Тони Китановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Oct 2018 09:59:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Тони Китановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт за 30 години кариера на Тони Китановски за крај на Скопскиот џез-фестивал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-30-godini-kariera-na-toni-kitanovski-za-kraj-na-skopskiot-dzez-festival/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-30-godini-kariera-na-toni-kitanovski-za-kraj-na-skopskiot-dzez-festival/#respond Sun, 21 Oct 2018 09:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=117694

На последната фестивалска вечер од 37. Скопски  џез-фестивал, гитаристот  Тони Китановски со концерт од 20 часот во Македонската опера и балет ќе одбележи 30 години музичка кариера. Во првиот дел од вечерта тој ќе настапи со својот најнов проект – квинтетот „Панда 5“ и во живо ќе го промовира новиот албум „Big City Scare”. Покрај Китановски во квинтетот членуваат и младите македонски џез-инструменталисти: Трајче Велков (труба), Кирил Кузманов (алт саксофон), Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Виктор Филиповски (тапани). Во вториот дел од концертната вечер во МОБ на Китановски ќе му се придружат неговите музички пријатели и соработници: Џон Сас, Дејв Вилсон, Асан Рашид, Васил Хаџиманов и Пјеро Епифанија Осамбела. Тони Китановски има  разновиден музички опус. Свирел на турнеи со своите проекти на џез и музика на светот, снимил и продуцирал голем број албуми, пишувал музика за играни и документарни филмови, современ танц, симфониски и големи џез-оркестри. Соработува со хип-хоп диџеи, музичари од Конго, ромски оркестри… Себеси се смета за композитор кој свири гитара, а неговата прва љубов отсекогаш била џезот. Негов прв и највлијателен ментор е Драган Ѓаконовски-Шпато, во чиј дом тој првпат слушнал стара снимка од гитаристот Барни Кесел. Во 1990-тите живеел и студирал во Бостон, на музичкиот колеџ „Беркли“. По враќањето десет години подоцна, излегуваат серија албуми за SJF Records и ENJA/Yellowbird Records од Минхен, а „Big City Scare” е најновото музичко остварување на Китановски и квинтетот „Панда 5“. Скопскиот џез-фестивал  годинава беше ориентиран кон современиот џез. Карактеристичен беше и по тоа што речиси сите музичари што учествуваа специјално допатуваа  за фестивалот и нивните концерти  не беа дел од турнеи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-za-30-godini-kariera-na-toni-kitanovski-za-kraj-na-skopskiot-dzez-festival/feed/ 0