топлани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 06:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топлани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Топланите и поголемите производствени капацитети продолжуваат да работат на гас и по 1 јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-i-pogolemite-proizvodstveni-kapaciteti-prodolzuvaat-da-rabotat-na-gas-i-po-1-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-i-pogolemite-proizvodstveni-kapaciteti-prodolzuvaat-da-rabotat-na-gas-i-po-1-januari/#respond Wed, 28 Dec 2022 06:46:53 +0000 https://kurir.mk/?p=781450

Топланите во Скопје и поголемите производствени капацитети ќе продолжат да работат на природен гас. Енергенсот ќе се набавува од бугарската компанија „Balkan Utilities“ за што вчера ЕСМ Продажба потпиша договор. Од компанијата информираа дека бугарската компанија понудила цена од 115,97 е/MWh за јануари и дала понуда за снабдување до мај, а „Макпетрол“ понудила цена од 116,20e/MWh. – Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023г., со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец. Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда, соопшти ЕСМ Продажба. Повикот за прибирање понуди од домашни и странски компании беше објавен на 23. овој месец. Претходно, компанијата „Макпетрол“ најави дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас поради, како што наведоа, новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“. – Од причина што до овој момент не се донесени подзаконските акти согласно Законот за енергетика, кои ќе го регулираат работењето на пазарот на природен гас во согласност со договорот за интерконекција, „Макпетрол“ АД Скопје нема можност да отпочне со новите услови на работа предвидени со новиот Договор за интерконекција. Дополнителен проблем преставува и фактот што и по 5 (пет) години од донесувањето на Законот за енергетика сè уште нема сертифициран Оператор на системот за пренос на природен гас, кој е должен да ги донесе потребните подзаконски акти, соопштија од компанијата. По ова уследи состанок во Регулаторната комисија за енергетика на кој претседателот на РКЕ Марко Бислимоски изјави дека проблемот е надминат и оти новите правила на пазарот ќе важат од 1 јануари. Како што изјави Бислимоски во петокот, сите учесници на пазарот биле повикани да го следат текот на подготовката на новите подзаконски акти и биле информирани оти од 1 јануари тие ќе стапат во сила и дека треба да учествуваат според новите правила. – Државата го има договорот со „Газпром“ и апсолутно си го почитува до крај. Овој дополнителен капацитет од 500 илјади нормални кубни метри за којшто „Булгартрансгаз“ и ГА-МА помогнаа да се зголеми, ќе биде предмет на аукција и за тој капацитет ќе може да се јават, а и веќе се јавиле од бугарска страна двајца трговци со природен гас коишто го закупиле. Тие штом го закупиле сигурно дале пари за тоа се и заинтересирани да влезат и на нашиот пазар за природен гас. Значи, тие 800 илјади нормални кубни метри остануваат во функција и „Газпром“ преку компанијата „Макпетрол“ може да ги стави на располагање на македонските потрошувачи, изјави Бислимоски. Изработката на подзаконските акти е почната од септември и со тоа, според РКЕ, навреме биле запознаени сите засегнати страни, особено од октомври кога беше потпишан договорот меѓу ГА-МА и „Булгартрансгаз“ за зголемување на капацитетот на гасоводот за нови 500.000 нормални кубни метри на досегашните 800.000 нормални кубни метри, кои до 2030 година целосно ги има закупено руски „Газпром“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-i-pogolemite-proizvodstveni-kapaciteti-prodolzuvaat-da-rabotat-na-gas-i-po-1-januari/feed/ 0
Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена, за подолго потребна е согласност од МЖСПП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/#respond Fri, 23 Dec 2022 12:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=779633

Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. – Ставот на Министерството за животна средина и просторно планирање е дека на пазарот има гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс освен на гас. И во нивните дозволи е наведено дека во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Државниот инспекторат ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена, изјави Стојковски на денешната прес-конференција посветена на тековното работење на Инспекторатот, во одговор на новинарско прашање во врска со „планот Б“ на ЕВН, доколку нема гас, да се користи мазут. Дозвола за работа на мазут на топланите за 10 дена, вели им е издадена во претходниот период. Топланата „Скопје Север“, посочи тој, е под надлежност на Градот Скопје, а на останатите топлани за сите наредни активности по истекот на 10-те дена, потребна им е дополнителна дозвола. – За сите наредни активности што се надвор од дозволата, топланите мора да добијат согласност од МЖСПП. Државниот инспекторат за животна средина ги контролира актите што ги издава МЖСПП и тоа што пишува таму. Значи, не е стручен орган да дава мислење дали може да работат или не може. Ние го контролираме тој дел и кажуваме доколку сакате да работите повеќе од 10 дена треба да си обезбедите соодветна дозвола од МЖСПП, вели директорот на Државниот инспекторат. Се што е надвор од она што е пропишано согласно законот, потенцира Стојковски, Државниот инспекторат ќе го санкционира, а зависно од големината на субјектот, казните се движат до 400 илјади евра. – Ние не сме орган којшто одлучува во однос кој енергенс тие ќе го користат, така што ако Министерството им издаде дозвола да користат, ние ќе ги почитуваме документи и дозволи што ги издава МЖСПП, вели Стојовски прашан во однос на можноста топланите да користат дизел гориво, за што, како што речи, и до нив стигнала таква информација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplanite-moze-da-koristat-mazut-kako-rezerven-energens-samo-10-dena-za-podolgo-potrebna-e-soglasnost-od-mzspp/feed/ 0
15 ДЕНА ПРЕД ПРВИ: АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/15-dena-pred-prvi-ad-esm-objavi-oglas-na-nabavka-na-gas-za-toplanite-za-period-januari-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/15-dena-pred-prvi-ad-esm-objavi-oglas-na-nabavka-na-gas-za-toplanite-za-period-januari-april/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=775917

ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април. -Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Р. Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди. Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023, се вели во соопштението. Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период. Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/15-dena-pred-prvi-ad-esm-objavi-oglas-na-nabavka-na-gas-za-toplanite-za-period-januari-april/feed/ 0
Бектеши: Законот предвидува алтернативно гориво за топланите, но законски и според процедурите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-zakonot-predviduva-alternativno-gorivo-za-toplanite-no-zakonski-i-spored-procedurite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-zakonot-predviduva-alternativno-gorivo-za-toplanite-no-zakonski-i-spored-procedurite/#respond Tue, 22 Nov 2022 11:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=764733

За нас е приоритет да не се доведеме во ситуација да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, а ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите за што има надлежни институции, порача денеска министерот за економија Крешник Бекшети. Во одговор на новинарско прашање Бектеши рече дека се уште немаат одговор од раководството на Скопје Север на понудите што ги достави државата и укажа дека за енергенсот што го користат  надлежните институции треба да проверат дали е согласно со процедурите и законот. -Скопје Север е во сопственост на Топлификација која е во приватна сопственост. Како Влада сме дале две понуди. Првата понуда е  да се склучи договор за деловно технилчка сораотка, а втората е да се склучи договор за закуп на топланата како што сме направиле и за Скопје Исток и за Скопје Запад во овој случај со Адаора која е исто така приватен субјект. Немаме повратен одговор од раководството на Скопје Север, а во делот на тоа што користат како енергенс да произведува топлинска енергија има надлежни институции согласно нивните лиценци кои треба да ги проверат дали се прекршуваат одредбите предвидени во лиценцата, во дозолата која ја имаат за производство на топлинска енергија. Во делот на мазутот секако тоа е Инспекторатот за животна средина, рече Бектеши, на прес-конференцијата