топка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 10:11:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пеле и во болница на 82 години не ја испушта топката од раце (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pele-i-vo-bolnica-na-82-godini-ne-ja-ispushta-topkata-od-race-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pele-i-vo-bolnica-na-82-godini-ne-ja-ispushta-topkata-od-race-video/#respond Thu, 22 Dec 2022 10:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=778994

На 1 септември минатата година му отстранија тумор на дебелото црево, но Пеле од тогаш неколку пати лежи во болница и го игра најтешкиот натпревар во животот. Трикратниот светски првак за Божиќ останува таму, бидејќи болеста пак го напаѓа. Духот му е ист како на терен. Инаку Пеле има 77 голови за Бразил, рекорд кој го стигна Нејмар во Катар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pele-i-vo-bolnica-na-82-godini-ne-ja-ispushta-topkata-od-race-video/feed/ 0
Адидас потврди дека Роналдо не ја допрел топката (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-potvrdi-deka-ronaldo-ne-ja-doprel-topkata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-potvrdi-deka-ronaldo-ne-ja-doprel-topkata-foto/#respond Tue, 29 Nov 2022 14:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=768326

Адидас потврди дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот на Бруно Фернандеш на синоќешниот натпревар против Уругвај, на мониторинг системот од чипот во топката не се забележа никаква реакција. Португалија синоќа со 2-0 го совлада Уругвај и обезбеди пласман во осминафиналето, но по натпреварот топ тема е Кристијано Роналдо. Водечкиот гол во прв момент му беше препишан на напаѓачот, но одлуката потоа беше променета и во листата на стрелци се појави Бруно Фернандеш. По крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо му гестикулираше на судијата дека ја допрел топката со глава, дури се говореше дека Фудбалската федерација на Португалија ќе испрати жалба до ФИФА и ќе понуди докази со кои ќе бара да се смени името на стрелецот, и погодокот да му биде препишан на ЦР7. Сепак, од Адидас се огласија и објавија дека Кристијано Роналдо не ја допрел топката по центаршутот на Бруно Фернандеш. Во топките на Адидас има чип кој реагира контакт, и на мониторинг системот не се забележува никаква реакција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-potvrdi-deka-ronaldo-ne-ja-doprel-topkata-foto/feed/ 0
Дали можете да ја воочите фудбалската топка помеѓу пандите за само 13 секунди? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-mozete-da-ja-voochite-fudbalskata-topka-pomegju-pandite-za-samo-13-sekundi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-mozete-da-ja-voochite-fudbalskata-topka-pomegju-pandite-za-samo-13-sekundi/#respond Fri, 25 Nov 2022 14:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=766562

Унгарскиот уметник Џерџели Дудас, специјалист за креирање загатки, направил нов предизвик посветен на Светското првенство во фудбал. Она што се бара од вас во оваа загатка е да ја пронајдете фудбалската топка која е скриена помеѓу пандите за помалку од 13 секунди. Оваа загатка, како и многу други, е одличен начин да ги тестирате своите моќи за перцепција, како и вашата интелигенција. Иако преку нив можете да го проверите вашиот коефициент на интелигенција, илузиите не се единствениот начин на кој се мери истиот. Но, да се вратиме на загатката - дали успеавте да ја пронајдете фудбалската топка? Отежнувачка околност е тоа што пандите се во црнобела боја, токму како и топката, па затоа е потешко да ја пронајдете. Доколку и понатаму не успевате да ја пронајдете фудбалската топка, погледнете го решението подолу: . . . . . . . . . . . ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-mozete-da-ja-voochite-fudbalskata-topka-pomegju-pandite-za-samo-13-sekundi/feed/ 0
Еве чива е топката која му го спаси животот на Иван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-chiva-e-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-chiva-e-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/#respond Mon, 11 Jul 2022 16:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=703484

