тони узунов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Oct 2021 21:01:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png тони узунов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Узунов: Време е за нова енергија, со многу проекти за поубаво утре за жителите на општина Валандово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-vreme-e-za-nova-energija-so-mnogu-proekti-za-poubavo-utre-za-zitelite-na-opshtina-valandovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-vreme-e-za-nova-energija-so-mnogu-proekti-za-poubavo-utre-za-zitelite-na-opshtina-valandovo/#respond Fri, 15 Oct 2021 21:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=579959

Почитувани, Ве повикувам во недела на 17-ти октомври масовно да излеземе, да го дадеме својот глас, бидејќи време е да се обединиме сите заедно, време е за нова енергија, со многу проекти за поубаво утре за жителите на општина Валандово, затоа што нашите граѓани го заслужуваат тоа, пишува на Фејсбук, Тони Узунов, кандидат за градоначалник на општина Валандово од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-vreme-e-za-nova-energija-so-mnogu-proekti-za-poubavo-utre-za-zitelite-na-opshtina-valandovo/feed/ 0
Узунов: Нова индустриска зона и нови инфраструктурни проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-nova-industriska-zona-i-novi-infrastrukturni-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-nova-industriska-zona-i-novi-infrastrukturni-proekti/#respond Mon, 11 Oct 2021 12:53:49 +0000 https://kurir.mk/?p=577094

Во програмата за следните четири години предвидени се многу нови проекти. Она по што се одликува нашата програма е остварливоста и како извадок од листата, би навел дека во првите 100 дена ќе започнеме со реализација за уредување на Изворски дол од градскиот пазар до месноста Извор со регулирање на суводолицата како кеј со придружни, урбани, партерни и хортикултурни содржини. Реконструкција на фудбалското игралиште во Брајковци во мултифункционален спортско-рекреативен објект и уредување на пешачката во населеното место Марвинци, изјави денеска за медиумите, Тони Узунов, кандидат за градоначалник на Општина Валандово на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека продолжува со индустриска зона во месноста Сува Река, зона за мало стопанство – проект Полски пат, проекти за поддршка на земјоделието, изградба на административно стамбено-деловен комплекс во зградата позната како Ново Собрание, систем за греење и ладење во спортската сала во Валандово, пречистителни станици. - За Пирава, капела со придружна просторија, спортска сала во склоп на училиштето, реновирање на младинскиот дом. За Јосифово, нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација. За Удово, изградба на трибина и реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен, повеќенаменско детство игралиште и решавање на проблемот со атмосферските води. Во Собри, детско игралиште, асфалтирање на улици, довршување на домот и каналот пред него. За Бојмиските села, реконструкција на фудбалско игралиште и подобрување на водоснабдување во сите села. Канализациски системи во Раброво, Грчиште, Горна Маала, повеќенаменско детско игралиште во Чалакли, уредување на просторот до џамијата во Башибос, асфалтирање на улици во Дердели и Казандол, посочи Узунов. Кандидатот откри дека се предвидени проекти од секторите култура, спорт, образование, животна средина, социјална заштита, туризам итн. - Ова се само дел од проектите од програмата, надвор од неа имам визија и решение како Валандово да стане енергетски независна општина без надомест за улично осветлување и многу други работи. Во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен и ефикасен, ќе се заложам максимално во изнаоѓање на решенија и нивна реализација, со цел општина Валандово да добие поквалитетен живот, заврши тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-nova-industriska-zona-i-novi-infrastrukturni-proekti/feed/ 0
Узунов: Создаваме нова иднина – Индустриска зона во Валандово и прочистителна станица се меѓу приоритетите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-sozdavame-nova-idnina-industriska-zona-vo-valandovo-i-prochistitelna-stanica-se-megju-prioritetite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-sozdavame-nova-idnina-industriska-zona-vo-valandovo-i-prochistitelna-stanica-se-megju-prioritetite/#respond Thu, 07 Oct 2021 18:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=574979

