топлана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 16:59:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топлана – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обезбедени пари за гас за 10 дена: Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbedeni-pari-za-gas-za-10-dena-privremeno-reshen-problemot-so-parno-od-toplanata-skopje-sever/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbedeni-pari-za-gas-za-10-dena-privremeno-reshen-problemot-so-parno-od-toplanata-skopje-sever/#respond Mon, 14 Nov 2022 16:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=760488

Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани. Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење. - Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави Рамадани. Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско поле поради тоа што не беше потпишан договорот за деловно техничка соработка меѓу топланата Скопје-Север и АД ЕСМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbedeni-pari-za-gas-za-10-dena-privremeno-reshen-problemot-so-parno-od-toplanata-skopje-sever/feed/ 0
Еко свест реагира за дизелот во топланите: Здравјето не смее да се загрозува поради енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-reagira-za-dizelot-vo-toplanite-zdravjeto-ne-smee-da-se-zagrozuva-poradi-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-reagira-za-dizelot-vo-toplanite-zdravjeto-ne-smee-da-se-zagrozuva-poradi-energetskata-kriza/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=756198

Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест Скопје Сметаат дека објавата дека во топланите се инсталирани 10 нови пумпи за дизел кои ќе се тестираат по 10 дена во секоја топлана е краткорочно решение кое е спроведено нетранспарентно, а ќе донесе долгорочни штетни последици по здравјето на граѓаните на Скопје. – Иако веќе втора зима по ред се соочуваме со енергетска криза, одлуките што се носат за нејзино надминување мора да бидат транспаренти и да носат придобивки на долг рок за да не се повтори кризата и наредната година. Заштитата на јавното здравје и животната средина исто така секогаш треба да бидат приоритет во носењето на ваквите одлуки. Топланите Исток и Запад во моментов имаат дозвола да работат само со природен гас. Воведената промена е целосно различна од нивниот нормален режим на работа и претставуваат создавање нова постројка со сосема нови параметри. Додаваат дека топланите немаат опрема за контрола на емисиите од користење на дизел гориво, немаат ни еколошка дозвола која што овозможува такво нешто. – Од почетокот на ноември веќе секојдневно се надминуваат дозволените вредности на загадувањето на воздухот во Скопје, кое во некои денови е и двојно повисоко од дозволеното. Со користењето на дизел во топланите, дури и само во овој тест период, загадувањето уште повеќе ќе се зголеми, истакнува Давор Пехчевски, координатор за енергија во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест. Од Еко свест велат дека веќе постојат технолошко и финансиски лесно достапни алтернативи за загревање на домаќинствата што користат обновливи извори на енергија. – Инвестициите мора да се пренасочат во овие технологии за да се добие истиот ефект, но без загадувањето на воздухот. Дополнително, на овој начин ќе се избегнат последиците од енергетската криза на долг рок наместо да остануваме зависни од увоз на скапи и високо загадувачки горива.Апелираме дека здравјето на граѓаните нема цена, а кризната состојба не е причина да се носат ад хок решенија, посебно кога во моментот цената на гасот паѓа, а го има како енергенс. Во вакви услови нема потреба ниту за тестирање, ниту пренасочување на производството на дизел со што значително ќе се загади воздухот во Скопје. Истовремено, бараме од Владата и институциите транспарентно да ги носат одлуките за надминување на кризата и пошироко да се консултираат за да се изнајдат најдобрите решенија. Финансиските инвестиции треба да служат за енергетска трансформација, а не за навраќање кон застарени, одамна надминати и загадувачки технологии, алармираат од Центарот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eko-svest-reagira-za-dizelot-vo-toplanite-zdravjeto-ne-smee-da-se-zagrozuva-poradi-energetskata-kriza/feed/ 0
Се запали магацински простор: Скопјани се разбудија со црн чад над главниот град https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-zapali-magacinski-prostor-skopjani-se-razbudija-so-crn-chad-nad-glavniot-grad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-zapali-magacinski-prostor-skopjani-se-razbudija-so-crn-chad-nad-glavniot-grad/#respond Sat, 21 May 2022 07:41:12 +0000 https://kurir.mk/?p=679762

Утрово околу 04.55 е добиена пријава дека е настанат пожар кај старата во фабриката „Комуна“. Од скопската пожарна за „Локално“ изјавија дека станува збор за магацински простор каде е запален пластичен материјал. - Се работи за поголема количина на пластичен отпаден материјал каде се врши дробење и рециклирање на истиот. Интервенирано е со 9 возила и 20 пожарникари. Пожарот брзо е ставен под контрола, вели за „Локално“, командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески. Во моментов на терен има дежурна пожарникарска екипа која го надгледува теренот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-zapali-magacinski-prostor-skopjani-se-razbudija-so-crn-chad-nad-glavniot-grad/feed/ 0