топлина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Jul 2022 13:32:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png топлина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПЕКОЛНА ТОПЛИНА ЈА НАПАЃА ЕВРОПА: Ова е најбрзиот начин да се излади автомобилот што седел на сонце https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pekolna-toplina-ja-napagja-evropa-ova-e-najbrziot-nachin-da-se-izladi-avtomobilot-shto-sedel-na-sonce/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pekolna-toplina-ja-napagja-evropa-ova-e-najbrziot-nachin-da-se-izladi-avtomobilot-shto-sedel-na-sonce/#respond Thu, 14 Jul 2022 14:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=705172

Доколку сте биле невнимателни и долго време сте го оставиле автомобилот на сонце, температурата во него може да достигне опасни температури од над 60 или 70 степени Целзиусови, па затоа е неопходно да се внимава во летните месеци. Еден совет вели да влезете во автомобилот, да го запалите моторот и климата, а потоа да ги отворите сите прозорци. Возете вака барем една минута. Потоа затворете ги само предните прозорци и продолжете да возите барем уште една минута, а потоа затворете ги и задните прозорци. Оваа постапка треба да обезбеди побрзо менување на воздухот во кабината, а со тоа и нешто побрзо ладење. Така барем тврди Нир Кан, дизајнер на автомобили кој го објави овој совет на својот Твитер профил. Секако, подобро е да се спречи отколку да се лекува, па ќе го додадеме и советот дека заштитата од сонце, на пример на шофершајбната е многу важна. Ако кабината и внатрешните површини не се директно изложени на сончевите зраци, подоцна ќе биде значително полесно да се излади кабината. Ако имате кабриолет, работите се прилично логични, но не заборавајте дека сличен ефект има и подвижниот покрив. Топлиот воздух секогаш се крева и најлесно ќе излезе низ отворот на покривот. Не размислувајте за дополнителна потрошувачка на гориво поради климатизација или зголемен отпор на воздухот поради отворен прозорец. Во градски услови е минимално повисоко, дури и со малку отворен прозорец, додека на автопат ладењето ќе биде ефективно и со затворени прозорци. Безбедноста на прво место. Жешката глава и недостатокот на хидратација може да завршат фатално за возачот и патниците. Размислете за автомобилот, затоа претходно проверете ја состојбата на течноста за ладење и имајте резерва во багажникот. Постои и ситуација кога е препорачливо да се вклучи греењето. Само ако видите дека температурата на моторот опасно се зголемила додека стоите во редот, вклучете го греењето и на тој начин ќе помогнете да се отстрани дел од топлината од моторниот простор. Не е здраво, но понекогаш е неопходно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pekolna-toplina-ja-napagja-evropa-ova-e-najbrziot-nachin-da-se-izladi-avtomobilot-shto-sedel-na-sonce/feed/ 0
Шест симптоми предупредуваат дека имате топлотна нетолеранција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-simptomi-predupreduvaat-deka-imate-toplotna-netolerancija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-simptomi-predupreduvaat-deka-imate-toplotna-netolerancija/#respond Mon, 04 Jul 2022 12:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=699749

Сите луѓе не ги поднесуваат исто високите температури. Оние кои добро ги поднесуваат често мислат дека оние кои се жалат на вруќини се пречувствителни или разгалени. Но, во реалноста, при преминувањето од ладен во потопол период од годината телото може во извесна мера да се адаптира на повисоките температури во рок од неколку недели. Концентрациите на вода и сол во крвта се прилагодуваат за да се овозможи поголемо ладење, промената на крвните садови да се приближи до кожата и слично. Спортистите го користат овој процес и тренираат во поостри климатски услови за да предизвикаат двојни адаптации во телото. Но, постојат луѓе кои не можат да се адаптираат на високите температури. Во медицината, необичната чувствителност на високи температури се нарекува топлотна нетолеранција. Се препознава по тоа што луѓето кои имаат проблеми со тоа чувствуваат дека им е топло кога на другите им е удобно или дури и студено. Дополнителни симптоми можат да бидат обилно потење, чувство на анксиозност поради вруќината. Што е нетолеранција на топлина? Човечкото тело се обидува да одржи константна температура од околу 36,6 степени Целзиусови. За да се постигне тоа, мора да одржува рамнотежа меѓу создавање топлина и губење топлина. Но, одредени здравствени услови и начин на живот можат да ја нарушат оваа рамнотежа. Кога се случува тоа, луѓето можат да искусат нетолеранција на топлина. Симптоми на нетолеранција на топлина: Се разликуваат од човек до човек и вклучуваат: - чувство на голема жештина на умерени температури - прекумерно потење - недоволно потење на топлина - исцрпеност и замор во текот на топло време - мачнина, повраќање или вртоглавица - промени во расположение кога е претопло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/shest-simptomi-predupreduvaat-deka-imate-toplotna-netolerancija/feed/ 0
Дланките ве откриваат каква личност сте: Ви го направиле ли продавачите овој трик? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dlankite-ve-otkrivaat-kakva-lichnost-ste-vi-go-napravile-li-prodavachite-ovoj-trik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dlankite-ve-otkrivaat-kakva-lichnost-ste-vi-go-napravile-li-prodavachite-ovoj-trik/#respond Mon, 08 Mar 2021 12:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=477882