на која ги објави заштедите на електрична енергија на државните компании во октомври. До крајот на месецов, потсети, се обезбедени потребните количини топланите Исток и Запад да работат само на природен гас. -Во Законот е предвидено дека треба да има алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, а тоа може да биде  мазут или дизел, но кога ќе се користи тоа секако дека треба да се запазат процедурите во државава и согласно со лиценцата да се стават во функција ако е потребно. За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, рече Бекшети, на новинарско прашање. Како што прецизираше, во случај да се префрлат на користење мазут или дизел ќе се следат сите процедури во делот на животната средина со Инспекторатот за животна средина, Министерството за животна средина и со другите надлежни институции. -Ние се повикуваме на податоци кои ги имаме од ЕСМ, на тоа што е обезбедено до овој момент, се повикуваме на Планот за производство и во делот на електрична и  во делот на топлинска енергија. Граѓаните да бидат спокојни, нема да има никаов проблем во делот на снабдување со електрична и топлинска енергија, рече Бектеши. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-zakonot-predviduva-alternativno-gorivo-za-toplanite-no-zakonski-i-spored-procedurite/feed/ 0
Се уште не е одлучено на кој енергенс ќе работат топланите по 15 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-odlucheno-na-koj-energens-kje-rabotat-toplanite-po-15-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-odlucheno-na-koj-energens-kje-rabotat-toplanite-po-15-noemvri/#respond Thu, 10 Nov 2022 13:10:30 +0000 https://kurir.mk/?p=758646

Се уште не е донесена одлука дали по 15 ноември топланите во Скопје ќе работат на природен гас или на дизел, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. – Скопјани да бидат спокојни, тие непречено и во континуитет ќе бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона. Се уште не е донесена одлуката дали по 15 септември топланите ќе работат на приоден гас или на дизел, но топлинска енергија ќе има редовно, рече Бектеши на денешната средба со новинарите. Тој нагласи дека секоја топлана, вклучувајќи ја и ТЕ-ТО која е когенертивна постројка во приватна сопственост, треба да има алтернативно гориво освен она кое го има како главно гориво за производство на топлинска или на електрична енергија. – Алтернативно гориво може да биде екстра лесно, мазут или, пак, дизел или бензин. Моментално топланите работат на природен гас и главно 70 отсто од потребите за топлинска енергија се покриваат од страна на ТЕ-ТО. Другите 30 отсто, а во одредени денови и до 40 отсто, се покриваат од топланите Исток и Запад, посочи Бектеши. И во делот на електричната енергија тој им порача на граѓаните да бидат спокојни дека до крајот на грејната сезона нема да има никаков проблем во делот на снабдувањето. Одлучиле, како што информира, ЕСМ да набави струја, бидејќи тоа во моментов е поевтина варијанта отколку да работи ТЕЦ „Неготино“. – Во моментов се прават набавки на електрична енергија од страна на ЕСМ заради тоа што ако работи ТЕЦ „Неготино“ производството на електрична енергија по мегават час ќе биде поскапо од моменталната увозна цена. За да не направиме штета на Буџетот, одлучивме дека е подобро да увеземе одредени количини на електрична енергија, кои на берзата чинат околу 200 евра за мегават час, отколку да ги произведеме во ТЕЦ „Неготино“ за повеќе од 240 евра за мегават час, заради актуелната цена на мазутот. Ние одлучивме да штедиме, ТЕЦ „Неготино“ да не работи во овој момент и да увезуваме поевтина електрична енергија согласно берзанските цени, рече Бектеши. Тој нагласи дека очекува да бидат повлечени 100-те милиони евра од ЕБОР за ЕСМ за справување со енергетската криза, поради, како што рече, неажурноста на ВМРО-ДПМНЕ. – Согласно моите информации, ЕБОР најверојатно ќе ги повлече тие 100 милиони евра имајќи ја предвид неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ со не свикувањето на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Јас не очекував ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи заемот од ЕБОР, но ние сите сме одговорни да им дадеме шанса на пратениците да дискутираат, да дебатираат, а нивниот претставник како претседател на Комисијата не ја стави оваа точка на дневен ред. Тоа е потполно неодговорно. Не барам од нив да го поддржат заемот, но нивна обврска спрема сите граѓани е да ја стават точката на дневен ред, посочи Бектеши. И без тие 100 милиони евра, како што нагласи, Владата е подготвена да нема криза во делот на снабдувањето со топлинска и со електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ushte-ne-e-odlucheno-na-koj-energens-kje-rabotat-toplanite-po-15-noemvri/feed/ 0
