тони дескоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Apr 2022 10:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тони дескоски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дескоски за отворањето на клубот посветен на Иван Михајлов: Ругање со слободарска Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-za-otvoranjeto-na-klubot-posveten-na-ivan-mihajlov-ruganje-so-slobodarska-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-za-otvoranjeto-na-klubot-posveten-na-ivan-mihajlov-ruganje-so-slobodarska-bitola/#respond Sat, 16 Apr 2022 10:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=664009

Тони Дескоски, професорот по меѓународно право на УКИМ, реагираше на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков кој во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“. „Кој парадокс, Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција. Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на Македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола. Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата. И да сме на јасно, ова не е проблем само на Бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава. Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен. п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, напиша професорот на Фејсбук. Петков доаѓа придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-za-otvoranjeto-na-klubot-posveten-na-ivan-mihajlov-ruganje-so-slobodarska-bitola/feed/ 0
Дескоски согласен со Калајџиев за Законот за ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-soglasen-so-kalajdziev-za-zakonot-za-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-soglasen-so-kalajdziev-za-zakonot-za-jo/#respond Mon, 02 Sep 2019 16:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=236179

Универзитетскиот професор Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескоска е согласен со професорот Гордан Калајџиев дека не треба да се избрзува со ад хок решенија за Законот за ЈО. -Глас на разумот! Браво Гордан, пишува Дескоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-soglasen-so-kalajdziev-za-zakonot-za-jo/feed/ 0
Дескоски го потврди Мицкоски: Во Македонија има октопод ист како оној на ТАТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-go-potvrdi-mickoski-vo-makedonija-ima-oktopod-ist-kako-onoj-na-tat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-go-potvrdi-mickoski-vo-makedonija-ima-oktopod-ist-kako-onoj-na-tat/#respond Tue, 13 Aug 2019 14:38:14 +0000 https://kurir.mk/?p=229307

Универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фејсбук профил сподели статус во кој вели дека претседателот Стево Пендаровски вчера имал многу добра порака во своето обраќање за случајот „Рекет“. -Многу добра порака од Претседателот! За жал, по малку сме скептични, имајќи го предвид фијаското во пресметката со Октоподот од ТАТ во 1997 година, а и последователните големи скандали. Исто така, идејата не Претседателот за самоиницијативни искази на јавни функционери во обвинителството не е добра, затоа што ќе го закочи обвинителството до искази од нерелевантни лица. И во 1997 година, сите државни функционери поднесуваа посменинизјави, но без ефект. Изјави треба да дадат тие што ќе бидат повикани, со присуство на адвокат, пишува во својот статус Дескоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-go-potvrdi-mickoski-vo-makedonija-ima-oktopod-ist-kako-onoj-na-tat/feed/ 0
Дескоски: Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама- стана забранет автор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-se-chini-deka-andov-ja-dobi-najdobrata-reklama-stana-zabranet-avtor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-se-chini-deka-andov-ja-dobi-najdobrata-reklama-stana-zabranet-avtor/#respond Fri, 22 Mar 2019 08:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=177455

Универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фејсбук профил објави статус во кој е зачуден од привремената мерка за забрана на автобиографската книга на Стојан Андов. -Малку ми е зачудувачка привремената мерка за забрана на автобиографската книга на Стојан Андов. Ќе разберев ваква мерка ако тој беше тужен за плагијат, па преку забраната да се спречи евентуална дополнителна штета за вистинскиот автор. Но, во овој случај, тужбата е за клевета (како што известуваат медиумите). Книгата подолго време е во оптек, а спорната содржина е веќе општо позната. Ако имало клевета, таа е веќе сторена. Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама. Стана забранет автор, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-se-chini-deka-andov-ja-dobi-najdobrata-reklama-stana-zabranet-avtor/feed/ 0