Дали е некој дарежлива личност со топло срце или студен и себичен, може да утврдите со едноставен тест. Сè што треба да направите е да ја проверите температурата на дланките. Истражување покажува дека срдечните личности, подготвени за разговор и соработка имаат топли дланки. Исто така, важи и обратното. Дури и личноста со камено срце ќе омекне ако во рацете држи топол пијалак. Психолозите ја испитувале подготвеноста на 60 волонтери за меѓусебна соработка. Наизменично им давале лосиони за раце кои загреваат или ладат, а потоа им биле давани одредени задачи кои требало да ги направат во пар. Задачите биле тешки, па волонтерите имале право да се определат дали ќе се потрудат да остварат успешна комуникација со доделениот партнер или ќе се повлечат и ќе делуваат исклучиво во сопствен интерес. Се покажало дека луѓето се подготвени да се потрудат да остварат успешна комуникација кога им се топли рацете. Постојат докази дека за време на еволуцијата во нашиот мозок се спојуваат центрите за физичкото чувство на топлина и психичкото чувство за топлина во меѓусебните односи. -Кога некој ќе каже дека е „загреан“ за некоја личност тоа би требало да се сфати буквално, бидејќи со јакнењето на позитивните чувства, расте и телесната топлина, објаснува професорот Ленс Воркмен, специјалист за клиничка и еволутивна психологија. За жал, овој податок многу вешто го користат маркетинг стручњаците, кои на купувачите во супермаркетите манипулативно им нудат бесплатен чај или кафе, знаејќи дека така ќе бидат поподготвени да потрошат повеќе пари, дури и за работи кои реално не им се потребни. Продавачите знаат дека ова е тактика која им носи поголем промет, дури и ако не се свесни за механизмот до кој доаѓаат. Тие веруваат дека работата е во тоа што пијалакот е бесплатен, а всушност ќе го платат многу повеќе. Ако сакате да стекнете нови пријатели или ако сте во потрага по совршен романтичен партнер, понудете им топол пијалак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dlankite-ve-otkrivaat-kakva-lichnost-ste-vi-go-napravile-li-prodavachite-ovoj-trik/feed/ 0
Младиот сликар со дела кои влеваат топлина: Мачуков е талентираниот професор чија уметност ги буди сите сетила (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mladiot-slikar-so-dela-koi-vlevaat-toplina-machukov-e-talentiraniot-profesor-chija-umetnost-gi-budi-site-setila-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mladiot-slikar-so-dela-koi-vlevaat-toplina-machukov-e-talentiraniot-profesor-chija-umetnost-gi-budi-site-setila-foto/#respond Tue, 19 Feb 2019 18:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=165756

Дејан Мачуков е роден 23.07.1994 во Скопје. Моментално работи како професор по ликовна уметност во средно училиште во Богданци, Македонија. Во 2017-та година дипломира на факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред.проф. Благоја Маневски. Има учествувано на многубројни групни студенски изложби и остварено неколку самостојни изложби во Македонија. Тој е апстрактен-експресионистички сликар кој моментално работи на неговата серија насловена „Топлина“. Oваа тема има за цел да се презентира едно истражување на нашите сетила односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата без разлика на тоа како изгледаат во реалноста. „Целото наше знаење започнува со сетилата, потоа продолжува до разбирање и завршува со разум. Не постои ништо поголемо од разумот. Не вреди да се барат материјалните богатства во животот додека не се откријат тие од природата.Природата како инспирација и како енергија која е извор на нешто потсвесно, на нешто длабоко најдено. Онаа топлина која не е како во буквална смисла на зборот, туку како нешто свето, духовно односно како посебен дар од природата. Во еден момент преку бојата го откривам нејзиниот јазик(нежното шепотење на бистрите реки и различните испреплетени песни на птиците), а од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои поминуваат преку мене додека сум присутен и сум како дел од неа, вечно да ги заробам на моето платно да станат сведоци на моето постоење“-порачува Маневски. Тој е млад талент на кого КУРИР му дава силна поддршка промовирајќи го како млад талент на кој Македонија треба да се гордее. Дел од неговите дела погледнете ги во продолжение:      ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mladiot-slikar-so-dela-koi-vlevaat-toplina-machukov-e-talentiraniot-profesor-chija-umetnost-gi-budi-site-setila-foto/feed/ 0