тони трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Apr 2022 10:42:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тони трајковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пресудата за „ТНТ“ закажана за 20-ти мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-tnt-zakazana-za-20-ti-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-tnt-zakazana-za-20-ti-maj/#respond Fri, 29 Apr 2022 10:42:14 +0000 https://kurir.mk/?p=669694

Пресудата за случајот „ТНТ“ е закажана за 20 мај. Завршни зборови денеска дадоа дел од обвинетите, кои се изјаснија дека немаат сторено кривично дело во однос на уривањето на објектот „Космос“ и оти се надеваат на ослободителна пресуда. Претходно, завршен збор имаше поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој посочи дека не постои ниту еден акт што е потпишан од негова страна, а се однесува на уривањето на објектот „Космос“ и се надева на ослободителна или одбивателна пресуда, бидејќи оштетениот Фијат Цаноски сам истакнал дека бара политичко решение, со што признава дека објектот е нелегален. -Се надевам дека преку моите завршни зборови и завршните зборови на мојата одбрана судот ќе донесе ослободителна или одбивателна пресуда. Ако добијам и шеста осудителна пресуда, дали нешто ќе се смени во општеството? Мојот одговор е дека ништо нема да се подобри, освен што Цаноски ќе заработи од Буџетот на државата, давајќи поттик на други своето незаконско работење да го прикријат преку политички решенија користејќи ги правосудните органи, посочи Јанакиески Завршен збор вчера имаше и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој посочи дека на средба со инвеститорот на објектот „Космос“ Фијат Цаноски, тој не негира дека гради нелегално. Исто така, Трајковски вели дека нема испратено порака до Никола Груевски, ниту го контактирал во врска со овој објект и „повеќе од јасно е дека не бил поттикнат да дејствува по нечија наредба“. Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба предложи до Судот да обрне внимание на релевантните докази, бидејќи со ништо не се докажува вината на Трајковски и треба да биде ослободен од обвинение. Јавниот обвинител Бурим Рустмеи во завршните зборови нагласи дека во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета. Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон. Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот. -Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудиоснимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение, изјави бранителот по службена должност на Груевски. Случајот го води судијата Огнен Ставрев. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-tnt-zakazana-za-20-ti-maj/feed/ 0
Трајковски за ТНТ: Цановски не негира дека гради нелегално, повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-za-tnt-canovski-ne-negira-deka-gradi-nelegalno-povekje-od-jasno-e-deka-ne-sum-bil-pottiknat-da-dejstvuvam-po-nechija-naredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-za-tnt-canovski-ne-negira-deka-gradi-nelegalno-povekje-od-jasno-e-deka-ne-sum-bil-pottiknat-da-dejstvuvam-po-nechija-naredba/#respond Thu, 28 Apr 2022 13:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=669302

Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска ги даде завршните зборови за случајот „ТНТ”, каде посочи дека овој судски процес има една единствена цел, „да придонесе кон збогатување на оштетениот Фијат Цановски и да резултира со оштета на Буџетот на државата”. -На средба со инвеститорот на објектот „Космос” Фијат Цановски, тој не негира дека гради нелегално. Исто така, јас немам испратено порака до Никола Груевски, ниту сум го контактирал во врска со овој објект и повеќе од јасно е дека не сум бил поттикнат да дејствувам по нечија наредба, вели Трајковски. Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба предложи до судот да обрне внимание на релевантните докази, бидејќи со ништо не се докажува вината на Трајковски и треба да биде ослободен од обвинение. Во случајот „ТНТ” обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот премиер Никола Груевски на кој му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во Општина Гази Баба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-za-tnt-canovski-ne-negira-deka-gradi-nelegalno-povekje-od-jasno-e-deka-ne-sum-bil-pottiknat-da-dejstvuvam-po-nechija-naredba/feed/ 0
„ТНТ“ одложен: По сведочењето на докторката потврдено е дека Трајковски не може да присуствува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tnt-odlozen-po-svedochenjeto-na-doktorkata-potvrdeno-e-deka-trajkovski-ne-moze-da-prisustvuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tnt-odlozen-po-svedochenjeto-na-doktorkata-potvrdeno-e-deka-trajkovski-ne-moze-da-prisustvuva/#respond Mon, 20 Jan 2020 10:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=292207

