тонга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jan 2022 14:36:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тонга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Застрашувачки снимки од Тонга – ерупцијата на подводниот вулкан предизвикала цунами кое носи сè пред себе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrashuvachki-snimki-od-tonga-erupcijata-na-podvodniot-vulkan-predizvikala-cunami-koe-nosi-se-pred-sebe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrashuvachki-snimki-od-tonga-erupcijata-na-podvodniot-vulkan-predizvikala-cunami-koe-nosi-se-pred-sebe/#respond Mon, 17 Jan 2022 14:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=620370

Пацифичката држава Тонга е погодена од бран цунами по ерупцијата на вулканот на дното на Тихиот океан. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат огромни бранови како удираат по брегот и луѓе кои се обидуваат да побегнат од водената стихија. Некои жители на Тонга биле затекнати од цунамито додека биле на миса во црква каде останале заробени. Во водите на Тихиот океан во близина на Апиа, главниот град на Самоа, регистрирани се бранови со висина од околу 1,5 метри, било соопштено од американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами. Метеоролошката служба на Тонга соопштила дека предупредувањето од цунами е на сила на целиот остров. Предупредување од цунами исто така издала и Националната служба за вонредни ситуации на Нов Зеланд, како и американскиот Пацифички центар за предупредување од цунами. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-zastrashuvachki-snimki-od-tonga-erupcijata-na-podvodniot-vulkan-predizvikala-cunami-koe-nosi-se-pred-sebe/feed/ 0
Мина опасноста од цунами по ерупцијата на вулканот во Тонга https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mina-opasnosta-od-cunami-po-erupcijata-na-vulkanot-vo-tonga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mina-opasnosta-od-cunami-po-erupcijata-na-vulkanot-vo-tonga/#respond Sun, 16 Jan 2022 08:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=619843

Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна“ штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) во 4 часот по средноевропско време соопшти дека заканата од цунами „главно помина“ во океанските земји, иако мали промени во нивото на морето се можни уште неколку часа. -Цунамито имаше значително влијание врз северниот брег на Нуку’алофа, каде што чамци и големи камења беа фрлени на брегот, но нема информации за жртви, рече Ардерн, без да каже дали другите острови во архипелагот се оштетени. Нов Зеланд во понеделник ќе испрати воен извидувачки авион да прелета над погодената област, доколку облакот од вулканска пепел го дозволи тоа. Комуникацијата со Тонга е прекината откако ерупцијата во саботата го оштети подморскиот кабел, но премиерката Ардерн кажа дека нејзината влада контактирала со Високиот комесаријат на Нов Зеланд во главниот град на архипелагот. Новозеландската премиерка додаде дека „во моментов нема позначајна ерупција“ и дека пепелта престанала да паѓа, но не може да се исклучи натамошна вулканска активност. Во меѓувреме, САД соопштија дека се „подготвени да испратат помош за своите пацифички соседи“. Вселенската снимка го покажа времето на ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи во петокот на еден од ненаселените острови во архипелагот Тонга. Тој предизвика цунами што го зафати брегот на Тихиот Океан од Јапонија до САД и до Перу. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mina-opasnosta-od-cunami-po-erupcijata-na-vulkanot-vo-tonga/feed/ 0
ДОСЕГА НЕМАШЕ ЗАБОЛЕНИ: На ова место е потврден првиот случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dosega-nemashe-zaboleni-na-ova-mesto-e-potvrden-prviot-sluchaj-na-kovid-19-od-pochetokot-na-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dosega-nemashe-zaboleni-na-ova-mesto-e-potvrden-prviot-sluchaj-na-kovid-19-od-pochetokot-na-pandemijata/#respond Fri, 29 Oct 2021 08:41:48 +0000 https://kurir.mk/?p=587557

Премиерот на пацифичкото кралство Тонга, Похива Туионетоа денеска изјави дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Тонга, што е лоцирана на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд ги затвори границите на почетокот од пандемијата и досега немаше заболени лица. Вирусот е потврден кај патник кој се враќал од Нов Зеланд, кој заедно со другите 214 лица се изолирани и ставени во карантин по нивното враќање во Тонга на 27 октомври. Во авионот имало сезонски работници и некои претставници на олимпискиот тим на Тонга кои заглавија во Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри во Токио. Ним не им беше дозволено да влезат во Тонга со недели откако беа откриени случаи на Ковид-19 во Нов Зеланд. Премиерот Туионетоа ги повика жителите на Тонга да се подготват за можни ограничувања и да се вакцинираат. Во Тонга вакцинирани се 48 отсто од населението со прва доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани. Здравствените власти на Нов Зеланд вчера потврдија два случаи на Ковид-19 во Крајстчерч, први инфекции во градот по една година. Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека патникот имал негативен наод пред да замине од Нов Зеланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dosega-nemashe-zaboleni-na-ova-mesto-e-potvrden-prviot-sluchaj-na-kovid-19-od-pochetokot-na-pandemijata/feed/ 0
ФОТО: Циклонот Гита ја опустоши Тонга https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ciklonot-gita-ja-opustoshi-tonga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ciklonot-gita-ja-opustoshi-tonga/#respond Tue, 13 Feb 2018 08:49:54 +0000 http://kurir.mk/?p=20945

Малата островска држава Тонга во Тихиот Океан е опустошена од тропскиот циклон Гита, кој ги погодил островите минатата ноќ. Според медиумите во Нов Зеланд, циклонот бил од четврта категорија, а налетите на ветрот во епицентарот достигнувале брзина од 54 метри во секунда, или над 200 километри на час. Околу 70 отсто од домовите и објектите во Нуку'Алофа – главниот град на Кралството Тонга, се целосно или делумно урнати. На повеќето места по островите нема струја. Паднати се многу дрва и електрични столбови. Целосно уништена е и зградата на Парламентот која била стара над 100 години. Тонга се состои од околу 170 острови, оддалечени еден од друг десетици и стотици километри во југозападниот дел на Тихиот Океан, со вкупна површина од околу 750 километри квадратни и со население од 107.000 лица. Повеќе од 70 отсто од населението живее на главниот остров Тонгатапу, кој најмногу е погоден од невремето. За жртви и сериозно поведени лица засега нема информации, но десетици луѓе побарале медицинска помош. Циклонот продолжува да се засилува, се движи кон запад и се очеква оваа ноќ да ги погоди јужните острови на архипелагот Фиџи, но да го избегне главниот град Сува и големите градови рапоредени на северните острови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ciklonot-gita-ja-opustoshi-tonga/feed/ 0