството, кое во еден период беше нарушено, но е воспоставено во духот на Црквата, а тоа е Македонската црква – Охридската архиепископоија дека има не само услови потребни да се организира во контекст на автокефална црква и дека тоа е најдобар можен начин и метод за животот на нашите православи браќа и сестри во Северна Македонија. Затоа она што веќе го реализиравме преку служењето на литургија во Скопје, денеска чувствуваме и јавно пред сите да го објавиме документот, кој се нарекува Томос, изјави Порфириј по вчерашната литургија во Белград. На архиерејската литургија во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил во Белград служеа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот на МПЦ –ОА г.г. Стефан, јави дописникот на МИА од Белград. За г.г. Стефан овој настан е правда за Охрид – словенскиот Ерусалим, и најави дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија. -Сега и Света Софија Охридска, врз кој се видливи сите наши лузни, ќе продолжи да биде храм на заедничките евхаристички радости да се напластува единството со сите православни цркви, порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан во беседата по заедничката архиерејска литургија во Белград во Соборниот храм на Свети Архангел Михаил со српскиот патријарх Порфириј. Г.г Стефан потенцираше дека процесот продолжува со посетата на Вселенската патријаршија, каде на Педесетница ќе има литургија со Вселенскиот патријарх, по што се надева дека и останатите православни цркви ќе ја прифатат автокефалноста на МПЦ-ОА. -Веруваме дека примерот на СПЦ кон нас ќе го подржат и останатите сестрински парвославни цркви, а Вие ваша светост направивте чекор со историско значење, како за за нашата МПЦ, така веруваме за целото православие, кажа архиепископот Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека со чинот е потврдена реалноста за автокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква. -Еве и денеска додадовте нова радост, радост над сите радости, зошто за она што донеодамна разговаравме и договаравме, за она што нашиот Синод побара, а вашиот Собор архиерејски еднодушно се согласи и прифати, за Вие, ваша светост, на светата литургија во Свети Климентовиот храм во Скопје и го обзнанивте, за сето тоа денес во пишаниот документ во томосот да потврдивте, дека веќе е реалност афтокефалниот статус на возобневаната Охридска архиепископија како Македонска Православна Црква, истакна вчера г.г. Стефан. Тој дополни дека со ова не е само документ со кој се отвора нова страница на вековната Охридска црква, туку е документ со кој се потврдува историјата на таа древна црква, и сите нејзини времиња и невремиња. Како што посочи, се што се случувало изминативе 20 дена ќе биде забележано како исклучителни настани кои што доведоа до нов тек на нашите меѓуцрковни односи, а со тоа и за односите со сите помесни православни цркви. -Евхаристиското единство, благословено со актот на Вселенската патријаршија, а од Вас покажано на дело преку заедничкото сослужување, со што се потврди нашето меѓусебно единство, единство во верата, произлегува од единствениот извор на љубовта и од Светиот дух, порача тој, потецирајќи дека овој настан е правда за Охрид, градот на словенскиот Ерусалим. Во документот со кој Српската православна црква (СПЦ) и доделува автокефален статус на Македонската православна црква- Охридската архиепископија се наведува дека тоа е полна автокефалност и дека се однесува на матичната земја каде што делува МПЦ, како и на дијаспората. Патријархот Порфириј рече дека со тоа се потврдуваат претходните одлуки на Соборот на СПЦ за статусот на сестринската црква, и дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Владиката Тимотеј смета дека документот што српскиот патријарх Порфириј му го врачи на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, е всушност акт со кој се потврдува написмено она што српскиот патријарх го соопшти во Скопје. Тој вели дека ова е дел од процесот до конечно добивање на официјалниот томос од Вселенскиот патријарх. -Сега почнува процесот. Тие се согласуваат и сега го даваат тоа во писмена форма. Ќе ги информираат сите православни цркви, и почнува процесот, рече владиката Тимотеј. За настанот свое видување има и универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници Цане Т. Мојаноски кој вели дека доколку се случи БПЦ да не ја признае афтокефалноста на МПЦ-ОА тоа нема да влијае на доделувањето на Томосот од страна на Вселенската патријаршија. -Ако ја погледнеме нивната практика дека се што е до 1944 година го присвојуваат како сопствен дел од историјата, такво поведение е можно. Но, што ќе значи за МПЦ-ОА ако една патријашија не ја прифаќа? Веројатно тоа прашање ќе стои отврено како што стои отворено прашањето за други православни цркви. Тоа нема да ја намали можноста МПЦ да е составен ден од православната екумена, да општи со неа. Во текот на јуни, нашиот архиепископ ќе богослужи на Фанар со вселенскиот патријарх. Да се надеваме дека таква заедничка литургија во иднина ќе стори и Бугарската православа црква, вели Мојаноски. Но, додава, без разлика на тоа каков ќе биде ставот на Бугарската православна црква, тоа нема да влијае на доделување на Томосот. -Тоа е прашање кое во јавноста создава забуни. Во православната црква долго време се заговараше идејата автокефалноста да се поврзува со консензусот на сите православни цркви. Тоа решение не стапи во сила што значи дека важечко правило е дека вселенскиот патријарх на основа на поднесокот, во случајот на СПЦ, дека ја поддржува и прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА ги известува другите помесни цркви. Тие потоа, секоја поединечно, ја вклучуваат таа црква во литургиите, вели Мојаноски. На заседанието на Светиот архиерејски синод на СПЦ во мај беше донесена едногласна одлука за прифаќање на автокефалноста на МПЦ. За таа одлука гласаа сите 42 епископи на СПЦ. По заедничката литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј ја соопшти одлуката на Соборот, кој „едногласно и еднодушно излезе во пресрет на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“ и ја прифати нејзината автокефалност. Патријархот потоа рече дека по „заедничкото извршување на техничките и организационите детали ќе бидат информирани сите други православни цркви кои ќе бидат поканети според својот канонски ред и поредок го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА “. Вселенскиот патријарх на 9 мај 2022 година објави одлука за враќање на нашата Црква во канонско единство со останатите православни цркви. Познато е дека вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во февруари 2022 година испрати писмо до СПЦ со апел да го реши процесот со МПЦ-ОА. Г. г. Стефан на заедничка литургија со патријархот Порфириј во Соборниот храм во Скопје обзнани дека Вселенската патријаршија ја прифатила молбата на МПЦ-ОА за сослужение што ќе се одржи во храмот во Фанар на роденденот Црквата, на празникот Педесетница (12 јуни).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spc-go-oficijalizirashe-prifakjanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-se-cheka-tomosot-od-vselenskata-patrijarshija/feed/ 0
Патријархот Порфириј ѝ го врачи томосот на Македонската православна црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-porfirij-go-vrachi-tomosot-na-makedonskata-pravoslavna-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-porfirij-go-vrachi-tomosot-na-makedonskata-pravoslavna-crkva/#respond Sun, 05 Jun 2022 09:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=686786