ЕСМ ќе проверува дали топланите Исток и Запад може да работат и на дизел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-kje-proveruva-dali-toplanite-istok-i-zapad-moze-da-rabotat-i-na-dizel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-kje-proveruva-dali-toplanite-istok-i-zapad-moze-da-rabotat-i-na-dizel/#respond Thu, 03 Nov 2022 14:35:00 +0000 https://kurir.mk/?p=755281

АД ЕСМ по 15 ноември ќе изврши практична проверка дали двете топлани Исток и Запад можат да работат на дизел. Тест периодот, како што денеска информира генералниот директор Васко Ковачевски, ќе трае 10 дена, а временските услови и намалениот конзум на топлинска и на електрична енергија овозможуваат тоа да се направи. ЕСМ веќе има набавено природен гас за топланите Исток и Запад до 15 ноември. По преземањето на топланите Исток и Запад под закуп од АД Адора, ЕСМ, како што истакна Ковачевски, веднаш почна да ги подготвува да можат да работат и на алтернативно гориво како втора варијанта, а тоа е дизел горивото во случај да го нема природниот гас или да има екстремно висока цена. -Од 15 ноември ќе бидеме подготвени да направиме одреден тест период да се вклучат топланите Исток и Запад на дизел гориво со цел да го пробаме системот и да видиме дали може да работи и со овој енергенс, бидејќи во минатото работел на мазут кој е еколошки многу понеподобен. Тоа го правиме за да бидеме сигурни дека во целост ќе можеме да ги задоволиме потребите со топлинска енергија во подоцниот период на грејната сезона или во наредните сезони и доколку има проблеми со набавка на природен гас, изјави Ковачевски. Нагласи дека во период кога функционира приватната гасна когенеративна електрана ТЕ-ТО се добиваат околу 60 проценти од потребната топлинска енергија за топлификацискиот систем во Скопје, а останатите 40 проценти ги обезбедуваат топланите Исток и Запад. -Токму затоа и заради поволните временски услови планот на техничките кадри во ЕСМ топлинска енергија е да направат тест период од 15 ноември со промена на енергенсот и наместо гас да се употреби дизел гориво. Префрлувањето ќе биде за не повеќе од 24 часа, но тоа не значи дека во тој период граѓаните на Скопје ќе останат без топлинска енергија. Прво едната топлана ќе се префрла на дизел, а потоа другата, но при тоа најголем дел од топлинската енергија во континуитет ќе се добива од ТЕ-ТО и нема да има намалена испорака на топлинска енергија, прецизира Ковачевски. Префрлањето на друг енергенс, како што рече, се прави за да се осигураат како компанија, но и граѓаните да бидат сигурни дека ќе има парно греење без оглед какви ќе бидат околностите во наредниот период во делот на испорака на природниот гас. -Техничките лица планираат најмалку 10 дена една од топланите да работи на дизел гориво за да можат да се пратат параметрите и да може да се испита комплетниот систем. Во двете топлани се поставени нови 10 најсовремени пумпи за дизел гориво, а во моментов се чисти и системот кој претходно беше користен на мазут. Техничките лица ќе дадат информација колку дена ќе требаат дополнително за да се осигура дека тој систем ќе може да функционира на дизел гориво, посочи Ковачевски и додаде дека набавката на пумпите и чистењето на системот чини 330 илјади евра. Порача дека дизелот го има во државните резерви и е полесно достапен и полесно може со него да се изменаџира евентуална криза со природниот гас за разлика од мазутот кој го нема на залиха и многу повеќе загадува. Според Ковачевски, доколку топланите работат на дизел во моментов производството на топлинска енергија ќе биде поевтино за 20 до 30 проценти отколку на гас, но заради екологијата топланите ќе работат на природен гас се додека нема евентуални проблеми за негова набавка. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-kje-proveruva-dali-toplanite-istok-i-zapad-moze-da-rabotat-i-na-dizel/feed/ 0