Дескоски: Грција ја има истата можност како и во договорот во 1995 година да ја блокира интеграцијата на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-grcija-ja-ima-istata-moznost-kako-i-vo-dogovorot-vo-1995-godina-da-ja-blokira-integracijata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-grcija-ja-ima-istata-moznost-kako-i-vo-dogovorot-vo-1995-godina-da-ja-blokira-integracijata-na-makedonija/#respond Thu, 11 Oct 2018 08:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=113623

Универзитетскиот професор, Тони Дескоски вели дека нема никаква разлика во членовите околу интеграцијата на Македонија во меѓународните институции, дека членовите се исти и во времената согласност од 1995 година и во договорот потпишан во Преспа оваа година, меѓу Македонија и Грција. Фејсбук статус на Тони Дескоски: ШТО Е РАЗЛИКАТА? WHAT'S THE DIFFERENCE? Искрено, јас не гледам никаква разлика. I honestly can't see any difference. Член 11 став 1 од Времената согласност од 1995: “. . . Првата страна се согласува да не приговара на пријавата за членство и на членствотро на Втората страна во оние Меѓународни, мултиратерални и регионални институции и органи-зации во кои Првата страна е членка. Но, Првата страна го задржува правото да приговара на секое горенаведено членство, ако и доколку привременото обраќање со кое на Втората страна треба да и се обраќаат во таквите организации и институции се разликува од она наведеното во резолуцијата 817 (1993) на Советот за безббедност на Обединетите нации.” “. . .The Party of the First Part agrees not to object to the application by or the membership of the Party of the Second Part in international, multilateral and regional organizations and institutions of which the Party of the First Part is a member; however, the Party of the First Part reserves the right to object to any membership referred to above if and to the extent of the Party of the Second Part is to be referred to in such organization or institution differently than in paragraph 2 of the United Nations Security Council resolution 817 (1993).” Член 2 став 1 од Преспанската спогодба: „1. Првата страна се согласува да не приговара на барањата за членство или членството на Втората страна, под името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во меѓународните, мултилатералните и регионални организации и институции, во кои членува Првата страна.” “1. The First Party agrees not to object to the application by or the membership of the Second Party under the name and terminologies of Article 1 (3) of this Agreement in international, multilateral and regional Organizations and institutions of which the First Party is a member.” ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-grcija-ja-ima-istata-moznost-kako-i-vo-dogovorot-vo-1995-godina-da-ja-blokira-integracijata-na-makedonija/feed/ 0
Дескоски: Со договорот од Преспа, ние полека но сигурно го заокружуваме исполнувањето на сите грчки барања од 1992 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-so-dogovorot-od-prespa-nie-poleka-no-sigurno-go-zaokruzuvame-ispolnuvanjeto-na-site-grchki-baranja-od-1992-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-so-dogovorot-od-prespa-nie-poleka-no-sigurno-go-zaokruzuvame-ispolnuvanjeto-na-site-grchki-baranja-od-1992-godina/#respond Wed, 10 Oct 2018 14:14:12 +0000 https://kurir.mk/?p=113414

Универзитетскиот професор Тони Дескоски во статус на Фејсбук, објаснува што е целта на одредбата од чл. 1, ст. 12 од Преспанкиот договор, со која се предвидуваат измени на Преамбулата, чл. 3 и чл. 49 од Уставот на Република Македонија. Фејсбук статус на Тони Дескоски: ШТО Е ЦЕЛТА НА одредбата од чл. 1, ст. 12 од Преспанкиот договор, со која се предвидуваат ИЗМЕНИ НА Преамбулата, чл. 3 и чл. 49 од УСТАВОТ на Р. Македонија? ОДГОВОР: ДА СЕ ОПРАВДА ГРЧКОТО НЕПРИФАЌАЊЕ НА МИСЛЕЊЕТО БР. 6 НА БАДИНТЕРОВАТА КОМИСИЈА, И ДА СЕ ДОБИЕ ИМПЛИЦИТНО ПРИЗНАНИЕ ОД НАШАТА СТРАНА ДЕКА ГРЦИЈА БИЛА ВО ПРАВО КОГА НЕ ГИ ПРИФАТИЛА НАВОДИТЕ НА БАДИНТЕР ЗА НАШИОТ УСТАВ. Образложение: Во неодамнешната конверзација уважениот Амбасадор Зашов ми укажа на една работа во врска со спорот за името: дека всушност со Договорот од Преспа, ние полека но сигурно, го заокружуваме исполнувањето на сите Грчките барања од 1992 година, кои беа испорачани од Владата на Мицотакис, по добивањето на позитивното мислење од т.