На денешното рочиште за „ТНТ“ присутни беа сите обвинети, освен Тони Трајковски. Неговиот адвокат Страшевски рече дека Трајковски не е во можност да присуствува на рочиштата. Потоа беше повикана неговата докторка Викторија Вујовиќ да ја образложи неговата здравствена состојба. Јавноста беше исклучена од ова излагање поради заштита на податоци на здравствени податоци на пациент и обвинет. -По кажување на докторот станува збор за кратко боледување  од десетина дена, рече судијата Огнен Ставрев. Судењето за случајот е одложено за 6 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tnt-odlozen-po-svedochenjeto-na-doktorkata-potvrdeno-e-deka-trajkovski-ne-moze-da-prisustvuva/feed/ 0
Судењето за „ТНТ“ повторно одложено поради здравствената состојба на Трајковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tnt-povtorno-odlozeno-poradi-zdravstvenata-sostojba-na-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tnt-povtorno-odlozeno-poradi-zdravstvenata-sostojba-na-trajkovski/#respond Wed, 15 Jan 2020 11:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=289951

Судењето за случајот „ТНТ“ повторно се одложи поради здравствената состојба на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Претходно судечкиот совет одлучи да го одбие предлогот на обвинителот Бурим Рустеми за раздвојување на постапката за Трајковски. Рустеми рече дека Трајковски сам кажал оти не може да ги следи рочиштата, повикувајќи се на медицинска документација. Денеска во судницата Трајковски побара да се одложи рочиштето и приложи документ од доктор во кој пишувало дека тој не можел да следи судења. Во предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски, се обвинети и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски. Првото рочиште за „ТНТ“ се одржа на 24 јануари 2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-tnt-povtorno-odlozeno-poradi-zdravstvenata-sostojba-na-trajkovski/feed/ 0
ФОТО: Доказ дека Тони Трајковски немал уредна достава на покана од судот, се огласи неговиот адвокат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dokaz-deka-toni-trajkovski-nemal-uredna-dostava-na-pokana-od-sudot-se-oglasi-negoviot-advokat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dokaz-deka-toni-trajkovski-nemal-uredna-dostava-na-pokana-od-sudot-se-oglasi-negoviot-advokat/#respond Tue, 14 Jan 2020 17:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=289626

Сите конструирани сценарија на Основниот кривичен суд излегуваат на виделина, а правдата секогаш и вистината излегуваат на површина. Ова денеска го вели преку соопштение до јавноста  адвокатот Јовица Страшевски. Неговото соопштение го пренесуваме во продолжение „Денес  04.01.2020 година беше закажано рочиште за случајот ТНТ, истото не се одржа бидејќи немаше уредна достава од судот до обвинетиот  Тони Трајковски, јас како негов бранител запрашан од страна на судијата одговорив, а и пред медиумите дадов изјава дека Тони Трајковски нема уредна достава на покана за закажано ново рочиште, тоа не беше прифатено од страна на судијата и беше даден налог за стражарно приведување на Тони за утрешното судење 15.01.2020. Дека на Тони Трајковски како обвинет не му е доставена уредна достава покажува и следниот доказ. Имено денес 14.01.2020 Тони Трајковски при редовното пријавување во судот побарал да му се достави покана за ново рочиште и истата не му била доставена од страна на судот, за што обвинетиот Тони Трајковски испратил и писмено известување до судот кое во целост во прилог ви го доставувам кое ве замолувам да го објавите во целост , со напомена да се заштитат личните адресни податоци на Тони Трајковски Уште еден доказ дека одбраната не прави опструкции во предметот ТНТ како што тоа го прикажуваат од Кривичниот суд со штури соопштенија до јавноста, и доказ дека одбраната и обвинетите се за праведно ефикасно,ефективно и пред се законито судење без пропусти во постапката“-стои во дописот од адвокатот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-dokaz-deka-toni-trajkovski-nemal-uredna-dostava-na-pokana-od-sudot-se-oglasi-negoviot-advokat/feed/ 0
Трајковски поради тешката здравствена состојба се лекува на неврохирургија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-poradi-teshkata-zdravstvena-sostojba-se-lekuva-na-nevrohirurgija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-poradi-teshkata-zdravstvena-sostojba-se-lekuva-na-nevrohirurgija/#respond Tue, 24 Dec 2019 09:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=281488