Патријархот на Српската православна црква Порфириј денеска во Соборниот храм на архиепископот македонско-охридски Стефан му врачи томос за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква. Пред да го предаде томосот, Порфириј рече дека се создадени услови Охридската архиепископија да има способност да биде самостојна црква. Патријархот истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква. Патријархот Порфириј препорача МПЦ сега да најде соодветно име. Исто така, Патријархот Порфириј истакна дека црквата не може да биде и дека не е оружје за постигнување други цели. Тој нагласи и дека оваа одлука нема да влијае на другите канонски области на СПЦ, бидејќи, како што рече, условите во Северна Македонија се различни отколку во другите делови на СПЦ. Соборот на СПЦ едногласно одлучи да и даде автокефалност на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Во беседа пред верниците по литургијата во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, таа одлука ја потврди и српскиот патријарх Порфириј на 24 мај. фото: makfaks.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patrijarhot-porfirij-go-vrachi-tomosot-na-makedonskata-pravoslavna-crkva/feed/ 0
ТАНЈУГ: СПЦ ќе и врачи Томос на МПЦ-ОА за автокефалност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tanjug-spc-kje-i-vrachi-tomos-na-mpc-oa-za-avtokefalnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tanjug-spc-kje-i-vrachi-tomos-na-mpc-oa-za-avtokefalnost/#respond Sun, 05 Jun 2022 09:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=686775

Во соборниот храм во Белград во тек е света архијерејска литургија која ја служат Патријархот српски Порфириј и Aрхиепископот македонско-охридски Стефан со владиките на двете цркви, пренесува Танјуг. Според овие информации на Танјуг, по завршувањето на оваа литургија, патријархот на СПЦ се очекува да му го врачи томосот на апрхиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква. Претходно, како што потсетуваат српските медиуми, 42 епископи на СПЦ гласале за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. После првата заедничка литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј, ја соопшти одлуката на Саборот кој „едногласно и еднодушно излегол во пресрет на молбата на МПЦ-ОА“ и ја признал нејзината автокефалност. Со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, се стави крај на 55-годишниот црковен раскол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tanjug-spc-kje-i-vrachi-tomos-na-mpc-oa-za-avtokefalnost/feed/ 0
Повреден 83 годишен кумановец, паднал од „томос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povreden-83-godishen-kumanovec-padnal-od-tomos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povreden-83-godishen-kumanovec-padnal-od-tomos/#respond Fri, 06 Aug 2021 10:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=547130

На 05.08.2021 околу 10.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово - с.Табановце, Љ.С.(83) од Куманово, управувајќи мопед „томос", изгубил контрола и излетал од коловозот, информира МВР. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.С., констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povreden-83-godishen-kumanovec-padnal-od-tomos/feed/ 0