н. Бадинтерова комисија. И навистина, кога човек ќе го погледне чл. 1 ст. 12 од Договорот, ќе нотира дека дека покрај уставниот амандман за промена на името на државата во „Република Северна Македонија", предвидени се уште три амандмани на Преамбулата и членовите 3 и 49. За разлика од амандманот за промена на името, за останатите три амандмани не е наведено ниту која ќе биде нивната содржина, ниту пак која е целта која се сака да се постигне. Тоа е можно доколку се изврши увид во Грчките документи од 1992-93 година. Најнапред, во обраќањето на Министерот Самарас од 17 јануари 1992 година (два дена по објавувањето на Бадинтеровото мислење), во кое тој објаснува зошто за Грција не е прифатлив наодот на Бадинтеровата комисија. Меѓу другото, кај нашиот Устав, според него се проблематични Преамбулата - заради повикувањето на документите на АСНОМ, чл. 3 - затоа што предвидува дека територијата на Р. Македонија е неделива, но предвидува и можност за менување на границата, и чл. 49- заради тоа што предвидува дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји". За сите неверни Томовци, еве линк до текстот на обраќањето на Министерот Самарас: http://www.macedonian-heritage.gr/OfficialDoc…/Samaras2.html Впрочем, за ова пишуваше и проф Шкариќ во една неодамненшна колумна на интернет портал. Понатаму, истите забелеќки на Грција, се наведени и во Дописот на Грчкиот Министер за надворешни работи Папаконстантину до Генералниот секретар на ОН од 25 јануари 1993 година, со кој допис Грција се противи на било каков прием на Р. Македонија во ОН. (UN doc. S/25158) Овој допис е објавен како Анекс 26 кон нашиот Поднесок-Мемориал кон тужбата пред МСП во Хаг, а подолу објавувам делови од него. Со прифаќањето на обврската за измени на Преамбулата, чл. 3 и чл. 49 од Уставот во Преспанскиот договор, навидум се чини дека целта на двете страни е да се промени содржината на Преамбулата и на двете уставни одредби. Но, оние што ќе се потсетат на Историјата на спорот, веднаш забележуваат (исто како и Амбасадорот Зашов), дека всушност Грција на овој начин реализира едно свое барање, поставено по објавувањето на Бадинтеровото мислење за содржината на нашиот (изменет) устав. Ќе потсетам, дека позитивното Бадинтерово мислење е добиено дури откако ние за само 12 дена ги променивме токму чл. 3 и чл. 49 од Уставот. Всушност, ние со прифаќањето повторно да ги промениме чл. 3 и чл. 49, а над тоа и Преамбулата на Уставот, всушност во целост имплицитно (премолчно) признаваме дека Грција со право ги спорела овие уставни одредби, независно што истите се позитивно оценети од Бадинтеровата комисија. Уште повеќе, ова е имплицитно признание и дека Грција со право инсистирала на овие уставни измени, дури и откако истите не ги добила од Претседателот Глигоров во Времената спогодба од 1995 година. Сега приказната полека се заокружува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-so-dogovorot-od-prespa-nie-poleka-no-sigurno-go-zaokruzuvame-ispolnuvanjeto-na-site-grchki-baranja-od-1992-godina/feed/ 0
Дескоски: И да се промени Уставот и името на државата, Македонија може да биде блокирана од страна на Грција поради неуспешниот референдум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-i-da-se-promeni-ustavot-i-imeto-na-drzavata-makedonija-moze-da-bide-blokirana-od-strana-na-grcija-poradi-neuspeshniot-referendum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-i-da-se-promeni-ustavot-i-imeto-na-drzavata-makedonija-moze-da-bide-blokirana-od-strana-na-grcija-poradi-neuspeshniot-referendum/#respond Tue, 09 Oct 2018 09:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=112683

