топ 5 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 13:12:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топ 5 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски за новинската агенција V4NA: ЕУ да не поставува нови услови за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-za-novinskata-agencija-v4na-eu-da-ne-postavuva-novi-uslovi-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-za-novinskata-agencija-v4na-eu-da-ne-postavuva-novi-uslovi-za-makedonija/#respond Thu, 17 Nov 2022 13:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=762411

Опозицијата го поддржува пристапувањето на Македонија во ЕУ, но не го прифаќа францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија. Во ексклузивното интервју за В4НА, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски рече дека е неприфатливо земјата да мора да го промени Уставот за да ги започне пристапните преговори со Брисел. ЕУ треба да се врати на Копенхашките критериуми Постои национален конзенсуз за пристапување во Европската Унија уште од создавањето на независна Македонија. Уште од 1991, најистакнатите политички партии имаат исти погледи кон Европските и Евро-Атлантските интеграции, потенцираше Александар Николоски во ексклузивното интервју за новинската агенција V4NA. Според потпретседателот на партијата ВМРО ДПМНЕ, по ова прашање нема голема разлика меѓу клучните политички чинители во оваа земја од Балканот. Меѓутоа, со прифаќањето на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, актуелната влада во Скопје се согласи на услови што ниту една друга земја која претходно аплицирала за приклучување досега не ги прифатила. Опозицијата не сака измени на Уставот Клучно е Македонија да ги започне пристапните преговори со Брисел што е можно поскоро, без да и се наметнуваат дополнителни услови на земјата и да не се поставуваат барања кои не се дел од Копенхашките критериуми, посочи Николоски „Мислам дека Македонија треба да ги започне пристапните преговори со Европската унија без да го менува Уставот. На ниту една друга земја која веќе е членка на ЕУ не и беше побарано да го направи тоа“, рече тој. Македонија аплицираше за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. Европската комисија даде позитивно мислење на 9 ноември 2005 година и земјата доби статус на кандидат од Европскиот совет во декември 2005 година. ЕК прв пат препорача да започнат пристапните преговори со Македонија во октомври 2009 година. „Тогаш бевме на иста позиција како Хрватска. Сега, сепак, можеме да видиме дека Хрватска не само што е членка на Европската унија, туку таа треба да стане и дел од Шенген зоната. Спротивно на тоа, Македонија не ги ни започна пристапните преговори. ВМРО ДПМНЕ само бара ЕУ да ги почитува сопствените документи, особено Копенхашките критериуми“ изјави Николоски за В4НА. Борбата против организираниот криминал и корупцијата треба да биде приоритет На прашањето дали неговата земја би се откажала од евроинтеграцијата доколку Брисел наметне дополнителни услови, Николоски рече дека овој процес мора да се води мудро. Клучните прашања за државата во пристапниот процес се борбата против организираниот криминал и корупцијата и да се зајакне владеењето на правото, посочи тој. За жал, тоа во моментов не е видливо во работата на Владата во Скопје, истакна Николоски, додавајќи дека токму тоа е еден од најголемите проблеми во процесот на евроинтеграциите. Балканската земја не може да го промени својот Устав во сегашните околности и услови, Потребни се гаранции дека Македонците можат да го зачуваат својот идентитет, култура и историја, нагласи тој. Македонците не се Бугари „Целите што ги следат Бугарите не се во корист на Македонците, а Бугарите не сакаат да соработуваме како соседи и да функционираме споделувајќи ги европските вредности. За жал, тие имаат сосема различни цели. Сакаат да докажат дека луѓето што живеат овде се всушност Бугари кои зборуваат некаков бугарски дијалект“,. Тоа не е точно, Македонците не се Бугари, објасни Александар Николоски. Зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан, Александар Николоски посочи дека не сакаат сите држави од регионот да се приклучат во неа. Само Србија, Македонија и Албанија до сега се приклучија на оваа иницијатива. Но, доколку соработката има за цел да го олесни движењето на луѓе и стоки преку границите, без луѓето да чекаат со часови за да преминат, се поставува прашањето на кој граничен премин помеѓу Србија и Албанија се однесува ова, истакна Александар Николоски. На ова прашање нема одговор, бидејќи Македонија и Албанија го признаваат Косово како независна држава, а Србија го смета за своја територија, подвлече тој. „Ова не е искрена иницијатива. Алекс Сорос, синот на Џорџ Сорос, е се поактивен во регионот. Единствената причина што беше покрената оваа иницијатива е да се постигне некаков договор за косовското прашање. Во оваа иницијатива ја гледам само Македонија како еден вид тампон држава и искрено загрижен сум дека Македонија може да стане некаква колатерална штета во секое предложено решение за косовскиот проблем“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-za-novinskata-agencija-v4na-eu-da-ne-postavuva-novi-uslovi-za-makedonija/feed/ 0
Крис Пол влезе во Топ 5 во историјата на НБА според бројот на украдени топки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kris-pol-vleze-vo-top-5-vo-istorijata-na-nba-spored-brojot-na-ukradeni-topki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kris-pol-vleze-vo-top-5-vo-istorijata-na-nba-spored-brojot-na-ukradeni-topki/#respond Wed, 14 Apr 2021 07:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=496902

Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол, имаше три украдени топки ноќеска на натпреварот против Мајами (106:86) и го помина легендарниот Морис Чикс во оваа статистичка категорија. Морис во неговата кариера стигна до 2.310, додека 35-годишниот Пол сега има 2.311 украдени топки. Тој се искачи на петтото место во историјата на НБА по овој индикатор. На првите четири позиции се: Гери Пејтон (2.445), Мајкл Џордан (2.514), Џејсон Кид (2.684) и Џон Стоктон (3.265). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kris-pol-vleze-vo-top-5-vo-istorijata-na-nba-spored-brojot-na-ukradeni-topki/feed/ 0
Никола Митревски повторно во ТОП 5 најдобри одбрани во ЛШ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nikola-mitrevski-povtorno-vo-top-5-najdobri-odbrani-vo-lsh-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nikola-mitrevski-povtorno-vo-top-5-najdobri-odbrani-vo-lsh-video/#respond Fri, 09 Apr 2021 18:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=495040

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски многу често е на топ листата за најдобри одбрани во Лигата на шампионите, така е си заслужи место во најдбрите пет и во реванш средбите од осминафиналето од ЛШ. Митревски кој брани за Порто, имаше една двојна интервенција против Алборг која се најде во изборот на ЕХФ и ја рангираа на високото второ место во ова коло. https://twitter.com/i/status/1380507165048385536]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nikola-mitrevski-povtorno-vo-top-5-najdobri-odbrani-vo-lsh-video/feed/ 0
Федерер, Роналдо и Меси се најдоа во Топ 5 најплатени славни личности за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/federer-ronaldo-i-mesi-se-najdoa-vo-top-5-najplateni-slavni-lichnosti-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/federer-ronaldo-i-mesi-se-najdoa-vo-top-5-najplateni-slavni-lichnosti-za-2020-godina/#respond Thu, 17 Dec 2020 08:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=444432

Престижниот американски магазин „Форбс“ објави ажурирано рангирање на најплатените познати личности во светот на крајот на 2020 година. Тројца спортисти се наоѓаат во топ 5 ранг-листа: тенисерот Роџер Федерер (3. место, 106,3 милиони долари годишно), како и фудбалерите Кристијано Роналдо (Јувентус, 4. место, 105 милиони долари) и Лионел Меси ( Барселона, 5. место, 104 милиони долари). Уште двајца спортисти се наоѓаат во Топ 10 на листата на Форбс: Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар (7. место, 95,5 милиони долари) и кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс (9. место, 88,2 милиони долари). Првото место на крајот на годината го зазеде моделот Кајли Џенер (590 милиони долари), втор беше раперот Кание Вест (170 милиони долари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/federer-ronaldo-i-mesi-se-najdoa-vo-top-5-najplateni-slavni-lichnosti-za-2020-godina/feed/ 0
ВИДЕО: Топ 5 одбрани од саботните натпревари https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-top-5-odbrani-od-sabotnite-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-top-5-odbrani-od-sabotnite-natprevari/#respond Sun, 12 Jan 2020 08:50:21 +0000 https://kurir.mk/?p=288471

Маркетинг тимовите на ЕХФ ги објавија најдобрите голмански одбрани од третиот ден на ЕП во Австрија, Норвешка и во Шведска. Одбраната на денот ја има шпанскиот репрезентативец Перез де Варгас, Топ 5 одбрани: 5. Роланд Миклер (Унгарија) 4. Небојша Симиќ (Црна Гора) 3. Бјоргвин Густавсон (Исланд) 2. Виктор Киреев (Русија) 1. Перез де Варгас (Шпанија) Извор: Дриблинг.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-top-5-odbrani-od-sabotnite-natprevari/feed/ 0
ВИДЕО: Ова се најдобрите 5 гола од првата фаза во групите А и Б- прво место за играчот на Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-ova-se-najdobrite-5-gola-od-prvata-faza-vo-grupite-a-i-b-prvo-mesto-za-igrachot-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-ova-se-najdobrite-5-gola-od-prvata-faza-vo-grupite-a-i-b-prvo-mesto-za-igrachot-na-vardar/#respond Wed, 17 Jan 2018 09:20:19 +0000 http://kurir.mk/?p=12126

Веќе е завршена првата фаза во групите А и Б на Европското првенство во Хрватска, а ЕХФ по последните мечеви направи Топ 5 листа на најатрактивните погодоци од овој дел. На петтото место е крилот на Австрија, Роберт Вебер. Погодокот на Србинот Бојан Белјански е четврторангиран, на трето место е вчерашниот неверојатен гол на Гудјор Валур Сигурдсон, додека на второто место се најде норвешкиот бек Сандер Сагосен. Голот  број еден е дело на вардаровиот бек, Игор Карачиќ кој на пресметката со Исланд изведе брза контра, го претрча целиот терен и со мајсторски удар го измами голманот Густавсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/video-ova-se-najdobrite-5-gola-od-prvata-faza-vo-grupite-a-i-b-prvo-mesto-za-igrachot-na-vardar/feed/ 0