Кога 6 годишниот Танос и 11 годишниот Трифон заедно со своите родители ја изгубиле малата кожна топка на плажата Евгати на островот Лемнос, не можеле ни да претпостават дека таа 10 дена подоцна ќе му го спаси животот на Иван повеќе од 130 километри подалеку од нив. Според информациите на грчкиот портал Вориа.гр, на 30 јуни децата си играле со нивната омилена топка сè додека во одреден момент таа не им излегла од контрола и ја одвлекле морските струи. Всушност, еден пливач кој во тој момент случајно се нашол на местото на настанот се обидел да ја фати, но безуспешно. Девет дена подоцна, на 9 јули, 30 годишниот Иван, заедно со неговите двајца другари, Васил (25 г.) и Мартин (28 г.) го проиславувал својот роденден на плажата Митис, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Васил и Мартин решиле да влезат во морето да се искапат, но додека да забележат дека морските струи се исклучително силни веќе било предоцна да се вратат. Иван сфатил дека нешто не е во ред. Гледајќи дека неговите пријатели се во опасност, 30-годишникот донел одлука да влезе во водата за да им помогне. Но, силните морски струи – кои ги спречуваат дури и мештаните да пливаат таму – го однеле и него. Васил успеа да го спаси грчката крајбрежна полиција уште истиот ден благодарејќи на една сурферка која го забележала во водата, а Иван и Мартин ги повлекле струите. Иван беше пронајден на 10 јули, по 18 часа поминати во водата држејќи ја истата кожна топка која Танос и Трифон ја загубиле 10 дена претходно на островот Лемнос оддалечен повеќе од 130 километри. Држејќи се за топката, Иван успева да остане на површината на водата многу часови, таа му помогнала да се одмори и да земе здив за да не попушти од исцрпувачкото, долгочасовно пливање. Во изјава за Вериа, Иван рекол дека топката, иако била полунадувана, му помогнала да остане жив. Фокусот на потрагата сега е третиот од групата, 28-годишниот Мартин по кој сè уште се трага. Според Вориа.гр тој е неискусен пливач, а веќе е во морето околу 40 часа. Сепак, како што покажа приказната со Иван и топката на Танос и Трифон, надежта последна умира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-chiva-e-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/feed/ 0
Топката која го спаси Иван – две деца ја изгубиле пред 10 дена во морските води https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/topkata-koja-go-spasi-ivan-dve-deca-ja-izgubile-pred-10-dena-vo-morskite-vodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/topkata-koja-go-spasi-ivan-dve-deca-ja-izgubile-pred-10-dena-vo-morskite-vodi/#respond Mon, 11 Jul 2022 15:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=703474

Топката што го спаси 30-годишниот Иван од водите на Егејското Море каде помина 18 часа како исчезнат кај Халкидики, стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија медиумите од Солун. Според неверојатната приказна, топката била изгубена на плажата Евгати на Лемнос на 30 јуни од две деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Тие со родителите биле на плажата за време на летниот одмор и си играле со топката додека во еден момент не ја изгубиле контролата врз неа и морската струја ја оддалечила од нив. Дури и пливач кој бил во близина се обидел да им ја врати, но без успех. Нивната мајка вчера ја видела фотографија од топката што го спаси Иван и препознала дека е истата топка со таа на Танос и Трифон. Малата кожна топка, која била полуиздишана, му помогнала на Иван да остане на површината додека траеше потрагата по него на грчките служби. Таткото на 30-годишниот Иван, заедно со градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија, се фотографираа со среќната топка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/topkata-koja-go-spasi-ivan-dve-deca-ja-izgubile-pred-10-dena-vo-morskite-vodi/feed/ 0
ФОТО: Топката која му го спаси животот на Иван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/#respond Sun, 10 Jul 2022 19:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=703001