Иако референдумот беше неуспешен и пропадна, противејќи се на волјата на скоро 1,2 милиони граѓани кои гласаа против или ставот против договорот го кажаа без да гласаат на референдумот, Владата реши да предложи уставните промени од овој договор да одат преку Собранието. Како и во целата кампања, така и сега власта не ни го споменува она што го носи договори, туку само предностите кои би ни ги донела интеграцијата во НАТО и ЕУ, велејќи дека Грција веќе нема да смее да не блокира со имплементација на овој договор. Во договорот јасно пишува дека за договорот да се спроведе, прво мора да помине на референдум во Македонија, што не беше така во овој случај, бидејќи референдумот беше неуспешен со излезност од само 36,89 проценти излесност. Експертската јавност вели дека и со имплементација во Собранието и промена на Уставот во Република Македонија, Грција може да ја блокира интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, токму поради референдумот. Ова го потврдува во статус на Фејсбук и сопругот на министерката за правда Рената Дескоска, универзитетскиот профеоср Тони Дескоски, кој вели дека поради неуспешниот референдум Грција секогаш ќе може правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. -Денеска гласавме. И покрај сите полемики, моето мислење е дека прашањето беше кристално јасно. Кристално јасно е и дека на референдумот немаше доволен број на граѓани кои би се изјасниле на поставеното прашање. Сега, кога имаме неуспешен референдум , чувствувам потреба да укажам на една одредба од Преспанската спогодба, која во значителна мерка може да влијае на идните постапки.  Имено, во чл. 2 став 4, точка б, алинеја ii (втора,трета и четврта реченица), изречно е пропишано дека поддршката на Грција за наше зачленување во НАТО е условено од исполнувањето на два кумулативни услови: прво, од исходот на референдумот (кој мора да е конзистентен со Спогодбата) и второ, усвојувањето на Уставните амандмани (четири на број). Тоа значи дека без исполнување на било кој од двата услови, Грција нема да има обврска да не поддржи за членство во НАТО. Тоа пак значи, дека дури и да ја ратификуваат Преспанската спогодба во нивниот парламент, ние ќе бидеме во нивна милост или немилост, за тоа дали ќе не пропуштат во НАТО. Грција секогаш ќе може да се повика на неуспешниот референдум, и совршено правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за наше пристапување во НАТО. Тогаш, ниту Меѓународниот суд на правдата нема да пресуди за нас. Оттука, пред да се пристапи кон уставни измени, укажувам на опасноста со која се соочуваме, дури и ако амандманите бидат усвоени, напиша во завршувањето на референдумскиот ден на 30 септември, професорот Дескоски. Професорот Дескоски на први октомври реагираше откако во медиумите беше кажано дека тоа што тој го пишал ден претходно го немало во договорот. -Денес слушнав едно мислење од еден од оние експерти кои не го прочитале текстот на Преспанскиот договор, и кој не верува дека таму го пишувало тоа што јас го цитирав во вчерашниот пост. Уште од студентски денови јас го следам советот на покојниот Проф Матовски дека во закон мора да се гледа (другиот дел нема да го обзнанам). И еве, за јавноста да види дали постои одредбата која ја цитирав и што таа пропишува, ја објавувам истата, напиша на Фејсбук професорот Дескоски. Инаку, иако референдумот не беше успешен со што значи дека договорот со Грција повеќе не важи, власта сепак реши истиот да го „помине“ во Собранието, откако вчера доставија предлог за негова ратификација во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-i-da-se-promeni-ustavot-i-imeto-na-drzavata-makedonija-moze-da-bide-blokirana-od-strana-na-grcija-poradi-neuspeshniot-referendum/feed/ 0
Дескоски: Република Македонија (Скопје)-решение кое не задира во нашиот идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-republika-makedonija-skopje-reshenie-koe-ne-zadira-vo-nashiot-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-republika-makedonija-skopje-reshenie-koe-ne-zadira-vo-nashiot-identitet/#respond Mon, 22 Jan 2018 09:23:23 +0000 http://kurir.mk/?p=13822

Нашата држава треба да направи компромис со Грција и да прифати во меѓународните односи да го користи единствено своето уставно име – Република Македонија, и на тој начин да овозможи компромис преку кој ќе се направи разлика меѓу името на нашата држава и поширокиот регион „Македонија“ во кој таа се наоѓа, нагласува професорот по меѓународно право Тони Дескоски на својот фејсбук профил, анализирајќи го коментарот на Ставрос Теодоракис лидер на грчката Либерално-демократската партија „Потами“. Теодоракис на својот фејсбук профил вчера објави зошто не присуствувал на вчерашниот митинг во Солун појаснувајќи дека 25 години се изгубени одржувајќи воена атмосфера со мала земја која, како што вели, земја која може да и биде верен сојузник на Грција. – Не присуствувам на митингот затоа што ги презирам