топки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 12:10:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФФМ донираше 13.800 фудбалски топки на клубовите од сите натпреварувања https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-13-800-fudbalski-topki-na-klubovite-od-site-natprevaruvana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-13-800-fudbalski-topki-na-klubovite-od-site-natprevaruvana/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=893388

Фудбалската федерација на Македонија им донира вкупно 13.800 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS - International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на Првата лига, Втората лига, Третите лиги, младински конкуренции, Женска фудбалска лига, футсалците и Национални тимови. - Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, истакна Муамед Сејдини - претседател на Фудбалската федерација на Македонија. За 12 клубови од Првата македонска фудбалски лига се распределуваат 600 фудбалски топки (Triton - FIFA), a 16 клубови од Втората лига ќе добијат вкупно 640 фудбалски топки. Осумнаесет клубови од Женската лига (Прва и Втора) ќе добијат 560 фудбалски топки (Reposta). Точно 7.040 фудбалски топки (Mission IMS) се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи и младинските конкуренции. Eкипите од ФФМ Детска лига ќе добијат вкупно 3.000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига. Останатите ќе бидат на располагање за сите наши Национални тимови. Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-13-800-fudbalski-topki-na-klubovite-od-site-natprevaruvana/feed/ 0
Теоријата на заговор откриена: Мистеријата за снегот кој не се топи со запалка објаснет преку проста физика! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/teorijata-na-zagovor-otkriena-misterijata-za-snegot-koj-ne-se-topi-so-zapalka-objasnet-preku-prosta-fizika/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/teorijata-na-zagovor-otkriena-misterijata-za-snegot-koj-ne-se-topi-so-zapalka-objasnet-preku-prosta-fizika/#respond Thu, 02 Apr 2020 08:06:31 +0000 https://kurir.mk/?p=325947

Вчера буквално целата македонска јавност беше преплавена на социјалните мрежи со видеа и „експертски“ коментари на населението за тоа зошто снегот кој падна во текот на вчерашниот ден не се топи откако ќе биде запален со запалка. Теоријата на заговор отиде дотаму што се споменуваше коронавирусот и 5G мрежата во нашата земја. Ова инаку не е нова појава и видеа кои не и се познати на јавноста, истите речиси секоја година се актуелни не само кај нас туку низ целиот свет. Одговорот за оваа „теорија на заговор“ за снегот кој не се топи следува во продолжение. Зошто снегот не се топи? За разбирање на научната позадина оваа теорија на заговор не е неопходно да се заврши хемиски, технолошки, или рударско-геолошки-нафтен факултет. Доволно е малку здрав разум и неколку информации од основно училиште. Пред се’, треба да се воочи дека мокрите раце на протагонистите во овие видеа покажуваат дека нивниот снег кој наводно не се топи е веќе растопен. Можеби не баш онака како што тие или нивните наивни гледачи очекуваат, но сепак се топи. Истовремено треба да се знае дека снегот не мора нужно да се претвора во вода на топлина. Дали можеби се сеќавате на изразот сублимација од часовите по хемија? Тоа е термин со кој се означува директниот премин на некои материи од цврста во гасовита состојба. Имено, молекулите на вода имаат наклоност да побегнат, односно да испарат, како од водата така и од мразот. Сублимацијата се случува дури и во фрижидер, во кој коцкичките мраз со време се намалуваат бидејќи мразот испарува дури и на температури под нулата. Ако ги оставите доволно долго, можат дури и да исчезнат, а ни во еден момент да не преминат во течна состојба. Процесот на сублимација посебно се интензивира во екстремни ситуации кога мразот е директно изложен на оган. Конечно, чадот и маснотиите на снегот создаваат своевидна изолација и го забавуваат понатамошното растопување. Зошто мразот од фрижидер се топи? На некои од видео снимките авторите снегот го споредуваат со мраз од фрижидер покажувајќи како овој другиот, за разлика од првиот, се топи. Како е тоа можно? Сега малку едноставна физика. Во снегот има повеќе воздух отколку вода. Ако кон него го насочите пламенот, тој полесно ќе испарува отколку густиот мраз. Делот кој нема да испари се претвора во вода, но снегот ќе ја впие па таа нема веднаш да истече како од површината на коцката мраз, туку ќе се измеша со снегот и ќе се претвори во мокар снег. Ова мешање ја засилува структурата на снегот - привлечните кохезиски и адхезиски сили на водата ќе ги натераат растопените капки да се рашират меѓу кристалите како што се шират низ ткаенина. Дел од таа вода може повторно да се претвори во мраз под влијание на снегот одоколу. Кога мразот се топи, водата нема каде да оди, исто како што нема каде да се впие на површината на импрегнирана ткаенина или стакло. Дел ќе испари, дел повторно ќе се замрзне додека се лизга низ мразот, а дел ќе се исцеди од коцката како вода. Зошто снегот поприма темна боја и мириса на пластика? Еден од клучните докази кои авторите ги претставуваат во прилог на тврдењата дека снегот е вештачки е неговиот изглед и мирис при изложувањето на оган. Зошто изгледа и смрди како изгорена пластика? Треба да се знае дека повеќето запалки за цигари се полнети со бутан кој се добива од нафта. Ќе се сетите дека и пластиката се добива од нафта. Ако запалката ја држите под било каква површина, особено некоја постудена, на неа ќе се собере чад, а нејзиниот состав не е значително поразличен од чадот кој настанува со горење на пластика. Значи, логично е да се очекува дека црните изгорени делови од мразот ќе мирисаат и изгледаат како спалена пластика. Истото ќе се случи ако студена тегла се обидете да ја загреете со запалка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/teorijata-na-zagovor-otkriena-misterijata-za-snegot-koj-ne-se-topi-so-zapalka-objasnet-preku-prosta-fizika/feed/ 0