Топката што случајно ја нашол во морето на Халкидики го одржала во живот цели 20 часа. Новите слики ги доловуваат кошмарните моменти доживеани од тројцата Македонци, во време кога потрагата по третото 28-годишно лице се уште трае. Животот на 30-годишниот Иван му го спасил чудо или подобро кажано топката која ја нашол во морето додека се борел за својот живот на Халкидики. Топка на надувување која ја држел сите тие кошмарни часови за да се одмори и да добие сила. – Топката која ќе ја памети вечно, по она што го помина. Младиот човек е во болница, како и неговиот 25-годишен пријател, кој прв беше спасен. Двајцата размислуваат за 28-годишниот кој останува исчезнат на Халкидики. Третиот од групата, кој според информациите без да знае да плива се нурнал на опасно место, по роденденската забава, пишуваат медиумите. Напладне се случи второто чудо. 30-годишниот Иван беше лоциран и спасен. Како што кажа, сиве овие часови ја држеше топката што ја гледате на следните фотографии и добиваше сила. Тој пиел вода од морето, но неговата здравствена состојба не предизвикува загриженост. Останува во болница на Халкидики и се обидува да се смири. Прашува за 28-годишникот кој е исчезнат, но засега нема добри вести. Со секој изминат час надежта сè повеќе се намалува. „30-годишниот Иван пристигна во болницата видно дехидриран, но неговата многу добра физичка кондиција и фактот дека беше искусен пливач му го спасија животот. Секако, голема улога имаше и топката што ја најде, која го одржуваше на површина. И тој одлично се снајде со ситуацијата, односно воопшто не се замори и не дозволи морските струи да го „поведат“ со себе, беше прилично мирен“, вели градоначалничката на Касандра на Халкидики, Анастасија Чалкија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/feed/ 0
ОВОЈ ПРЕДМЕТ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ – 30 годишниот Иван успеал да преживее во водата само со помош на ова! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/#respond Sun, 10 Jul 2022 14:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=702868

30-годишниот Иван, еден од тројцата Македонци кои исчезнаа во Егејското море беше пречекан со аплауз штом стапна на копното. Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што околу 19 часа се борел со брановите во морската област во Посеиди на Халкидики. Младиот човек беше пречекан со овации од спасувачите и луѓето кои чекаа во брзата помош, додека во неколкуте зборови што ги кажа 30-годишникот напомена дека неговото спасување е најголемиот подарок за неговиот роденден. Неговиот татко и брат се нурнаа во неговите прегратки видно олеснети што сагата е завршена, а нивниот најдраг е здрав и здраав, пишува весникот. Како што 30-годишникот и’ рекол на градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа, која од првиот момент бeше на местото на настанот и’ го придружувaше до Здравствениот дом, тој успеал да преживее бидејќи пронашол топка која ветерот ја донел во морето, ја фатил и се држел за неа додека бродот не го забележал. „Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“, изјави Чалкиа за protothema.gr. „Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно дете и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со себе“, нагласи таа. Младиот човек е многу среќен што успеал повторно да стапне на копно и се чини дека е во добра здравствена состојба и покрај неговата долга авантура. Тој, всушност, побарал од градоначалникот на Касандра да направат заедничка фотографија. Во исто време продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област во Посеиди, Халкидики. Од раните утрински часови на местото повторно се обиде да го лоцира хеликоптер на воздухопловните сили кој пред кратко време ја заврши истрагата, а упорно во моментов го бараат два брода на крајбрежната стража и пет приватни. Се започнало кога тројцата Македонци за време на роденденска забава на плажа вчера доцна попладне решиле да се нурнат во морето. Но, силниот ветер како и морските струи ги повлекле тројцата млади луѓе, така што тие не можеле да излезат на брегот и биле изгубени од видик од копно. Еден од тројцата членови на групата, на возраст од 25 години, уште вчера беше пронајден од брод и е безбеден, додека вториот беше лоциран денес, а по третиот се уште се трага. Некои од капачите на плажата сфатиле што се случило, но сето тоа се одвивало во неколку секунди и немале време да реагираат.Веднаш ги известиле надлежните и алармот бил вклучен за лоцирање на тројцата млади момчиња, пишува „Прототема“. Под координација на Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, на местото на настанот пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и доброволци на грчкиот спасувачки тим и започнале со потрага по лицата. Претходно, вчера 25-годишникот бил пронајден жив со помош на сурфер кој нурнал во водата и го држел додека не пристигнал бродот на крајбрежната стража. Според информациите, здравјето на младиот човек кој бил спасен и пренесен во болница не е во опасност. „Местото е премногу опасно за тоа и локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно. Бранот ги зафати. Еден од групата беше пронајден со помош на сурфер кој влегол во морето да го бара и го држел додека бродот на крајбрежната стража не го одвел“, рече градоначалничката, нагласувајќи дека штом ќе падне темнината ќе биде многу тешко да се продолжи со потрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/feed/ 0
Топката која ќе се тркала на Мундијалот во Катар е вистински технолошки новитет (фото) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/topkata-koja-kje-se-trkala-na-mundijalot-vo-katar-e-vistinski-tehnoloshki-novitet-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/topkata-koja-kje-se-trkala-na-mundijalot-vo-katar-e-vistinski-tehnoloshki-novitet-foto/#respond Fri, 01 Jul 2022 10:58:10 +0000 https://kurir.mk/?p=698348