сите оние кои градат кариери со популистички ставови и националистички круни. Зошто не гледам многу разлики меѓу “поранешната југословенска Република Македонија” – која сите ја прифативме и Нова или Северна или Горна Македонија. Зошто секој пат кога една држава на Обединетите нации ја признава „Република Македонија”, грчката дипломатија е ослабена. Затоа што не сакам соседната земја да се распадне – сакам да го спречам „муслиманскиот подарок н на турската мајка” и “Големата Албанија”, посочува Теодоракис на фејсбук. Тој вели дека не го поддржал протестот затоа што носителите на препораките од земјите од 1992 година „да не се брза со решавање на името”, ја признаа „Република Македонија“. Според него, Солун е главен град на Балканот, а не фобичната провинција Атина. Теодроакис вели дека ова јавно го кажува затоа што не научил да се крие и дека тоа го очекува од другите политичари. Професорот Дескоски во интервју за „Канал 5“ телевизија ја анализираше и биографската книга на професерот Денко Малески „Бебето од катран“ од 1992 година кога беше министер за надворешни работи, при што рече дека Република Македонија (Скопје) е името на нашата држава кое и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во повеќе наврати минатите години го прифатиле како решение во спорот со Грција. Тој за МИА вели дека од нејасни причини во 1993 година тогашниот претседател Киро Глигоров и потсекретарот за надворешни работи Ристо Никовски го одбиле предлогот на британскиот Форин Офис да не поддржат за прием во Обединетите нации под името Република Македонија (Скопје), име кое министерот Малески го договарал со Британците. Во својата биографија поранешниот министер Малески открива дека во преговорите бил на чекор до финалниот договор за тоа име, но од нејасни причини бил заобиколен од тогашниот државен врв, и не бил информиран за состанокот во Форин Офис во Лондон, на кој потсекретарот Ристо Никовски го одбил предлогот на Британските дипломати, по што министерот си поднел оставка.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-republika-makedonija-skopje-reshenie-koe-ne-zadira-vo-nashiot-identitet/feed/ 0
Дескоски во вестите на Канал 5: Не е можна промена на името без промена на идентитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-vo-vestite-na-kanal-5-ne-e-mozna-promena-na-imeto-bez-promena-na-identitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-vo-vestite-na-kanal-5-ne-e-mozna-promena-na-imeto-bez-promena-na-identitetot/#respond Fri, 12 Jan 2018 18:53:55 +0000 http://kurir.mk/?p=10115

Професорот на правниот факултет во Скопје Тони Дескоски и не е можна промена на името без промена на идентитетот. Според Дескоски основната идентитетска компонента е името. Тој вели дека него не можете да му го смените името во Горан од Тони и тој да остане со истиот идентитет. -Да јас и понатаму ќе бидам маж ќе имам 46 години ама ќе бидам некој друг, ќе бидам Горан, а не Тони. Од тука обидите или жонглирањата со некакво преименување на државата при што ќе се задржи терминот Македонија ама ќе му се даде некоја додавка се всушност тоа. Обид за преименување, а потоа се отвара целиот идентитески пакет кој не води до суштината на проблемот дека Грција неможе да ја прифати македонската нација како таква. Ќе ве потсетам денеска повторно во истиот документ кој е официјален документ на грчкото МНР и кој ја одразува официјалната позиција на Грција стои дека срцевината на проблемот за името е всушност вештачката и лажна македонска нација создадена од Тито во текот на втората светска војна. Замислете сега ние преговараме од позиција на вештачка и лажна македонска нација создадена од Тито. Од тука произлегува вистинската намера да се држи прашањето за името да не се дојде до решение, Република Македонија да се држи надвор од НАТО, што решава некои други безбедносни проблеми на Грција. Целта е олабавување на притисокот врз Србија за Србија да се приклони кон западната Алијанса. Спорот за името беше измислен од владата на Мицотакис и од неговиот министер за надворешни работи не од друга причина, туку како форма на притисок врз нашата држава да не излезе од федерацијата на скратена Југославија на Слободан Милошевич. Практично тие се обидуваа за Слободан Милошевич да го задржат неговиот плен или делот од територијата. Решавањето на проблемот со името е приоритет на грчката со цел да спречи влегување на Македонија во НАТО, изјави Дескоски. Тој вели ,, Може слободно да проверите на страната на нивното МНР и ден денеска, вчера, пред 10 години тврди, тврдеше и се уште тврди дека иредентистичката политика на Република Македонија е манифестирана во серија повреди на привремената спогодба од наша страна. Истите тие повреди беа предмет на разгледување на меѓународниот суд на правдата и тој најде дека грчките тврдења се неосновани или лажни.’’ Дескоски ја коментираше и нашата дипломатија која според него е тромава и инертна во докажување на спротивното и покрај пресудата која Македонија ја има од меѓународниот суд на правдата. Таа пресуда покажува дека Грција ја крши привремената спогодба. Таа докажа дека Грција ги нарушува добрососедските односи Македонија е жртвата додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-vo-vestite-na-kanal-5-ne-e-mozna-promena-na-imeto-bez-promena-na-identitetot/feed/ 0
Tони Дескоски: Срцевината на спорот за името според грчката страна е дека Македонија е измислена нација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toni-deskoski-srcevinata-na-sporot-za-imeto-spored-grchkata-strana-e-deka-makedonija-e-izmislena-nacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toni-deskoski-srcevinata-na-sporot-za-imeto-spored-grchkata-strana-e-deka-makedonija-e-izmislena-nacija/#respond Wed, 10 Jan 2018 23:10:02 +0000 http://kurir.mk/?p=9195

Професорот на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, Тони Дескоски во своето гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма истакна дека грчкиот став оти Македонија е измислена нација е срцевината на спорот за името. Дескоски не верува дека Грците ќе се откажат од она што според нив е суштина на спорот. Во однос на подобрување на добрососедските односи помеѓу двете држави кој би го донело евентуалното решение на спорот, тој вели дека прашањето на добрососедски односи и пријателство со Грција е решено со времената спогодба. Токму првиот дел А што стои пред првиот член од времената спогодба го носи името пријателство и мерки за доверба. За професорот ова е важен податок со кој не е запознаена македонската јавност, односно дека Македонија и Грција веќе имаат склучено договор за добрососедство уште во 1995 година со времената спогодба. Во времената спогодба само едно прашање е оставено отворено во договорот за добрососедство, а тоа е спорот со името. Македонската страна има позиција дека времената спогодба е траен договор, односно дека прашањата кои се таму договорени нема да се предоговораат додека на другата страна е грчката позиција дека привремената спогодба треба да се предоговора, бидејќи Грција очекува нови отстапки од Македонија додаде тој. Имено професорот потенцираше дека нешто кое македонската дипломатија треба да го артикулира е дека времената спогодба е траен договор за мир и добрососедство и едно прашање за кое треба да се преговара и договори. -Дополнително не смееме да прифатиме ништо друго да се договара, бидејќи со тоа ќе се отвори пандорината кутија и не ќе може да се дојде до решение, опозициската Неа Демократија во Грција го бара токму ова. Од денот на потпишување на времената спогодба грчката страна се обидува да побегне од нејзе, вели Дексоски. Според Дескоски, клучен пропуст на македонската дипломатија е што не се користи со пресудата на меѓународниот суд за правдата. -Во пресудата се докажува дека Грција е страна која го крши договорот за добрососедство, а нашата пак дипломатија нема истакнато дека добрососедските односи помеѓу двете држави ги загрозува токму оној кој го крши договорот за добрососедство. Грција сеуште се држи до тезата на Самарас за македонски иредентизам, проблемот нема да се реши доколку Грција не мрдне милиметар и попушти во спорот, а сите наводи се дека Грција нема да направи отстапка и ќе остане вкопана во ров. Во пресудата на меѓународниот суд за правдата наводите за иредентизам на Грција со судска пресуда се покажани како невистините односно лажни. Со пресудата целокупната надворешна политика на Грција беше осудена, а ние пак одбиваме да ја користиме и се надеваат дека Нимиц ќе даде усогласен предлог, Нимиц може да предложи Нова, Северна или Горна Македонија, предлози кои во нашата држава не можат да се прифатат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toni-deskoski-srcevinata-na-sporot-za-imeto-spored-grchkata-strana-e-deka-makedonija-e-izmislena-nacija/feed/ 0