Поранешниот градоначалнк на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој завчера бил претепан од двајца насилници, денеска исто како и вчера не дојде на судското рочиште за предметот „ТНТ“. Неговиот адвокат Јовица Страшовски пред судот изјави дека Трајковски вчера во 22 часот е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија, тешко зборел, дезоориентиран е и повраќал. Судијата Огнен Ставрев вчера на рочиштето побара Трајковски, кој не се појави во Судот бидејќи е претепан, да биде донесен со полиција на закажаното рочиште. Инаку, инцидентот се случил завчера, во населбата Автокоманда. -На 22.12 околу 23:35 часот, Т.Т пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив, се вели во вчерашното известување од МВР. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека зад нападот на Трајковски стои власта. Велат тоа е пресметка со политичките неистомисленици. -Поранешниот граадоначалник на општина гази Баба, Тони Трајковски, донца синоќа е претепан на крвнички начин, додека пешачел на пешачка патека. Претепувањето кое се случило е смислено и со цел. Власта сака да го замолчи и заплаши Трајковски. Тоа е демократскиот капацитет на Зоран Заев и неговите насилници. После прогоните и судските постапки, власта поминува и на брутално насилство и физички пресметки, изјави Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajkovski-poradi-teshkata-zdravstvena-sostojba-se-lekuva-na-nevrohirurgija/feed/ 0
Трајановски за нападот на Трајковски: Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш, насилниците да се пронајдат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-za-napadot-na-trajkovski-krajno-kukavichki-e-vo-mrak-da-napadnesh-i-da-izbegash-nasilnicite-da-se-pronajdat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-za-napadot-na-trajkovski-krajno-kukavichki-e-vo-mrak-da-napadnesh-i-da-izbegash-nasilnicite-da-se-pronajdat/#respond Tue, 24 Dec 2019 06:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=281418

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски преку социјалните мрежи се огласи во врска со нападот на екс градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. -Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејќи се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата, објаснува Трајановски на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanovski-za-napadot-na-trajkovski-krajno-kukavichki-e-vo-mrak-da-napadnesh-i-da-izbegash-nasilnicite-da-se-pronajdat/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Власта продуцира политичко насилство! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-vlasta-producira-politichko-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-vlasta-producira-politichko-nasilstvo/#respond Mon, 23 Dec 2019 16:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=281259