Во следните четири години ќе ја водам општината со реален концепт и суштински развој на економски, општествен, културен, и спортски план, со правилен пристап во користењето на ресурсите и можностите. Најпрво ќе направиме анализа и ревизија за тоа како е работено до сега, да знаеме каква е реалната состојба во општината, за потоа да се изгради динамика за реализација на програмата. Начелата од кои ќе се водам ќе бидат чесност, посветеност, и отчетност, а во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен, и ефикасен, порача Тони Узунов кандидат за градоначалник на општина Валандово на денешниот митинг. Узунов, вети дека уште во првите 100 дена ќе започне со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар месноста Извор. Она по што се разликува нашата програма е остварливоста и како извадок од истата би навел дека во првите 100 дена ќе започнеме со реализација за уредување на изворски дол од Градскиот пазар до месноста Извор со регулирање на суводолицата како кеј со придружни, урбани, партерни и хортикултурни содржини. Реконструкција на фудбалското игралиште во Брајковци, во мултифункционален спортско рекреативен објект и Уредување на пешачката патека во населеното место Марвинц, рече Узунов. Узунов вети и индустриска зона, пречистителна сала, спортска сала во склоп на училиштето, нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација, повеќенаменско детско игралиште во Чалакли и многу други проекти за граѓаните во сите населени места во Валандово. Оваа програма е само почеток на суштинскиот развој, која континуирано ќе се надоградува. Еве само дел од проектите. Индустриска зона во месноста „СУВА РЕКА“ , зона за „МАЛО СТОПАНСТВО“, проект „ПОЛСКИ ПАТ“ и проекти за поддршка на земјоделецот, бидејќи од кафулиња и фонтани не се живее. Изградба на административен станбено-деловен комплекс во зградата позната како „НОВО СОБРАНИЕ“, систем за греење и ладење во спортската сала во Валандово, пречистителни станици. За Пирава - капела со придружна просторија, Спортска сала во склоп на училиштето, реновирање на младински дом. За Јосифово - нов извор за водоснабдување, доизградување и модернизација на водоводниот систем, атмосферска канализација. За Удово - изградба на трибина и реконструкција на соблекувалните на фудбалскиот терен, повеќенаменско детско игралиште, и решавање на проблемот со атмосферските води. За бојмиските села - реконструкција на фудбалско игралиште, и подобрување на водоснабдувањето во сите села. Канализациски системи во Раброво, Грчиште, и Горна Маала. Повеќенаменско детско игралиште во Чалакли. Уредување на просторот до џамијата во Башибос. Асфалтирање на улици во Дедели и Казандол. Предвидени се проекти од секторите култура, спорт, образование, животна средина, социјална заштита, туризам, потенцираше Узунов. Узунов ја побара поддршката, порачувајќи дека има визија и решение како Валандово да стане енергетско независна општина. Ова се само дел од проектите во програмата и може уште долго да ги редам, но надвор од неа имам визија и решение како Валандово да стане енергетски независна општина без надомест за улично осветлување и уште многу други работи, изјави Узунов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-sozdavame-nova-idnina-industriska-zona-vo-valandovo-i-prochistitelna-stanica-se-megju-prioritetite/feed/ 0
Узунов: Со работа и труд ќе го направиме Марвинци достојно и уредно место за живеење https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-so-rabota-i-trud-kje-go-napravime-marvinci-dostojno-i-uredno-mesto-za-ziveenje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-so-rabota-i-trud-kje-go-napravime-marvinci-dostojno-i-uredno-mesto-za-ziveenje/#respond Sat, 02 Oct 2021 09:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=571737

Марвинци претставува една од портите за влез во општина Валандово. Само сплотени заедно, со работа и труд ќе го направиме достојно и уредно место за живеење, вели кандидатот за градоначалникна Општина Валандово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Узунов. Како дел од проектите во неговата програма за ова место се планира уредување на пешачката патека и нејзино осветлување, но и развој на археолошкиот локалитет ,,Исар" Марвинци-ревитализација на пристапен пат до локалитетот како и изградба на музеј на локалитетот. Санација на подот во училишната зграда на подрачното училиште, инсталација на современ и енергетски ефикасен систем за загревање на основното училиште, изградба на пречистителна станица и колектор за фекалната канализација за градот Валандово и пречистителна станица во село Марвинци за бојмиските населени места, но и  урбанистички план за село Марвинци се дел од проектите со кои Узунов ја бара довербата од граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-so-rabota-i-trud-kje-go-napravime-marvinci-dostojno-i-uredno-mesto-za-ziveenje/feed/ 0
Узунов: Ветувањата на СДСМ за Валандово испаднаа лаги, ВМРО-ДПМНЕ нуди поинаков и реален концепт за развој на општината и решавање на проблемите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-vetuvanjata-na-sdsm-za-valandovo-ispadnaa-lagi-vmro-dpmne-nudi-poinakov-i-realen-koncept-za-razvoj-na-opshtinata-i-reshavanje-na-problemite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-vetuvanjata-na-sdsm-za-valandovo-ispadnaa-lagi-vmro-dpmne-nudi-poinakov-i-realen-koncept-za-razvoj-na-opshtinata-i-reshavanje-na-problemite/#respond Thu, 02 Sep 2021 16:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=558493