Адидас ја претстави топката со која ќе се игра на Светското фудбалско првенство во Катар годинава. На овој Мундијал ќе се претстави новата технологија во фудбалот. Во внатрешноста од топката има уред, односно сензор кој ќе го следи движењето и ќе пренесува сигнали до 500 пати во секунда директно до ВАР-собата. На овој начин ќе се овозможи полесно и побрзо да се проценуваат одредени ситуации со цел да да се сведат на минимум погрешни судиски одлуки. Сензорот најмногу ќе влијае врз брза проценка на офсајд-ситуации, со тоа што ќе им овозможи на судиите само да потврдат недозволена позиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/topkata-koja-kje-se-trkala-na-mundijalot-vo-katar-e-vistinski-tehnoloshki-novitet-foto/feed/ 0
Адидас ја претстави топката со која ќе се и игра финалето на Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-ja-pretstavi-topkata-so-koja-kje-se-i-igra-finaleto-na-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-ja-pretstavi-topkata-so-koja-kje-se-i-igra-finaleto-na-ligata-na-shampionite/#respond Tue, 24 May 2022 11:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=680892

Германската компанија за спортска опрема, Адидас, денес ја претстави официјалната топка за мечот за финалето на Лигата на шампионите. На топката зборот „мир“ е напишан на руски и на англиски јазик. Топката која содржи глобална порака за мир, нема да биде достапна во малопродажба. Наместо тоа, топката од финалето ќе биде продадена на аукција по натпреварот, а приходите ќе бидат наменети за УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, за да помогне во заштитата на луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти и прогон. Финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра на 28 мај во Париз на „Стад де Франс“. Почетокот е во 21 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/adidas-ja-pretstavi-topkata-so-koja-kje-se-i-igra-finaleto-na-ligata-na-shampionite/feed/ 0
ФОТО: Меси ја промовираше топката за Мундијалот во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-mesi-ja-promovirashe-topkata-za-mundijalot-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-mesi-ja-promovirashe-topkata-za-mundijalot-vo-katar/#respond Wed, 30 Mar 2022 16:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=655877

Производителот на спортска опрема „Адидас“ ја претстави топката со која од 21 ноември до 18 декември ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Катар. „Ал Рихла“ (арапски збор што значи патување) е топката со која ќе играат натпреварите на Мундијалот, а денес беше презентирана од страна на Лео Меси. „Ал Рихла“ е 14-та по ред топка што „Адидас“ ја произведува за Светско првенство и најбрзо се движи низ воздухот во споредба со нејзините претходници низ историјата. Топката е направена со цел да се подобри точноста и брзината на движење низ воздухот и на тревникот. Дизајнот на шарите на топката е инспириран од катарската архитектура. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-mesi-ja-promovirashe-topkata-za-mundijalot-vo-katar/feed/ 0