Политичкото насилство влезе во политичкиот живот на Македонија, а арсеналот на убедувања и застрашувања стана главно оружје за задржување на власта, реагира Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ! Целосниот нивни статус го пренесуваме во продолжение Колку што е поголема институционалната несреденост, толку повеќе се манифестира „слободната волја“ на владините структури, кои во паника и страв од изборниот крах кој ги очекува, веќе не бираат средства за пресметка! Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува нападот врз поранешниот градоначалник Трајковски и бара итна истрага за него, како и одговор по чиј налог е извршено ова крвничкото насилство!? Заслужува ли човек кој направил толку добрини и оставил толку проекти зад себе да заврши со ваков третман на политички монтирани судски процеси, за на крајот да заврши брутално претепан?! Вака ли изгледа правиот пат кон Европа? Кој се дрзна да ја земе правдата во свои раце?! Малку ли ви беше тоа што обвинетите ги соочивте со невидени репресии од сите можни пори на општеството, па откако видовте дека не потклекнуваат и не можете да ги замолчите, посегнавте по брутални напади?! Со овој невиден начин на водење на судски рочишта непознат за европското право, никогаш нема да изградите правна држава! Наместо серизно да се однесувате кон опозицијата, вие повикувате на политички мегдан, на пресметка со неистомислениците, а тоа е и повеќе од јасен доказ дека врвот на оваа држава продуцира насилство! Дали некој ќе одговара за насилството и дали некој го посети повредениот, дали владеачките партии и владините министри ќе ги осудат насилничките сцени...? Нема политичка коректност додека навредувате, понижувате и претепувате невини луѓе и додека ја уништувате државата. Ваквите настани никако не ве прават храбри ни на политички, ни на било кој друг начин! Ова само го открива вашето вистинско лице и фактот дека неистомислениците не само што ги сметате за противници, туку ги сметате и за непријатели спрема кои покажувате патолошка омраза! Колку и да не сакате да признаете, свесни сте дека вашето време поминува и доаѓа време во кое секој што згрешил пред законите ќе одговара! Доаѓа обновата со која Македонија предводена од чесни и честити луѓе ќе се приближи до вратата на ЕУ, од која вие нè оддалечивте за светлосни години! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-vlasta-producira-politichko-nasilstvo/feed/ 0
Кога го нападнале насилниците, Тони Трајковски бил заедно со Коце Трајановски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-go-napadnale-nasilnicite-toni-trajkovski-bil-zaedno-so-koce-trajanovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-go-napadnale-nasilnicite-toni-trajkovski-bil-zaedno-so-koce-trajanovski/#respond Mon, 23 Dec 2019 14:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=281165

Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски синоќа кога бил нападнат од две непознати лица се шетал заедно со поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Трајановски за Алсат потврдил дека бил со Трајковски, но не ги видел напаѓачите. Денеска не можел да даде детали околу случката. Нападот врз Трајковски го одложи денешното рочиште за случајот ТНТ, бидејќи тој не беше во состојба на дојде на денешното судење. Трајковски до судот доставил документација според која синоќа бил претепан и пренесен во Ургентниот центар во Скопје. До редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од нанесените повреди на поранешниот градоначалник на Гази Баба. Потресните фотографии од насилството врз Трајковски се само доказ дека никој во оваа земја не се чувствува безбеден.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koga-go-napadnale-nasilnicite-toni-trajkovski-bil-zaedno-so-koce-trajanovski/feed/ 0
Закана со полициско приведување: Судијата Ставрев оцени дека претепаниот Трајковски е „добар“ за судење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakana-so-policisko-priveduvanje-sudijata-stavrev-oceni-deka-pretepaniot-trajkovski-e-dobar-za-sudenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakana-so-policisko-priveduvanje-sudijata-stavrev-oceni-deka-pretepaniot-trajkovski-e-dobar-za-sudenje/#respond Mon, 23 Dec 2019 13:35:15 +0000 https://kurir.mk/?p=281118

Судијата во случајот на СЈО „ТНТ“, Огнен Ставрев, оцени дека претепаниот екс градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски е подготвен за утрешното судење. “Тони Трајковски е во добра општа состојба и на пат е кон дома. Ако не дојде за еден час, ќе го приведеме стражарно, рече судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ и даде еден час пауза. Денешното рочиште на „ТНТ“ беше одложено токму поради неприсуството на Трајковски, обвинет во случајот, чие синоќешно претепување како причина за неприсуство на судењето е навремено пријавено во судот. И покрај видливите повреди, судијата Ставрев оценил дека Трајковски е во состојба да присуствува. Не се наведува дали ова е негова произволна оценка од фотографиите кои протекоа во јавноста или се консултирал и со лекарите кои го третирале. Доколку не се појави на утрешното рочиште, Трајковски ќе биде приведен стражарно, одлучи судијата Огнен Ставрев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakana-so-policisko-priveduvanje-sudijata-stavrev-oceni-deka-pretepaniot-trajkovski-e-dobar-za-sudenje/feed/ 0