Пред четири години на граѓаните на Валандово им беше ветено се и сешто, насловено како „ЖИВОТ ВО ВАЛАНДОВО ЗА СИТЕ!“. Потоа во програмата се редат ветувања за чиста вода за пиење, чист воздух, па канализации со прoчистителни станици, гасна мрeжа, индустриска област, деловен бизнис центар, итн. Следува планот „5-50-500“, што требаше да значи 5 нови поголеми фабрики, 50 помали производствени погони и 500 нови работни места и за комплетирање на текстот следува јавен транспорт, кванташки пазари, амбуланти и уште многу, многу желби. Рок 2021 година, обвинува Тони Узунов, кандидат за градоначалник на општина Валандово од ВМРО ДПМНЕ. -После четири години граѓаните сфаќаат дека од ова нема ништо, но и дека општина Валандово се соочува со сериозни суштински па и финансиски проблеми. За јавната и локална администрација на граѓаните им беше ветено квалитет наместо квантитет, односно намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, а тоа што го добија сега е токму спротивното. Четири години поминаа, а ветувањата за жал станаа лаги. И не e проблемот во ветувањата, тоа го прават сите, проблемот е што истите не се произлезени од издржана визија со чесен пристап и што приоритетите се подредени по обратен редослед, а ресурсите се употребуваат и трошат нерационално. Кога пред избори пред граѓаните се промовира програма, мора да се има во предвид дека за четири години на исто или слично место, ќе се соочиш со нив и со вистината и тука ќе знаеш дали си успеал или не, рече тој. Посоќи дека за Валандово ќе понуди еден поинаков и реален концепт со реална динамика на суштинскиот развој и една поинаква визија за тоа како ќе се развива општината. -Најпрво ќе направиме анализа и ревизија за тоа како е работено и менаџирано до сега, каква е реалната финансиска состојба на општината, за на граѓаните да им ја предочиме вистината која не е добра, но добро е тоа што имаме тим составен од чесни и способни луѓе, спој од искуство и знаење, луѓе што знаат како, луѓе што можат. Начелата од кои ќе се водиме ќе бидат чесност, посветеност и отчетност, а во раководењето на општината ќе бидам искрен, темелен и ефикасен. Ќе ја искористам оваа прилика да му се оддолжам на мојот град и општина Валандово за сите можности што ми беа овозможени во досегашната моја реализација. Нашата општина е мала, Валандово е мал град, тука отчетот е речиси секојднeвен настан, па доброто работење ќе се види веднаш. Барајќи одговори, зошто толку се потфрли, граѓаните сфатија дека четири години со општина Валандово раководи една локална варијанта на власта, истакна тој. ВМРО-ДПМНЕ укажуваше што се ќе се случува во Македонија. -Сето ова започна со големи лаги, кршење на уставот и законите, продолжи со национално предавство, а корупцијата стана заштитен знак на една штетна, неспособна и безперспективна политика, пресликана и на локално ниво како систем на владеење. Како таков овој систем не може да додржи и ќе падне токму поради тоа. Дека е така укажува фактот дека животот стана прескап за обичниот човек. Како се ближи крајот сведоци сме на се понебулозни и поштетни одлуки и потези на власта и народот на овие избори ќе стави крај на оваа темна дамка во македонската историја, зошто не сака да биде обезличен, понижен и туѓинец во својата држава Македонија.Македонија за сите луѓе. Валандово за сите луѓе, порача Узунов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/uzunov-vetuvanjata-na-sdsm-za-valandovo-ispadnaa-lagi-vmro-dpmne-nudi-poinakov-i-realen-koncept-za-razvoj-na-opshtinata-i-reshavanje-na-problemite/feed/ 0
Узунов, кандидат за градоначалник: Валандово ќе биде општина за сите луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uzunov-kandidat-za-gradonachalnik-valandovo-kje-bide-opshtina-za-site-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uzunov-kandidat-za-gradonachalnik-valandovo-kje-bide-opshtina-za-site-lugje/#respond Mon, 16 Aug 2021 15:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=551306

Голема чест и моја лична гордост е да се биде кандидат за Градоначалник на општина Валандово, предложен од најголемата политичка партија ВМРО ДПМНЕ, вели Тони Узунов. -Воедно со тоа уште поголеми се обврската и вербата во победа, изградена врз основа на конкретна визија за иднината, која ќе се гради со правилен распоред на приоритети и искористување на сите ресурси во насока на подобро општествено живеење. Со чесен пристап и работа, со искуство и знаење ќе покажеме како треба да ја развиваме нашата мала, но многу убава општина. Валандово ќе биде општина за сите луѓе, па затоа барам подршка од сите Вас, да ја постигнеме оваа цел и да се вклучите во креирањето на нашата иднина, пишува тој на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uzunov-kandidat-za-gradonachalnik-valandovo-kje-bide-opshtina-za-site-lugje/feed/ 0